Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Телеком“ ги укинува бесплатните сто минути

Корисниците на „Македонски телеком“ од 1 јули ќе ја изгубат можноста од стандардниот пакет за бесплатни сто минути, за што, пак, како што велат од „Телеком“, ќе добијат многу други поволности. Во нив спаѓа веќе воведената можност за неограничени разговори во вечерните часови со дополнителна претплата од 199 денари и поволностите на тарифниот модел „Кол фри“, со кој корисниците добиваат до 58 проценти поевтини разговори во странство и неограничени разговори со „Кол фри“ пријателите.

Покрај веќе понудените нови пакети по ребрендирањето „Кол комфорт“ и „Кол фри“, од 1 јули „Телеком“ најавува дека корисниците ќе може да користат уште една поволност - да одберат еден број од фиксната телефонија со кој ќе разговараат за 50 проценти поевтино и еден број од мобилните оператори со 50 проценти намалување за броевите кон „Т-мобиле“ и кон „Космофон“. Додека за број кон операторот ВИП намалувањето е 20 проценти. Во завршна фаза е проект и за воведување картичка за лојалност, која на корисниците ќе им носи бодови, а за кои ќе добиваат одредени награди. Од септември од „Телеком“ го најавуваат и стартот на Интернет-телевизијата која ќе биде по достапни цени. (М.Т.)


Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар

Од: Скопја��ец
Датум: 24.06.2008 08:01:34
Перфидна игра, намали 100 денари) зголеми за 199 ден. Народот треба да ја откаже фиксната телефонија. Јас тоа го направив со 2 телефона. Така и ке биде се додека не ме молат и ми дадат бесплатен апарат и вратат парите за платените со години наназад 2.000 марки (1.000 евра)
Од: Darko
Датум: 24.06.2008 08:36:59
Nevideni lopovi! Kke imate moznost za drugi "povolnosti" za koi presmetavme deka cenata sto kke vi ja naplatime kke ni nosi pogolem profit nego ako ostanese segasnata tarifa. Tragedijata e sto i OnTel i Cosmofon odma presmetaa deka treba da kolat po 1000 denari mesecno. Plakjaj makedonce
Од: obicen
Датум: 24.06.2008 09:26:37
A koj go prodade ovoj praven subjekt na nacin koj mu ovozmozuva(se) monopolsko iscrpuvanje sredstva od nas, obicnite?
Од: prilep
Датум: 24.06.2008 13:25:34
i so tie 100 minuti bese skapo pa vaka nema veke pricina da imam nivni telefon go isklucuvam po hitno jas mislam deka ovie koj sto ne kradat na ovaj nacin mislam deka ima soucesnik narodot znaj

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Драматичен скок на цената на бензините - еден литар 80,5 денари
Нафтата во светот пак жари - самитот без решение
Охрид топ-дестинација за туристите од соседните земји