Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски

Битолскиот суд ја осуди пратеничката за клевета на ексдиректорот на РЕК

БИТОЛА - Пратеничката Весна Бендевска е виновна за клевета во спорот со поранешниот директор на РЕК „Битола“, сега министер за одбрана Зоран Коњановски и треба да плати отштета од над 11 илјади евра. Вака пресуди Основниот суд во Битола и ја задолжи Бендевска да плати глоба од 81,750 денари како сторител на делото клевета. За нанесената душевна болка на министерот Коњановски, што го нарече рекордер по неуспеси во РЕК „Битола“, треба да му исплати 530 илјади денари и плус судските трошоци.

Бендевска најави дека за ваквата пресуда ќе бара правда од повисоките судски инстанции, зашто смета дека судењето било пристрасно и под притисоци. И самата судијка Мери Радевска по изрекувањето на пресуда призна дека спорот се одвивал под силни притисоци, како политички, така и од медиумите, но се потрудила непристрасно да суди. Министерот Коњановски не дојде на судењето, но најави дека парите ќе ги донирал во хуманитарни цели.

На вчерашното рочиште адвокатот на обвинетата Бендевска ја извести судијката Радевска дека до Судскиот совет и до Министерството за правда поднел претставка за преиспитување на нејзините морални и стручни квалитети како судија, за подоцна бранителот на Бендевска да побара нејзино изземање од случајот. Но, претседателот на Основниот суд од Битола одлучи Радевска да го продолжи судењето.

,,По моите проценки, одредени судии судат од позиција на сила и по порачка. Во моето барање до Судскиот совет доставив писмени докази каде што судијката има преправено записник за главен претрес и врз основа на тој записник има донесено пресуда. Затоа барав да се преиспита нејзината моралност и стручност. Побарав и изземање на судијката, но таа наместо да го извести судот, продолжи со судењето. Тоа е спротивно на Кривичниот законик“, изјави Јован Божиновски, адвокат на Бендевска.

Пред судот, на изненадување на обвинетата, повторно се појави психијатрискиот вештак Изабела Филоф. Наспроти првото вештачење на душевната состојба на Коњановски, кога тврдеше дека душевната болка не може да се градира, но дека тој ја претрпел многу силно поради што две недели бил под седативи, таа сега образложи дека анксиозноста има статус на лесно психичко растројство и дека не предизвикува нарушувања во извршувањето на функцијата и работните обврски кај министерот.

Промената на ставот на вештакот ја револтира обвинетата. ,,Денеска се случи скандалозно повторување на вештачењето од страна на психијатрискиот вештак. Не знам по чија нарачка. Претходниот пат таа три часа не' убедуваше дека министерот има дијагноза анксиозно растројство. Сега, претпоставувам под притисок на јавноста, која почна се' погласно да го поставува прашањето за подобноста на Коњановски во вршењето на функцијата министер за одбрана, вештакот не' убедува сосема спротивно, дека неговата анксиозност од оваа временска дистанца не претставува проблем да министерува“, рече Бендевска.

За претрпената душевна болка министерот Коњановски бара од Бендевска отштета од 33 илјади евра, како и објавување на пресудата во дел од македонските медиуми и тоа на централните вести.

,,Семејствата на мировниците побараа од мене, доколку министерот Коњановски е присутен на судењето, да го прашам: смета ли дека душевната болка што ја претрпеа најблиските на загинатите мировници може да биде искомпензирана со отштета од 2 илјади евра, а самиот лично заради партиски прес смета дека неговата душевна болка чини токму 33 илјади евра“, праша Бендевска.

Во завршните зборови бранителот на Коњановски, адвокатот Дарко Стефановски, цврсто стоеше на ставот дека Бендевска го извршила кривичното дело клевета и за тоа треба да одговара. ,,Обвинетата со самиот исказ дека дополнително не можела да добие податоци за работењето во РЕК додека директорувал Коњановски, врз кои таа ги темелеше своите искажувања, призна дека на пресот не користела официјални податоци. Материјалните докази покажаа дека не е точно она што го тврдеше Бендевска“, изјави Стефановски.

Коњановски ја тужи пратеничката на СДСМ, бидејќи пред една година на прес-конференција за време на избори го посочи како рекордер по бројот на хаварии во РЕК „Битола“. (А.Б.)


Статијата е прочитана 2129 пати.

Испрати коментар

Од: BZ
Датум: 23.05.2009 00:13:56
neli sudski odluki ne se komentiraat.PLATI SI bidejki ova ti e malce za se sto imas kazano.
Од: mitko se cudi
Датум: 23.05.2009 01:21:06
Neli e cudno koga eden golem minister i direktor dokazuva so doktori i vestaci deka e budala za da dobie nadomest zaradi kleveta? I dali e navistina navreda nekoj da go narece budala ili mora bas da bideme opisni vo stilot "covek so dusevna bolka".
Од: Alekso
Датум: 23.05.2009 04:22:53
Kleveta kako krivicno delo e FARSA.Mora da se ukine ovaa farsa sto pobrgu toa podobro.Vo isto vreme pratenicite,ministrite i site politichari treba da imaat MNOGU povekje politicka kultura-zatoa sto nivnoto nivo na kultura e na NULA!!!Samo se prechkaat kako mali deca,se vregjaat,pcujat pa duri i tepaat!!! Kaj nas ne bi mozel da odvojam ni barem nekolku so kakov takov bon ton.Skoro site politichari se CISTO PROMASHUVANJE!!!
Од: Marx
Датум: 23.05.2009 04:31:21
Medrano cirkusot ne mu e ramene na naseto sudstvo. Kako li ne gi e sram, mnogu losa slika ostavte za Makedonija.
Од: TOTALNA DIKTATURA
Датум: 23.05.2009 06:43:37
So mestenjeto za pretsedatel na vrhovniot sud nekoj koj ne bil nikogash sudija,sudstvoto e zgazeno vo edna vlast - diktatura.Osudenata si e zrtva na taa diktatura.
Од: pance
Датум: 23.05.2009 08:31:47
Se mi se cini deka i Vie od SDSM ste so dusevno rastrojstvo,ne pamtite do 2 (dva).Pamtite ama na site da im vratite koga ce imate sansa,da se nadevame naskoro.Inaku so nepismeni se vaka ce ni odi a Vie krivicata ce ja snosite.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 23.05.2009 09:18:35
Ме чуди што небеше нападнат судот,судијката да се гаѓа со шише ,со сила да се држат затворени вратите од судницата се додека судијката не ја смени пресудата како во случајот Бучковски.Ме чуди толку СДСМ нема стручњаци па пуштаат детски психолог да разглаба за работа на термо централи.Комично е бранителите на судовите кога се во неповолна ситуација да го напааѓаат судот кога сите знаеме какви судови имаме.
Од: ANA
Датум: 23.05.2009 11:16:23
Sramota! Za izguben zivot se dobiva oshteta od 2000 evra, a za kleveta - 11 000 evra. Neshto navistina ne e vo red so sudskiot sistemvo ovaa korumpirana drzava.
Од: nekoj od EU
Датум: 23.05.2009 12:12:35
Ha ha ha, kleveta. Znaev jas deka mentalitetot vi e katastrofa ta duri i za "rekla-kazala" imate zakon! :))) A za milion drugi vazni raboti nema. Cudna drzava
Од: Mene
Датум: 23.05.2009 12:32:10
Lele cirkusijada! Nasata vlada se odnesuva kako da e reinkarnacija na Sadam Husein! Ova e sramno, pa potoa sakame vo EU???? I koga ce ni kazat deka nemame nezavisno sudstvo, krivi ni se Grcite, neli??? Lele, jas ne znam, dali sme tolku debili nie Makedoncite za da imame vakva vlada??? Izgleda sme, zasto gi glasavme! Pa ova go nemase ni za vreme na Tito! Dodusa, tuka e nekade, neka vovedat kazna za pracanje na nekoj 'Goli otok'! Eve neka go adaptiraat Golem Grad kaj struga za taa namena. A zatvorot vo Gvantanamo sose cuvarite neka go prenesat tuka, pa site onie koi ce kazat nesto protiv pastiro i negovite kucenca - ministri, vednas da se frlat tamu! Srecna Nova 49!
Од: Red Rose: Presuda za alibi na nasilnicite
Датум: 23.05.2009 14:01:16
Nema razlika megju ovoj nesoodveten minister i bilo koj vmrovski jurishnik.Od s'shtija proishod se,kako shto velat nivnite omileni brakja.Mentalnata matrica im e isto konstruirana i se gledaat preku prizmata na silata,zakanite i parite koi sleduvaat posle toa,kako edinstven dvigatel na patriotskata im svest.Vo dzebot i dlabokata mu polnotija e celata ideologija na srebroljupcite,kamuflirani kako ochajni patrioti i bolno unishteni dushi.So pritisokot vrz sudot i izdejstvuvanjeto na narachanata i posakuvana presuda ispratija ushte eden dokaz kon Brisel,deka se kje storat da ne go ispolnime toj benchmark.Pritoa i dobro kje se ofajdat,no pred se kje se osvetat na sekoj shto ja kazhuva vistinata shto ne im odgovara.Za treniranjeto strogost dobar souchesnik im e podjarmenoto sudstvo i nemoralnite sudii.No,nishto ne e tolkav tovar vrz sudot,koga go tovaraat ministerot,pretsedatelite na RSS i Vrhoven i site vo vlasta so svoite porachki za dobivanje sporovi.Naslada e da se osudi opozicioner.
Од: Ози
Датум: 23.05.2009 14:56:51
Читајќи го написот не ми беше јасно што е тоа што умствено го пореметило министерот за да бара одштета за тоа. Последната реченица ми ги разјасни работите, пратеничката била од СДСМ! Но сеуште не разбирам како пореметениот може да биде министер на одбрана??? ВМРО, и се е можно!
Од: od dusevno bolna
Датум: 23.05.2009 16:21:48
sega gledam od kaj mu na ministerot deka semejstvata na zaginatite mirovnici 95 posto se slozile so negoviot zakon ,covekot bil pod sedativi pa sigurno ne se secava ni sto zboruval i sto pravel pa sega neka bara dusevna bolka i od semejstvata posto i tie go napadnaa neka si bara covekot sega tie imaat pari kako sto kaza 120 000 evra pa neka si gi vrati i ovaa e dusevna bolka koj razbira SRAMOTA
Од: keti
Датум: 23.05.2009 16:21:52
Koga covekov pretrpel dusevna bolka kako se uste e minister za odbrana
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 23.05.2009 16:21:58
Е мори сестро Бендевска, к’ко да ја обрнеш работата не чини! Независно судство,а зависни судии и други глупости и апсурди до без крај. Ама тоа тие.Си ги гласавме! Ама, да се разбереме, Ти пак, колку - толку, имаш среќа. Ќе присобереш некоја пара, од таму од ваму, за некоја година ќе се отборчиш. А тој,сиротиот актуелен министер, што се разболел во глава, никогаш нема да оздравее. Се, се се лекува, и свински грип, и обичен грип,а ама толка глава, никако.Не!
Од: Ana Poposka
Датум: 23.05.2009 18:32:30
Тешка душевна болка, па не е тешка. Ама тешка била првите две недели ( бил министерот под седативи ) Интензитетот на претпената болка ( која траела две недели ) ако му нанесла анксиозно растројство – Емотивниот праг на министерот е многу низок. Коњановски, има дијагноза анксиозно растројство или не ? Ако “неговата анксиозност од оваа временска дистанца не претставува проблем да министерува” степенот на душевно пореметуванње во овој случај не го поречува функционирањето во останатите области.
Од: Makedonec
Датум: 24.05.2009 16:52:07
Македонија-Земја на чудата и глупостите,хахаххахахахахаха....е ова мислев дека нема да го доживеам...леле добил душевна болка....хаха ЧЕСТИТ СУДЕ клевета за владата не само што ни донесе душевна болка туку и не прати на седативи секојдневни лексилиуми,хелекси,апаурини да ги употребуваме како лек за ОГРОМНИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ долгови...а ваму за глупости се дава отштета....робовластие до смрт...
Од: Od Bobby Svetska
Датум: 24.05.2009 23:30:52
Pogolema glupost ne sum cital pa dali i za ovie gluposti se odi na sud jadni Makedonci plaka porez nekoj nema da jadat drugi falsifikuva hipoteki treti gi placka mlekarite za niv nema sudstvo tije sto se vo pravo ustvari se krivi a tie stose kriminalni nese odgovorni mi e stram da kazam deka sum Makedonec denes tolku od mene.
Од: Milcho
Датум: 25.05.2009 02:07:32
Sudii..Metla vo penzija...I so sega?Pa nema da mu plati i?Izvrssitel ke i pratite?Da i gi zeme starite patiki? Fassizam tropa na vratata od Makedonija..A site spijat hipnotizirani pred kukata na Majka Tereza. Seljachissta na vlast..Toa e poveke od komunizam.
Од: btw
Датум: 25.05.2009 10:55:13
Мала е пресудата за оваа Бендевска која не знае уште што се да накаже да му се допадне на старо новиот претседател на сдсм ама јас би и порачал плати ги парите оти тоа е малце во споредба тоа што го имате украдено вие од државата а средствата како што кажа министерот ќе ги донира во хуманитарни цели, на оние кои им се најпотребни а да не се злоупотребуваат за политички цели имињата на загинати��е мировници, и бранители за дневно политички цели од страна на предавниците во нашата држава.
Од: Zirafata
Датум: 25.05.2009 12:31:48
sudijata(neuk) si spasuva glava be lugje so izrekuvanje visoki kazni otkako se izglupira so odzemanje na imunitet na pratenickata

Најди! во Утрински
Насловна
Карикатура
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Парадигмата на Маневци
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи