Засилени контрола против 100.000 нерегистрирани возила
Полицијата најави засилени контрола за проверка на регистрациите на возилата, кои учествуваат во сообраќајот, објавувајќи им војна на околу 100.000 нерегистрирани возила, кои диво возат низ државата.
„Бидејќи се планирани засилени контроли, апелираме до возачите да ги регистрираат возилата. Граѓаните имаат рок од 30 дена по истекот на регистрацијата одново да го регистрираат своите возило, ако не го сторат тоа ќе бидат казнувани“, вели Иво Котевски, заменик-министер за односи со јавност во МВР.
Регистрацијата на возилата, според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, е задолжителна и трае една година. Но, покрај законската обврска, се' уште на улиците можат да се најдат возила чии регистрации се изминати. За овој прекршок е предвидена парична казна од 300 евра за сопственикот на возилото, додека фирмите, кои навремено не ги регистрирале своите возила, треба да платат 480 евра. (Ј.К.) |