Поделбата на Косово може да биде многу опасна
Њуjорк - Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени предупреди дека идејата на српскиот претседател за поделба на Косово по етничка линија е „многу опасна“ и може да предизвика нов конфликт.
„Играта со границите на Балканот отсекогаш била опасна и продолжува да биде опасна“, изјави Хисени на прес- конференција.
„На Балканот е потребна само група луди луѓе за да се почне војна. Ние не сакаме да го видиме тоа“, додаде тој.
Хисени смета дека прашањето за статусот на Косово е решено.
„Прашањето за добивање независност, од една страна, не е прашање резервирано за суд. Тоа е прашање резервирано за политичко решение, направено од политички лидери. Не стравуваме од одлуката на Меѓународниот суд“, изјави Хисени. (МИА)
|