Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Ќе се доделуваат три одобренија за 3Г-технологија

Владата донесе одлука за доделување три одобренија за користење на радиофреквенции за 3Г-технологија.

Почетната висина на еднократниот надоместок за користење на радиофреквенциите е 10 милиони евра. Во следниот период треба да започне тендерската процедура за доделување на одобренијата.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека со ова ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на електронски комуникации, поголема конкурентност и обезбедување пристапни и квалитетни услуги до овие технолошки достигнувања.

На почетокот од годинава одобрение за користење радиофреквенции за 3Г-технологија доби компанијата „Космофон“. Со 3Г технологијата се овозможува широк спектар на интегрирани услуги, како што се говор, податоци, слики и видео, односно брз пренос на податоци преку мобилен телефон, услуги од типот „видеоповик“, брз Интернет, како и високо ниво на сигурност при пренос на информациите. (МИА)


Статијата е прочитана 357 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Инфлацијата за август 8,6 отсто - место за радост нема
Извозот направи конкуренција во откупот на винско грозје
Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за половина денар
Ресорот за финансии не си ги расчистувал обврските?
Зголемен сообраќај и брзини на пакетите Макс АДСЛ по иста цена
ВИП нуди двојно пониски цени на новотрансферираните корисници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.