Број 2970  сабота, 25 април 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп





Овен



Избегнувајте ги различните ситуации кои можат негативно да влијаат на вашето работно место. Во период кога се ви поаѓа од рака, не ви се потребни никакви несогласувања со соработниците. Не дозволувајте нечија сервилност да ги наруши вашите реални очекувања на професионален план. Ви пречи сознанието дека на саканата личност и недостига емотивна храброст или инспирација.







Бик



Приказните кои доаѓаат до вашите уши, секако негативно ќе се доразат при градењето на ставот околу вашата работа. Бидете внимателни и не избрзувајте, бидејќи околината колку и да сака да ви помогне во преден план секогаш го става личниот интерес. Саканата личност постојано се труди да ви ги удоволи потребите, затоа имајте малку повеќе разбирање за неа.







Близнаци



Непотребно се вплеткувате во нечија замка, од која тешко ќе можете да се извлечете. Би било подобро доколку вашите интелектуални способности ги истакнете во сосема друга насока, каде нема да зажалите за донесената одлука. Важно е да го сочувате личното достоинство и доброто расположение при средбите со саканата личност.







Рак



Имате интересни идеи на кои со одобрение гледа вашата околина. Сега сте во фаза кога сите работни задачи ги извршувате со леснотија, па оттаму немате никакви причини за грижа. Не двоумете се при донесувањето на некоја конечна одлука, бидејќи не можете ништо да изгубите. Планетите велат дека ова е за вас одличен период.





Лав



Доколку сте искрени или одговорни за она што го правите, тогаш не дозволувајте да ве предомисли нечија забелешка или приказна. Постапете согласно вашата совест, бидејќи најважно е да ја оправдате довербата на оние кои веруваат во вас. Во средбите со саканата личност, би било добро да прифатите варијанта која ќе биде поволна за двајцата.







Девица



Ако не висе допаѓа нечија улога или однесување на работното место, тогаш е краен час да им се обратите на претпоставените и со тоа да спречите голем конфликт. Сочувајте ја присебноста на духот и трпеливоста се додека не стивнат негативните страсти во вашето опкружување. Во меѓувреме дозволете си мало емотивно задоволство со партнерот.





Терезија



Вашиот ентузијазам или големата смелост можат да бидат сфатени на различен начин. Затоа внимателно бирајте ги зборовите кои ги користите во друштво на вашите бизнис партнери или во јавниот живот. Не правете си дополнителни проблеми на самите себе, доколку за тоа немате реална потреба. Покажете му на партнерот дека добрата волја и интересот понекогаш значат повеќе од скапите подароци.







Скорпија



Од работата имате големи очекувања, чија реализација повторно ќе мора да почека. Внимателно проценет ги потезите кои ги влечете во средбата со соработниците. Добриот глас на далеку се слуша, така да позитивната реклама би можела да ви донесе и добар материјален успех. Некој постојано ја расипува вашата љубовна идила.





Стрелец



Се наоѓате во извонредна можност да напредувате на професионален план, па затоа не двоумете во прифаќањето на работните задачи. Одлучноста и упорноста секогаш носат позитивни резултати, затоа нема потреба за лажна скромност и бегање од фактите. Размилсувајте за изборот која личност би можела да одговори на вашата емотивна природа.





Јарец



Сосема вие јасно дека некој постојано се обидува да ги загрози вашите материјални интереси кои се поврзани со работното место, но вашата упорност е посилна. Морате да се соочите со неповолната позиција и борбата во која ќе вложите многу, а ќе добиете малку. Употребете го вашето најголемо оружје-разумот. Во однос со саканат личност, лесно ќе ги осварите намерите.





Водолија



Доколку ви недостигаат точни информации за ситуацијата на вашето работно место, не избрзувајте со заклучоците и дозволете времето да ја реши енигмата околу вас. Сите проблеми се решаваат кога имате со кого да ги споделите. Бидете доволно нежни и суптилни пред партнерот, па не одбегнувајте да се препуштите на чуствата и емотивната инспирација.





Риби



Доколку некој се обиде да ја критикува вашата работа, покажете доволно сила и храброст да докажете дека не е така. Важно е да го подобрите вашиот рејтинг или да се прилагодите на околината, со цел да имате соодветна улога во околината. При средбите со саканата личност, почитувајте го заедничкиот договор за кажување на вистината.


#
Најди! во Утрински