Број 2931  понеделник, 09 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Ќе игра ли Фрчкоски оро?

Ѓорѓи Спасов

Изборните штабови ги претставуваат кандидатите како луѓе блиски до народот, се обидуваат да ја купуваат волјата на гласачите и го плашат народот со последиците од неговиот погрешен избор

 

Телевизија Алфа деновиве ни го прикажа филмот за улогата на американски политички консултанти во изборната победа на Борис Јелцин во 1996 година.

Пораката од тој филм гласи: не е важно со колку низок рејтинг стартувате во трката за претседател. И не е важно каков сте и што сте работеле. Важни се три нешта: прво, во кампањата мора да правите работи кои ќе ве прикажат дека сте човек од народот; второ, ако се кандидирате од позиција на власт, поттикнете ги најмасовните категории на избирачи да гласаат за вас или за вашиот кандидат преку зголемување на пензиите, давањето стимулации за земјоделците, пакети за сиромашните и сл. И на крајот, ако и тоа не е доволно за победа на вашиот кандидат, кажете им на граѓаните што се' страшно може да им се случи на нив и на земјата ако случајно победи вашиот конкурент.

Во кампањите што се водат во Македонија се имитира овој макијавелистички образец кој либералната мисла го исмејува.



Изборните штабови се трудат нивните кандидати да ги претстават како луѓе блиски до народот, потоа ветуваат и се обидуваат да ја купуваат избирачката волја на гласачите според сопствените можности и го плашат народот со последиците од неговиот евентуално погрешен избор.

Да ја погледнеме, на пример, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори:

Прво. Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов ни се претставува како човек од народот. Просечен. Недоволно познат. Малку исплашен. Скромен, чесен, паметен, сиромашен, семеен човек, се пробивал во животот без врски и дури политички неопределен, односно партиски непристрасен, и покрај тоа што тој веќе има изјавено дека овие избори ќе биле „парастос за режимот на Црвенковски“.

Второ. Владата која стои зад неговата кандидатура не жали пари и ветувања кои, според сите критериуми, се еден вид изборна корупција. Таа јавно е за фер и демократски избори, во смисла никој да не се буни и да не прибегнува кон насилства и фалсификување на изборните резултати, и ветува силна полициска заштита на избирачките места, но суштински изборите ги прави не фер. Таа троши и ветува огромни буџетски средства за купување на волјата на избирачите. Секој ден откако е почната изборната кампања премиерот дели пари или привилегии во областа на здравството, на пример, става камен- темелници за спортски сали и игралишта, останува при ветувањата за зголемување на пензиите по изборите и по умот на Циле Тупурковски вети не една, туку фантастични осум милијарди евра за развој на македонската економија што ќе ги обезбедел преку задолжувања, концесии и на други начини.

И трето. Владата полека, но сигурно влегува во кампања на ширење страв од враќање на опозицијата на власт на кое ниво било. Користејќи ја познатата матрица на тоталитарната пропаганда за постоење заговор против државата и уривањето на власта од страна на опозицијата, таа преку свои новинари и медиуми го плаши народот со губење на македонското име, идентитет и држава. Таа на насловната страница од „Нова Македонија“ најавува апокалипса, крај и уништување на Македонија. Тоа го подготвувал Црвенковски во соработка со неговиот претседателски кандидат, со сите што во Македонија денес ја критикуваат Владата и со Евреи како некојси Исак Адижес кој е во тајна дипломатско-политичка мисија за уништување на Македонија. Целта е јасна. Народот ако не го бендиса кандидатот или ако не е задоволен од власта, тогаш треба да сфати дека без неа ќе остане и без име, и без пари, и без држава.

За жал, некои од овие елементи можат да се препознаат и во кампањите на другите кандидати.



Така, на пример, Фрчкоски кој уживаше во пури, скапи часовници, уметнички слики и коњи, како и во поделбата на луѓето на екологисти (сељачана) и елитисти (градски мангупи), одеднаш, наместо да продолжи да вози велосипед со штипка, станува загрижен за фармерите, за сточарите, за овците, за млекото и за други „дреболии“. Кампањата на СДСМ наместо да го продава како светски човек, професор и интелектуалец упорно го турка во друштво со земјоделците со кои тој не се чувствува во природен амбиент и не е чудо до крајот да го натера да игра оро и да пее турбо-фолк. Таков претседател, демек, сакал народот.

За разлика од Владата, СДСМ не може во негово име да дели пари, привилегии или да ветува милијарди. Затоа самиот Фрчкоски ветува дека во моментот кога Македонија ќе почне да води паметна политика на меѓународен план со негова помош, тогаш и стандардот на граѓаните ќе порасне и ќе се извлечеме од економската криза. Но, тоа во услови на голема сиромаштија е политика на „не умирај коњу до зелена трева“.



И на крајот. И тој со право не останува имун на заканите. Неговата порака е дека Македонија ако не влезе бргу во НАТО и во ЕУ „ќе пукне однатре“. Следниот чекор на Албанците, тврди тој, ќе биде барање за основање кантони. А тоа може да води кон распаѓање и исчезнување на Македонија. Затоа во негов стил и, веројатно, без контрола од политичките советници, иако физички не изгледа како Тарзан, бара „да им се скрши ногата на противниците на 22 март, како да се тие некоја жена во паркот што му го земала паркингот.

Но, прашање е и дали нешто попаметно може да прави во оваа кампања.



Елементи од овој вид кампања се присутни и кај лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој, на пример, за кандидатите на противничките партии за градоначалник на Гостивар вели: „Не гласајте за човекот (актуелен градоначалник од ДУИ) што е експонент на организираниот криминал, ниту за авантуристи (мисли на Руфи Османи) што ги жртвуваа животите на гостиварци“. И додава: „ДПА има за цел (со Македонија или без неа) Албанците да бидат дел од Алијансата, и ако не влезе во НАТО, Македонија ќе пропадне“.

Ако човек верува во сите овие закани изречени во кампањата, тогаш може да дојде до заклучок дека кој било да победи, Македонија ќе пропадне, ќе пукне однатре или ќе исчезне.

Но, кампања е, и се' е можно.

Македонската Влада непосредно пред изборите донесе одлука да се продолжи времето за продажба на алкохол до 21 часот. Велат, се исплашила дека ако се отрезни народот - би можел и да ја смени.

(Авторот е универзитетски професор)

 


#
Статијата е прочитана 4550 пати.

Испрати коментар

Од: Mario
Датум: 08.03.2009 19:09:23
Па може продажбата на алкохол и да се продолжи и до 24 ч., но и да се опијанчи со алкохол, народот веќе се отрезнува од 3- годишните празни ветувања кои му го отежнаа животот.
Од: citatel
Датум: 09.03.2009 00:29:54
Vo ovaa tesko i nesigurno vreme za MK najdobro e Frcko da bide pretsedatel.i Ve molam bez glupi i prostacki komentari.ako ne zivi bili pa videli...
Од: MKD
Датум: 09.03.2009 01:58:13
Kolku li samo mu se poznava na Frcko deka vestacki i so gluma nastapuva megu mlekarite,stecajcite,sindikatot,pri prosetka so zenite,megu graganite,obicnite luge.Covekot e tolku zamislen deka e nenadminat intelekt sto duri ni iskrena nasmevka ne moze da mu se otkine od facata.Naprotiv mu se cita od liceto deka podgoltnuva knedli i gorcliva plunka sto ete mora da go pravi toa za da se dodvori na graganite,za nego toa e nuzno zlo.Mi se cini kako da mu se gadi i od mlekarite i od stecajcite, i od pazarite...I triumfalnoto krevanje stisnata pesnica vo vozduhot,go pravi kako da mu tezi 100 kg.A go spomnuva pokojniot Trajkovski za primer kakov treba da bide eden pretsedatel.Pa megu nego i Trajkovski postoi sustinska sprotivnost koga stanuva zbor za iskrenosta,spontanosta,optimizmot i ljubovta prema graganite na ovaa drzava.A so zaplasuvanjeto so nov konfliukt so Albancite tolku e providen so svoite hushkacki predviduvanja vo stilot "ti zboram kerko,seti se snao",sto samiot si pravi steta
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 09.03.2009 03:41:56
Ovie frazi covek od narodot..se na g.Ivanov,koj e pravnik,no prakticno osnovac na institut za istrazuvanje na rejtinzi i predava teorija na praven!Zatoa i ne go poznava pravoto,ne znae sto zboruva,no vo rejtinzite e tocen,sekoja cest!A sega logicki se se vklopuva vo svoe mesto,a toa e deka Gruevsk site ovie naivni potezi vo megunarodnata politika i so grcija se vodi od teorijata na Ivanov,koja nema nikakva vrska so funkcioniranjeto na pravoto.Ne moze da veruvam deka g.Milososki e tolku slab i ne gi poznava evrointegraciite koga magistriral i doktorira za evrointegracii vo germanija!Mozam samo edno da konstatira,deka prima direktivi od Gruevski kako treba da se izjasnuva,znaci teorijata na ivanov da go primenuva: nie sme potomci na Aleksandar i nikoj ne ni moze nisto!Deka nasata drzava postoi i istrajuva so mileniumi od antika do deneska,ne od vremeto na tito!Zatoa mozeme sami da preziveeme,i ke ja branime imeto,kako vo vremeto na ilindenskoto vostanie samo kako makedonci,no bez drzava!
Од: ljupco,bitola
Датум: 09.03.2009 05:32:55
Многу реална анализа на досегашната кампања. Иванов нема што да лаже,тој е народен човек,дури и отворено е наречен сељачана од Фрле,уште првиот ден од кампањата. Фрле пак видете го на денешната слика со жените на скопскиот плоштад, едвај издржува во нему неприродната поза, заедно со луѓе од народот,иако се тоа жени, активистки на сдсм. На оваа кампања се гледа и нешто друго,на луѓето им е смачено од митинзи, галама од други предизборни циркузи. Иако скратена напола,изгледа предолга и сосем непотребна, кампањата може уште утре да заврши,нема да донесе некои промени во гласањето.
Од: Jane Mavcev-Melbourne
Датум: 09.03.2009 07:09:04
Mislam deka e vreme da se prekine so ovie gluposti,Vremeto za solenje pamet pomina.Ova e vreme na demokratija,a narodot go ceni toa i gi nagraduva zasluznite.
Од: Мрамор
Датум: 09.03.2009 07:36:31
Од пишувањето на Ѓорѓи Спасов многу убаво се геда дека ни луѓето во врвот на СДС не веруваат дека Фрчко ќе победи на овие избори.
Од: Поранешен член
Датум: 09.03.2009 08:25:27
Повеќегодишните функционери на СДСМ не можат да се помират со фактот дека немаат свој член з�� кандидат за претседател на државата и за градоначалник на Скопје. Тука Ѓ. Спасов, во Дневник Никола Поповски практично полугласно кажуваат дека нема да гласаат за споменатите кандидати. Па после ВМРО им е виновно што на изборите ќе поминат многу лошо. Инаку Фрчовски е со неспорни интелектуални квалитети, но сега на себе ќе ги почувствува реакциите за нескротените и често невкусни етикетирања и лево и десно, и напред и назад..
Од: Трпе
Датум: 09.03.2009 08:41:17
Оправдан е коментарот на Ѓоле Спасов.Чоеков кога не беше предложен за претседателки кадидат од матичната партија има право и да напага.По се изгледа планира да се одметне во редовите на дпмне-овците.Барем тие вакви собират и тоа се гледа по предложениот кандидат неговиот имењак Ѓоле.Во еден период и Фрчковски се спремаше истото го направи.Но виде дека неговото размислување многу се разликува од ова на старите одметници како министерот за правда и голем број како од семејството Мијалкови.Сепак од сите претседателски кандидати многу двои Лјубомир Фрчковски.Тој има најдобро и најголемо политичко искуство.Има најголемо познавање за потребите на Македонија после Црвенковски.СДСМ не гази на трула даска.Кога неможеа да го убедат Срџан Керим,Фрчковски е најдобриот избор.Ѓоле Иванов е изгубена личност иако човеков барем еднаш има одено и до Лондон.Авторот на коментарот Спасов за неговиот колега спомнува само дека е скромен.На Македонија не и треба кукла,а цела власт да ја има царот(пастириот
Од: Ѓорге
Датум: 09.03.2009 09:20:45
Браво за имењакот. Единствен интелектуалец во неговата партија. Но, има ли кој да го слушне и разбере?!
Од: batko
Датум: 09.03.2009 09:22:21
Be citam i si mislam ova li e Gjorgi Spasov ili nesto ne e vklucen vo igrava,pa pocna kolumni da pisuva kako sto bi gi napisal i najobicen covek,dajte soberete inspisacija pa pisuvajte onaka kako sto i vi prilega
Од: dobrt
Датум: 09.03.2009 09:36:43
Spasov e eden od pametnite luge vo sdsm koi zaedno so nikola popovski i nikola kurkciev mozat da napravat reformi vo partijata slicni kako sto gi napravi vmro i da cekat greska na gruevski pa da se vrati sdsm na vlast. Vaka so cirkuzanti kako frckovski i makraduli koj e potrcko na sekoja kampanja crno i se pisuva. Zamislete vmro da go vratese Ljubco za pretsedatel na partijata dali nekogas ke se vratese na vlast. A sdsm go vraka Branko.
Од: Trpe original
Датум: 09.03.2009 09:58:06
Taka e gospodine Spasov,megjutoa kako sto mozete da vidite nekoi SDSM ovski fanatici strogo se drzat do partiskiot rezim i rech-pa ve napagjaat so komentari,pa zatoa partijata dozivuva svoeviden debakl.I jas sum clen na SDSM-realist i go poddrzuvam vaseto gledishte.Sepak smetam deka golema greshka e sto g-din Crvenkovski se vrakja na vlast.Se dodeka se aboliraat nasi visoki funkcioneri i imame kriminalci vo svoite redovi-partijata ke tone.Ni trebaat cesni i ugledni lugje i sveza krv koi ke donesat novi idei i pogledi.Ni trebaat vakvi intelektualci kako vas i vo levicata ama teshko e deka ke se probiete vo segashnava birokratska banda,za zal profesore.
Од: aaaa
Датум: 09.03.2009 10:21:58
Премногу го почитувам професорот Ѓорѓи во неговите ставови и видувања и како аналитичар и како советник во партијата. Се согласувам со неговиот напис и гледање, меѓутоа не се согласувам што тоа го прави јавно и и забива нож во грб на сопствената партија, ваквите написи создаваат поделби. Ваквите ставови се изнесуваат на партиски состаноци и договори за настап. Добро е да даде совет за тоа каква кампања треба да се води што очекува народот. Ние очекуваме некој да излезе и да каже што предлага на тоа што не е добро, а не само обична критика
Од: Barda
Датум: 09.03.2009 10:27:41
Gjorgi namerno ili nenamerno go iskluchi Nano od ovaa kolumna.
Од: caki
Датум: 09.03.2009 11:15:27
Zar ne ti e sram i uste ne li se najade od SDSM pa ti i drugarti Nikola samo laete kako maalski kucinja.Da ve stavea na lista za pratenici pak SDSM ke bese najdobar,pa dosta vi veke po pet mandati,zemete nesto drugo rabotite vo zivot ili za nisto drugo ne ve biva.Zasrame te se
Од: реален
Датум: 09.03.2009 11:16:18
Сега кога на тие од ДПМНЕ им изгледа убаво напишана колумната на Спасов го фалат а ако напише нешто против Грујо одма стар комунисти и сл. ќе го наречат и дека поминало неговото време.
Од: објективен
Датум: 09.03.2009 12:00:18
Авторов се труди да е објективен и горе-доле е (малку измешал периоди кај Фрчко). Ама не знам што се палат ВМРО-овциве како којзнае што да кажал, член на поранешниот врв на СДСМ, а за тоа што го напишал за Владата не коментираат . (а да не зборам за "бисерот" на Иванов "парастос за режимот на Црвенковски").
Од: ramadan
Датум: 09.03.2009 12:39:40
Go nrazbiram Spasov.Krivo mu e sto nego negovata partija ne go predlozi.Spasov,ne e fer od tvoja strana.Bese pratenik,bese vtor covek vo partijata,bese ambasador vo London i se toa go pogazi sto ti go dade TVOJATA partija.Daj i Ti nesto za nea,a ne koga i e najtesko,najlesnoto bilo nizot vo grbot.I zatoa zapri malku,ne bidi kako izneverena devojka.Slicen na tebe e i N.Popovski.
Од: Зоро!
Датум: 09.03.2009 13:26:49
ljupco,bitola изгледа премногу фркаш од таа античката ,па забораваш што пишуваш по ова форумиве .Вратисе и види што и кого напаѓаше а сега браниш ,не само умот ами и тоа „амнестијата„ ти е загрозена ,од радост и сон не те фаќа ,само ��екаш да удираш по тастатурата ,еве те молиме ,остани буден и чукај ,чукај по типките ама користи и големи букви. оти без твоиве глупости денот ,како и животот ке ни стане многу ,многу досаден.
Од: libertas
Датум: 09.03.2009 14:11:30
e moj djole spasov da bevte malku popametni i da ne pravevte razni frakcii so popovski,tito ecetera... kaj ce vi bese krajot a sega i vasiot edinstven urban mangup nema da ve spasi ali da sum na vase mesto nebi go napadjal vaka kako tebe toa e vasiot izbor i ako ste kompaktna partija treba da se falite inaku ovaj od valandovo ili neznam od kadee po inteligencija moze samo da mu aplaudira a viesite se izedovte i sega najdobro bi biulo selmani da ja zeme drzavava vo svoi race i da go zaebime obama sose 3oo milioni ameri.sega pretsedatelot neka ti odgovori zosto pusti tolku nacionalni radiodifuzeri sto mislese deka site se shema? nema kade da dade intervju zosto go ispustivte so g.stoshic javniot servis gledajte sto pravi zagreb ,bgd...drzetese za vlaknata na zingo i velija i jadetese kako termiti neka vi sluzi na cest.ja imavte drzavava na tacna ama golemite spletki kako medju vas taka i na dvorot otidovte vo vo veni veci bez vidi!
Од: Buba
Датум: 09.03.2009 15:49:21
Gospodine Spasov Ne mozam da ve pofalam za statijata zasto mi pravi revolr.Pa megu vas, vo SDSM imate golem izbor za kandidati.Ako navistina mislite na Makedonija daj sredete se i dajte neka isplivaat najdobrite megu vas.Ednas stavivte premier nesvojstven za vasata partija i vidovte kako pomina.Sto se slucuva vnatre vo SDSM?
Од: Trpe 2
Датум: 09.03.2009 16:13:00
Sedi madro Gorge .Ne ti lici ova sto go pisuvas.Blgodarenie na Branko se proseta po svetot .A , ako ti ne si svesen ,ke ti kazam :TI NA FRCKO NE SI MU NI DO KOLNA !
Од: gocem
Датум: 09.03.2009 17:09:44
E ovaa ti se vika javen politic'ki trnsfer... I posle ke se c'udite od kade tolku ,istroseni` SDSM-ovci vo drugoto stado OVCI

Најди! во Утрински
Насловна
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)
Згазено достоинство
Зденко
Криза и во чевларската индустрија
Фармерите бараат помош од меѓународната заедница
Претходен број
Владин страв од осум милијарди евра!
Карикатура
Македонец уби четворица во кафеана во Чешка
Секој секому должи, не е подобра ни државата
Владата со црвени панделки во изборна кампања
Блескави концерти на Симон Трпчески со Лондонската филхармонија
Агресивен белодробен вирус коси и млади и стари лица?
Екран за разбирање и за спојување
Британски војници убиени во напад на воена база во С. Ирска
Европа некомплетна без Западен Балкан