Колективот „СубРоса“ се претставува во „Точка“
Во Културниот центар „Точка“, вечерва во 20,30 часот, ќе биде одржана јавна презентација на колективот „СубРоса“ од САД, организирана од „Прес ту егзит проџект спејс“ и Факултет за комуникации и медиуми, при Њујорк универзитетот.
Презентацијата доаѓа по веќе одржаната работилница за изведувачки уметности, под наслов „Гестација-колаборативна работилница за перформативна уметност”, чии резултати ќе бидат вечерва прикажани, по што членовите на колективот ќе одржат и предавање за скорешните трендови во тактичките медиуми, преку видео - презентација на својата уметност.
„СубРоса“ е колектив од културни работници посветени на креативно комбинирање на уметноста, активизмот и политиката. Досега настапувал и изложувал во САД, Холандија, Германија, Мексико, Канада и Сингапур. (К.Б.) |