Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

ДПА повторно ја отвора дилемата за враќање во Собранието

Партијата на Мендух Тачи јавно ја промовира идејата за дводомен парламент

Светлана Унковска
Гојко Ефтоски


И покрај тоа што меѓународната заедница инсистира ДПА да се врати во Собранието, сепак, на вчерашната седница на Централното собрание кај голем дел од делегатите немаше расположение за прекинување на бојкотот. Извори од партијата тврдат дека за ова прашање постојат поделени размислувања во членството. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, претходно имал и консултации со голем дел од партиските разграноци, кои сметале дека треба да се продолжи со бојкотот. Ова, велат извори од партијата, најверојатно ќе биде и конечна одлука на Централното собрание на ДПА, која партиските делегати требаше да ја донесат вчера доцна попладне. На тој начин Тачи ќе го оправда отсуството и пред меѓународниот фактор, кој на неколку наврати му порачува да се врати во работата на законодавниот дом.

На вчерашната седница на Централното собранието Тачи пред делегатите јавно излезе со идејата за дводомен парламент или сенат. „Врз основа на консултациите со соработниците и добрите познавачи на политичките прашања, решавањето на меѓуетничкиот спор во Македонија треба да се побара во идејата за дводомен парламент или основање нова институција сенат. Оваа идеја погрешно ќе биде разбрана, но одбивањето ќе предизвика Албанците да излезат со предлози што се на линија на одбрана на националниот интерес, а не на индивидуалниот интерес на граѓаните. Евентуалното одбивање на нови идеи може да биде причина за истражување и императивно наметнување на понудените решенија. Овие процеси никој не може да ги попречи“, истакна вчера Тачи.

Задржувајќи се на причините за бојкотот на работата во Собранието тој рече дека тие се резултат на непочитувањето на правата на Албанците и оти состојбата е многу полоша сега, во однос на минатата година кога решија да го напуштат Собранието. Тогаш Тачи како главни причини за излегувањето го наведе тоа дека сите поднесени иницијативи од ДПА биле бојкотирани. Како услов да останат во Собранието бараа да се примени употреба на албанскиот јазик во сите државни институции и на сите нивоа, автентично толкување на Законот за амнестија, а потоа и со новиот договор на ДПА.

„Во Македонија продолжува на се' порадикален начин да се присвојуваат државата и нејзините институции. Со проектот ’Скопје 2014’ Владата ја потврдува тенденцијата за присвојување на државата врз етнички и религиски основи. Македонија и сите ние заедно сме станале заложници на мегаломанијата на премиерот и на неговиот задоцнет коњанички романтизам“, истакна Тачи пред делегатите.

Според него, влошување има во сферата на официјалната употреба на албанскиот јазик и на националните симболи, непочитување на Законот за амнестија и функционирањето на парламентот. Тој додава и дека лидерот на главната владејачка партија инсталира авторитаризам, кој ја суспендира секоја иницијатива и ги негира моралниот, полититичкиот и интелектуалниот интегритет на претставниците на народот.

Како стратегиски рамки лидерот на ДПА ги нагласи почитувањето на територијалниот интегритет на Македонија, членството во НАТО и во ЕУ, почитување на принципот на секуларност на државата и легитимацијата по пат на слободни демократски избори. „Одбивањето на концептот на консензуална демократија не може да се карактеризира како затворање на албанското прашање туку, напротив, како се' попрецизно барање што ја тера другата страна да се откаже од тесноградната политика од политичкото лукавство“, заклучи Тачи.


#
Статијата е прочитана 717 пати.

Испрати коментар

Од: struzanec
Датум: 12.07.2010 01:17:43
Drugo sto ke se napies? ......Sto li ne ke procitas!?Samo baraat,baraat.....kraj nema!
Од: Лепо певаш, али глас ти не ваља
Датум: 12.07.2010 11:41:17
Е, вака да збореше кога беше заедно со Груевски на власт и кога те славеа како војвода, сите ќе ти веруваа! Сега малку морген...
Од: goran
Датум: 12.07.2010 12:42:07
čim im e tuka se malku ete im ja Albanija i kosovo pa neka odat tamu oti će imaat prava poeće otkolku tuka!So sreća neka im e .
Од: mene
Датум: 12.07.2010 14:41:39
NE biva od nego politicar toa e. Sto da pisam drugo

Најди! во Утрински
На прво место
Ќе има ли повеќе пари за судството?
Во ЕУ за две-три години