Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов

Настапот на Ѓорге Иванов во Могила и спомнувањето клетви се „застрашувачки и во морален и во интелектуален поглед“

Билјана Јовановска



Обраќањето на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов пред насобраните жители на Могила, главно млекопроизводители кои со месеци ја чекаат исплатата на млекото, не само што таму, на самото место, беше пречекано со свирежи туку ја шокира и македонската јавност. Претендентот за највисоката функција во државата ги измеша лончињата и на запрепастување на присутните стасал до клетвите.

Откако ја „оправда“ Владата дека таа не е „овластена да го решава проблемот на млекопроизводителите“, на насобраните на предизборниот митинг им порача да му се обратат на претседателот Бранко Црвенковски. Иванов, откако претходно го обвини СДСМ дека ги „испратил да му го растурат митингот“, почна да „реди“.

И така, човекот кој себеси се декларира како верник во деновите на пост не се стеснуваше да каже: „Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи. Затоа, немојте да мислите на лошо, немојте да мислите на зло, оти злото ќе си дојде. Кога човек мисли на добро, и добро му доаѓа. Така и млекарите треба да мислат дека ќе дојде решението“.

Иако во јавноста ова, во најмала рака, необично обраќање, вчера беше топ-тема во сите муабети, најповиканите за толкување на ваквата реторика на претседателскиот кандидат - владиците на Македонската православна црква - беа без текст. Сите со кои стапивме во контакт, помалку или повеќе, имаа ист одговор: „Не сум го слушал, не можам да коментирам“. Зошто ги одмолчаа клетвите, нема да коментираме, бидејќи ваквиот став доволно говори за релациите на МПЦ со актуелната власт.

Македонија процентуално има голем број верници, но сепак, кога цивилни лица се ставаат во улога на свештеници и се плеткаат онаму каде што не им е местото, тоа редовно наидува на критики. Колку за потсетување, на реакции наидуваа и изјавите на претседателот Борис Трајковски, кој знаеше да каже „Благословена да е Македонија“, иако, за волја на вистината, тој беше и вистински пастир на Евангелско-методистичката црква.

Примерот од Могила не е единствен. Иванов многу чес��о користи слична реторика, наспроти фактот дека Библијата строго го забранува фрлањето клетви (доколку не станува збор за еретичко учење, но и тогаш тоа го прави Црковен собор). Доколку продолжи во ист стил, велат, ќе и' нанесе штета и на партијата што го кандидира, а ВМРО-ДПМНЕ претендира дека ги почитува и се залага за христијанските вредности.

Со таквиот начин на комуникација, како што објаснуваат нашите соговорници кои од разбирливи причини инсистираа на анонимност, Иванов осудува секакво друго мислење, поразлично од неговото. А тоа не е ништо друго, туку најгрубо непочитување на самиот концепт на човековите права и на слободата на изразување. Згора на тоа, што за еден потенцијален шеф на државата е крајно непримерен начинот на вакво изразување.

За проф. Љубомир Цуцуловски, настапот на Ѓорѓе Иванов во Могила и спомнувањето клетви се „затрашувачки и во морален и во интелектуален поглед кога некој, па дури и да е претседателски кандидат, фрла анатема врз цел еден народ или врз еден негов дел што мисли поинаку“. Тоа е, вели, уште една потврда дека живееме во периодот на средновековието.

„Ако добрите мисли добро носат, а злите - зло, тогаш следува дека господинот Иванов треба да си седи дома и да мисли само на убави нешта, па, според таа логика, ќе стане претседател без да оди низ селата“, забележува Цуцуловски.

Професорот појаснува дека ваквите обраќање се „во целосна колизија со христијанските принципи, според кои треба да се напушти еврејското обичајно право „око за око, заб за заб“ и да се замени со христијанската љубов: „Кој тебе со камен, ти нему со леб“. Но, изјавата на Иванов не само што не е на нивото на христијанството, туку со ваквата реторика сите не' враќа во претхристијанскиот период, во периодот на јудаизмот“, смета Цуцуловски.

 


#
Статијата е прочитана 6155 пати.

Испрати коментар

Од: Mario
Датум: 10.03.2009 21:50:14
Ако ништо друго, барем го видовме! За само 3-4 дена ја видовме суштината на Иванов, под онаа маска која ни се прикажува на рекламите. А суштината му е застрашувачка. Човек КОЈ ГЛУМИ христијанин а колне како најобичен безбожник. Човек кој глуми дека пости а пробува само ‘едно мало парче‘ од пицата на заедничкиот појадок. Човек кој глуми воспитаност а е тежок простак. Човек кој глуми патриот а се плаши од јавни соочувања. Што да се каже за човеков кој ГО КОЛНЕ СОПСТВЕНИОТ НАРОД освен дека е прост, некултурен и примитивец.
Од: R.R.
Датум: 11.03.2009 00:04:51
Izvinete Ivanov rece nesto sto dosega nemase izlezeno od ustata na nekoj SDSM-ovec???I sto tolku krenavte prav okolu ova?? Mozebi nekoj se prepozna po svoeto zlo????Napred Ivanov!
Од: Irina,kavadarci
Датум: 11.03.2009 00:11:17
Ne e tocno deka Ivanov frla kletvi,zosto sekogas gi prevrtuvate recenicite..?!?
Од: marija
Датум: 11.03.2009 00:12:26
kolku narod gi kolne Branko i sdsm do sega ne zanam sto trebase da im se sluci ,ako Ivanov kazal nesto sto za primer ne znaci deka gi kolnel.A onoj Frckovski sto krsi noze zosto toa ne se komentira ili edvaj cekate vlakno vo jajce da mu najdete na Ivanov.
Од: Никола
Датум: 11.03.2009 00:18:27
Утрински има започнато некоја хајка против Иванов, а Вечер против Фрчковски. Оние што не знаат да ги селектираат информациите и критички да ги филтрираат, можат многу да се збунат.
Од: glasac
Датум: 11.03.2009 00:19:07
Kaj nas sekogas na izbori ima kandidati megju koi nemozes da izberes ednostavno site se od ist koš...Taka i na ovie izbori nema za kogo da glasas...
Од: Вистина само
Датум: 11.03.2009 00:20:57
Не вреди човек воопшто да коментира за изјавите на Иванов, мислам доволно е едно ГОЛЕМО СРАМОТА. Што се однесува до тоа кој ке биде идниот Претседател на државава ! па дпме и Амди да го предложат ! ќе стане Претседател. Кога интелегенцијата молчи , Фамилијата го малтретира секое домачинство и го присилува да уфрли ливче за пропаст. Нека ни е наздравје. Демоктатијата засега е на колена. поздрав
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:23:33
koja javnost? branko i sdsm?
Од: Vlado
Датум: 11.03.2009 00:38:01
Zamisletego utre vo drushtvo so Merkel Obama Medevedev..... Teshko nas
Од: graganin od Kavadarci
Датум: 11.03.2009 01:01:49
Mnogu mi e strav da komentiram da ne me fati kletvata.
Од: citatel
Датум: 11.03.2009 01:14:58
Od kade e ovaj izguben sluca? Ovaj saka da bide pretsedatel!
Од: Marx
Датум: 11.03.2009 01:52:23
Makedonija ima Ovcar, ostanuva uste da se prebrojat ovicte na slednite izbori.
Од: христо
Датум: 11.03.2009 02:04:55
Незнам по кој пат се обидувате да го омаловажите Иванов, како некој од опозицијата да ги пишува текстовите!? И јас се согласувам дека владата не е должна да подмирува приватни долгови, туку ако има простор за криминал да поведе постапка.
Од: jimmy1
Датум: 11.03.2009 03:17:55
Tipicna VMRO-ovska navika, sekogas obvinuvaat drug za ona sto ke go isposerat. Ova ne im e prv pat pa veke sme naviknati na vakvi nesta. Dali Ivanov se kandidatira za predsedatel ili za pop na Makedonija? Po seta ovaa ujdurma kako nie ocekuvame toj da bide predsedatel na site vo Makedonija, i kakov predsedatel ke bide. Vo demokratskite zemji vakvite glupaci se povlekuvaat od kandidaturata. Koga se otvorase mlekarnicata Grujo obekavase brda i dolini pa sega gspodinot ne bil vinoven. Vinoven e i to kako, a nee cudno da najgolemiot del od kolacot go ima dobieno ovcarot Grujica. Ete sega neka vidat gluvceto Miki, Mihailov, nekoja si od Kavadarci i nekolku drugi zabludeni vo sektata narecena VMRO, kakov covek imaat kandidatirano za predsedatael, a toa e dokaz deka popameten nemaat nitu pak ke imaat. Na Brane ne mozat nitu voda damu nosat, ke e isturat.
Од: Skopje
Датум: 11.03.2009 04:08:12
Of mori majko pa sto drugo da se ocekuva od Ivanov!!!??? Se gleda deka covekot si e prilicno prosticok i vo nemanje argumenti obicno takvite luge se sluzat so takov recnik. Tesko si na Makedonija ako vakov covek bide Predsedatel na drzavava. Ne sum partiski opredelena ama prosto im se cudam na lugevo kako mozat da podrzat takov covek za Predsedatel na drzava. Moze si e covekot dobar profesor ama za Predasedatel ic ne go biva. Toj ke bide SRAM za celata nacija. Onie iskusni "volci" stranski Predsedateli ke si igraat drndupka so nego, ke si go mackaat kako puterce na lepce a on jadnik ne ke znae ni dva zbora da kaze.
Од: Trpe 2
Датум: 11.03.2009 05:53:07
Ne samo ova sto se sluci vo Mogila.Poglednete ja izjavata od pred nekolku dena za otvorenosta na zemjata.No, sto mozeme ?Nam izgleda takva ni' e sudbinata .Najlosoto e :na predlagacite ne im e bitno KOLKU KANDIDATOT E SPREMEN ,tuku nesto drugo.Vo Makedonija sekoj misli deka moze da bide Pretsedatel.
Од: dragan
Датум: 11.03.2009 06:09:12
Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи ovaa li e kleveta , ili trebalo da kaze , koi zlo pravat dobro da ti snajde
Од: Vlado
Датум: 11.03.2009 06:46:16
Ovaa Nesreka nesmee nikako da stane Predsedatel! Skraja bilo!
Од: makedon toronto
Датум: 11.03.2009 06:57:12
makedoncite sekogas si go izbiraat zasluzenoto zatoa i taka pominuvame nemajci cuvstvo na pripadnost i kvalitet kakov sto e srdzan kerim neka ni e gospod na pomos - ama i toj ce ni go zavrti grbot
Од: dedo dimo
Датум: 11.03.2009 07:25:24
Ovaa gospoga od statijata mnogu go izkrivichi seto ,od pouka do kletva ima golema razlika .Gospogata se oseka kriva , pa zatoa vaka pishuva .No IVANOV ovde e vo pravo a pravdata sekogash pobeduva ,NEZABORAVETE .
Од: pance
Датум: 11.03.2009 07:52:32
So vakokva vlada so vakov nimni kandidat ne sedum kolena tuku nasa Makedonija nikogas derman nema da ima.Se nadevam deka nasiov narod bar malku se osvesti pa ce razmisli za kogo ce glasa.Jas sigorno ne . za vaka siromasno ama bas so se profesorce.
Од: Kole
Датум: 11.03.2009 07:59:29
Џанум прав Вранишковски... нема што...
Од: dobronameren
Датум: 11.03.2009 08:01:40
Smetam deka Ivanov e vistinski reprezent na makedonskiot narod.Go gledam na ovie platenive politicki reklami ,covekot e totalno zbrkan kako da go fatile apansus od spienje pa se umi sto sega da kaze mislam da go prasa nekoj iskreno da kaze i samiot e pisman sto se kandidiral.Covekot e na teski maki vlezen e vo tugji cevli koi mu se cas 2 broja pogolemi a cas 2 broja pomali i na takva maka normalno ce kolne Ne kriv covekot krivi se tie sto go kandidiraa
Од: kicevo
Датум: 11.03.2009 08:11:27
Neka pomisli samo toj,deka, za nekogo negovite misli se zlo,pa togas negovite sedum generacii kako bi se cuvstvuvale. No za zal covekot ne gleda podaleku od nosot a kamoli 7 generacii odnapred.Zalno e za Makedonskiot narod sto e golema sansata edna vakva selska baba,da ja vodi vo vreme koga treba da pokazeme vistinski evropski vrednosti, tolerancija i politicka pragmatika.
Од: vick oh
Датум: 11.03.2009 08:13:19
Gospode prosti im(na Ivanov, a i na celo vmro dpmne) ne znaat so pravat...da znaat ne bi se igrale vlast..stata za nasata drzava so vakvi koi ne vracaat vo vremeto na inkvizicijata i sekoj koj ne e so niv ce go proglasat za vester i pravo na klada..Narode..aj da gi sprecime vo toa...
Од: jony^
Датум: 11.03.2009 08:24:16
Gleda gospod ke im vrati i nemu i na G^uevski za site zlodela sto gi pravat vrz Makedoskiot narod.Mlekarite se vo dolgovi do gusa a toj im frla kletvi.Zar lici toa na nakoj sto ja saka Makedonija i bara da glasaat za nego za da stane pretsedatel i uziva vo blagodetite?
Од: stole
Датум: 11.03.2009 08:27:07
Ima edna stara narodna pogovorka koja glasi:"od magare ne biduva trkacki konj" ta da ovoj predsedatelski kandidat nekee sozrean da bide na celo na takva institucija. najpameten ke iskoci ako si se povlece od ponatamosno rezilenje, pa profesor e treba sam da ja sogleda realnosta.
Од: Џони Златоуст
Датум: 11.03.2009 08:27:32
Види, види, кој се пишува и коментира за христијанството и Библијата. Внимателно прочитајте ги зборовите: „Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа... Кога човек мисли на добро, и добро му доаѓа.“ Многу убаво кажано.
Од: asterix
Датум: 11.03.2009 08:34:17
Чекајте уште кампањата е во своја почетна фаза, а веке чувме толку многу глупости, а што ли уште следи. А едно големо СРАМОТА за МПЦ која дефакто стана комитет на ДПМНЕ!!!!!!! А се во функција на одбрана на угостителските амбиции на истата........
Од: mene
Датум: 11.03.2009 08:41:55
Samo toa i mu ostana...Sramota !!!Bruka!!!Ne znae sto drugo da kaze i frla kletvi,kako nekoja vesterka,valjda posto dedo mu i baba mu mu raskazuvale samo prikazni so vesterki,kako sto kaza samiot pri posetata na nekoj dom za stari lica....Ama se se vraka,taka da nema da bide iznenaduvanje ako covekot na polnok se prestori vo tikva
Од: dijasporec
Датум: 11.03.2009 09:08:29
Hitler si go najde svojot Gering.Crnite kosuli ne gledaat nisto loso vo gnasnite kletvi na (Kara)Gjorge.No,poleka nasetuvaat deka plancinjata i prevarite na Grujovci nema da odat mazno.Vrvot,sitni moi dusi vmro-ovci,go dostignavte so falsifikuvanite i nasilni vonredni parlamentarni izbori.Sega vi sleduva vrtoglav pad.Dupkata veke vi e iskopana...
Од: Pero
Датум: 11.03.2009 09:09:30
Концептот на Водачот е јасен - да се инсталира Претстедател кој набргу ќе го претвори во ,,англиска кралица,, (со уставни промени) и да си ја концентрира власта во фамилијата. Во право е оној кој напиша дека и Амди Бајрам да го кандидираат ќе го изберат. Јас само се надевам дека граѓаните на Македонија најпосле ќе се освестат и дека овој ренегат на Водачот ќе го ,,испратат на себепреиспитување,,. Оти за жал кутриот незнае или се прави недоветен за тоа која е неговата идеолошка фактура - левичар или десничар. Мене сепак ми личи на камелеон, кој ја бара својата шанса да влези во историјата на овој народ. А за неговите тврди бранители - ќе заигра мечката и во нивниот двор, па тогаш ќе се освестат дека нивните деца се без никаква перспектива.
Од: slartibartfast
Датум: 11.03.2009 09:12:15
Dali slikovito mozete da si gi zamislite kako izgledaat ovie RR, Irina Kavadarci, miki maus, nikola i sl. na niv. Nekoj odamna ni frlil kletva pa sega ne snasla vakva nesreka da mora da gi trpime ovie faci, Grujo Ivanov i drugarcinjata.
Од: carevoselec
Датум: 11.03.2009 09:15:41
Mnogu vreva za nisto.Od omraza,minavte na laga i kleveta.Gebels ne vi e ramen,go presisavte.Koja kletva,znaete li vie antihristi sto e kletva. Aj da ve vidam sto ke napisete za BC i i za Semata koi vo Delcevo zagovaraat nasilno urivanje na legitimno i demokratski izbranata vlast i vlada.Zasramete se. Brat Erole,ne e loso da gi proveruvas tekstovite,kade ociglednite fakti se izvrtuvaat.A be taka li pravat profesionalci.Sramota za renometo na Utrinski
Од: XXL
Датум: 11.03.2009 09:24:15
Si kaza ubavo ..covekov sto misli...ic ne cekajte da Vi go resam problemot ..kako dobar hristijanin..ve upatuvam ..molete se za pomos na svevisniot...!!! Taka i pocinatiot predsedatal Trajkovski ..non stop ne blagoslivase BOG DA JA CUVA Makedonija ..pa do dobime "ohriskiot dogovor" koj poveke ne skara odkolku "usreki"...
Од: димитар
Датум: 11.03.2009 09:33:23
Нека ми одговори некој: Што мислеше Фрчко со неговата изјава-„А со оние вмровчиња кои ќе останат-ние знаеме како треба со нив“????. На што асоцира? На некое одминато време?
Од: Dragi
Датум: 11.03.2009 09:38:54
Изборот на Иванов за кандидат на ВМРО е вистинска навреда и за самото нивно членство. Па не е толку очајна таа партија со кадри па мораа овој хаос од човек да го изберат. И не ми е јасно како оние членови на ВМРО кои имаат изградени вредносни критериуми треба да си плукнат пред се‘ на себе си за да го гласаат Иванов. http://www.youtube.com/watch?v=q7gADiPqC_0
Од: Crnice
Датум: 11.03.2009 09:44:25
Od sie nastapi na ovaa kreatura edinstvena korist i inspiracija ke imaat Bubo Karov ,Toso i Mile Panika. Ako ne drugo baren ke ima dobar humor!! Licno go poznavam ama deka e vakva supelka ne sum znael, sekogas kjuti kako mutav!
Од: trpana
Датум: 11.03.2009 09:44:53
Ne razbiram zosto go obvinuvate Utrinski deka pisuva zlonamerno protiv Ivanov???? Pa negoviot ereticki nastap go dadoa i vo izvestaite na elektronskite mediumi! Sramota za profesor, a pred se covek koj pretendira da stane Pretsedatel na Makedonija!!!
Од: dragan
Датум: 11.03.2009 09:46:23
Nisto cudno od vmro-ovcite i nivnite kandidati za pretsedateli.Kakva partija takov kandidat a slucajno covekot da ne trebase da se kandidira za pop namesto za pretsedatel
Од: Flora
Датум: 11.03.2009 09:48:28
Uzas me fakja koga ke pomislam deka vakva primitivna persona moze da stane pretsedatel na mojata zemja. Uzas me fakja sto i tolpa nedokvakani primitivci go podrzuvaat ovoj prostak. Francuzite velat: "Quand paysan arive a la ville" ( Koga seljak ke dojde v grad), a jas na ova dodavam: toj"jOmnia sua secum portat"( Se svoe so sebe nosi): naviki, vokabular i se drugo. Pravam razlika megju selani, koi izvonredno gi pocituvam i seljaci chij ekvivalent e "prostaci". Zalna li e Makedonija!.
Од: realen
Датум: 11.03.2009 09:51:01
Nisto cudno, trebase samo vreme pa da "tropne". Kolku trudovi napisal, odnosno prepisal - ne e vazno. Covekov e katastrofa, a za toa mislam deka e svesen i Gruevski. Sigurno sekoj den go peat kako da nastapi. A Frckovski, pa negoviot vokabular e poznat, jasen i britok; so nego se znae na sto si. Zagrizuva faktot sto site sestmina, osven Ivanov, imaaat slicni ili identicni prioriteti. Kade li e greskata. Verojatno vo narodot, koj pak ke glasa za pandelki, sportski sali, plostadi, a ne za nov evropski pristap kon idei i predizvici, ne kon apsolutnite prioriteti na Makedonija. Meraci pusti meraci, kako ne mu e sram i semejstvoto da go involvira vo kampanja, pa ovoj navistina nema vospitanie i so gordost treba da zboruva deka od selance stanal profesor, odnosno si ucel i kako vo bajkite-resil da stane Pretsedatel marioneta na vlasta. Ubavina.
Од: blaze strumica
Датум: 11.03.2009 09:54:29
me podseka ivanov na filmo zona zamfirova ama kako ja glumi ulogata na manulace,za gerh e covekot,ajde da kazeme kraj na ovie vmrovci da stavime kraj na fasizmot
Од: Donadoni
Датум: 11.03.2009 09:59:09
Ocigledno deka Sdsm e vo se pogolema panika pa i vie od Utrinski pocnavte da se fakate kako davenik za slamka.Sto ne pisuvate kritika za krsenjeto noze na Frceta,i ako ste nezavisen vesnik objavete go komentarov.
Од: mira
Датум: 11.03.2009 10:09:12
dobro se organizirale SDSM-ovci, da se obraka vnimanie na vakvi gluposti prvo ne zbori za niv kako seriozna opozicija. Da se fakkaat na sekoj zbor, covece pa imaat li oni nekoja seriozna rabota i mislat li na nekoi resenija da ponudat. Pa sto da kazeme site nie - narodot za "pametnite izjavi" Frcko.SDSM neka se fati za rabota a ne da lovi koj sto rekol. Neka se iscistat od vnatresnite kriminalci i neka gi vratat site pari i firmi sto ni gi ispokrade, za da mozat da naogaat mani na drugi. Pa site nemoze da ja pominat nivnata skola i da se verziraat vo kazuvanje na ubavi sareni lazgi.
Од: ivan
Датум: 11.03.2009 10:11:38
Abe luge kazete sto da pravam za deset dena kampanja, dvapati mi dojdoa na vrata mi nudat nekakvi knigicki, penkala,kapi i tri pati mi se javuvaat od nekoj si kol centar na VMRO. Me prasuvaat kakvo mi e mislenjeto za nekoj si Dimic. Jas tripati im kazuvam deka ne me interesira politika. Da ne mi frlat nekakva kletva
Од: orce
Датум: 11.03.2009 10:16:14
Prestanete da se sluzite so selektiranje podatoci,vadenje od kontekst i so bombasticni naslovi da ja manipulirate makedonskata javnost
Од: Дарко
Датум: 11.03.2009 10:16:22
Najgolem prostak sto go imam videno e Ivanov tesko nas so takov kandidat pa use ako uspee da pobedi.. vmro ni ja potcenuva intelegencijta ako misli deka ke glasame za nego
Од: Davor Kamenko
Датум: 11.03.2009 10:28:28
Epa kako mozete be narode da glasate za ovoj covek jas navistina ne mozam da razberam.. Ova e sramota, i ova e tolku prosto od negova strana sto ne nalikuva na bilo koj obrazuvan vozrasen covek, a kamoli za kandidat i najverojatno iden pretsedatel na nasata drzava.. Pak ke kazam, ne e ova sport, pa ne e bitno koj e covekot samo vmro da e! Ovde se raboti za covekot koj sto ke ne pretstavuva nasekade vo svetot.. Zamislete samo kako bi izgledalo toa.. Ne sum za sdsm, megutoa poglednete go Branko i poglednete go Ivanov.. Nivnite gestikulacii, nivnite zborovi.. Branko e politicar, a Ivanov ne go biduva ni za pop!!! Neznam narode kako mozete da izlezete na izbori i svesno da glasate za ovoj covek! Ne mi e jasno!!! Pazete sto pravite, cetiri godini ke treba da ne srami covekov! Vnimatelno na glasanje! Mislete malku so svoja glava, a ne kako vi vika ovcarot!!!
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 11.03.2009 10:39:11
Pa zarem Frckovski ne rece " da im gi skrsime nozete". Koga veke sme kaj kletvite koj gi razbira neka ja protolkuva i ovaa na Frcko. Ili oti go sledite sekoj cekor i zbor na Ivanov pocnavte i zborovite da mu gi tolkuvate .A i covekot arno si rekol koj pravi dobro so dobro mu se vraka, a koj zlo sto da kaze pak so dobro li se vraka? Pa i vie samite taka ke si kazete ako dobro ja izmislete.
Од: Љубо
Датум: 11.03.2009 10:39:32
Што се заплеткувате во теми што не ги разбирате.Да не сте за жалење, можеби ќе бевте смешни.Каде во текстов има клетва.Знаете ли што е клетва.Од лошотилок не гледате од носот подалеку.Зошто не потценувате нас,вашите читатели,до кога вака.Ве молам немојте,ни правите мечкина услуга.
Од: tihi
Датум: 11.03.2009 10:40:48
mnogu zloba ima vo vasite dusi.jadni es de es ovci.za vas samite necini toa.a jas ednostavno ke ve ignoriram.ne zasluzuvate nikakov komentar.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.03.2009 10:46:00
Ne sakam ni da pomislam kakov vpecatok za FYROM ke imaat stranskite drzavnici posle sredbite so ovoj covek. Ako narodot go izbere za pretsedatel, takviot vpecatok ke bide zasluzen.
Од: kumanovac
Датум: 11.03.2009 10:49:49
EEmore profesore more profesore dzabe ti taj skola kd si dozvolija edn vas ne doucen grujo da te izlze ida te stavi u oganj da izgoris za ednu ne blagodarnu funkciju. zasto on prv jutre ke te vika liceto GJ. I.
Од: Црноризец Храбар
Датум: 11.03.2009 10:51:10
Господ само да ни е на помош, каков е само тоа интелект. Вака спремен кандидат не сме имале, а не верувам и дека со векови ке имаме. Предлагам граганите на Могила, да се соберат да го изберат за Златоуст.
Од: mile
Датум: 11.03.2009 11:20:50
gospogo biljana za da ve informirame vas neznajcite toa ne se kletvi nego toase zapisi vo biblijata izrerceni od mnogu pogolemi od gospodinot ivanov koj e prav vernik a ne kako vas kletnicite sto ne hranete sekoj den so lazi i koj nemate nikakov mora kako vasiot kandidat frce no ne se sekirajte gospot gleda ivraka do sedmo pokolenie pa zatoa vas gresnicite ve stra o toa sto go kazala bibliata a g ivanov vi go kazuva vo lice no nie sto ne krademe lazeme i ne misleme nisto loso na drug ne se sekirame od kazanite zborovi
Од: Џони
Датум: 11.03.2009 11:27:05
Можеби идејата на Грујо е да има единство меѓу световната и духовната власт како во среден век, па затоа го предлага Џоле, кој ќе биде врховен командант и воедно врховен Бог на Македонија и ќе му се обраќаме со г-дин г-дин Иванов :)
Од: Bojan Holandija
Датум: 11.03.2009 11:47:33
Covekot e cepanica! Kako prvo nema osnovno poznavanje na makedonskiot jazik. Nema tecenje na misla, a sto se odnesuva do vospituvanje toa voopsto ne go dobil vo detstvoto. Edna recenica nema kazano bez deset pati da zastane, a da ne zboruvame za gramaticki greski i nemakedonski zborovi. Ne mi se veruva kako moze posle tolku godini VMRO samo vakvi cepanici da vadi. Od kade li gi vadi?!
Од: Prophet
Датум: 11.03.2009 11:54:24
Се прашувам кога тоа зло ке му се истури на граѓанинот Б.Ц. и неговата тајфа што ја салатираа Македонија во сржта на нејзиното оформување. Ѓубрето се чисти за еден ден, ама смрдеата трае многу подолго.
Од: Цела Македонија
Датум: 11.03.2009 12:08:40
Нели ви се чини дека човекот е залутан на овие избори, чиста марионета на Прилепскиот студент. Горги абе имаш ли ти образ и достоинство, жива брука да те бираме за градоначалник на Валандово и така и така ами ти прво па право за Претседател на Р.Македонија леле мури мајко зошто си ме родила.
Од: elena
Датум: 11.03.2009 12:34:50
kakva kletva be!, so zborite??? daj ne tresite zeleni pa taa izjava uopste ne e kletva!!!, tocno ne lici taka iden pretsedatel da dava takvi izjavi ednostavno ne mu e dostojno no, toa kako so go kazauvate i toa toj so go kazal ne se sovpaga, covekot ne sakal da frla kletvi samo sakal da im dade uteha na selanite deka ke im bide dobro zosto se dobri, a na onie koi go storile zloto vo slucajov po nekoe pravilo i zlo ke im se vrati, toa ne e kletva!! akcija-reakcija tret Njutnov zakon, vo naukata ne se veli kletva
Од: goran
Датум: 11.03.2009 12:42:24
Lele ne mi se veruva sto citam!!Koj li ke glasa za ovoj?!Katastrofa!
Од: blazo0870
Датум: 11.03.2009 12:46:18
toa sto go kazal netreba da gi plasi od
Од: lena
Датум: 11.03.2009 13:06:01
Pa sto se uplasivte tolku, dali se vidovte vo ogledalo pa ve fati strav ?
Од: ratatuj
Датум: 11.03.2009 13:07:37
Gorge za precednik,no vo seloto od koe sto e(ne e od Valandovo,kako so go prestavuvaat).
Од: од Чарли Чаплин
Датум: 11.03.2009 13:34:59
Клетвите што ги упатил Иванов од вмро ( напишано е со мали букви сатоа што овие луге не го заслужуваат ова име) се повратни и истите се однесуваат на него и негото вмро и кога тогаш ќе платат за неправдите нанесени на овој народ
Од: tetoec
Датум: 11.03.2009 13:51:04
“Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи. Затоа, немојте да мислите на лошо, немојте да мислите на зло, оти злото ќе си дојде. Кога човек мисли на добро, и добро му доаѓа“ ај сега новинарката во следниот свој партиски напис нека објасни што има лошо во ова освен ако таа не се нашла прозвана во оние што мислат зло и лошо
Од: Pirin
Датум: 11.03.2009 13:52:19
sekogas vo nemokta se povikuva gospod ili kletvi se pravat, a koj od kletva umrel i nesto mu bilo ili od pcovka nekoj truden da je, taka i gospod Ivanov nema sto da kaze pa se nafrlan na kletvi za narodot da se plasi ako ne go bira za pretsedatel kletva da go fati. ej narode makedonski za kletav da ne ve fati ne izleguvajte na izbori site pa ke vidi ivanov koi ke go glasa i dali site tie sto nema da glasaat kletvata od ivanov ke im stapi.
Од: Кичево
Датум: 11.03.2009 14:03:50
Македонија е библиска земја но ова го нема никаде. Цитирам „Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи. Затоа, немојте да мислите на лошо, немојте да мислите на зло, оти злото ќе си дојде“. Ако сме Христијани?....
Од: Verag
Датум: 11.03.2009 15:19:16
Човеков знае само да реди фрази,а овие земени од Библијата се меѓу поглупите,слична на онаа дека легнува и станува со Македонија. Ништо не значат,ама добро звучат.Зарем нема интелигентни луѓе во ВМРО? Ваков кандидат како Иванов сигурно имаат на тони,ако веќе земаат надвор од партијата барем да најдоа поинтелигентен .Дефинитивно професорот не е за председател.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 11.03.2009 15:31:42
Изјавата дека Иванов фрла клртви воопшто не е точна, погледнете ја реалноста на Фрчкоски со неговиот вулгарен вокабулар и се ќе ви стане јасно дека сакаат топката да ја префрлат на ВМРО ДПМНЕ. Навистина овие од СДСМ имаат проблем.
Од: Ljubica
Датум: 11.03.2009 15:32:10
Кој си ја има мувата на капата,негов проблем. А тој што си е праведен и чесен,нема од што да се плаши. Господинот Иванов не кажа ништо по различно од она што илјадници избркани работници за време на криминалната приватизација го кажуваат веќе 10-тина години. Каде бевте сите вие ( кои сега ја критикувате Владата на Груевски ) кога во 90-те години вашите големци го распарчија македонското државно стопанство и индустрија, и за багателна цена завладеаа со сопстевеноста над државните производстевни капацитети кои до тогаш ранеа цела земја, а денес во плодовите од сето тоа уживаат само СДС-мовските богаташи и нивните наследници, и тоа не само од првото туку и до седмото колено. Па од тука може да си ја потврдите вистинитоста на поговорката” Клетиот клетва не го фаќа”. Ама нив најмалку ги засегаат клетвите, туку жално е за овие што уште слепо им веруваат и не сфатат еднаш за секогаш дека времето на манипулации со македонските граѓани е завршено.
Од: do Marija, Irina,RR i drugite zakrzlaveni umovi
Датум: 11.03.2009 15:59:17
Bezpredmetno e da gi komentiram vasite nebulozni i maloumni pisuvanja. Koga ne prepoznavate sutrak i primitivec, prostak i infantilec, togas vaseto nivo e pod negovoto, kako, vsusnost na poveketo od VMROvcite.Bev neopredelen i pomisluvav-eve eden inetelektualec sto ke go podigne nivoto na razmisluvanje vo aktuelnata vlast, nivoto na intelektualnosta. Kakva ZABLUDA! Toj uste tolku gi sroza. neka im e na zdravje i nim, a bogami i nam. Tesko na MK od ovie nadokvakani politikanti. fala bogu sto navreme se otvori za da promislime pri glasanjeto.
Од: svedmilk i kletva
Датум: 11.03.2009 16:11:17
mlekarite se pravo sto go isvirkaa ivanov. a toj mesto da gi zalaze ako ne im pomaga drzi predavanja i frla kletvi kako ne mu e sram . i kako toa slusam vladata ne e dolzna nisto zosto SVEDMILK e privatna firma. a ispekciite kade bea spieja . ujp i dr redovno se vo site gradovi zatvoraat dukani za 5 denari zapijat se kaj nekoja firma , sekoj dokument go obrnat za da najdat nesto da pisat kazna . ocigledno e deka tamu vladata napravi dobra zdelka so potta na mlekarite SVEDMILK bese zastiteno od vladata zatoa nikoj ne prezemal nisto za da se spreci ovva katastrofa
Од: DarkoSK
Датум: 11.03.2009 16:31:29
SRAMOTA ZA IVANOV!! So vakvo ponasanje go pretstavuva nivoto na negovata partija!!!demo(NE)HRISTIJANSKA
Од: A.
Датум: 11.03.2009 19:15:18
Н Е Н Е Н Е Н Е Н Е Н Е за Иванов, за било кој друг гласајте. Срамота е Груевски што поддржува ваков кандидат. Прво мислев медиумиве го вадат од контекст, за да потоа сватам дека ТОЈ САМИОТ Е ИЗВАДЕН ОД КОНТЕКСТ!!! Не знае ни "Претседател" да каже (еднооки :))
Од: ace djole francija
Датум: 11.03.2009 19:35:17
e so be novinari nemavte so drugo da napisete hahahha ako e ova nesto loso receno pa sto se togas onie zborovi od recnikot na frcko aj kazete

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Сами против кризата
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
Строга контрола на изборните документи
На Србија и' се заканува банкрот
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија