Број 2746  петок, 25 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Големи пари за големи „уши“!

Власта си ги протурка низ Собранието измените на ЗКП со кои се проширува примената на специјални истражни мерки

Гордана Дувњак

Во отсуство на каква било парламентарна контрола, поради бојкотот на опозицијата, локомотивата на владејачката коалиција незапирливо вози напред, донесувајќи закони по итна постапка, без никаква комисиска расправа или поширока дебата. Парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со своите 81 пратенички глас плус уште еден глас од ПЕИ, се однесува како супер-брз воз кој достигнува повеќе од 360 километри на час.

За малку повеќе од еден месец (на 21 јуни се одржа конститутивната седница на новиот парламентарен состав) и во услови на постоење техничка влада, веќе се одржани 14 собраниски седници, на кои се донесени стотина законски измени и нови проекти. Со некои од нив, како што веќе се предупредува, се отвораат некои нови процеси, кои можат да се покажат како многу штетни во наредниот период за владеењето на правото и на правната држава. Зашто, под превезот на ефикасна борба против криминалот и корупцијата, се носат закони кои директно засегаат во човековите права и слободи.

И покрај жестоките критики на стручната јавност, како и на невладините организации, власта, сепак, успеа неодамна да ги протурка измените на Законот за кривична постапка, со кои се проширува листата на кривични дела, за кои полицијата во иднина ќе може да ги користи специјалните истражни мерки. Измените се објавени во „Службен весник“ број 83 од 10 јули, а 8 дена подоцна стапија во сила. Ако на тоа се придодаде фактот дека со ребалансот на Буџетот, кој исто така експресно беше изгласан само за два-три часа, токму на Управата за безбедност и контраобезбедување на Сашо Мијалков и' беа доделени 25 милиони евра за модернизирање, неминовно се пали црвеното светло за тревога. Особено, затоа што и во изминатиот период имаше многу примери на злоупотреба на истражните мерки, кои беа користени и таму каде што не им е местото. Така, еден од најголемите спектакли - случајот „ Југ“ падна на Врховен суд, токму поради неправилната примена на специјалните истражни мерки и сега е вратен на ново судење во првостепениот суд. Играта меѓу истражните судии и Обвинителството со посредство на полицијата при издавањето службени наредби било еден од основите за враќање на предметот. А, токму овој случај беше еден од клучните докази со кои Владата на Груевски се фалеше за ефикасноста во решавањето на судските спорови пред странците, но и пред домашната јавност.

Од направените интервенции, кои се однесуваат на дваесетина одредби од ЗКП, посебно симптоматичен е членот 142-б став 1. Тој се менува во воведната реченица и сега гласи дека „судот може да нареди преземање на посебните истражни мерки кога постојат основи на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривично дело подготвувано или сторено од организирана група, банда или друго злосторничко здружение“. Специјалните истражни мерки може да се применат и тогаш кога не можат да се обезбедат докази кои се неопходни за успешно водење на кривичната постапка или, пак, постојат тешкотии во нивното обезбедување. Во измените таксативно се набројуваат кривичните дела за кои може да се примени прислушувањето телефони, снимање, отворање пошта... Така, од пред неколку дена веќе е легализирана нивната примена за дваесетина конкретни кривични дела, како и за неколку цели глави од Кривичниот законик кои се однесуваат на потешките форми на криминал. Полицијата ќе може да ги применува специјалните истражни мерки во случаите со недозволена трговија на дрога, за изнуда, за уцена, перење пари, шверцување, но и за царинска измама, злоупотреба на службената должност и овластување, проневера, измама, послужување во службата, примање поткуп, противзаконско посредување, незаконито влијание врз сведоци, злосторничко здружување, терористички организации, тероризам... Потоа, во подолгата листа влегуваат и сите дела против државата, против човечноста и меѓународното право, како и кривичните дела сторени преку средствата за електронска комуникација (измами преку Интернет)...

Проширувањето на опсегот на кривични дела, дури и на оние кои не спаѓаат во редот на организираниот криминал или корупцијата, туку во сферата на т.н. „обичен криминал“, со загриженост е примена во стручните кругови. Решенијата, зад кои стои Министерството за правда, а се тврди дека се дело на советничката на премиерот Груевски, поранешната обвинителка на Романија, Моника Маковеј , се толкуваат како обид за воведување низ мала врата на полициска држава. Стручната група што работеше на измените, а која беше затечена од внесените измени во последен миг, своевремено жестоко реагираше на понудениот концепт, кој го нарече „опасен за човековите права и слободи“.

Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, кој ги оцени идеите на Маковеј како „опасни за демократијата и за европските перспективи на Македонија“, во едно свое интервју го изјави и следното: „Тие мерки (специјалните истражни н.з.) се воведени за најтешките кривични дела, но во практиката се појавија тенденции за нивно користење и во други случаи“. Изјаснувајќи се јавно против проширувањето на можностите за употреба на специјалните истражни мерки за секоја форма на криминал, професорот по кривична постапка и поранешен член на Хелсиншкиот комитет ќе подвлече дека каталогот на дела, каде што тие може да се употребуваат мора да остане тесен.

Еден одличен познавач на кривичната материја, поттикнат од последните измени во оваа сфера, ќе рече дека со новите истражни мерки државата прави од полицајците воајери. Наместо да работат на терен и да ловат криминалци, тие удобно ќе седат во некоја просторија и ќе се занимаваат со прислушување и прегледување на снименото за тоа кој што рекол и што направил.


#
Статијата е прочитана 5658 пати.

Испрати коментар

Од: saso kanada
Датум: 25.07.2008 01:10:10
Samo provereti gi istite zakoni vo Kanada i USA. Sto toa i use poveke go imaat. Ne mi e jasno sto ovie takanareceni eksperti "zborat". Sigurno nikogas nemale ni moznaost nitu znaenje da vidat na drugo mesto osven kaj nas. Eksperti zimi ...
Од: Tale
Датум: 25.07.2008 01:23:34
CAR MIJALKOV alal neka mu e samo napred se so red zatvoraj narodot e pozadi tebe on te poddrzuva bez milost eden oligarh da ne ostane so kradel bez oset mavaj gi krvnicki da skapat po zatvorite se zivo preslusuvaj snimaj se so e bandit po glava , ovoj posten i namacen makedonski narod dosta trpese nepravdi i koj se buni apasite ke gi sledele ke gi preslusuvale pa cel den neka me preslusuvaat ako sum posten nema od sto da se plasam.
Од: Чоекот
Датум: 25.07.2008 02:01:28
Додека ВМРО е TGV со 360 на саат, СДСМ ќе си остане и понатаму лигав полжав.
Од: Filip Vtori
Датум: 25.07.2008 02:08:29
Treba da gi prasate Bugarite zosto im se skrateni nekolku stotici milioni evra od Evropskata unija .Zatoa sto se mnogu pasivni so otkrivajne i gonejne na kreminalot .Pa Grueski ova ne go pravi sam ili go izmisli,nego toa od nego go bara Amerika i Evropa.A nekoj sto se plasi deka mnogu lesno ce bide otkrien i osuden toa e negov problem neka mislese koga kradese.No ako e od SDSM neka ne se plasi ce bide amnestiran posto Sekerinska e tuka da go brani a sudite se nivni ce go pomiluvet ,ako ne Branko site ce gi oslobodi za nekoj praznik.
Од: dragan
Датум: 25.07.2008 06:10:42
Ne mi e jasno i ne razbiram od sto se plashat poshetnite gradjani , dosega nemam cueno deka nekoj nevin i poshten gradjanin e priveden i zatovoren vo policija . Novinarot gi brani i poshtenite politicari plashejci se da ne gi pritvorat bez potreba ...
Од: Навистина застрашен
Датум: 25.07.2008 08:04:25
Нека ни` е наздравје! Луѓе, што ни` се случува?! Топрва ќе видиме! Ништо нека не не` изненадува!
Од: В од Македонија
Датум: 25.07.2008 09:14:23
Ако г.дин Мијалков е способен како таткому се надевам дека ке престане криминалот во Македонија, и тоа оние криминалци кои го осиромашија нашиот македонски народ,го пониќија,го направија да изгледа онака како што изгледа.Македонските куќи мислам од тие што не краделе од државата се во руинирана состојба,што не може да се рече за куќите на арамиите кои владееа во сите 17 години,на албанската мафија...цинцарската мафија.се да се сотре од корен,па нека се постапи и како што постапуваат и во БГ нека ги нема едноставно убиците на македонскиот народ....а од премиерот очекуваме да не прави тоа што предходните премиери,и да работи за доброто на македонскиот народ,оти два пати го гласаме истиот.Поздрв до Мијалков......
Од: Kiril
Датум: 25.07.2008 09:24:25
Kakov Narod takva drzava...Pa site vie ke treba da odgovarate za soucesnistvo eden den...I samo da ve prasam vo Septemvri kolku ke potrosite zimnica i za "besplatnoto skolstvo"
Од: nema vrska
Датум: 25.07.2008 09:38:37
abe kakva modernizacija na policija, videte po salterite se ceka so casovi za eden obicen dokument, licna karta ili pasos, gi macat lugeto de nemalo luge, de sistemot ne raboti KATASTROFA.
Од: sonja
Датум: 25.07.2008 10:08:44
Ova se e normalno ama za niv vmro ama ne i za narodot , e sega da gi prasam zosto od ujp ne otidat da gi proverat imotite na grujo pa i na site mijalkovi pa i ministri od vmro, ili tie se cisti kakao solza ama krokodilska.Doprava ke vidi narodot sto izglasaa, a za zakonite bez gajle ke donesat uste 1001 ama vo koris na niv a ne za narodot , neka ni e gorko nazdravje.
Од: eleni
Датум: 25.07.2008 10:26:58
Vo Britanija sto e najstrasno ,se postavuvaat kameri i vo kinata. Taka gledacite stanuvaat akteri,komentiraat gragjanite tamu.Nemoze brate od skolo da izbegas ili nedaj boze raka da pruzis ili zavleces u nesto , dodeka gledas film. Pa go spomnuvaat Orvel . Abe kakov Kalajdziev.
Од: OD Mene
Датум: 25.07.2008 10:37:24
Domasnite eksperti ne znaat saso canada znae zimi......Do koga bre vie na 10000 km daleku od Makedonija podobro ke znaete,ke bidete golemi patrioti.Kolku danok plati ovaa godina.(za Makedonija ne za Kanada)
Од: Hanibalka Lektor
Датум: 25.07.2008 10:56:01
Duri i koga jagninjata ke stivnat na oligarsite vo kumez makite nema da im minat. Mnogu od zatvorenicite nasi nastrven i i vredni, cekaat oligarsi vredni.....SAMO NAPRED. P.S. narackite na kondomi po zatvorite se duplirani.
Од: Trajko od Stuka
Датум: 25.07.2008 11:05:44
Doaga vremeto koga od diktatorskata i policiska vlast na Koljo ke ni bide strav da pisuvame komentari.Nekoi koi se javuvat od dijasporata neka kazat dali i kaj niv e vaka.Za vreme na jugoslovenskiot socijalizam imavme mnogu pogolemi prava da diskutirame i da ja kritikuvama vlast.Ovaa sto se slucuva vo Makedonija ke bide poloso i od Kuba i Zimbabve.Sigurno i ke se ogranici koristenjeto na internet.Mnogu mu blagodarime na lazgoto od premier sto eve bas sega go koristime negoviot besplaten internet.Srekna 1948 godina.
Од: Bane
Датум: 25.07.2008 11:27:39
Ocigledno za mnogu brzo vreme ke imame tolku mnogu zakoni sto ke mozeme da vlezeme vo ginisova kniga na rekordi.Samo zalosno e toa sto tie odgovaraat samo isklucivo na vladeackata garnitura.A i koj ke ne svati seriozno koga vo eden den se nosat zakoni sto realno bi se srabotile vo barem 3 meseci.I posle samo eden mesec od izborite stanuvame smesni.
Од: kole
Датум: 25.07.2008 11:42:30
Po se izgleda Familijata se instalira vo site mozni pori na zivotot, STRASNA realnost za zalna Makedonija, a toj komentatorot Tale bi go zamolil najuctivo da si pobara mesto vo Bardovci... po se izgleda tamu mu e mestoto koga se voshituva na Familijata Mijalkovi...
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 25.07.2008 11:51:34
Borbata protiv kriminalot e mozna edinstsveno so izmeni vo Zakonite, megu koi e i ZKP, i so zgolemuvanje na sredstvata za rabota na operativnite rabotnici vo MVR, sekako i na administracijata tamu.Potoa treba da se pokacat i nivnite plati, a ne da bidat socijalni slucai i sekoj mesec da se grizat kako istiot da go pominat. Statusot na cesnite rabotnici vo MVR e na najniski mozno nivo i taka borbata so bogatite kriminalici i prebogati korumpirani vo drzavnata administracija, vo JO i Sudstvoto e nevozmozna. Ekspertite neka zboruvaat sto sakaa, ne se toa eskperti, toa se samo luge koi se na tajni platni spisoci na razni strukturi, koi nedovolno hrabri da istapat vo javnosta sami, za mali prati go pravat tpa preku niv.Makedonija samo vaka, i na cesen nacin, so cesni luge(znaci da se istrebat i necesnite koi se postaveni i od ovaa Vlada)moze da odi napred, preku sprotivstavuvanje na kriminalot i kriminalcite.
Од: објективен
Датум: 25.07.2008 12:17:32
Браво Пиноче!!!! Народот ти даде доверба да ги полниш затворите со луѓе кои не мислат како тебе. Е ова ти е вистинска демократија :)))). ПОлициска држава неможе да оди напред кон соверемното општество. Се враќа едноумието на голем аврата благодарение на дечките кои прават влада од детска градинка. Е па наздравје Македонче.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Зденко
Шекеринска
Сиромашен народ - успешна влада!
„Дејли телеграф“: Ратко Младиќ го предал Караџиќ
Баросо ќе се огради од писмото на Груевски
Драмата на Егејците (23)
Криенка со полицијата
До каде стасуваат писмата на премиерот
МРТ ќе се ликвидира за да се формира нов јавен сервис
Повеќе време за пишување рецепти отколку за преглед на болни
Унковски со премиера во престижниот Епидаурус
Светот на новата филантропија
Вербатим

"""