Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (17)

 

Тодор Александров ги подели историчарите

Според едни, тој се борел за автономна Македонија,
а според други и' служел на бугарската монархија

Виктор Цветаноски


Тодор Александров е крупна фигура од нашето минато, меѓутоа, македонските историчари не се единствени во оценките за неговите заслуги македонската револуционерна борба. Според едни, тој се борел за автономна и независна Македонија, а според други и' служел на бугарската монархија. Кој е, всушност, тој, за каква Македонија се борел, кои се неговите заслуги?

Академик Иван Катарџиев вели дека посебна улога во создавањето на неговата ВМРО наречена автономистичка, веднаш по Првата светска војна, како и во промовирањето на Александров за нејзин лидер одиграле националистичките кругови и Воената лига во Бугарија. „Како опозиција на режимот на Александар Стамболиски, со чија политика на откажување од територијалните аспирации спрема Македонија, не можеле да се согласат, тие преку Тодор Александров и ВМРО настојувале да ги остварат своите превратнички планови. Така бугарската опозиција на владата на Стамболиски била главен фактор во профилирањето на ВМРО и на нејзините активности“, оценува македонскиот историчар додавајќи притоа дека ВМРО на Александров била обично орудие на бугарската опозиција.

„Во соборувањето на Стамболиски од власт ВМРО одигра битна улога, а Александров се обиде да биде кадровик и влијателен фактор во креирањето на надворешната политика на бугарската држава, но беше поттурнат од центрите на моќта. Кога, пак, се дрзна да се оддалечи од контролата на бугарската влада и се поврза со Коминтерната, беше организирано неговото убиство“, подвлекува Катарџиев.

Тој подвлекува дека постојаното влегувањето на неговите чети од 1919 до 1924 година во вардарскиот дел на Македонија му создале вистински пекол на македонското население. Тогаш од српската власт настрадале над 500 невини луѓе, стотици биле затворени и малтретирани, десетици осудени.



Катарџиев не ги оспорува заслугите на ВМРО на Тодор Александров кое со својата идејна толеранција и милитантна организација и акција, речиси го обединила најголемиот дел од патриотски ориентираната македонска емиграција. Таа од 1920 година па се' до Мајскиот манифест во 1924 година била главниот носител на македонското национално револуционерно движење, а основната поента во нејзините програмски определби била автономија или пак независност на Македонија во нејзините етнографски и економски граници. Според него, формално гледано заложбите за автономија биле во корелација со традициите на ТМОРО и Илинденското востание, меѓутоа, суштински, освен во еден момент, зад барањето автономија на Македонија секогаш стоела прикриена цел во соодветни меѓународни услови, Македонија да се приклучи кон Бугарија.

Советскиот Сојуз, кој во тоа време настојувал своето влијание да го прошири на Балканот, во автомистичката ВМРО гледал моќна сила, за која биле заинтересирани и другите европски сили. Тодор Александров, тогаш грубо турнат настрана, со повредено честолубие, одмазднички расположен, го искористил интересот на СССР за соработка и започнал да преговара со Советите. По разговорите дошло до потпишување на познатиот Мајски манифест од 1924 година со кој се обединиле сите македонски револуционерни сили. Со манифестот иднината на Македонија повеќе не се поврзувала со Бугарија, туку се барало таа да се обедини во нејзините етнички и географски граници и би влегла во рамките на една балканска федерација. Притоа јасно и се става на знаење на бугарската влада дека односот на ВМРО кон неа ќе биде ист како и кон владите на Србија и на Грција. Според Катарџиев, Мајскиот манифест за обединувањето на силите на македонското револуционерно движење, во чиј центар се наоѓала автономистичката ВМРО и Тодор Александров, претставува највисок дострел на идејното, теоретско и практично одбележување на македонскиот политички сепаратизам.

Д-р Владо Поповски не го дели целосно мислењето на академик Катарџиев. Според него, речиси целокупната фактографија по 1919-1920 година зборувала за самостојност на позицијата и на улогата на ВМРО и на Тодор Александров во однос на бугарската државна политика.

„Тодор Александров како константа и како приоритетна вредност, ја чувал самостојноста и сувереноста на ВМРО во однос на делото: ослободување на Македонија од власта на балканските држави, нејзино обединување и создавање на независна македонска држава – која може да биде членка и на евентуална балканска федерација, но која секогаш се визи��а како еднаков (рамноправен) субјект со другите балкански држави... Во Декларацијата од 6 септември 1923 година, како впрочем и во сите други документи на ВМРО после 1919 година потпишани од Тодор Александров, постојано се укажува дека она што треба да се ослободи и обедини се трите делови на Македонија кои се под власт на Бугарија, Југославија и Грција; дека власта на бугарската, југословенската и грчката влада е таа која треба да отстапи од тие делови за конечно да се смири целиот регион“, подвлекува д-р Поповски .



Според него, Александров никогаш не препуштил друг наместо ВМРО да ја води политиката на револуционерната организација, ниту да ги диктира целите и начините на нивното остварување . Тој практично ја оддалечил македонската револуционерна организација од какво и да е нејзино инструментализирање од страна на бугарските државни центри во пресвртната 1924 година.

Во врска со контактите што Александров ги имал со Советската држава Поповски нагласува. „Во респективниот склоп на односи, фактички, Тодор Александров бил уценет или да се приклони и дисциплинирано да ги исполнува плановите на нему далечните политички сили и цели или, преку негова компромитација, да биде изложен на политичка или на физичка ликвидација од која и да е политичка страна (лева или десна) и од која и да е провиниенција (советска, бугарска или македонска).

Поповски истакнува дека Александров по националност се чувствувал Бугарин, а македонското ослободително движење по 1919 година доследно го издвојувал од државната политика на Бугарија, но не и духовната и културната судбина на Македонија и на Македонците од таа на Бугарија и на Бугарите.

Тодор Александров е убиен на 31 август 1924 година. Д-р Зоран Тодоровски тврди дека убиството било изрежирано од Иван Михајлов и воениот врв на Бугарија. Било предвидено Александров да биде ликвидиран во присуство на Александар Протогеров за сета вина да се фрли врз него и да се добие впечаток дека тој го организирал убиството.

„Дека зад ликвидацијата на Александров стои Иван Михајлов упатуваат многу факти и сознанија до кои дојдов читајќи ги написите и спомените околу убиството и вршејќи реконструкција на овој крвав настан. Тој е непосреден организатор на убиството заедно со бугарскиот двор, поточно министерот на војската Иван В’лков. Самиот Михајлов своевремено тоа ќе го признае пред нашиот познат иселеник Џон Битов, кој тоа мене ми го кажа лично за време на една средба. Сите настани што се случувале околу Мајскиот манифест за чие потпишување дал согласност и Александров, силно ја вознемириле бугарската влада зашто таа со тоа губела дотогаш верен сојузник. Нормално, како секоја држава, таа размислувала за човек што ќе го замени и ќе ги спроведува нејзините интереси, а токму таков човек бил Михајлов“, подвлекува Тодорвски.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 3017 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 18.06.2011 00:51:50
Tochno e deka Todor Aleksandrov i Vancho Mihajlov sorabotuvaa so desnite partii vo Bugarija, no eden od nivnite glavni principi beshe da ja zadrzhat nezavisnosta na Organizacijata. VMRO na Aleksandrov i Mihajlov beshe vo sostojba da vodi nezavisna politika. bidejkji Organizacijata beshe drzhava vo drzhavata vo Pirinska Makedonija i raspolagashe so svoi finansiski sredstva preku danoci, za razlika od Federalistite i drugite levi koi bea finansirani od Kominternata i levite vo Bugarija pa zatoa moraa da ja sproveduvaat i nivnata politika.
Од: bate Vane
Датум: 18.06.2011 04:30:44
Kerkata na Todor Aleksandrov , Maria Aleksandrova Koeva beshe ziva do docnite devedeseti od minatiot vek,sestrata na Mara Buneva, Vera Buneva Nikolova umre neodamna,a nashite politichari istorichari ne najdoa vreme da napravat eden razgovor so niv mozebi tie znaele neshto shto ne znaele istoricharite,vprochem i Mihajlov beshe ziv do devedesetata godina ama nikoj nemashe idea sila ili drskost da napravi edno intervju,toa go ostavivme na nekoi Bugarski lovci na vistinata da go storat i sea da ja trujat javnosta preku internet so nivnta vistina.Lichno sum se sretnal so popadika Vera Buneva Nikolova i po nejzinoto kazuvanje ja vidov i drugata strana na vistinata za Makedonskiot heroj Mara Buneva, i za mnogu drugi dejci za koi deneshnite generacii znaat samo od prepiskite na chitatelite, a istoricharite chitat taka kako shto im napishale.Vazen e segmentot na vistinata od ustite na potomcite od gorenavedenite istoriski lichnosti.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 18.06.2011 05:29:10
Kole 18.6.2011god. Gos.Kantardjiev.Popovski i Todorovski.T.Aleksandrov e Stipjanec vinovenje sto ja prizna okupacijata na Stip i sakase na sekoj da se oslobodeme i da ne bideme podeleni. M.Apostolski e Stipjanec go prizna osloboduvaneto na Stip i stana Kapetan u kraleva garda i General Mihalo Apostolski FNRJ.ne e vinoven.D.Vlahov e egeec ucel v B.M.G.Solun se deklarilal Bugarin bil vo Turskat i Bugarska i Jugoslovenska vlada ne e pogreban vo makedonija ne e vinoven.
Од: pameten
Датум: 18.06.2011 06:26:02
Bilo vreme na teshki dilemi. Vo pochetokot site se osekjale Bugari I sonot im bil dda se oslobodat I da se prikluchat kon Bugarija. Arno, ama kako Misirkov sfatil ushte vo 1903 ovo bilo mission impssible. Stamboliski go sfatil istoto, podaral prijatelstvo so Jugoslavija, vo moment koga taa represirala teshko naselenieto vo Vardarska. Ovo za Aleksandrov bilo predavstvo. No I toj sfatil deka patot na Makedonija odi vo poseeben pravec...
Од: veles
Датум: 18.06.2011 06:58:51
Razlikata megu levite i desnite e na politicko nivo a ne na nacionlno i ve molam pravete razlika.Sovetsiot Sojuz na sekoj nacin sakase da go rasiri vlijanieto na Balkanot i toa mozese da go napravi samo preku levite sili vo oragnizacijata na VMRO i na Bugarijazatoa sto bese sigurno deka clenovite se pod vlijanie na Moskva.Alexandrov se trudese organizacijata da bide kolku e mozna ponezavisna i poradi toa e i ubien bidejki bese trn vo okoto na levite sili pod vlijanie od Moskva.Todor se obeduvase na sekoj nacin Mkd da stane avtonomna za da moze da se prikluci podocna kon Bugarija na isiot nacin kako sto knezestvo bugarija i Rumelija toa go napravija pred 20g bidejki bese svesen deka golemite sili nema da dozvolat sozdavanje na goelma bugarska drzava.Po nacionalnost sekogas se izjasnuvase za bugarin ako ne veruvaat Vlado i Ivan i Zoran ete go Novo Selo stipsko , familijata ai narodot se uste pamti koj i za sto se borel Todor Alexandrov.
Од: Bit
Датум: 18.06.2011 07:27:59
Spored kazuvanjatana postarite generacii glavna recenica na Aleksandrov bila: Bez krv nema nezavisna Makedonija. Pa sega vie sami prosudete sto sakal Aleksandrov.
Од: bezanec
Датум: 18.06.2011 08:34:46
Моите спомени од мојот дедо,друго зборуваат,дека Александров,Протугер и Михајлов се биле џелати спрема македонскиот народ,кој е бил и сведок на такви,ѕверски убиства од горе споменатите. Дај еднаш овие наши историчари да се ослободат од подлизуркувањата на власта. Бидете свои на своето.
Од: Даме Македонски
Датум: 18.06.2011 08:41:44
Абе луѓе - па и Џорџ Вашингтон се чувствувал Ирец, АМА СЕ БОРЕЛ ЗА НЕЗАВИСНОСТ на Америка. На американците не само што не им смета, туку од подалечен историски аспект го слават и длабоко почитуваат неговиот придонес. Истот треба и ние да го направиме за Тодор Александров. Што дека се чувствувал како Бугарин, кога цел живот го посветил за САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА! Формирал полициски, воени и финансиски институции. ПРВАТА МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА ја формирал. Катарџиев уште ни рецитира извадоци од српската пропаганда во историските учебници: Бидејќи влегувал на територијата на кралска Југославија, 500 македонци биле убиени од српските сили, ама Александров бил за тоа крив. Бреее, логика ....
Од: bg
Датум: 18.06.2011 08:47:37
Настани во Македонија и Бугарија во 1919 - 1924 година се многу сложени, и за да сте запознаени што точно се случило прочитате тука: http://www.kroraina.com/knigi/mni/mni4_2.html Секој професор, историчар или обичен човек може да ги толкува поинаку работите. но вистината е само една
Од: Mornar
Датум: 18.06.2011 08:48:35
Да не заборавиме дека Тодор Александров даде денешното име на организацијата - ВМРО. До негово време истата се викаше ВМОРО, а пред тоа - ТМОРО и БМОРК.
Од: Gjokica
Датум: 18.06.2011 09:34:54
dvanaeseti dokaz.ke se vratam 800god nazad.od ponedelnik prodolzuvam so dokazi od 18 i 19 vek.Дека навистина поимот "бугар" означувал словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале "по род Македонци" во времето кога Охрид бил дел од Епирската држава, па со сигурност можеме да констатираме дека Македонец во тие документи представува етникум, а не географски поим, поради тоа што Охрид припаѓал географски на Илирик, а државно на Епир. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315).
Од: читател
Датум: 18.06.2011 10:07:26
Дали е Цветаноски свесен што пишува? За какви црни заслуги за македонската револуционерна борба на Александров пишува тој, кога Катарџиев вели дека Александров им служел на националистичките кругови во Бугарија, а Попоски дека Александров по националност се чувствувал Бугарин и не ја издвојувал духовната и културната судбина на Македонија и Македонците од таа на Бугарија и Бугарите? Што сака Цветановски повеќе од изјавиве на двајца еминентни познавачи на историјата на ВМРО за да напише дека Александров НЕ СЕ БОРЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИ НАРОД И НАЦИЈА, туку се борел за БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!
Од: Tina
Датум: 18.06.2011 10:21:50
Ako Todor se boril na strana so Bugarite a Makedoncite se borile protivu Bugarite, a ima i Turski borci koi se borile na strana za Makedonija i se toa e Makedonska istorija, vredna pomnuvanje. Sepak, site sakale da Makedonija e samostojna. vremeto im trebalo da se vidi da Makedonija e za Makedonci, a site koi se invajderi, da si odat doma, ili da molcat, ili da se soedinat so nas. I oste imame nedoumici, i raspravi, oti priznavame na site tie invajderi, istorija po nijn kef i politika. Za Makedonija ima samo edna istorija. Makedonska.
Од: PIRINSKA DRZAVA
Датум: 18.06.2011 11:38:59
Istorijata ke bese denes druga, ako Bugarija ne go progonese Vanco Mihajlov i so toa go spreci od Pirinska Makedoni9ja da napravi makedonska prva drzava. Taa za vreme na Vtora svetska vojna ke bese PIemont za obedinuvanje na Makedonija i na imperijalistickite jugoslovenski zdelki ke imbese sopren patot kon Makedonija. Zatoa go cenam Vanco. Toj bese centralist za razlika od jugokomunistite koi ne prodadoa na Belgrad.
Од: Taтарски празноглавци со лажна историја
Датум: 18.06.2011 12:00:39
Туку се барало таа, Македонија да се обедини во нејзините етнички и географски граници.
Од: Nikola
Датум: 18.06.2011 12:09:39
Poveke za Balkanskata federscia - Balkan Federation - http://en.wikipedia.org/wiki/Balkan_Federation
Од: Ivan
Датум: 18.06.2011 13:29:33
Eve sto samiot toj rekol za Makedonija : "MY WANDERINGS IN THE BALKANS " published in 1925 By DUDLEY HEATHCOTE.Do naste istoricari povelete najdete ja statijata koja e od THE TIMES 1924 godina i se nadevam ke go razberete covekot.......
Од: Драги Ѓокица
Датум: 18.06.2011 14:12:35
Со име Македонија од 7-ми век не се нарекува оваа наша Македонија,туку со тоа име се нарекува Тракија.Значи, од 7-ми век, Тракија е Македонија,а овие простори се нарекуваат Долна Мизија,Пеонија,Средоземна Дакија,Дарданија,од времето на Василиј Втори Бугарија,а од доаѓањето на Османлиите -Румелија.Кога со појавата на Хуманизмот и ренесансата пораснал интересот на западните земји за античката историја и за Александар Македонски,од 17-ти век,за овие простори се јавува пак името Македонија.Значи во времето за кое ти зборуваш,ви 13век,Македонци се нарекувале само Тракијците.
Од: Вагнер
Датум: 18.06.2011 14:21:36
Само погледаjте ги момчињата од четата на Александров на сликата - сите се во униформа на бугарската воjска, со капите каде стои грбот на бугарското царство. И тоа не е присилно рекрутирани, сите се волонтери. Видете ги и документите потпишани од раката на воjводата - на стандартен бугарски jазик ,секаде се зборува за маjка Бугариjа, бугари и бугарско население во Македониjа.
Од: Владимир
Датум: 18.06.2011 15:34:39
„Според едни, тој (Тодор Александров м.з.) се борел за автономна Македонија, а според други и' служел на бугарската монархија’ ... Да, да... исто како и што според некои Блаже Конески се борел за македонштината, а според други се борел за интересите на кралството Србија, бидејќи бил ученик и стипендист на Србија и српски воспитаник.
Од: Balkanec
Датум: 18.06.2011 21:12:54
Kje razbereme li eden den deka Bugarite ni se prvi prijateli,da ne recham brakja?! Ako bea tolku loshi zashtot site nashi vistinski dejci uchele i begale u Sofija a ne u Belgrad?!?!? Kje razbereme li deka Bugarija prva ne priznaa, kje pomnime li deka ni pratia tenkovi(kakvi takvi, spasia mnogu Makedonski dushi, imam lichno prijateli koi bea spaseni vo Radusha od "rasipan" BG tenk). Toa ne bilo borba protiv Makedonci ili Bugari a bilo vojna protiv Srpskiot okupator na Vardarska Makedonija(Juzhna Srbija) i protiv komunistite. Znaete li kolku drugari se ubieni u Bugarija ot Bugarite fashisti, znaete li kolku Srbi se ubieni od Srbite Chetnici, znaete li kolku Hrvati se ubieni od Hrvatite Ustashi, znaete li kolku vmrovci i sdsm-ovci se ubieni od vmro dpmnOVCI?!?!? Dosta ste pishuvale gluposti i dosta ste chitale glupi Balkanski istorii, mislete malku so svoite glavi shto gi imate na ramenici, nemora da se sakame so site komshii, no daj da se pochituvame!!! Site sme topli i prijatni lugj

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Имав кариера што може да ја посака еден актер
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Груевски и Ахмети остануваат партнери
Како мафијашите даваат ветувања
Живот зависен од сонце и од ветер
Масовен протест против полициската бруталност
Нема пријатели, не се сеќава на ништо од претходниот живот
Јелко Кацин
Прошетка низ бањите и приказните на Словенија
Вардар во конфузија
Составен споменикот „Воинот на коњ“
Непроспиени ноќи поради духови
Од диктатура до демократија
Величествено славење на животот
Богов очекува пониска инфлација
Магијата на парите
Што не му одговара на вашиот хороскопски знак
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
На Мијалков не му е местото во тимот
Еднојадрена верзија на Optimus
Загина девојка во тунелот „Катланово“
Хроничар на сите промени
Македонец херој во Бугарија
Јонуз разрешен од селекторската функција

"""