Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (3)

Македонските интереси изедначени со бугарските

Нови пазарења на Бугарија за Македонија за време на Првата светска војна

Виктор Цветаноски


Откако останала со кратки ракави по поразот во Втората балканска војна, Бугарија добила нова шанса да ја окупира Македонија за време на Првата светска војна. Долго време тактизирала на која страна да застане, пазарејќи се за македонските територии и со Антантата и со Централните сили. Се определила за Централните сили и влегла во војна есента 1915 година. Ја избрала погрешната страна и била поразена.

А Македонците, без разлика на тоа што Бугарија еднаш ги изигра и зад нивниот грб се договори со Србите да ја подели Македонија, одново масовно се вклучија во војната и се бореа на нејзина страна.

Како и во Балканските војни, така и во Првата светска војна била формирана посебна воена единица составена од Македонци, наречена 11. Македонска пешадиска дивизија, која војувала на Македонскиот фронт. Формирањето на оваа единица се вршело заедно со македонското револуционерно движење кое, според македонските историчари, било претворено во инструмент на бугарската политичка аспирација кон Мак��донија.

Тоа веќе не опстојувало врз принципите на Гоцевата ВМРО и традициите на Илинденското востание. Голем број од живите револуционери и учесници во Илинденското востание се пасивизирале, а на целото македонско револуционерно движење свој печат му давале Тодор Александров и Александар Протоѓеров, кои во 1916 година биле одликувани од германскиот император. Тие целосно биле вклопени во бугарскиот воен, полициски и административен апарат и интересите на македонскиот народ ги изедначувале со интересите на бугарската држава.

Ваквите констатации ги потврдува и македонскиот револуционер Александар Мартулков. Според него, откако Бугарите влегле во војна и во Македонија воспоставиле своја власт, сите поистакнати водачи на левите и на десните македонски револуционерни сили биле вгнездени - едни во штабовите на армиите, други во администрацијата и полицијата, трети во општинските управи и постојаните окружни комисии. Многумина околиски началници, претседатели или членови на постојаните окружни комисии, дури и околиски управници биле од нивните редови.

„Малку е непријатно човек да каже, но неспорен факт беше дека многумина се стараа да си натрупаат малку имотец за да им се најде во тешки денови. Од македонствујуштите имаше многу голем број чиновници во СГОП, стопанска организација за осигурување на прехраната и стопанскиот развој на Бугарија. Покрај другото, во трговијата, особено некои санданисти, преку различни зделки околу тутунот, станаа милионери. Тоа беше една грозна историска стварност“, пишува во своите спомени Мартулков, кој, исто така, во тоа време бил управник во Велешко.

Македонското револуционерно движење, такво какво што било, обезглавено и изманипулирано, длабоко поделено на фракции, не било во состојба само да ги застапува и да ги заштитува интересите на македонскиот народ. Еден значаен дел од движењето бил под влијание на бугарската политика и своите интереси ги врзувал за интересите на бугарската држава. Извесен дел од народот бил под влијание на српската политика и им служел на интересите на Србија во Македонија. Исто така, многу помал дел од македонскиот народ, главно, од приморскиот дел на Македонија, кој бил под јурисдикција на Цариградската патријаршија, бил поврзан со грчката пропаганда и држава.

За разлика од Бугарија, која успеала да ангажира голем број доброволци од Македонија, кои се бореле под нејзина команда и нејзино знаме, тоа не им успеало на Србите и на Грците. Во српската војска или во паравоените формации доброволно се јавиле мал број Македонци, главно, од Порече и од Азот, кои работеле во Србија и биле под влијание на српската пропаганда.

И Бугарија, како претходно Србија, за време на Првата светска војна почнала со регрутација во Македонија. Според наредбата, во бугарската војска требало да се регрутираат сите мажи од 18 до 30 години. Се очекувало да се јават околу 45.000 регрути, но се одѕвале само 16.000. Едноставно, Македонците не сакале да војуваат ниту во бугарската војска. Бугарскиот археолог и политичар Богдан Филов, кој во тоа време ја посетил Македонија и дошол со предубедување дека Македонците едвај чекаат да ги повикаат во бугарската војска за да војуваат против Србите, многу се разочарал од она што го видел.

„Кај народот не се забележува никаков ентузијазам. Како да сака да каже: добро, не' ослободивте, ви благодариме, но и претходно не ни беше лошо; доколку тоа ви прави задоволство, одете да се биете, а нас оставете не' на мира да си ја гледаме трговијата. Широката маса е инертна. Впечатливо е дека во Скопје при почнувањето на регрутацијата се јавиле околу 200 души Роми, а само 40 Бугари (Македонци н.з.). Насекаде е присутна најголема одвратност кон служењето во војска. Мнозинството млади се подготвени на се' само да не одат војска“, напишал Филов.

Македонските војници почнале и да дезертираат од бугарската војска, што го признава и Филов. „Во македонската дивизија дезертерствата се нешто нормално. Кога бевме таму, се зборуваше за околу 500 дезертери“, пишува бугарскиот археолог, кој побарал за време на повлекувањето на Бугарите по поразот во Првата светска војна да се понесе се' што е вредно од културното и од црковното богатство на Македонија.

Не се знае точно колку Македонци учествувале во Првата светска војна. Се смета дека во трите различни армии биле мобилизирани околу 200 илјади - во бугарската најмногу, меѓу 100 илјади и 120 илјади, во српската околу 50 илјади и во грчката околу 20 илјади. Голем број Македонци, кои насила биле регрутирани од Србите, се обидувале да избегаат за време на битките кои српската војска ги водела со Австро-Унгарија. Многумина од нив за да се спасат и' се предавале на австроунгарската војска, меѓутоа, по вклучувањето во војната, Бугарија ги ослободувала од логорите и повторно ги вратила на фронтот, но сега да се борат на нејзина страна. Така се случило тие да војуваат против сопствените браќа, кои биле во српската војска вкопани во рововите од другата страна на фронтот.

За ужасите што ги доживувале на Македонскиот фронт, кој траел четири години, најдобро говори кажувањето на Македонецот Васил Танев Качоров, кој служел во македонската дивизија и се борел кај Кајмакчалан и Добро Поле, Битолско. „Гладот и недостигот од покрив над главата ни беа најголеми непријатели. Војуваш во ров, седиш и стоиш, јадеш и спиеш во ров, полн со кал, вода и снег. Едно време заврши храната. Поручникот Златев, родум од Стара Загора, Бугарија, ни рече: ’Излегувајте од ровот и собирајте лисја, киселец, див лук и корења, инаку сите ќе испоумреме‘. Без никаков страв ги напуштивме проклетите дупки и јадевме се' што ќе ни излезеше пред очи. Се вративме во рововите и го замоливме поручникот да издаде заповед за атака, не толку за да победиме колку за да им ја одземеме храната на Французите и на Арапите (во француската војска имало војници и од некои колонии на Франција во Африка н.з.). Тој не' послуша, но притоа ни рече: ’Може да атакуваат само доброволци‘. Се пријавивме 150 души, а бевме вооружени со по една карабина со штик и со по 30-50 бомби. На дадениот знак за напад излеговме од ровот и со извикување ’ура‘ се фрливме врз ровот во кој се наоѓаа војници-црнци. Тие ни отворија оган од сите страни. Од 150 лица што нападнавме, преживеавме само единаесет души“.

Покрај 200 илјади момчиња регрутирани насила, во војските на соседите страдал и народот кој западнал во невидена сиромаштија. Богдан Филов вака ги опишува тие страшни години: „Сиромашниот народ буквално умира од глад. Насекаде е присутна голема мизерија... бедните можат да јадат само пченка, но неа ја нема... Мнозинството од населението на секоја власт гледа како на свој непријател и на секаков начин се обидува да ги заобиколи важечките административни прописи што ја оптоваруваат личноста. Воопшто, управувањето на оваа земја ќе биде многу мачно, а уште повеќе тоа се корумпира од расипаниот и граблив чиновнички персонал што се испраќа таму...“.

Бугарската војска за време на Првата светска војна жестоко се пресметувала со просрпски ориентираните Македонци. Така, во еден ден, на Бадник 1916 година, таа ликвидирала 103 поречани и ги фрлиле во еден ископ во месноста Дервишка Нива.

Не се знае точно колку Македонци загинале во Балканските војни и во Првата светска војна, зашто во воените евиденции нив ги определувале или како Бугари, или како Срби, или како Грци. Се претпоставува дека вкупната бројка на загинати и ликвидирани цивили изнесува околу 50.000 лица.


#
Статијата е прочитана 2869 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 12.10.2010 12:33:44
Бугарскиот дисидент Желев, потоа и прв президент на демократска Бугарија, направи во време на комунизмот нешто многу просто. Во 1984 година напиша книгата "Фашизмот" на начин на кој да читаш колку е лош фашизмот, а да ти станува јасно дека и комунизмот е истата работа. Сега Цветановски прави слична поента во однос на македонските Бугари и лошата Бугарија
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 12.10.2010 12:36:49
Постои огромен расчекор меѓу тоа како се одвивала македонската историја и начинот на кој ја пишуваат нашите историчари.Тоа што некои самите се истакнувале за Бугари по род го преведуваме дека причините за тоа е недостаток на доволно македонска свест кај нив!?Ако некој не бил „доволно свесен Македонец“во времето додека живеел,како е можно да го прогласиме,стотина години по неговата смрт-дека бил,создавал,живеел и делувал како Македонец?!Одеднаш,архивите откриваат сосем поинаква приказна,дека впрочем,тие „најголемите патриоти“активно работеле против обединувањето на Македонците на целата етничка територија!Ова јасно посочува дека нивното поимање на самостојноста и посебноста е со една причина,зацртана одамна,уште при оснивањето на Бугарскиот Револуционерен Комитет,наречен ВМРО! Х.Татарчев ги објаснува целите на организацијата,непроменети до денес:„Ни минуваше на ум дека една автономна Македонија би можела полесно да се соедини со Бугарија...“!
Од: Христо
Датум: 12.10.2010 12:56:14
Доктор Христо Татарчев, претседател на ВМРО: "Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи"
Од: makedonce
Датум: 12.10.2010 13:10:01
200.000 makedonci dobrovolci e da si napravea samite armija ne ke mozese ni bugarija ni srbija ni grcija da vleze vo makedonija a taka si se ubivale megu sebe sluzejki vo tugi vojski...makedonce osvestise barem denes imas svoja drzava ako sega ova go zagubime ke ne snema zasekogas..
Од: Трпе
Датум: 12.10.2010 13:25:22
единствено позитивно од Бугарија беше во Втора светска војна , тоа што се додека не капитулира ниту грчките монархисти ниту балистите не смееја да вршат ликвидации на македонскиот народ
Од: pameten
Датум: 12.10.2010 13:42:27
А Македонците, без разлика на тоа што Бугарија еднаш ги изигра и зад нивниот грб се договори со Србите да ја подели Македонија, одново масовно се вклучија во војната и се бореа на нејзина страна. Ochigledno e deka mnozinstvoto Makedonci do Prvata svetska vojna se sfakjale kako del od (opshto)Bugarskiot narod i sakale da se pripojat kon Bugarskata drzhava. No shto i da pravele tie, shto i da pravela Sofija, ovo bilo nemozhno, Srbija, Grcija, pa i Romanija nikogash nema da go dozvolat. A da ostane Mkaedonija pod Tursko znachelo smrt. I togash se baral nekakov "razumen kompromis" so Srbija, no za zhal n bil najden. Ovo e tragichnata Makedonska sudbina.
Од: VP
Датум: 12.10.2010 15:40:23
Македонско-бугарски историски контроверзии - сигурно ги има многу, има ли друго - можно ли е взаемно почитување; добрососедство; поддршка - кога е потребно?
Од: Историк
Датум: 12.10.2010 19:59:02
Абре Трпе мизеријо. Не смеа да вршат ликвидација на македонскиот народ. А убиствата на Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, 12 те ваташки малдинци, неполнолетни деца, Васил Антевски Дрен кој несакаше на судењето да се брани на Бугарски јазик бидејки му забранија да се брани на Македонски и се бранеше пред судот во Софија 1942 година на француски јазик. Абре Трпе мизеријо.
Од: BELOJSTANIN
Датум: 13.10.2010 00:13:56
TRPE izgleda slabo ja poznavas istorijata ili nesakas da ja poznavas.Tocno je toa za vreme na bugarskata OKUPACIJA na makedonija bugarite ne im dozvolija na grckite monarhisti i albanskite balisti da go unistat makedonskiot narod zatoa st bugarite toj LUKSUZ go zadrzaa za sebe .Ako zivees vo makedonija togas otidi do TETOVSKITE SELA -BELOJSTE .VRATNICA I STARO SELO .I PRASAJGI ZITELITE NA OVIE SELE I TIE KE TI KAZAT ZA TVOITE KULTURNI bugari.Spomenicite uste sedat so IMINATA ispisani i site zverski i selektivno ZASTRELANI od tvoite braka bugari.
Од: pra vnuc
Датум: 13.10.2010 05:32:39
Na moj dedo tatko e vo tie 50000 lesna mu zemja ,ostavi mlada zena so 5 deca ohridsko teshka MAKEDONSKA ISTORIA ne treba nikogash da se zaboravi .Da zivej MAKEDONIJA I MAKEDONSKIOT narod.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Старо-нова облека
Врачена државната награда „11 Октомври“
Не не' сплоти ниту Денот на востанието
Ламбе - победник, доминација на ѕвездите од реалните шоуа
Кина како суперсила
Со пушачите, избега и заработката од локалите
Амбасадори жив штит на геј-парадата во Белград
Пробив на насилничка деструкција
Oчекувам датум за преговори
Ставрески носи полн куфер пари од Вашингтон
Македонија поразена од Русија во Скопје
Власта го скрои новото име?
Се изгуби духот на маалата
На маката се познаваат јунаците
Српските хулигани дивееја во Џенова
Тавтологија на нихилизмот
Криволовец отстрелал елен-капиталец
Стил
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Интернетот најкористен медиум во светот
Цивилен товарен авион се урна кај Кабул
Патиштата како бојни полиња






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia