Број 2970  сабота, 25 април 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нема интерес за купување на Македонската берза

Берзанскиот гигант НАЗДАК ОМХ ја демантира информацијата за инвестирање во земјава

Соња Маџовска



ОХРИД - Големите играчи во берзанскиот бизнис воопшто не се заинтересирани за купување на Македонската берза. Информациите дека престижната скандинавска берзанска групација НАЗДАК ОМХ, покрај Загрепската и Варшавската берза, се можни купувачи на Македонската берза паднаа во вода. Директорот на НАЗДАК 0МХ, Хенри Бергстром, на вчерашната 10. конференција организирана од Македонската берза, демантира дека Македонија е дел од нивната инвестициска стратегија. „Како изолирана инвестиција, Македонија не е во рамките на нашата стратегија. Земјата сама по себе е премногу мала, а исто така, кога ќе се земат и околностите со светската финансиска криза и неодамнешните случувања на Македонската берза, и некои одлуки кои беа донесени во Македонија на пазарот на капитал, ја прават Берзата понеатрактивна. Повторувам уште еднаш, Македонија не е нашата карта на интерес. Немало одлука или обид да се купи Берзата“, истакна Бергстром. Акционерите на Берзата на крајот од минатата година формираа пакет од 66 отсто што го понудија на странски инвеститори. Првиот човек на Берзата, Иван Штериев, потврди дека амбиентот за продажба на Берзата е променет во споредба со лани. Според него, епилогот за тоа кој се' е заинтересиран за купување ќе се знае по донесувањето на измените на Законот за хартии од вредност кои се клучни за да почне процесот за продажбата. Според Штериев, сега Одборот на директори и акционерите ќе се насочат кон поврзување на нашата Берза со берзите од регионот.

„Што се однесува до заинтересираните за купување на Берзата, тоа не може директно да го коментираме. Факт е дека амбиентот е променет во однос на лани и ќе видиме каков ќе биде епилогот по донесувањето на законските измени. Она што е важно сега за Одборот на директори и за повеќето од акционерите е дека, дефинитивно, интегрирањето на Македонската берза во некоја поширока алијанса е среднорочната стратегија на која ќе се опстои“, истакна Штериев.

Јубилејната 10. берзанска конференција се одржува во време на голем пад на прометот и индексите на Берзата. Прометот на Берзата е вратен на ниво од 2004 година, а индексите се паднати на ниво од август 2005 година. По една хистерија што се случуваше на Берзата пред две години, сега дополнително под удар на кризата Берзата се враќа во реалноста.

„Во одреден период состојбите на Македонската берза беа многу надуени, така што ова паѓање, всушност, е враќање кон нормалното ниво одржливо на долг рок. Македонскиот пазар е многу плиток, па доволно е да се случат мал број трансакции измислени меѓу брокерите како вкрстено тргување, што би предизвикало големо раздвижување на цените. Ако претходно имавме хистерија во една насока, сега имаме обратна насока под влијание на паника и страв“, истакна Горан Петревски од Економскиот факултет во Скопје, додавајќи дека во наредниот период може да се очекува воздржаност кај инвеститорите.

Во овој период на пад на Берзата неколку брокерски куќи се затворија, а други го намалија бројот на вработените и тековните трошоци. „Препорака на Комисијата за хартии од вредност е преку заеднички програми да се изнајде начин за опстојување во овој период чувствителен за пазарот од хартии од вредност. Под ова мислам дека постои законска можност за спојување на брокерските куќи, што е практика и во другите земји како одговор на моменталната состојба на пазарот“, вели претседателката на КХВ Марина Наќева-Кавракова.

На вчерашната дебата што се одржува во Охрид, беше заклучено дека следува период на преиспитување на очекувањата на инвеститорите кои ќе бидат се поскромни, а нивните одлуки порационални. Странските инвеститори кои се катализатори на пазарот на капитал треба да се вратат за да има раздвижување на пазарот. Штериев смета дека клучна улога за враќањето на довербата во домашните хартии од вредност ќе имаат и макроекономската стабилност во земјата, финансиските резултати и дивидендните политики на компаниите, како и личните перформанси на инвеститорите.


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: kiro usa
Датум: 25.04.2009 17:21:17
Bogami vo USA golema ekonomija glup narod so pari za investicija , Berzata im ja iscisti celoto iluzivno investiranje kaj nas se vika "Prodavanje magla". Kaj nas mala ekonomija , siromasen narod tesko e da se privlece 'MAGLA INVESTITORI" Samo koment.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Повеќе од 60 жртви на нов вирус во Мексико
Парите за партиите се врв на корупцијата
Приземјен „боингот“ на МАТ
Кога добрите пастири ги водат добрите овчички
Шокантна реалност
Споредбата со виното е комплимент за жената
Нашите омилени убијци
Ги снема пријавите за тепачите на плоштадот
ММФ прогнозира рецесија за Македонија
Во потрага по гробовите на Клеопатра и Марко Антоние
Богатството на „Гледстоун бокс“