Прва винотека - паб во Скопје

Денеска во Старата скопска чаршија, во близина на црквата „Свети Спас“, во 19 часот ќе биде отворена првата винотека-паб „Винотека Темков“.
Станува збор за нешто ново и интересно во нашиот град, каде што посетителите во продажниот дел ќе имаат можност да одберат и да купат некое од понудените вина, додека за дегустаторите има посебен дел, каде што ќе може да уживаат во вкусот на вината и ладните предјадења.
Во асортиманот на „Винотека Темков“ ќе може да се најдат сите најпознати вина од винарските визби во нашата земја. (И.С.) |