Апостол Павле, најголемиот евангелист, мисионер и теолог, сето тоа го постигна откако си ги смени името, идентитетот, верата и занаетот
БИБЛИСКИ АЛУЗИИ
Не се знае дали некој Македонец имал видение, но факт е дека по поминати две илјади години, нашинец го повикал апостол Павле повторно да дојде и да и' помогне на Македонија. Тоа може да се забележи последниве години, а особено со власта на второто ВМРО-ДПМНЕ кога дојде до поизразито воздигнување на култот на апостол Павле, како во црковниот, така и во световниот живот. Македонската православна црква го изведе тоа со две измени што го покажуваат новото вреднување на апостолот меѓу Македонците во денешно време. Првата е што во приказот на краткиот историјат на Црквата, претставен на нејзината официјална Интернет-страница, пишува дека христијанството во Македонија, па и на Балканот, прво го проповеда и проширува Светиот апостол Павле, податок кој во поранешните прикази не беше така истакнат. Втората измена се однесува на порталот над влезот на Соборната црква во Скопје, каде што покрај централната фреска на патронот свети Климент Охридски, неодамна се појавија нови фрески со фигурите на апостол Павле и царот Јустинијан Први, на местото на света Мина и на Цар Константин и царица Елена.
Во цивилниот живот, владата на Никола Груевски донесе одлуки со кои аеродромот во Охрид го крсти со името на овој Исусов следбеник, а тоа име му го даде и на Универзитетот за информатичка технологија во Охрид. Забележливо е што во многу нови кн��ги, научни и лаички, во повеќе телевизиски или радиоемисии посветени на христијанизирањето на Македонците, далеку позасилено се потенцира неговиот период и значење, одошто времето и заслугите на словенските браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум Охридски.
Може да се претпостави, но не може со сигурност да се тврди дека овој пресврт се прави со цел да се употреби како аргумент плус во расправите со Грција за името на државата и како уште еден обид да се докаже некому и некаде дека Македонија е библиска земја, а Македонците се библиски народ. Воопшто не е спорно дека во Библијата Павле се врзува со Македонците и со Македонија. Во Делата на апостолите, кои се составен дел на Новиот завет, се опишуваат неговото второ мисионерско патување, прво на европска почва, неговите посети на градовите и сторените дела. Таму се вели: „преку ноќта, имаше Павле видение - стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше - премини во Македонија и помогни ни‘‘. По тој сон, Павле отиде во градот Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Таму ја сретнал жената по име Лидија, која се покрсти заедно со своите домашни. Оттаму, Лидија се смета за првото покрстено лице во верата на Исус Христос на територијата на Европа, односно за прва европска христијанка. А, таа била од тогашна Македонија.
Според она што го пишува во Светото писмо, и денешна Македонија го има правото да се смета за една од колевките на христијанството. Оттаму и воздигнувањето на името и неговите заслуги во нашето совремие. И без македонските вреднувања, тој е високорангиран човек не само во христијанството туку воопшто во човечката цивилизација. Се вбројува меѓу пет-шест луѓе што го променија светот, односно придонеле животот на човештвото во најголем дел да изгледа ваков каков што е. Се смета за најголем евангелист и мисионер на сите времиња и за ненадминат теолог, кој ги постави не само теориските темели на Исусовата вера туку и темелите на организацијата на Црквата како дом на Бога. Неговото влијание врз христијанското богословие се манифестира потрајно и со подалечен дострел од она на сите христијански хроничари и мислители, оттогаш, па се' до денес.
Интересно е како успеа овој учен и богобојазлив човек да го направи сето тоа? Верувале или не, апостолот го постигна тоа откако си ги смени името, идентитетот, верата и занаетот. Апостол Павле е историски и вистински доказ што може да стори човек ако нешто промени во одреден момент од својот живот. Неговиот животопис и делата ги демантираат сите оние што тврдат дека во историјата не постои пример дека ако некој си го сменил името, ќе го снемало од земјината топка.
Речиси и да нема човек што не знае дека Павле во ��ладоста бил мал и непознат Евреин, чиј занает бил да прави шатори. Роден во Тарс, денешна Турција, тогаш Римско царство (5-65 година од новата ера), бил римски граѓанин од еврејско потекло. Неговото јудејско име било Саул, попознато како Савле (што би значело Измолен). При почетоците на христијанството во Израел, Савле бил лут противник и прогонител на Исусовите следбеници, а се верува дека учествувал и во убиството на првовенчаниот Стефан. При едно патување од Ерусалим за Дамаск, каде што требало да држи говори против христијаните, од силна светлина ослепел. Во слепилото како визија му се појавил Исус, го прекорил за бруталноста и го упатил на место каде што ќе го излечат. Откако Савле повторно прогледал, ја променил верата, ги сменил името и идентитететот и до крајот на животот станал најревносниот христијанин познат под името Павле, што во превод од латински би дошло повеќе како прекар - Мал (низок). Неговото влијание врз христијанското богословие е немерливо.
Не сум сигурен дали заради примерот на светиот апостол Павле или заради некој друг канон донесен на некој од васеленските собори, секој поп што сака да стане владика, должен е да си го смени цивилното име и презиме, да се прости од семејството и да го заборави минатото. Така прават сите владици во православието, така прават и македонските владици, монаси и монахињи. Уште повеќе кај католиците: секој што ќе стане папа сам се одрекува од сопственото име и одбира ново име по кое ќе биде запишан во историјата и по кое ќе го паметат генерациите. Па дури и свети Петар не се викал Петар (што значи камен), туку Шимон. Тој до ден денес ги држи небесните клучеви. Иако никој од таму не се вратил, сите живи тврдат дека кога некој оди на оној свет, свети Петар, пред да реши дали некого ќе го однесе во рајот или во пеколот, воопшто не прашувал за името и презимето.
Најверојатно малку се знае дека апостол Павле е заштитник на писателите, новинарите, портпаролите, владиците, мисионерите. Неговото име штити од змиски отров. Денешната испреплетеност на овие професии, занимања и појави во Македонија се мошне интересен политички крстозбор. Ако малку се знае тоа, воопшто не се знае кој ќе го викне Павлета повторно да и' помогне на Македонија. Останува тајна и на кој начин ќе го стори тоа. Како што е мистерија дали некој денешен голем Македонец ќе појде по неговите стапки, та да му се споменуваат името и делото барем стотина години, или ќе надвладеат апокалиптичарите, прогонителите и заслепените.
И на крај, да не речете дека свети апостол Павле имал само успеси, ќе кажеме каде кикснал. Тој проповедал дека „жената треба да се учи на молчаливост и на целосна покорност, зашто прво е создаден Адам, а потоа Ева‘‘. И ова е библиска поука, но изгледа тој дел од светата книга не го чита никој. Мнозинството мажи ќе потврдат дека од тоа учение не бидна ништо.
Ne e tocno deka zasileno se vrednuva sv. Apostol Pavle za smetka na svetite Kliment i Naum, pa znaete deka patron na Crkvata Makedonska e sv. Kliment, deka ustroitel na makedonskoto monastvo e sv. Naum, a za svetite brakja nema potrba da naveduvame deka celata nasa kniznina e povrzana so niv! No, onoj sto poseal seme na verata na eden prostor sekogas ke bide prv, mora nekoj da e prv, a po nego apostol Timotej itn, pa organizirana arhiepiskopija Justinijana se e kontinuitet drag Sande, ne mozeme da izbegame od ovoj prostor tuka sme se nasle po Bozja promisla!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 29.05.2010 02:48:30
Vo Biblijata se veli da odi da go vidi rodnoto Filipi. Od kade sega Tars? Koja Biblija ja citate? Progrckata so korumpirani pari? Citalci na Angliski. Biblija od 1740 godina izdadena vo London, veli .. vo rodnoto Filipi... a deka bil Evrein... i za toa ako treba licno Sv Pavle eden den ce vi ja otkrie zabludata. Znaci site apostoli bea Evrei, a Isus bese " nacionalist"??????
Од: pameten
Датум: 29.05.2010 05:02:26
си ги смени името, идентитетот, верата и занаетот... Menuvanjeto na imeto i identitetot e izbor. Potekloto e fakt. To ne e determinanta. Ako ne si gi sakam bratuchedite, nema da druzham so niv. No e ludilo da negiram deka imame isto poteklo. Tragichata sostojba vo koja shto se naigjame doagja od faktot deka po mnoigu pritisoci i neuspeshna, duri glupa politika na Sofija, ne si go sakame potekloto. Vo pravo sme da go koristima imeto Makedonci, no koga tvrdime deka imame vrska so tie Makedonci od vreme na Sv. Pavle, Grcite se ljutat, a svetot se fakja za glava. A na Sv. Kliment i na Sv. Naum, koi shto bile Bugarski sluzhbenici i stavile osnovata na nashata kultura, ne im e dojdeno na pamet deka se Makedonci. Kako da se najde dostojnstven izlez ?
Од: SPIRIDON
Датум: 29.05.2010 09:52:20
Jas kako ateist,nevernik,nemiropomazan,mislam,razbira se,čovečki,humano e da kažam deka toa šo Sveti Pavle došol u Makedonija,pa i neka e ovaa segašnata,šo e gulem znak prašalnik,ne ni dava za pravo na denešnite makedonski gragjani da misleme deka sme so samio taj fakt neščo poveke od ostanatite ili deka imame "rogovi".Považno za nas i za idnite generacii e šo ke ostane po nas,šo ke ostaeme,šo praeme,po šo ke ne pomnat.Ekonomski,psihološki,bezbednosen kolaps na voa opštestvo.Penzioneri ne izdržuvat,zdravstvoto-da ne se razboleš,školstvoto korumpirano,crkvata zabegana u kriminalno biznis vodi,nevrabotenosta sekoj den se pogulema.Šo e tuka sea faktor kaj bil Pavle,u Severna ili Južna Makedonija,dali bil roden u Ters ili Filipi,dali seslovenskite braka Kiril i Metodi se naši ili,kako antički makedonec da rečam,tugji.Živeeme so minatoto,u minatoto,za minatoto.Žašo?
Од: Јован АН
Датум: 29.05.2010 09:56:20
Што сака авторот да каже?Дека треба да и удоволиме на нашата јужна комшивка и да го промениме името?И тоа само за да добиеме д а т у м за п р е г о в о р и!?!За да влеземе во историја?!Близу до умот!
Од: mkd
Датум: 29.05.2010 10:34:48
Tekstot ne mi se dopadja bidejki ja nosi vodata na pogresna strana.
Apostol Pavle moze da se rece deka bil prviot kosmopolit i deka Hristijanstvoto e denes toa sto e poradi NEGO. Ako smenil nesto smenil po SOPSTVENA VOLJA a ne pod prinuda.
Da ne bil Pavle Hristijanstvoto i den denes bi bila minorna sekta a ne najgolema svetska religija.
Po negovoto sekoj ima pravo da veruva vo Hristos sekoj dobronameren go pregrnal Hrista.
Од: Миле - Охрид
Датум: 29.05.2010 11:17:08
Јас сакам да си го сочувам името. Не сакам да станам светец. Со кое право ме навредуваш со погани зборови ? „или ќе надвладеат апокалиптичарите, прогонителите и заслепените.“
-(„Утрински весник“ го задржува правото да не ги објави коментарите кои содржат навреди, клевети, непристоен речник,...“) .Јас би додал освен ако се однесуваат на македонците кои сакаат да си го зачуваат своето име. Колумните во кои македонците се навредуваат , етикетират, уценуваат ,им се закануваат имаат предност.
Од: Јован Кривошија
Датум: 29.05.2010 14:15:07
Добри луѓе, дали знаете дека плацот за изградба на сегашниот соборен храм Св. „Климент Охридски„ во Скопје и е доделен на Македонската православна црква за експроприраното место на црквата „Елена и Константин„ која беше лоцирана на дел од сегашниот Градски трговски центар. И аналогно на тоа на предниот портал покрај иконата на патронот на Собор5ниот храмот стоеше и иконата на Цар Константин и царица Елена. Меѓутоа откако на чело на на Македонската православна црква дојде чичко наместо дедо Владика, работите почнаа да се тркалаат според желбите на дневната политика.
Од: nikola
Датум: 29.05.2010 15:11:59
Tocno e sv. Pavle go promenil i imeto i veret i vlegol vo istorijata.No sto bil pred toa,progonitel predavnik dousnik i usiec.Sto od ova e imanentno na ona na sto Vie ne asocirate.
Од: nacional-patriot
Датум: 29.05.2010 16:14:21
Do pameten.Makedoncite vo vremeto na sveti Pavle bile Makedonci i nisto drugo.Ziveele na ovie prostori i Makedoncite se nivni naslednici.Pred 19 vek bugarski nacionalen identitet NE POSTOEL.Vo biblijata gi ima napisano onie identiteti koi postoele,a takanareceniot bugarski nikade go nemalo,bidejki ne postoel.