Откупната цена на доматите падна на најниското ниво годинава, на само 3,5 денари за килограм
Пет тони домати вчера беа фрлени и изгазени со трактори на Кванташкиот пазар во Струмица. Така земјоделците одлучија да го изразат својот револт од игнорантскиот однос на Владата спрема градинарите откако откупната цена на доматите падна на најниското ниво годинава, на само 3,5 денари за килограм, а поради слабиот интерес на земјоделците за откуп на доматите.
Земјоделците велат дека е срамно кога Европа и светот се борат за храна, ние да ја фрламе.
„Сега кога дојде време за берба и продажба на втората реколта од доматите, принудени сме една гајба домати од седум до осум килограми да ја даваме за 60 денари. Ако од тоа ја извадиме цената на гајбата која изнесува 20 денари, тогаш испаѓа дека доматите треба да ги дадеме за 40 денари, што значи дека цената е 3,5 денари за еден килограм. Производствената цена на еден килограм домати изнесува 22 денара. Поради такви откупни цени, подобро е да ги фрлам отколку да чекам милост од некој“, изјави Ристо Велков, производител на домати од струмичкото село Василево.
Земјоделците се заканија дека доколку во наредните три дена не дојде претставник од Владата за да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот, ќе ги натоварат тракторите со домати и во знак на револт ќе ги истурат пред зградата на Владата во Скопје.
Според процените во Струмичко, сега се стасани за берба околу 5 илјади тони домати, а до крајот на сезоната родот ќе тежи педесет илјади тони. (Е.П.)
E sega neka vi dojde Stavreski ,Gruevski i S.Boneva da vi gi otkupi FRENKITE.Pred izborite ve lazea kako naseto zamjodelie ke cveta.Dali ste svesni deka vlasta so vas si igraJOJO.
Од: Бафчанџија
Датум: 02.09.2008 08:50:27
Не сум економист, ама тргам од проста логика. Кога во една фабрика производствената цена ќе ја надмине продажната, таа работи со загуба и паѓа под стечај. Цената ја диригира пазарот, односно понудата и побарувачката. И нема тука државата што да прави. Е ако е толку видовита, може да ви каже в година што да садите. Можеби ќе ви рече зелка и вие сите ќе удрите на зелка, а домати ќе нема и тие ќе бидат скапи, па ќе ја фрлате зелката.
Од: potrosuvac
Датум: 02.09.2008 10:15:39
I da bidam iskren bas mi e milo sto se po 3,5 denari po kilogram..
koga pocnaa da izleguvaat domatite na pocetokot na sezonata gi prodavaa po 70-80 den po kilogram..Za Veligden stasaa do 100 den i sega kukaat Strumicani.. Stramno i zalno e da se zalat.Jas ne ja obezvrednuvam nivnata maka i trud megjutoa i tie samite ne treba da se precenuvaat. A po koja matematika e napravena taa presmetka deka vo ovaj period od godinata proizvodtsvoto na eden kg domati kosta 22 denari mene stvarno ne mi e jasno.. Po edna prosta matematika vaka bi izgledala konecnata presmetka.. Ako konecniot rod tezi 50 iljadi toni pomnozeno so 22 den po kg za proizvodstvo pa toa e ogromna suma na pari..
Ako vekje Strumicani imaat tolku pari da vlozat ne im trebaa ni Frenki ni nisto , mozat da ziveat samo od kamati vo bankite..Vi blagodaram za vnimanieto
Од: проф. Жарко од Злетово
Датум: 02.09.2008 11:00:59
Ама бе струмичани ептен сте нестрпливи? Сега ли најдовте со домати да и додевате на Владата: Имајте малку усул и трпение и за неа. Па не гледате ли како м-р Грујо, Ставрески, Бонева се зафатени и презафатени со ПИШУВАЊЕ НА ПИСМА! Знаете ли каква напорна интелектуална работа е да се листат телефонски именици и да се тражат адреси? Па не знаете, за сигурно. Да знаевте и вие ќе седевте во некоја владина агенција, управа, министерство... Вашиот приоритет заврши на 2 јуни ог. сега стрпете се, за десетина месеци пак ќе бидете приоритет...
Од: До Бафчанџија
Датум: 02.09.2008 11:47:25
Бафчанџија што стана со земјоделската влада на Зоран Ставревски кој толку многу се гордееше пред изборите го нема никаде,во секоја нормална држава доколку се јави вишок на производство и земјоделците го фрлат владата е таа која донира до загарантираната откупна цена.Кај нас синока излегува Министерот за земјоделие и вика дека тоа не било негова работа ..чудно.
Од: jimmy1
Датум: 02.09.2008 12:12:19
So frlanje na domatite se pravi pogolema steta na zemjodelcite i na narodot. Odkupuvacite so obrazlozenie kako nedostig na stoka i toa sto go imaat ke go prodavaat poskapo. Namesto da se frlaat treba besplatno da se delat na narodot, i prodazbata ke bide namalena i odi na steta na odkupuvacite.
Од: tomi
Датум: 02.09.2008 13:23:13
prerodbata prodolzuva ako taka im treba glasajte za grujo
Од: tina
Датум: 02.09.2008 14:50:37
A bre zemjodelci...ne znam kako sekogash mozite da ukrivuvate nekoj drug za vashata nesnaodlivost...vremeto na komunizmot pomina... Pa gledajte/proizveduvajte nesto drugo, ne samo domati... samo toa ste nauchile samo toa prvite, so glava u zid, a i koga veke gi imate domatite, zoshto gi frlate, napravete sos od patlizani, reklamirajte go kako organski, domashen i prodavajte go po dobri ceni, ke ima otkupuvachi za takva rabota... snaodlivost e preporaka a ne samo arbajt ko magarinja...