Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

МВР ќе помогне да се види дали Игор и Мартин се познавале

МВР стои на располагање за обезбедување на сите потребни податоци околу шпекулациите дека „тигарот“ Игор Спасов од поодамна имал нерасчистени сметки со 22-годишниот Мартин Нешкоски, кого пред речиси три недели го претепа до смрт на плоштадот „Македонија“ во центарот на Македонија. Братот на Нешкоски пред неколку дена за медиумите изјави дека Спасов бил еден од полицајците што му се заканувале на Мартин да сведочи во полза на „алфите“, кои пред негови очи ��ретепале 38-годишен скопјанец. Наводно, Нешкоски бил принуден пред судот да ги претстави „алфите“ како жртви. Скопјанецот ги тужел полицајците што го претепале, по што едниот од нив бил казнет парично, а другиот ослободен поради немање доказ. Од друга страна, „алфите“ поднеле кривична пријава против скопјанецот за напад врз полицајците и управување возило под дејство на алкохол, за што бил осуден на шестмесечна затворска казна. Токму Мартин бил еден од сведоците, кој морал да ја изврти вистината, тврдеше неговиот брат. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека се воделе две паралелни судски постапки, кои завршиле со пресуда.

„Доколку некоја од странките во постапката преку соодветна правна процедура побара повторување, МВР целосно стои на располагање во смисла на обезбедување на податоците, утврдување на фактичката состојба и сето она што е надлежност на МВР“, изјави Јанкулоска. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1927 пати.

Испрати коментар

Од: Mene
Датум: 24.06.2011 02:39:43
Sega e predocna da MVR obezbeduva pomos za rascistuvanje na slucajot.Vakvi slucaev se nasekade, Tigri-Alfi se odnesuvaat kako da ja oslobodile Makedonija i nemaat nikakvo odnesuvanje, pravi vandali, raketari, makro i dileri, e toa se nasite specijalci. Bi bilo ubavo koga bi postoel nekoj cesen i da gi preispita site tie dobro nabildani momci.Oni su glavi rekli zbogom pa slavu stekli nogom....
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevski
Датум: 24.06.2011 03:49:17
Sto vrska ima dali se poznavale i kolku koga liceto Igor Spasov stori masakar. Dosta vece od "fabrikuvanjata" na MVR i bilo koj. Gi pozdravuvam mladite koi ne se predavaat,tuku odat do kraj iako im se isprepletuvaat nakoi, a provladinite mediumi ,vo slucajov "Sitel" neka ne ne go "ocrnuvaat" Martina,toj sekako e vece v zemja. Grevota e deteto,neka go ostavat da pociva vo mir.
Од: smrdlivo
Датум: 24.06.2011 07:41:02
Mnogu smrdlivo i ne daj boze da e vistina deka se poznavale. Se dobiva sosema druga dimenzija.
Од: Oven
Датум: 24.06.2011 12:02:52
A sto ima on "privatno" da rascistuva Sudski procers i svedocenje. Osven ako ne baral reket. Obicno nasite "specijalci" se edinstveno sposobni da reketiraat slabi lica i tinejdzeri. Od drugite obicno i oni samite begaat ili pa jadat kotek. Toa se nasite "specijalci".
Од: 3G
Датум: 24.06.2011 14:01:22
Otvorena e legalna pravna procedura da ne recam bitka vo koja ke bidat izlozeni i provereni tvrdenja i fakti. Dali slucajot ke se odviva vo ova ili vo onaa nasoka? Dali togas alfite napadnale ili bile napadnati? Bidejki i policajcite znaat da bidat nedisciplinirani i da provociraat i zloupotrebuvaat(sum bil navreduvan i zloupotrebuvan poveke pati)no ima i takvi sto provociraat i duri i tepaat policajci(vo kafana vo Dabile) kako mnogu bliski na Zaev(da ne gi imenuvam) no zastiteni da se spasat samo so begstvo inekolkudnevno krienje. Dali sdsm ke uspee kako i A1 da go unisti moralniot kredibilitet i na semejstvoto Neskoski vturnuvajki go vo antivladina bitka isto kako sto vo Sutka vturna 20-mina koi ke gi nosi na dusa? Ke pokaze vremeto. Od izbranite gosti na A1 od graganite vturnati vo antivladin(vladata spored eden teoreticar e samo agencija) bunt, za odbelezuvanje e mislovno-govorniot talent na izvesnata Emini.
Од: trpe od gradsko
Датум: 24.06.2011 15:04:37
Neka MVR gi zauzda ovie t.n "specijalci" i prasanje dali imaat pominato soodvetna obuka bidejki vakvi skandali kako so ubistvoto so Martin nemase da ima...Treaba da se iskoreni partikskata pripadnost kon VMRO-DPMNE...tuku da bidat vistinski profesionalci..
Од: kiki
Датум: 24.06.2011 18:38:58
Vidovme MVR kolku e "KOOPERATIVEN"

Најди! во Утрински
На прво место
Ахмети добро се испазари со Груевски
Три струи и тројца кандидати во ЛДП
Се радикализира ли Нова демократија?

"""