Брoj 2772  вторник, 26 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На штипските факултети се запишуваат по два-тројца студенти

На Скопскиот универзитет најголем интерес за Правниот, Економскиот и за Медицинскиот факултет

Жаклина Хаџи-Зафирова

Турканици на првиот ден од уписите на државните и на приватните универзитети во земјава, кои ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Државните и приватните универзитети вчера ја запишуваа првата генерација идни студенти кои нема да полагаат приемни испити, туку за бодување ќе им се сметаат поените од државната матура.

Куриозитет на овие уписи е неуспешниот старт на новите шест факултети во рамките на Штипскиот универзитет, а кои беа дел од владиниот проект за отворање 26 нови факултети. Податоците за овие факултети беа разочарувачки, бидејќи кај нив се запишуваа по двајца или тројца кандидати. Од Штипскиот универзитет велат дека е неизвесно дали новите факултети и понатаму ќе продолжат да егзистираат.

На некои универзитети вчера можеше да се слушне информација дека приемни испити ќе има, каков што беше случајот со насоката за англиски јазик на Филолошкиот факултет. Но, оваа информација вчера ја демантираа од факултетот. Како и да е, факултетите законски имаат можност да организираат тестирање ако се пријават повеќе кандидати со ист број поени.

На четирите државни универзитети за оваа академска година беа предвидени околу 19 илјади слободни места за нови студенти. На факултетите каде што ќе останат слободни места тие може да се пријават во вториот уписен рок, на 15 и 16 септември. По потреба, на универзитетите ќе има и трет уписен рок на 6 октомври.

"Државната матура не го намали бројот на кандидати", оцени министерот за образование и наука, Перо Стојановски, кој вчера го посети Природно-математичкиот факултет во Скопје за да се информира за интересот на кандидатите. "Интересот е голем и задоволителен и сметам дека државната матура не претставуваше отежнувачка околност за учениците што сакаат да го продолжат образованието. И универзитетите ги растоваривме од организирањето приемни испити, а на учениците им дозволивме полесен пристап до високото образование", изјави министерот Стојановски.

Скопскиот универзитет "Св. Кирил и Методиј" годинава има 8.950 слободни места, кои Владата годинава ги коригираше оставајќи повеќе слободни места за техничките, а помалку за општествените науки. Но, тоа не помогна многу да се стимулира интересот за техничките науки бидејќи, според упатените, вчера се пријавиле речиси ист број студенти како и лани. До вчера до 13 часот на Скопскиот универзитет се пријавиле 5.082 кандидати, а посебно голем интерес имало за Правниот, Економскиот, Медицинскиот и за групата англиски јазик на Филолошкиот факултет.

Вчера беше раздвижено во скопскиот универзитетски кампус. Средношколецот Мартин Кубелка ги поддаваше документите на насоката за археологија на Филозофскиот факултет, бидејќи отсекогаш го сакал тоа. "Верувам дека на овој отсек имаат добар кадар и дека факултетот е признат во странство. Државните имаат подобар квалитет од приватните, каде што се плаќаат оценките, бидејќи не може повеќе од два пати да се падне", ги објаснува тој причините зошто се запишал тука.

Вака размислува и Ива Кочовска, која се запиша на групата италијански јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа смета дека државните факултети нудат повеќе знаење од приватните.

На новите факултети на Штипскиот универзитет "Гоце Делчев" вчера имаше слаб интерес. Само двајца кандидати вчера се запишале на новоформираниот Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип. Слаб е и интересот на новите факултети, Машински во Виница и Електро-технички во Радовиш, каде што се пријавиле само тројца кандидати. Од Штипскиот универзитет велат дека ќе се преиспита одлуката за отворање на новите факултети поради слабиот интерес. Досега на Универзитетот се кандидирале 1.100 средношколци, а најголем интерес имало за информатичките науки.

Приватните се фалат дека уште на првиот уписен ден скоро ги пополниле местата. На ФОН велат дека од 2.000 слободни места се пополниле половина, колку што стандардно запишуваат секоја година. Кај нив има најголем интерес за Факултетот за детективи и безбедност.

Местата се скоро пополнети на Европскиот универзитет, каде што велат дека уште малку им недостига да ја пополнат квотата од 900 слободни места. На Штуловиот универзитет вчера беа пополнети 70 отсто од местата.






Статијата е прочитана 3180 пати.

Испрати коментар

Од: student
Датум: 26.08.2008 00:06:15
A na tehnolosko-metalurski vo Veles? Samo 1 kandidat Koj ke gi opravda parite frleni za noviot fakultet?
Од: obicen
Датум: 26.08.2008 00:22:29
Kaj se chulo i vedelo vo sekoj grad fakultet. A be premieri znaeme deka sakas Skopje da go unishtis no ne mozesh, Skopje e drzava. Sega imalo po dvajca trojca studenti na univerzitetot vo Stip.I koj ke gi plaka tie profesori za tolku malku studenti. Narodot. Taka i mu treba na ovoj narod. uste kolku ke se kae sto glasase za VMRO. Ako ke mu dojde pametot na ovoj sitomav narod.
Од: Mene
Датум: 26.08.2008 00:24:20
Pa sto mozeme da ocekuvame od vakva vlada. Toa bese predizboren marketing. Se gledase deka nema sansa toa da uspee ama na kogo mu e bitno sega vazno trikot uspea mnogu luge za toa i glasaa za niv. Fakultet vo sekoj grad
Од: Biljana
Датум: 26.08.2008 00:30:22
Sekako deka e ogromna razlikata pomegu Drzavniot Univerzitet i privatnite, zosto togas vo isti kos se stavaat diplomiranite kadri.Ne e fer nekoj makotrpno da uci i da polaga, a nekoj samo da si kupuva ispiti.
Од: монах Спиридон
Датум: 26.08.2008 00:58:03
Грев на моја душа, нека ми прости оној од горе, ама и овој чекор од Преродбата отиде попусто. Зарем не е подобро сите студенти што ќе се запишат на факултетите во Пробиштип, Виница, Кочани, Кичево,Кривени, Кривогаштани итн. сите до еден, на државна сметка, да ѓи испрати Владата во Беркли, Кембриџ, Јел, Харвард, Ломоносов, Прага, Краков итн. Ем за Македонија ќе биде поефтино, ем ќе добие вистински стручњаци. А за култура да не зборуваме...
Од: deki
Датум: 26.08.2008 02:30:27
ne e tocno deka na privatnite fax.se placaat ocenite i deka samo dva pati se padza na privatnite univerziteti
Од: Igor
Датум: 26.08.2008 08:11:29
Владата важно фрли еден куп пари, за да може да даде уште толку за реклами во кои ќе кажува колку остварила. Дали имало реална потреба од факултетите не е важно. Важен е привидот дека нешто се прави.
Од: Никола
Датум: 26.08.2008 08:46:09
Ако владата сака луѓето да студираат, треба да им даде доволно пари. Во Словенија секој на којшто му требаат, владата му дава неповратна стипендија за да си ги подмири трошоците за студирање. Тука се добива некој мизерен кредит кој не ги покрива ни трошоците за храна. Нека му се дадат на секој посиромашен студент неповратни 4000 денари месечно, па потоа ќе студираат. Се разбира, ќе мора да ги врати парите само доколку не го заврши факултетот.
Од: Стојко
Датум: 26.08.2008 09:28:00
Дали сте се запрашале кој ќе предава на тие факултети? Што мислите, гајле им е кој плаќа и на колку студенти ќе предаваат? А бре Македонче?
Од: Mitko
Датум: 26.08.2008 09:59:09
Proma[eni se gradovite za novite fakulteti na Stipskiot univerzitet.Zosto ne vo Strumica praven,ekonomski ili elektrotehnicki?Pa ke vidite dali ima interes.Student od Strumica koga bira praven vo Kocani i Skopje ke go izbere Skopje.Toa e normalna rabota.Kiks vo lociranjeto na fakultetite.
Од: Леа
Датум: 26.08.2008 10:21:38
Ха зошто гужвата е пак во Скопје, нели никаде не е како дома:)+нема кирии, останати трошоци... и што е фамата околу правен факултет и онака има премноогу вишок од овој кадар
Од: Битола
Датум: 26.08.2008 10:55:20
Секогаш после владеењето на дпмновците Македонија нее истата,’ршум,катастрофа.
Од: ПАТРИОТ
Датум: 26.08.2008 10:59:58
Обично и ние викаме дека Скопје е држава,но не мислам дека тоа го прави Никола,оддавно тоа го направивте сите вие Скопјани кои ве мрази цела Македонија...а покрај се не сте ни Скопјани,туку избеглици арамии,дилери,деца на лажни комунисти,лажни ВМРО-ци...е поради вас е и оваа криза.Школувањето на младите не е лоша идеа на Владата на РМ....но по се изгледа дека за да некој студира покрај условите треба да има и талент не може сите да бидат факултетски образовани.Грешка е и што веке постојните завршени образувани кадри не се вработуваат,туку се оди на нови,а со тоа се зголемува бројот на невработени високо образовани кадри.Во капитализам не сте чуле дека треба секој да си го плати своето образование,а оттаму и квалитетно,не само платено,а тоа треба да биде и европски и светски признаено право,неговата диплома да виде верифицирана меѓународно...Тоа со средното може и да се оправда....и ако знам дека моментално пред извесно време се вработија осмооделенки за службеници во ЈП,срамно.
Од: Aka
Датум: 26.08.2008 11:20:35
Dosta samo plukate po vlasta, lugevo probuvaat da rabotat, a na vas se nesto vi fali, se nesto e loso. Arno si znaeja SDSM, da ne se pravi nisto, da si minuva vremeto.... A onoj koj raboti i gresi. Plus mnogu po "cool" e da se studira vo Skopje, ke gi pitam studentive sto ke gi odbijat kade ke studiraat... Iskulirajte malku
Од: Бети
Датум: 26.08.2008 11:46:13
До Деки: На приватните универзитети, на пример, на ФОН, најди ми повеќе од три студенти кои паднале на испит? А како и да паднат кога плаќат сува пара, а, и ако паднат, не се винови тие туку професорот кој не успеал да им ја наполни главата и кој знае колку да е празна... Значи, ако падне студент на испит си оди професорот...
Од: мики
Датум: 26.08.2008 14:21:54
Барем оваа Влада направи нешто, сега детето ќе ми студира дома, а не како мене што се мачев да ги најдам професорите по Скопје. Скопјани, пукнете од мака.
Од: ivan-veles
Датум: 26.08.2008 14:35:45
Vo Veles vladee golemo interesiranje za novite fakulteti.Se zapisuvaat studenti od povekje gradovi. Student nemoj da ja lazes javnosta.
Од: Pravnik
Датум: 26.08.2008 15:40:19
Nema vrska, sekoj neka studira kade saka Fon, Kiril i Metodi ili Probistip ali vladata da se angazira da ima fer vrabotuvanje odnosno da se vrabotat samo najuspesnite i najdobri studenti toa e prav kapitalizam kon koj se stremime, i koj e neizbezen dokolku sakame razviena i bogata drzava. A ne pola partiska administracija ne znae da ukluci monitor.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
За кого бијат камбаните
Топ 10 моменти на Олимписките игри во Пекинг
Зденко
Скопје ќе добие три нови театри
Макрадули со аплауз избран за собраниски потпретседател
Дупло голо
Несогласување и поради пописот на населението
Парламентот нема да го менува Законот за енергетика
Двојна победа за Кина
Во авионска несреќа во Киргистан 70 загинати
Шарите на леопардот
Вербатим

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.