Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Демократски храмови

Оливера Војновска

Стартуваше новиот парламент, во пакет со него и новиот спикер од кого македонските граѓани го слушнаа старото и добро познато ветување: „Собранието ќе стане храм на демократијата и нема да биде во сенка на Владата“. Се менуваат собраниските состави, нивните претседатели, но, веќе 18 години ги слушаме истите приказни дека овој пат ќе се случи вистински процут на демократијата. На сите досегашни шефови на парламентот во стартот од мандатот устата им е полна со демократија и сите без исклучок имаат амбиција да го вратат „дигнитетот на парламентот“.

Реалноста, за жал, е сосема поинаква. Владата е таа што ја диктира работата на парламентот. Парламентарното мнозинство - без разлика која гарнитура е на власт, како под команда ги притиска зелените копчиња. На прсти можат да се избројат пратениците од владејачката коалиција кои ќе станат да продискутираат за некој закон. И тоа задолжително во афирмативна смисла. Ретко кој пратеник од власта се осмелил да настапи наспроти ставот на владата.

Нејасно е само зошто сосема непотребно се излегува со такви апсолутно нереални ветувања. И новиот претседател на Собранието, Трајко Велјановски, како и неговите претходници, многу добро знае дека „демократските храмови“ во нашите македонски услови се мислена именка. И дека од современите демократии не' разделуваат светлосни години.

За волја на вистината, најдалеку во оваа смисла отиде поранешниот собраниски спикер Љупчо Јордановски, кој го отвори парламентот за граѓаните кои доаѓаа во организирани групи, се шетаа низ парламентот кој за време на манифестацијата „Денови на Собранието“ не заседаваше.


Статијата е прочитана 1470 пати.

Испрати коментар

Од: Miki Jovanovski
Датум: 24.06.2008 07:27:03
So da prajme sestro koga narodot ne gi saka ovie "vasite".Posle 1 vi juni nema kaenje-taka bese neli!!!E sega uzivajte i kjutete.Koga ke dojdat vasite togas lumpuvajte.Ama neznam koga ke e toa.Posle 20-30 godini.Ne daj Boze...Nikogas.So TAT ni ja placivte majkata.Vo Bitola NIKOGAS nema da dojdite na vlast!!!
Од: ZSS - Skopje
Датум: 24.06.2008 08:13:38
Sobranieto mora da bide hram na demokratijata. Ke pritisne EU tuka mnogu poveke otkolku sto mislime. Zosto e jasno deka EU nema da dozvoli Makedonija vo demokratskite procesi da bide stram za Evropa.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Дилема - Тачи или Ахмети во владата?
Жолт картон за Македонија од Стразбур
Verbatim