Број 3598  понеделник, 06 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (7)

Британски новинар за Крушевската Република

Фредерик Мур го посетил Крушево и оттаму напишал репортажа за пљачкањето и за уништувањето на градот

Виктор Цветаноски


Илинденското востание имало голем одглас во светот. Многумина дипломати и странски новинари се обидувале да дознаат повеќе детали за него и за драмата на македонскиот народот. Некои го посетиле и Крушево. Најисцрпен извештај за тоа што се случувало за време на десетдневната Крушевска Република испратил Британецот Фредерик Мур.

„Некаде веднаш по полноќ, утрото на 2 август 1903 година, пукотници од пушки и непрекинато ’ура‘ ја нарушија тишината на мирниот планински град. Околу триста востаници под водство на Питу Гули и четворица други водачи го зазедоа градот на препад. Во малата камена касарна имаше петнаесет турски војници, а во Конакот (службената зграда) и во приватните куќи имаше десетмина или дванаесетмина турски чиновници со своите семејства и неколкумина војници. Мнозинството жители во градот беа христијани, Власи и една колонија Бугари. Војниците успеаја да ги грабнат пушките и да избегаат од касарната, а на бегање убија осуммина или повеќе востаници. И турскиот телеграфист избега, но чиновниците што беа во градот загинаа до последниот“, пишува тој во репортажата „По патот на Турчинот“, напишана во 1906 година.

Според него, откако ги опколиле државните згради за да го спречат бегството на Турците, востаниците ги запалиле Конакот, касарната и телеграфската канцеларија. Околу петнаесетмина-дваесетмина турски војници и чиновници биле застрелани додека излегувале од пламенот, но жените и децата биле безбедно одведени во една влашка куќа, освен една жена и една девојка што загинале при излегувањето.

„Утрото, востаниците поставија црвени знамиња низ градот и формираа привремена власт, именувајќи комисија составена од жителите, во која имаше двајца Бугари и тројца Власи, ’задолжени да ги задоволат секојдневните потреби и тековните работи‘. Без наредба, сите жители ги фрлија фесовите. Беа именувани тројца водачи на чети и една воена комисија, чии должности беа драстични. Првата одлука беше да се осудат на смрт двајцата ревносни патријаршисти, кои кај Турците ја кодошеле организацијата и подготовките на месниот комитет за востание во областа. Мажите беа заробени, одведени во шумата и погубени“, соопштува Мур.

Првиот ден востаниците оделе од куќа до куќа и барале храна и олово за куршуми. Во Крушево пристигнле и други чети, а еден број жители на градот им се придружиле на востаниците, така што нивната бројка достигнала над шестотини. Веднаш почнале да градат утврдувања и направиле две дрвени топчиња што биле бескорисни. Едното од нив Турците го однеле во Битола. На вториот ден богатите мажи од градот биле викнати пред воената комисија, која направила листа за богатството на сите „угледници“. Од сите била побарана сума пари соодветно на нивните можности. Никакви протести ни молби не ја смекнале комисијата и во сите случаи парите биле предадени во определено време. Биле собрани повеќе од 1.000 турски лири, а за возврат биле издадени пари печатени на хартија што можеле да се наплатат по ослободување на Македонија. Во неделата свештениците добиле наредба да одржат опело за покој на душите на загинатите комити. За редот и мирот во градот се грижеле стражи и патроли и не биле извршени никакви злосторства.

„Кога топовите беа распоредени на соодветна височина над градот, Бахтијар-паша, командант на воените единици, испрати писмена порака во која бараше од востаниците да се предадат. Востаниците одбија и се отвори артилериски оган. Повеќето од востаниците тогаш избегаа низ густата шума, која се чини беше оставена отворена за нив, но некои зазедоа поволни позиции на планинските патишта што водеа во градот, други зазедоа забарикадирани згради во предградието и некое време им даваа отпор на Турците. Двајца од водачите, Питу и Иванов, загинаа во борбите... На една конференција на водачите непосредно пред турскиот напад, Питу изјави дека никогаш нема да го предаде својот град на угнетувачот; другите можат да побегнат ако сакаат, но Турците ќе влезат повторно во Крушево само преку неговото мртво тело. Со осумнаесет мажи, кои избраа да умрат заедно со него, тој фати позиција до главниот пат, која ја држеше пет часа. Се зборува дека сам си го одзел животот со последниот куршум наместо да падне во рацете на Турците“, раскажува британскиот новинар Фредерик Мур.

По заземањето на градот од Турците, крушевчаните-гркомани, кои не учествувале во востанието, повторно си ги ставиле фесовите, а една делегација отишла со бело знаме до логорот на Бахтијар-паша за да го предаде градот. По пат биле запрени од војниците и башибозуците што ги натерале да ги испразнат џебовите и ги соблекле. Бахтијар-паша наредил да им се врати облеката и им рекол дека не може да направи ништо против „тие башибозуци“ – иако покрај него седел Адем-ага од Прилеп, кој ја донел со себе најголемата група башибозук и со кои Бахтијар го поделил пленот.

„Турците влегоа во градот во сурија, јуреа, викаа и пукаа. Башибозуците го познаваа градот, неговите богати дуќани и најбогатите куќи, тие со години тргуваа со Власите на пазарните денови. Знаеј�� дека патријаршиската црква е најбогата во Македонија. Дрвениот иконостас особено беше скап. Тие најпрвин отидоа во таа црква. Портите и' ги искршија во лута бркотница и по неколку минути црквата беше оголена од разулавените креатури сосе самите распетија. Потоа истурија цело буре масло во неа и по нејзини ѕидови; го запалија факелот и се распламтеа првите огнови при пљачкосувањето на Крушево“, ја пренесува Мур застрашувачката слика по заземањето на Крушево.

Потоа започнале да ги пљачкаат дуќаните. Врата по врата била кршена со секири, а откако стоката била опљачкана, дуќаните ги запалиле исто како и црквата. „Се вели дека неколку убави девојки им биле предадени на војниците во нивните логори. Но, Турците беа најмногу заинтересирани за грабежи. На луѓето што останаа во своите домови им се закануваа со смрт ако не откријат каде го скриле богатството. Бебињата им беа истргнувани на мајките од дојките и им се закануваа со смрт со сабјите“, ја завршува потресната репортажа британскиот новинар Фредерик Мур.

За драмата во Крушево пишува и лондонски „Тајмс“. Во првиот извештај тој соопштил дека на 12 и 13 август турските сили разурнале 360 куќи, сите грчки и влашки, 215 дуќани, грчката црква и училиштето, додека бугарската, како што го нарекува македонскиот кварт, била недопрена. На 14 август аскерот и башибозуците влегле во градот, каде што силувале жени, ограбиле куќи и заклале „околу 200 локални Бугари и уште 60 невини Грци и Власи“. Материјалната штета била голема, проценета на неколку милиони франци, а околу 8.000 луѓе останале без дом.

Слични бројки за настраданиот град соопштил и британскиот конзул во Битола. Сите очевидци едногласно посведочиле дека биле извршени масовни грабежите и нив ги вршеле башибозуци од околните албански села. Покрај парите, накитот, тешкиот плен, како што е мебелот, наполнил 2.000 запрежни коли. Насилството врз жените, главно, било дело на регрутите од Прешево или Гнилане од Косово. Бројот на силуваните жени бил многу поголем од тоа што им се кажувало на новинарите затоа што семејствата не сакале да ги кажат имињата на своите женски членови за да не ги изложат на срам.

Сите опожарени куќи и дуќани се наоѓале во долниот, богатиот дел на градот, во кој живееле грковласите, како што тогаш ги нарекувале неговите жители. Крушево тогаш бил поделен на Долно и на Горно Маало. Во Долно Маало живееле богатите влашки семејства што се декларирале како Грци, а во Горно македонското население. Имало и крушевчани што се определувале како Власи. Луѓето на Долно и на Горно Маало не се мешале. Долномалци посетувале една, а горномаалци друга црква. И гробиштата биле поделени.

За време на востанието настрадало само Долно Маало, иако неговите жители не учествувале во востанието. Горно Маало, кое масовно зело оружје, останало негибнато. За време на востанието бил уништен и симболот на големиот просперитет на Крушево, куќата на Ничота, дизајнирана според проекти направени во Виена, со четириесет или педесет соби, убави дрвени балкони, мермерни ентериери и свое сопствено водоснабдување.

(Продолжува)








#
Статијата е прочитана 3062 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 06.06.2011 00:38:53
"Od 20 juli do mesec noemvri 1903 god. stanale 240 sudiri megu 26.500 vostanici i 351.000 turski vojnici. Ubieni se i raneti 1000 vostanici i 5.330 turski vojnici. Izgoreni se 12.450 kuki na B’lgari vo Makedonija i Odrinsko. Ubieni i zaklani od turcite se 4700 nevini luge. Siluvani se 3122 zheni i momi. Zapleneti i odvlecheni vo Turcija 72 zheni i momi. Uapseni se 4000 B’lgari, od koi 1000 se osudeni na strog temnichen zatvor…”. Pavel Shatev, -Makedonsko nacionalno osloboditelno dvizhenje
Од: BgMak
Датум: 06.06.2011 01:02:04
"сите грчки и влашки, 215 дуќани, грчката црква и училиштето, додека бугарската, како што го нарекува македонскиот кварт" >>> штета што го е немало Блаже Конески да му "толкува". Ѓокооо, Ѓоко...Во 1890 проф. Бакалов е бил на....... 11 години :-).
Од: Gjokica
Датум: 06.06.2011 01:18:43
vtor dokaz Ќе додадам цитати од бугарскиот учен од 19 век, Атанас Б. Шопов, кој ги демантира своите сонародници од 20 век и вели :„Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана.Под австриска пропаганда се подразбира унијатството во Македонија со Ватикан.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 06.06.2011 05:37:41
Kole11.6.2011god. Kultiviran Balkanec.Po osloboduvane na bugarila povise od rajata vo makedonija se izjasuvali za bugari zosto mislele deka se bugarite pobliski do makedoncite nego tugcite.Maskata bugarska gimnazija vo Solu i zenskata bugarska vo Skopje istina se vikale Bugarski no ucitelite kirilicata klimentovijo pravopis solunskiot dijalek e bilo bugarskata ginazij. So tova pismo vo crkviete polovina Evropa preko devetstotini godini se suzela.Neznam koga se proglasuvat site zemli i sto od toj napoden i crkoven napravija nacionalen jazik zadenje Crnogorskio.
Од: pameten
Датум: 06.06.2011 07:13:13
Ovo shto e najvazhno da se sfati e deka podelbata vo 20 vek ne bila samo megju Mskedoncite I Bugarite od Bugarija. Golem del od Makedoncite "glasele so noze" I denes nivnite deca se vazhen del od Bugarskiot narod. Mora brgu da se najde formula za stratesko partnerstv so niv I so Bugarija. Togash kje se pozdravime deka na ilindenci im uspelo!
Од: vargo
Датум: 06.06.2011 07:50:36
А што пишува на капата на Пито Гули на сликата ?????????????
Од: Ood kade kaj Satev takvi precizni brojki?
Датум: 06.06.2011 08:49:34
Do Kultiviran Balkanec: Od kade Pavel Satev mozel da raspolaga so takvi precizni podatoci za brojot na ubieni turski vojnici i vostanici, siluvani zeni, raneti vostanici i Turci, zaklani i sl. Toj nitu imal nekoj analirticki cehntar, nitu mozel da gi koristi podatocite na turskite voeni izvestai i poveceto od tie podatoci se izneseni aproksimativno, ili izneseni "od rakav", na osnova na raskazuvanja, pisuvanja na odredeni stranski novinari i sl.
Од: euro1
Датум: 06.06.2011 11:19:54
Do kultiviraniot Makedonec, Vie ste gospodine izgleda prekukutiviran za ovie podatoci.Tolku bitki nemalo za celo tursko vladeenje,a mozebi gi broite i site aramilaci sto gi vrsile ne bi mozel da recam vostanici tuku aramii preobleceni vo turski nosii koi go ograbuvale i pljackale makedonskiot narod.Ako ne vie jasno prasajte nekoj postar Makedonec pa ke vi kaze deka Turcite ni donele zakon i red na balkanot.i deka istorijata ce go kaze svoeto.A eve ce ve podsetam na nekolku zapaleni sela koi ne postojat na karta i koi se zapaleni so cel narod od tnr. togasni kultivirani makedonci Sop,Kociste,Pesocani,itn
Од: ANA
Датум: 06.06.2011 13:05:13
Vistina!Dali nekoj moze da mi kaze sto pisuva na kapata na Pitu?
Од: Димитар
Датум: 06.06.2011 13:28:31
Не сум сигурен дали текстов воопшто треба да се коментира. Македонија и МАКЕДОНЦИТЕ биле под Османлиска власт кое дебело го користеле Волгарите со својата пропаганда па затоа испаѓа дека тука живееле бугари (со мало „б“) Како потомок на Илинденец можам да кажам дека Волгарите го минирале востанието бидејќи се водело за самостојна Македонија, а не за автономија во состав на Волгарија па ветеното оружје не им го испорачале на комитите МАКЕДОНЦИ. Колку да се знае!
Од: fil
Датум: 06.06.2011 15:33:06
na kapata na Pito pishuva "svoboda ili smrt" -na bugarski!!
Од: gogo
Датум: 06.06.2011 15:36:41
Na kapata na pitu guli pise SVOBODA ili smart (na bugarski) da znaete:)))
Од: bezanec
Датум: 06.06.2011 15:52:39
Од сите коментари дадени можам да заклучам,а бре македонче,академец до академец.По се изгледа што сме останавме последни во европа е заслуга на овие непишани академци,трошачи на времето ден да мине друг да дојде,белоденчење ама ни најмалку да се размисли за работа. Такви ги сака грујо.
Од: Го8
Датум: 06.06.2011 16:31:07
На капата на П.Гули пишува "Свобода или смъртъ".
Од: НЕ БАРАЈТЕ БУГАРИ Т.Е. ТАТАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ТУКУ ВО БУГАРИЈА ИМА ТРИ МИЛИОНИ МАКЕДОНЦИ
Датум: 06.06.2011 18:33:38
Никој не вика дека поголемиот дел од овие три милиони се искажуваат за Бугари па се работи за стогодишна асимилација. Зборуваме за историски факти. Туркотатарските бајгањовци со плитки мозоци се три милиони луге во Бугарија исто како што се три милиони луге со македонско потекло а остатокот во Буг се Турци Роми и др. Се разбира и Ромите се Блгари. Исто како во Грција каде и Ромите се Грци. И Власите се Блгари. Исто како во Грција каде Власите се Грци.Јасно ли ви е некултивирани.

Најди! во Утрински
Насловна
ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите мандати во дијаспората
Каде се живее најдобро во Европа?
Ливчето се сликало, списокот се читал наглас...
Беспарицата ги растура браковите
Не е време за големи прослави
Заврши романсата со Шон Пен?
Нова Влада до 10 август
Завршува магијата на Груевски
Живот на дијализа загорчен и со жолтица
Шварценегер ја изневеруваше сопругата и со мене
Протести по смртта на 23-годишниот Даниел
Замина Лоренс од Македонија
Гага-викенд на Водно
Приведен Љубе Бошкоски
Шара магнет за туристи
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8
Молчат, трпат и не кажуваат кој ги тепа!
Изборите добро спроведени, оценка на меѓународните набљудувачи
На Скопје му требаат прогресивни урбанистички идеи
Јован Манасиевски поднесе оставка
Карикатура
Изречени мерки за медиумите што го прекршиле молкот
Поскапува дизелот за еден денар
Онлајн вести

"""