23.04.2010, 19:24 Грчкото лоби стаса до Скопје, македонското во илегала
Атина го активира своето најтешко политичко оружје: емисари во Скопје
Соња Крамарска
Атина го активира своето најтешко политичко оружје во битката за името Македонија - емисари со препознатлив политички профил во Скопје ја убедуваат овдешната јавност дека е неопходен компромисот околу името на нашата земја. На нивната кампања може да се препознае потписот на владата на премиерот Јоргос Папандреу, бидејќи тие отворено се залагаат нашата земја да го прифати името Северна Македонија.
Поранешниот грчки амбасадор во Македонија, Александар Маљас, креаторот на грчката политика кон спорот за името, Евангелос Кофос и Танос Веренис, некогашен директор на грчката фондација за одбрана и надворешна политика - се личностите што деновиве престојуваат во Македонија во убедувачка мисија.
Интересно е што во оваа група се наоѓа Веренис, кој во почетокот на 1990-тите години, кога изби спорот меѓу Македонија и јужниот сосед, застана на страната на нашата земја. „Грчките политичари немаат храброст да и' признаат на својата јавност дека не можат да го блокираат името засекогаш. Се плашам дека сево ова ќе предизвика натамошна психолошка изолација на Грците од Западот“, велеше тогаш Веренис.
Но, сега времињата се сменија и Грција се однесува како да е на чекор до победата во овој спор и затоа, очигледно, ја спушта топката од дипломатско убедување на јавната сцена во суптилно убедување на македонските новинари, кои го создаваат амбиентот за исходот од процесот на преговорите. Поентата на гостите од Атина е дека сите досегашни гарнитури на власт во Македонија биле за постигнување договор со Грција, што за нив е доказ дека не е македонското општество тоа што се противи на компромисот, туку само Груевски и групата околу него.
Kаков е одговорот на македонската политика на овие очигледни грчки провокации и коренита промена во нивната тактика што има цел да придонесе кон измена на климата во Македонија во полза на грчките барања?
Вчера македонското Министерство за надворешни работи, чиј шеф Антонио Милошоски е меѓу прозваните од страна на емисарите оти беше портпарол на поранешната влада на Љупчо Георгиевски, која се согласи(ла), според нив, на името Горна Македонија, се огласи со куса реакција.
„Лицемерно е грчките позиции да се претставуваат како компромис“, гласи реакцијата. Лицемерно е, одговара македонската дипломатија, грчките ставови и црвени линии да се пакуваат и да се нудат во јавноста како компромисни решенија. „Ова е само продолжување на политиката на едностран пристап во еден билатерален проблем, кој треба да се реши со еднаков придонес од двете страни“, реагира МНР.
Дали е таквата реакција е доволна за да се даде одговор на се' поагресивните грчки лобирања, кои, ете, стасаа и до Скопје и го засилуваат впечатокот дека македонската страна е во длабока илегала. Премиерот Никола Груевски, кој има шанса да им парира на грчките лицитации на конференцијата во Атина, што ја организира британски „Економист“ – се' уште се двоуми дали да присуствува таму. И тоа во ситуација кога „Економист“ се заинтересира за спорот околу името и отворено ги протежира македонските позиции. Од Кабинетот на Груевски вчера ни рекоа дека се вршат подготовки за пат за Атина, но не се знае дали премиерот ќе отпатува таму.
Гостите од Грција, кои официјално се дојдени како претставници на тамошна тинк-тенк организација, ќе престојуваат во нашата земја неколку дена. Во финалето на нивниот престој ќе земат учество во проект на телевизија А1 во кој ќе биде изведена симулација на преговорите меѓу македонската и грчката страна. За денеска, пак, како што ни рече новинарот Борјан Јовановски, кој ќе ја води симулацијата, е предвидена уште една дебата околу името на која овој пат ќе присуствуваат грчки новинари.
„Војната“ околу името, очигледно, добива нови димензии, а македонската страна се покажа и за тоа неподготвена. Освен гостувањето на универзитетскиот професор и поранешен шеф на дипломатијата, Љубомир Фрч��оски, на универзитетот „Пантео“ во Атина во јуни 2008 година, друга посета од таков вид не е остварена. Фрчкоски тогаш одржа предавање за спорот околу името по покана на Катедрата за политички науки и историја на атинскиот универзитет. Десничарска студентска организација се обиде да го спречи настапот на македонскиот професор, но не успеа во тоа.
Во Атина и во Солун можат да се сретнат многу културни работници од Македонија, кои своите куси престои таму ги користат и да ја претстават македонската позиција во овој спор, но тие не можат да бидат ни приближно успешни, како што се „политичките булдожери“ што ги праќа Папандреу во Скопје. |
|
Статијата е прочитана 3351 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pandora, 24.04.2010 00:42:02 | Makedonija e demokratska drzzava i zatoa " buldozzerive" doagjaat i vekje poccnaa javno da ve brifiraat a vie im se voshituvatei i vo usta im pikate sami ssto sakate da slusnete zaradi omrazata kon VMRO.Zarem mislite deka vo grcija bi bilo vozmozzno nassi ambasadori poranessni vo nassata ambasada vo Atina da vikaat novinari, a tie da gi afrmiraat nassite stavovi tamu. Prikaznata za Frcckovski e banalna. Vekje ne e jasno koj kogo brifira.Pa toj Maljas zboruva toa ssto go zboruvasse SDSM i negoviot peccat |
| Ljubotan, 24.04.2010 02:08:25 | Ljubotan (20.04.2010 01:19:27) Ova go napisav pred nekolku dena ,a e Interesantna i deneska. Analiza,bez nikakvi komparacii na Grckiot Novinar Serafim Fintadimis! Ama togas zapad, ne go poznavase samostalno KOSOVO,a deneska? Normalno e da nesto Evulira i taka, se pojavi KOSOVO,da e samo Kosovo i toa ne bi Bilo ,a za smetka na se toa ,pa i Srbija na tie prostori povece ne postoi:Sto postoese pred toa,sega go nema!! Po istata Evulitivna teorija Grcite imaat pravo da ja koristat,da ne postoji povece ;Titova Makedonija,kako i Srpsko Kosovo! Zosto ni e cudno, da deneska Makedonija,odumira i ne mora ,da postoi! Pa Makedonija odavno ne postoji zapadno od Gjorce Petrov pa se do Debar!Eve pominaa i ce dojdat novi Makedonski,,nacionalni" praznici,pa da vidam :Kolku Makedonski Znamina ce viat od :Gjorce Petrov pa se do Debar.NITU EDNO!! |
| Svetlina, 24.04.2010 02:23:20 | "Imeto" Republika Severna Makedonija e platena halucinatorna observacija na nedokrsteni... Halucinacija vo kontinuitet...Republika Makedonija e sveto ... Republika Makedonija plus... e moznost raszumna za bilaterlani raboti+ |
| Od Prijatel, 24.04.2010 07:40:25 | He he gladna kokoska sonuva proso tova veke go znaeme od avna na neprijatelite i plukacite tova im pasuva a ne na Makedonskiot narod nikoj drug nema pravo na Makedonskoto Ime nego Makedoncite... |
| Nikola-Germanija, 24.04.2010 07:42:33 | Po informaciite od poslednite denovi i na posledniot selski prostak trebalo da mu bide jasno,deka ne e GR taa sto vodi licemerna politika,tuku tn. MKska vlada-edna za domasna upotreba,druga za nadvoresna.No MKcot,kako i obicniot Balkanec,im pripagjaat na prostata raja i lesno e,ne samo da im frlis sol vo oci,tuku i da im go zamagluvas mozokot so eftina politicka kampanja,toa go pokaza Milosevic,istoto go praktikuva Gruevski.Trebase da se sluci "2001" da se otrezni javnosta od unistuvackata politika na DPMNE;sto li treba da uste da zbidnuva narodot konecno da ja uvide pogubnata politika na vladata,koja svesno(!) raboti na unistuvanje na MK?Blagodariene na segasnite "Patrioti" sum za toa,da zemime toa sto ni se nudi,inace i bez toa ke ostaneme!Pobled i ponezabelezliv MNR kako Milososki ne pamtam vo Evropa;ovoj Grujov potrcko edinstveno se razbira vo ispukanje otrovni streli protiv GR vo dadenite momenti.Zalen MKski narod so takva vlada,ama podobra i ne zasluzuva ocigledno!TrezvenPozdrav |
| roze, 24.04.2010 07:58:36 | Ocigledno e deka makedonskata vlada vo vodenjeto na nadvoresnata politika dozivea FIJASKO. Najsvez primer e samarot sto ni go udri Albanija so naznacuvanjeto na noviot makedonski ambasador vo Tirana.Makedonija ima golem potencijal na ISKUSNI diplomati, so zavidna biografija, koi mozat mnogu da pomognat i vo resavanjeto na sporot so Grcija.
No za zal na Nikola Gruevski, ne mu treba kvalitet i iskustvo, mu trebaat samo PARTISKI poslusnici.
Taka ne se vodat pregovori, taka ne se lobira za Makedonija taka NE SE VODI DRZAVA. E zatoa drugi ke ni ja krojat sudbinata, a Vladata i Premierot SVOITE NEUSPESI KE GI PRAVDAAT so toa sto ke izmisluvaat NADVORESNI I VNATRESNI PREDAVNICI i ke gi zamajuvaat gragjanite DO KOGA????????????? |
| ФЕЛИКС, 24.04.2010 08:51:00 | Се гледа избегнувањето да се искоментира симулацијата на преговорите што ќе се одржи идната недела во Охрид во режија на А1.Таму ќе бидеме преставени покрај овие тешкаши соседни и со наши ,,тешкаши ,,.Еден според габаритот,друг според легендарната омраза кон власта а трет како птица преселница од една во друга политичка опција.Потпомогнати од странци од кој некои живеат тука.Зошто нема такво нешто кај соседот е круциално прашање,вероватно од синдромот гумен грб тука. |
| Ристо Андов, Скопје, Македонија, 24.04.2010 09:00:12 | Нашоте политичари па и експерти, своите активности во врска со настанатиот проблем, всушност, ги базираат на погрешна дијагноза и локација на истиот. Имени, македонството во целина се соочува со патолошкото дивеење на јужниот сосед заради постоење на истото, но се повеќе и западниот сосед. Причина за тоа е стравот да не се изгуби колонијалниот плен од 1912/13 г., или со остварување на граѓанските права на Макдонците во европа без гранци да се намали влијанието на колонизаторите меѓу Mакедонците. Постоењето на Р.Македонија, таквите загуби на колонизаторите во македонскиот простор и во светот може само да se забрзат. Затоа атакот формално и суштински е насочен притив името на нашата држава. Односно, нејзиниот прием и постоење во ЕУ, барем да се претвори во недефинирана пифтија во која колонизаторите до бескрај ќе буричкаат! Ете заради тначи, грчкото дивеење ние не можеме да го спречиме со разговори, со преговори, нити со били каква промена на името на држава. Тоа ќе го може само ЕУ!!! |
| Јован АН, 24.04.2010 09:52:41 | Превземањата од страна на НЈС за нивсе оправдани - тие си поставиле една цел и ако наидат на прост народ сакаат да ја остварат.Жалосното е кај нас!Главни уредници,новинари ,политичари се поставија на нивна страна и ја протежираат нивната агенда!Погледнете ги пишувањата во “Утрински“;“Шпиц“,“Време“(видете ја денешната насловна страница!),“Глобус“А1А2,“Дневник“,итн!Жалосно и срамно!Мора да се платени бидејќи нема друга причина да се работи контра сопствената држава и нација!Нашиот национален идентитет произлегува од името на нашата држава!Прифаќање на друго име со разни додавки е предавство од најдолен вид!Ако се прифатат нивните предлози (прашајте се зошто тие ги предлагаат и прифаќаат) очекувајте да се јават со свои барања и другите наши соседи и дел од нашите сограѓани!Очајно се надевам дека ќе надвладее здравиот разум и патриотизам зашто ако сами не се преименуваме,никој на светот не може да не преименува!Храброст е да се сочува името и идентитетот!Се’ друго е кукавичлук! |
| Se biser do biser, 24.04.2010 10:20:28 | Sto ne ce procitas?!" Komentatorot"Svetlina" nudi nekava si kovaniva:Republika Makedonija plus , kako moznost za bilateralni raboti+ . A po taa logika moze i Republika Makedonija minus( Tetovo ,Gostivar, Debar itn) kako moznost za bilateralni raboti + |
| mene, 24.04.2010 10:31:47 | Apsurd e da grcite ne dozvoluvat ni avion od MK da sleta a nie im dozvoluvame na mesetari da ni kazuvaat koj sme.Ne mi e jasno zosto se dozvoluva da ne vregjat vo sopstvena drzava.
Makedonskiot narod e protiv obezlicuvanjeto i toa treba da bide moto na sekoj od nas. |
| Stefan, 24.04.2010 11:04:37 | kako be lugje sme bile nepodgotveni. pa gledate deka A1 sprema emisija, vie gi pratite i im davate poddrska, polni ste so razbiranje. ni se setaat po drzavata, ne negiraat na sekoj cekor, kako nacija, drzava, lugje... kolku ste zaslepeni pa nivnite stavovi gi pretstavuvate kako kompromis so koj treba da se slozime. zalno. razmislete kako razgovori za imeto preminaa vo pregovori za ime, identitet, jazik... razmislete kolku pomagate na grcite, a kolku na Makedonija... pusti interesi, vlast i moc... dali nekogas se poglednuvate vo ogledalo. neka otidat nasi pretstavnici vo Solun ili Atina da gi ubeduvaat grcite, na kloci ce ne nabrkaat... zbor ne kazuvate za makedonskoto malcinstvo, ne vi smeta sto tie sakaat da bidat i grci i makedonci, a nie ne smeeme nisto povece od severno-makedonci .... ah be lugje, kako pred Gospod ce odite, ama vie ste ateisti pa i tuka nemate problem... |
| rada, 24.04.2010 11:25:28 | bez eu nemame idnina vidi stecajci,bolni,stari......severne nisti nisto ne menuva za nacija naprotiv ce imae dobar zivot vo eu nikoj ne bada humanitarna pomois za operazii i nikoj ne trpi. |
| TRETA SILA-GARDIJAN, 24.04.2010 11:39:57 | Licemerna e makedonskata strana koja se luti na agresijata na grckite politicki travestiti(Grci i bozem Makedonci koi nikade ne smeat da se pojavat isto kako i vo Bugarija a Makedonija ne smee da se zanimava so tugite travestii) namesto da ja prezentira i da se izbori za realnosta-deka nikoj nema ekskluzivno pravo na terminot Makedonija pa spored toa Grcija nema pravo da diktira nacin na negova upotreba so raznorazni ingridienci a Makedonija osven pravoto da go koristi kako tipicno i oficijalno ime treba da se izbori i za patot do negovo konecno etabliranje so modifikacija na kratenkata vo BJR Makedonija. Nisto ne paga od nebo pa nitu ovaa superiorna pozicija so koja se luksuzira i ja doveduva vo opasnost makedonskata vlada. |
| Aleksandar, 24.04.2010 12:23:54 | Bravo za onoj sto gi donese vo Skopje tokmu nekoi od najgolemite kreatori na segasnata grcka antimakedonska politika, pa uste im pomaga i da organiziraat javni debati po cela drzava, za vo lice da ni pleskaat kako toa celata krivica si e vo nas i vo naseto liderstvto, dodeka tie ete, vo neli "anticki demokratski duh" se spremni na kompromis. Pogolema provokacija od ova ne moze da se zamisli, Kakov kompromis pobogu, od sto toa tie otstapile? No,ok nim im e rabota da setaat okolu i da provociraat. Nasiot odgovor - im organizirame jani nastapi i im otstapuvame centralni naslovi po nekoi od najgolemite mediumi. Posebno bravo za A1, so vejke ne znma koja po red emisija kade otvoreno nastapuvaat razno-razni grcki dejci i tvoreno se diskutira ne samo imeto, tuku i identitetot. Ajde bujrum, nake povelat nekolku poranesni makedonski diplomati neka organziaat javni nastapi vo Solun ili Atina, za da ja oponiraat grckata politika i krutost. Siguren sum deka nema ni granica da minat. |
| Ангел, 24.04.2010 12:47:33 | Опасна тројка оди во Охрид на разговори си Грциве. Циле познат хазардер, значи ѓе прифати грчки услови. Фрчко се знае дека прифаќа и е многу паметен . А Андов е најпаметен пред само пет месеци рече и наоиша дека ако сме попуштеле на Грците 200.000 наши луѓе ќе нашле работа во Грција, а таа во каква криза и банкрот-леле мајко какво лажење и незнаење, Се плашам од оваа тројка и А1 телевизија чии новинари исто се за промена. |
| dedodimo, 24.04.2010 14:04:40 | Vladata na Makedonija a ni Gruevski kako i negovite predhodnici nesmeat i ne e mozno da prifatat bilo kakva izmena na imeto REPUBLIKA MAKEDONIJA .Imeto na Makedonija e sopstvenost i gordost na Makedonskiot narod ne samo vo Makedonija ,tuku sekade kade i da se po beliot svet .Toa e neshto ne zamislivo a po moe mislenje i glupavo shto beshe prifateno da se vodat razgovori.Grcija mozat da si go vikaat nivniot del Severna Makedonija a ne mozat ni grcite nitu pak nekoj drug da ni naredi kako da se vikamre.Makedonskite novinari bi trebalo totalno da gi ignoriraat ovie lopovi shto doshle od Grcija da ni kazuvaat kako da se vikame nie. |
| nacional-patriot, 24.04.2010 18:12:55 | Mnogu svetski istoricari go potvrduvaat faktot deka Makedoncite poteknuvaat od antickite Makedonci.Znaci Makedoncite imaat mnoguvekoven kontinuitet,a "Bugarite"sozdadeni od Rusija vo 19 vek i "Grcite" koi se mesavina od asimilirani delovi od drugi narodi,sekogas bile protiv Makedoncite.Bidejki kompromis za imeto na drzavata nikogas nema da ima,Maljas i kompanija dojdoa tuka ispaniceni i baraat strategija so domasnite predavnici.Siguren sum,tie znaat,nisto ne pravat. |
| Of Lele, 24.04.2010 23:32:32 | Prasanje za Ljubotan! Ova sto go kazuvas i prognoziras ,dali e DEFINITIVNO? Jas mislam taka ce i bide , i zatoa nikoj ne te komentira ni pobiva! Site ja znaat nasata sudbina,ama Makedonija Stana Naggolemata Ptica NOJ i toa bez pesok! Mozam da kazam samo! Bravo Ljubotan;Sto na Um Toa i na Drum! |
| nekoj, 25.04.2010 00:38:09 | Mislam deka makedonskiot narod e mnogu neinformiran, zatvoren, manipuliran..Vo EU vladee pravoto na individuata, demokratijata i pocituvanje na pravoto i zakonot. Da se zboruva za polova, rasna, starosna ili nacionalna pripadnost e da kazeme "staromodno". Toa za zal seuste postoi na balkanot. Bi bilo podobro da se vozbuduvate okolu toa kolku imate nevrabotenost, koi prava gi poseduvate, kakov zivot ziveete, zasto toa se prava nad site ostanati-pravoto da se bide i zivee. Vie stnavte tolku nacionalisti i opsednati deka se nekoj ve mrazi.Pa pobogu luge, koj ima vreme da se zanimava so tugi zivoti? Dali Grcija navistina ve mrazi vas ili politikata na kradenje na istorija? i pobogu, koja okupirana Makedonija? Zar toa ne e nacionalizam i pretenzii kon tuga zemja? Sakate li vie dobro sosedski odnosi ili? Koja e vasata alternativa? Ja prekopavte cela Makedonija baraki lazici i viljuski stari 2000 godini, barajki koi ste? Pozdrav od Atina. |
| Martin, 25.04.2010 02:47:06 | па нормално дека ќе го има грчкото лоби кога во Македонија има луѓе кои се продаваат за ситна пара, и се угнетуваат на секој странец, за да се докопаат до власт и до пари, а не водат сметка дека притоа газат по достоинството и честа на Македонците, иљадници години наназад, Срамота е што го прават ова и што толку има даваат до значење македонските медиуми, а македонските интереси ги занмеаруваат,,, се со цел, да му намалиле рејтингот на Груевски и да дојдат до власт, Засрамете се души продадени!!! |
| Kimov, 25.04.2010 03:14:22 | Porano vo edna debata vo Tirana bea pokaneti Frckovski i Buckovski. Albancite vo debatata gi rasturija i sto ti ne gi vregaa a ovie nasite usta imaat a ton nemaa ne mozea ama bas nisto da odgovorat. Kade gi najdovte da debatiraat naj ne sposobnite profesori. Za debata samo profesorot Ferid Muxic i Ljubomir Cuculovski. |
| todor, 25.04.2010 11:33:04 | Дали сме глуп народ? Ако 1991 година ја нарековме нашата држава Северна Република Македонија, грците ќе речеа дека имаме територијални претензии. Сега нас ни ја нудат на тацна опцијата која ја сакаме и која ја сакале наќите дејци а ние ја одбиваме. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Делумно облачно
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: -3°C, Мин: -9°C
|
Среда
Магла
Макс: 1°C, Мин: -7°C
|
|
|
|
|
|