Број 2600  петок, 01 февруари 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter

УЈП ќе му го проверува имотот на Гошев

Ликвидацијата на Македонска банка била законска

Катица Чангова

Државната комисија за спречување на корупцијата ја задолжила Управата за јавни приходи да ја провери имотната состојба на гувернерот Петар Гошев. Доволен повод за активирање на ваквото барање била претставката која до Антикорупциската комисија ја поднел Иницијативниот одбор за спас на Македонска банка, а во која, меѓу другото, бил изразен сомнеж за неточно запишани податоци во анкетниот лист на Гошев.

„Гошев навреме пополнил анкетен лист и пријавил неколку промени на имотната сопственост“, објасни на вчерашната прес-конференција претседателката на ДКСК, Мирјана Димовска. Но, Антикорупциската комисија, рече таа, сепак, поднесе барање до Управата за јавни приходи да ги прочешла податоците на гувернерот. Антикорупционерите тврдат дека ликвидацијата на Македонска банка, за што одлука донел Гошев, била законска.

„Констатиравме дека решението за ликвидација на банката е донесено врз основа на Законот за банки и дека сите преземени мерки произлегуваат од законските овластувања кои му даваат право на гувернерот да одлучи за тоа“, изјави Димовска. Нема ни конфликт на интереси со отпис на побарувањето. Кредитот на гевгелиската фирма бил доделен во 1997 година во износ од 400.000 германски марки, со рок на враќање од четири години. До 1999 година, банката не презела никакви мерки за наплата. Работната група на Македонска во 2001 година констатирала дека кредитот бил даден во спротивност на политиките и процедурите, на штета на банката. Во март 2005 бил склучен Договор со “3М“, со кој фирмата требало да врати 100.000 евра, другиот дел се отпишал како ненаплатлив. Биле наплатени само 6.000.000 денари од кредит што бил претходно отпишан. Тоа, како што рече Димовска, не влијаело на стекнувањето на Гошев со имот во Гевгелија.

Димовска посочи дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, има поднесено анкетен лист. Таа појасни дека ДКСК поднела прекршочни пријави за недоставување анкетен лист за директорот за јавна безбедност во МВР, Љупчо Тодоровски, директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба, Ернад Фејзулаху, пратеникот Даут Реџепи, и за директорот и заменик- директорот на охридскиот затвор, Мирче Ристевски и Кујтим Ќоку.

Вчера на прес-конференцијата на ДКСК експресно реагираше СДСМ. „Добивме потврда дека Антикорупциската комисија, на чело со Мирјана Димовска функционира исклучиво како продолжена рака на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ. Со тврдењето дека анкетниот лист на директорот на УБК е доставен навреме се покажува дека или Сашо Мијалков или Мирјана Димовска направиле фалсификат“, велат од СДСМ. Оттаму потсетуваат дека партијата уште на 8 мај 2007 година го побарала од Антикорупциската комисија анкетниот лист на Мијалков. Меѓутоа дознале дека директорот на УБК го пополнил дури на 14 јуни 2007 година, или со задоцнување од цели девет месеци.


#
Статијата е прочитана 1823 пати.

Испрати коментар

Од: Epten razocaran...
Датум: 01.02.2008 05:55:12
Kakvo razocaruvanje za mene(i za mnogu okolu mene) e ovaa bivsa novinarka. Ja cenevme kako dobar novinar, redovno gi sledevme nejzinite emisii na MRTV, razgovaravme so zadovolstvo za niv, a toa ti bila obicna skapanica, nevidena karieristka i manipulatorka. Pa ima li noramalen covek vo zemjava sto bi mozel da zastane na celo na Antikorupciska i da ne dozvoli da bide upotrebuvan od strana na vlasta! Po se izgleda - takov ne postoi, ni za pretsedatel, ni za clen vo istata. Sekoj sto ke vleze vo nea gleda da se ofajdi (pr. Manevski...), a ne da go sproveduva zakonot . Bog da cuva kakov narod stanavme!
Од: rada
Датум: 01.02.2008 07:41:43
Neznam kako zaluta ovaa bivsa novinarka vo ovie vodi i koj bese toj pameten sto ja stavi na taka odgovorno mesto.Stvarno neznam sto im trebelo na tie ili toj, da ja stavat na takva funkcija , se gleda deka zenata se maci koga zboruva.Za Gosev? mnogu lesno moze da se dokaze kako i na koj nacin specalil nesto, a voedno i kako negoviot sin vrtoglavo odese po razni funkcii, za da sega stane zamenik na Straso Milkovski, generalen na GP Granit.Voedno, negoviot sn ama nema blage veze so gragevina(nitu e gragevinec,nitu e arhitekt)?
Од: Siromav
Датум: 01.02.2008 07:59:38
Singo go kupi cel Sileks(Sitel, Sileks Banka, Rudnici za kvarc, za mermer...Sileks Hoteli po Ohrid, Kratovo, Stokovni Kuki i mnogu drugi komercijalni objekti, Fabriki za sunger, ulje, patenti, masinski rabotilnici itn.....) So mnogu ucena i kriminal za okolu 2 milioni marki, a samo Sileks banka ja prodade za poveke od 20 milioni evra. Siromastijata vo Kratovo sega napravi vo Kratovo da ima Samo 24 deca vo prvo odelenie...beda i greota... Dimovska toa treba da go ispita a Gruevski da vidi kolku e saat i vo Kratovo...
Од: covek
Датум: 01.02.2008 08:35:13
Ne sakam da navleguvam vo toa dali kaj Gosev ima vina il nema vina. Sepak sakam da kazam deka ne e vo red na celo na Narodna banka na edna zemja da e covek za kogo edinstveni vesti sto gi slusame se deka eden den za nego rasprava antikorupciska komisija, drug den rasprava Uprava za javni prihodi kako gi steknal milionite, tret den slusame deka odelenie za organiziran kriminal vodel istraga za Guvernerot. Moe licno mislenje e deke e vinoven sto se zatvori edna banka bez nekoja posebna pricina, vo vreme koga site molime za rabota vinoven e sto golem broj na luge ostanaa na ulica. Ne znam dali e toa i krivicna odgovornost, no sepak zaradi ugledot na ustanovata sto ja vodi redno e sam da si zamine od tamu, a ne da dozvoli da bide smenet od pratenicite. Da go spasi ugledot na Narodnata banka koj Gosev go dovede na minimum.
Од: Grupa Gragani
Датум: 01.02.2008 10:06:48
Gosev se znae kade mu e mestoto. Sam si go zasluzi, ama se cudime za Mijalkov ovaa zena "slepa e ili gluva" cekame dokazi kako Mojakov gi zaraboti EDEM MILION EUR? Ako ova ne se otkrie po promena na vlada Dimovska ce bide prv kandidat da ja gledame so lisici na race , a Mijalkov dali ce i nosi cigari vo zatvor ce vidime, ili nema da ja poznava. Narodot ne zaborava
Од: leonda
Датум: 01.02.2008 10:42:43
Mirjana diskutira za raboti za koi ne e soodvetna,samo se banja kolku pobrzo si zamine za nea podobro i korav ke vidi deka e obrabotena"francuska obrabotka",nasiot narod ima njuh za tie raboti,kako zborese kako gavolot da vlegol i vo nea,podobro bese da si ostane novinarka,vaka se banja samo.
Од: i ne samo toa
Датум: 01.02.2008 10:44:04
Narodna banka ja stresna i Trezorskiot skandal, kradenje na pari od trezorot, se vadele 1000-ki a se podmetnuvale 10-denarki, pa posle se zalea po prodavnici nema sitno..Gosev treba da si odi, a negoviot predhodnik da si odgovara za dalaverite so Smilenski...koga ke se izbere nov guverner, toj po nekoe vreme mozebi ka otkrie i drugi raboti..mislam deka e smesno opravduvanjeto kako Gosev kupil EFTINO atraktiven plac vo Gevgelija..cel svet ke ni se smee, a tuka se zamesani i luge od opstinata vo Gevgelija, drzavata ima sekogas prvenstvo koga se kupuva zemja, ne smeelo da se dozvoli ovaa transakcija.. ..sto se odnesuva za MK banka na nea NBM imase pik uste odamna, od predhodniot guvernet Ljube, najprvin ja ostetija MK banka koga im go odzemaa depozitot od bankata na Smilenski koja bese pred stecaj, potoa i drugi raboti...
Од: До сиромав
Датум: 01.02.2008 10:45:15
И тоа го направи воглавно како партнер на СДСМ.

Најди! во Утрински
Насловна
Гаврилов_ И порано добивав закани, ќе живеам како и досега
Зденко
Печатено издание
Лековите за февруари ќе доцнат најмалку една недела
Еленовски на тенка жица
Тоше глумел во филмот „Миротворец“ покрај Никол Кидман и Џорџ Клуни
Коалицијата за Европа ја почна работата
Лекарите куртулија
Да изградиме цркви и џамии на сите плоштади
Владината Комисија се обидува да ја одблокира истрагата за хеликоптерот
Ти реков ми рече... и некои други работи
Пушачите со текст и слика ќе се одвраќаат од цигари
Колективен срам за јавниот сектор
Коштуница ќе го решава дуелот меѓу Тадиќ и Николиќ
Реклама за вести
Арачиново станува еднонационално
Земјите од регионот го амортизираат ценовниот удар
Брисел ќе ја оценува Македонија по НАТО
Verbatim