Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter

Бугарија бара голема отштета од Турција

Софија бара со 10 милијарди долари да бидат обесштетени бегалците од балканските војни

Веселин Желев
Дописничко биро на ВАЦ

БРИСЕЛ - Оптоварената земја кандидат за ЕУ, Турција се соочува со нов предизвик - соседна Бугарија се подготвува да бара од неа 10 милијарди долари како надомест за потомците на воените бегалци од 1913 година, кои турските војници ги присилиле на бегство во денешна Источна Тракија или европскиот дел на Турција.

На 21 мај Европскиот парламент усвои резолуција со која бара Анкара „да го зголеми, во духот на добрососедските односи, дијалогот со Грција (на пример, за егејскиот континентален гребен) и со Бугарија (на пример, имотните права на бугарските бегалци од Тракија) со цел да ги реши сите нерешени билатерални прашања“.

„Тоа не треба да се гледа како непријателски чин насочен против ’членството на Турција во ЕУ’“, вели бугарскиот член на Европскиот парламент Евгени Кирилов, кој ја предложи споменатата клаузула. „Напротив, тоа имплицира дека како земја кандидат за ЕУ, Турција треба да ги подмири сите сметки од минатото со нејзините соседи за да не можат подоцна да ја опседнат Унијата“.

Кирилов вели дека според договорот потпишан во 1925 година, Турција се заложила да обесштети стотици илјади етнички Бугари, кои го загубиле имотот за време на балканските војни од 1911 до 1913 година. Турските војници палеле села и масакрирале етничко бугарско население во Источна Тракија во 1913 година, додека ја одбивале офанзивата на бугарската војска, која стигнала до предградијата на Истанбул. Бегалците ја напуштиле нивната територија и имотот и се слеале во Бугарија без средства за живот.

Кирилов истакнува дека тие имаат околу 800000 потомци и легални документи кои им овозможуваат сега да го побараат нивниот имот. Посебна единица од бугарското Министерство за надворешни работи со децении работеше на ова прашање, и во 1983 година вкупниот износ на барањата на бегалците го процени на 10 милијарди долари.

Турција не беше кооперативна за ова прашање за време на студената војна, кога Бугарија беше ривал. Сепак, сега состојбата се смени. Балканските соседи се сојузници во НАТО и Бугарија се приклучи кон ЕУ на почетокот на 2007 година. Турција се' уште води тешка борба за членство, на која многумина во ЕУ се спротивставуваат. Франција, која го презеде ротирачкото шестмесечно претседателствување со ЕУ во јули, е против конечен пристап на Турција, но најави дека преговорите за членство можат да продолжат.

Резолуцијата на Европскиот парламент и' овозможува на Бугарија барањето за обесштетување да го направи дел од разговорите - под поглавје „Правда и фундаментални права“ - кои Анкара и Брисел допрва треба да ги започнат, вели Кирилов. „Имотот е фундаментално право. Без нас тие не можат да го затворат тоа поглавје од преговорите“. Тој не е сигурен дали Бугарија на крај ќе ја добие целата побарана сума. „Како и да е, само почетни преговори за тоа прашање би биле голем успех“, додава тој.

Турција одамна инсистира пред какви било разговори Бугарија да се согласи да им исплати пензии на етничките Турци од Бугарија, кои побегнале од комунистичките репресалии во средината на 1989 година и се населиле во Турција. Кирилов вели дека Софија ќе биде кооперативна за тоа и исплатите нема да бидат прекумерен товар за нејзиниот буџет.


Статијата е прочитана 2929 пати.

Испрати коментар

Од: realist
Датум: 08.06.2008 22:32:10
Леле, нека не се зае*аваат со Турција...
Од: Ivan
Датум: 09.06.2008 01:29:41
Vo Bugarija podpretsedatelot i vice premirot se turci.Isto taka ima mnogu ministri i 33 turci pratenici.Da li tie ova ke go dozvolat na bugarska vlada.No Bugarite nekasi razmislat podobro,posto Turcija ako im stavi ambargo na bugarite togas tie sto ke pravat.Neka ne si go rasipat odnosot so turcite i so turcija posto ovoj pat Turcija kea zeme cela Bugarija...Taka da bugarcinja mali ne jadete trici mnogu...Turcite da ubivaa da palea sela deneska ke nemase ni eden bugar,ni eden makedonec.Turcite civilizacijata ja donesa vo balkanot.
Од: gringo
Датум: 09.06.2008 07:22:43
bugarite se kako grcite isti samo da provocirat i da osporuvat nekogo no na nas makedoncite ni odgovara ako bugarija gi dobie tie deset milijardi toa znaci deka i grcija treba da plati na makedonija osteta za proteranite makedonci od makedonskiot egej pozdrav
Од: Petre
Датум: 09.06.2008 07:32:55
e sega logicno i Makedonija bi mozela da bara odsteta za potomcite na proteranite Egejci ( a ima uste i zivi izbeglici) no kako e praksata vo EU treba da plaka drzava kandidatot a ne postariot clen..eve slicni baranja ima i od Italijanci od Hrvatska...
Од: jimmy1
Датум: 09.06.2008 07:58:02
Stom taka stojat rabotite kolku osteta treba da bara Makedonija od fasisticka Bugarija za zverstvata sto gi pravela vo Makedonija, i za odzemenoto nacionano bogastvo pri povlekuvanjeto na Bugarite. Od Grcija za obestetuvanje na iselenite Makedonci, za nivnite imoti i osteta za makite sto gi pretrpea do nivnoto stabiliziranje.
Од: citatelka
Датум: 09.06.2008 08:27:06
Ne veruvav deka kje dojde den ova da go kazham, ama: treba da uchime od bugarite. Istovo shto tie go pravat da go napravime nie so grcite. A ne da se plashime da ne ova, da ne ona.
Од: ecipecipec
Датум: 09.06.2008 09:04:41
MAkedonija mora pod hitno da pobara otsteta od Bugarite za storenite zverstva nanazad nekolku vekovi .. jas eden od ostetenite potomci na zverskite ubistva na bugarite. A tie od Bugarija sto se prikazani deka bile zrtvi na turcite ..... toa se makedoncite koi bile so sila regrutirani, deportirani i prikazuvani kako bugari od strana na bugarskite sovinisti
Од: Makедонија
Датум: 09.06.2008 09:23:07
Добар потек за поздравување,така се заштитува еден народ.Нашиве мислам дека се откажаа од егејско,пиринско и др.население нели тоа беше во времето на СДСМ дека немаат никакви побарувања од соседите.Треба да се биде логичен и да се признае.Егејците сами ке си го бараат имотот и тоа како денационализација,или пак против вредност во пари,ама лично тие не Македонија.Значи поради тоа е непризнавање на нацијата од страна на БГ,ГР,.Ако македонците БГ и европа тврдат дека во ГР имало само БГ население и за егејскиот дел БГ ке земе надокнада,а ние секогаш така пошто немаме храброст да побараме и да кажеме дека не се откажуваме од македонците во егеј,пирин,ама незнам дали тоа може да се поправи.Инаку добро направиле има злодела многу правено од ТР,и прадедоми е убиен од страна на ТР.А,сегашниве бегалци од Арач.и др.села што не ги заштитуваме.Во сето тоа има и нешто на пример од западов што мигрираат во СК,за дебели пари продаваат албан.после ке им бараат дека ги протерале,алб.им платија имотите
Од: z
Датум: 09.06.2008 09:53:29
ako bilo taka kako ostanale site ovie luge i crkvi na balkanot bidete luge so razum
Од: Viksa
Датум: 09.06.2008 10:47:56
Јас мисалм дека Бугарите треба најпрво „двапати да мерат еднаш да сечат“! Изгледа дека немаат претстава какви последици ги чека. Ама ако, ако немаат ни три грама мозок нека прават како намислиле,
Од: deli
Датум: 09.06.2008 11:25:06
Bugarite popametni od nas 100pati.Nas koj stignese ne gazese ,a nie uste se mislime dali da barame razni voeni i drugi reparacii .Cela nasa drzava e prekriena so grobista na :Anglicani,Francuzi,Germanci,Bugari,Srbi .... i koj li ne?Sto e dokaz od kogo trebe da barame osteti.
Од: srebre
Датум: 09.06.2008 12:16:24
Navistina mnogu pametno taka se vodi politika za da dobies nesto treba da pobaras nesto isto sto go pravi Grc na Mak bugarite pouceni od toa i mudro sega barat za da ne stavat veto za priem na Tur vo EU nasite ovci ovie raboti ne gi razbirat onie znaat samo da bartat xza svoite dzepovi i neznaat da "vodat politika"kako Bug i Grc sto ne barat i oni otsteta od Tur za 500g od sto seuste trpime iscrpele se od Mak i najdobrata zemja ja prigrabile i seute e vo vladenie na turcite taka sto izugruvat bogatasi a i da pobarame otsteta od Grc za izbrkanite makedonci od Egejot....ama Grujoto,crvenko,taci mislat samo kako da go cedat masloto od svojot narod a ova drugoto e visa matematika za niv......
Од: od seki
Датум: 09.06.2008 12:46:13
do Makedonija: Ajde ne tresi gluposti!Ti izgleda si imal edinica po istorija!Ili si Bugarin pa se kriesh vo "paravan"!
Од: anita
Датум: 09.06.2008 13:43:46
Sto poveke sosedi na MK vleguvaat vo NATO i EU toa poloso za nas (a i za Turcija istoto vazi). BG i GR sega se dogovaraat, odn. se poddrzuvaat, naskoro ke im se prikluci i Albanija i Srbija...Tesko nas, a Turcija nema gajle, taa e ogromna drzava so pregolem potencijal, samo e diskriminirana od Evropa bidejki e muslimanska. GR zaedno so Francija i dr. nejzini sojuznici poveke od 50 god. go blokiraat vlezot na Turcija vo EU (zamislete sto znaci ova za MK!).
Од: ATATURK
Датум: 09.06.2008 13:55:11
Alo ovie bugari so se grci ne se normalni mislat deka so Makedonija imaat rabota bas sakam da gi isprovociraat pretcite pa da vidat dali nekoj moze da gi spreci da se ostvarni ona recenica na srpskiot pisatel "Nije patka ni guska ova zemlja bice opet Turska" barem togas makedonija ke ima sansi da bide kompletna kako sto i zasluzuva.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Процентите на Груевски
Ана Ивановиќ на тронот на Ролан Гарос и на ВТА-листата
Зденко
Прегласувањето ќе решава за најмалку десет пратенички места
Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните
„Атентаторот“ на Хашим Тачи бил обичен крадец
Прилог „Евро 2008“
Деветтиот услов стана деветтиот круг!
Сиктер дома пред полноќ!
Турските газди на битолската пиварница се бараат со потерница
Татко и син загинаа од гром
Глас на безгласните жртви на трговија со луѓе
Трајко Велјановски нов спикер на парламентот?
Карикатура
Почина Шабан Бајрамовиќ
Вербатим