ОХРИД - Националната установа Завод и музеј Охрид во наредните десет дена ќе го реализира вториот дел од проектот за извлекување старо оружје од дното на Охридското Езеро. Кустосот Никола Целакоски појасни дека акцијата е почната во 2007 година, кога кај стариот дел на Охрид, пред месноста Сараиште се извадени голем број примероци на оружје, во најголем дел од периодот на Отоманската Империја.
„Тогаш беа пронајдени 62 парчиња оружје во многу добра состојба, повеќето кубури, пушки и сабја што датираат од периодот меѓу 18 и 20 век“, истакна Целакоски.
Во акцијата со финансиска поддршка на Министерството за култура се вклучени обучени лица од нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.
Меѓународниот инструктор по нуркање Милутин Секулоски објасни дека нуркачите имаат поминато курс за подводна археологија и знаат како да се третирааат пронајдените артефакти. (Д.Р.)
Од: Ајван Доктор® -До:nekoj (Повеќе нема да реплицирам)
Датум: 16.04.2010 09:36:44
Ете докази дека nekoj е сосем во право!Експерти за археологија-Со курс за подводна археологија!Па и во американскиот урнат Сон, терористите од Al-Qaeda, со помош на книга-прирачник научија да возат Boeing 747! Па и „нашите“ исто: со помош на прирачникот „Како Аце и Бу-кефалос го освоија Светот“, успешно ја уриваат државата!Оние кои не можат да стигнат никогаш ниту до просекот,само мислат дека ме надминале!Погледни ги Шерифот со неговите Заменици и Нашето Нисочество!Шуплините им се преголеми за да ме стигнат!Во Бајката за McLaboud пишува дека големината на овој потпросечен „научник“, потекнува исклучиво од неговата Искомплексираност!Пишувањето ми стана задоволство,а инспирацијата е непресушна! Воопшто не се лутам-Пишувам со дебел мерак!Премал е просторот за да се разбиреме,поздрав и пријатен ден! :)