Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Меморандум со „Шишеџам“, ќе се гради за една година

Инвестицијата на турската компанија ќе тежела 45 млн. евра

 

За околу една година ќе започне изградбата на фабриката за стакло, која турската компанија „Шишеџам“ ќе ја гради во слободната економска зона „Бунарџик“. Производството ќе стартува по две години. Вчера беше потпишан Меморандум за разбирање, а како што тврдат и од компанија и од Владата, првпат ја потврдуваат со пишан документ намерата за оваа инвестиција. Според најавите, инвестицијата ќе тежи 45 милиони евра. Во првата фаза ќе вработи 250 луѓе, а половина од производството ќе го пласира на пазарите надвор од земјава.

Анализите за реализација на оваа инвестиција почнале пред две години. Во меѓувреме претставници од „Шишеџам“ и од Владата веќе неколку пати се сретнале и разговарале. Сепак, првите луѓе на компанијата негираа дека воопшто знаеле оти во земјава за десетина дена ќе има избори и дека со вчерашното потпишување на некој начин влетуваат во предизборна кампања.

„Кога се симнавме на аеродром во Скопје, од плакатите на билбордите разбрав дека ќе има избори. Не не' интересира политика, насочени сме кон бизнисот“, изјави Ахмет Кирман, претседател на Одборот на директори и извршен директор на компанијата „Шишеџем“.

„Бунарџик“ станува особено интересен пред избори, се најавуваат инвестиции, но поголемиот дел од земјиштето и натаму останува ливада. На овие коментари што се појавуваат во јавноста, премиерот Никола Груевски уште еднаш повтори дека дел од инвеститорите се откажале поради кризата. „Со неколку компании имаме потпишано меморандуми. Некои од нив почнаа со подготовки, една од нив и гради, а некои веќе најавија дека поради кризата и неможност да дојдат до кредити ги одложуваат инвестициите, но не ги откажаа“, изјави Груевски.

И министерот за странски инвестиции, Веле Самак, иако тврдеше дека на „Бунарџик“ ќе нема место и ќе врие од инвестиции, сега вели дека се' уште се пополнуваат или резервираат локациите.

Првите луѓе на турската компанија велат дека не се погодени од кризата, но оставаат резерва дека ако за две години таа заземе поголеми размери, ќе реагираат според ситуацијата. „Компанијата не е погодена од економската криза и своите планови ги прави врз таа основа. Во 2010 година, за кога се планира почеток на изградба на фабриката, нема пречки за понатамошни инвестирања. (С.М.)


Статијата е прочитана 420 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Peyo
Датум: 14.03.2009 00:29:37
Bezbrojni svetski kompanii, koi sto ne se interesiraat za politika, dva dena pred izborite najavuvaat investicii vo Makedonija.
Од: commanddevil
Датум: 14.03.2009 00:44:53
povtorno miki maus nesto otvara? nov swedmilk? kolku sega drpna nikol4eee? kogo pak ke zaebes?
Од: Zlatko
Датум: 14.03.2009 00:46:16
I vo ovie momenti na svetska ekonomska kriza premierot Gruevski uspeva da donese stranski investicii sto e dokas za uspesnata rabota na vladata na VMRO-DPMNE.
Од: Flaster siti
Датум: 14.03.2009 01:31:13
Доста бе малтретираш народ со потпишувања на некакви Меморандуми! Повеќе ни Боркица не ти верува, си станал лажго каков немало на пошироките простори. Не требаат Меморандуми, требаат пари, да се отчиташ секаде каде што борџиш. Зацапан си до гуша во кал. И ти и тој “експертот“ за странски инвестиции Самак, кој го мести татко му за Ректор на Охридски Универзитет, и правите само зијан на Македонија. Првиот ден ко ќе ја изгубите власта ќе правам журка и ќе ве поканам како специјални гости. Се разбира ако успеат да ве пронајдат раштркани и разбегани по белиот свет.
Од: весна
Датум: 14.03.2009 02:08:19
Браво за инвестициите од нив ќе имаме корист сите, штета што фати криза инаку се најавуваа голем број на инвестиции, меќутоа за сеќа не се повлекоа туку само ги одложија инвестициите.А што некој друг се радува на повлекувањето на инвестициите и за тоа ја обвинуваа владата а не светската криза, би им порачал дека се ситни души и дека се далеку од реалноста
Од: Pero
Датум: 14.03.2009 05:29:06
Abe mora da se prekine ovoj lanec na igranje so glasovite. Sekoja vlada go pravi ova, a ovaa go duplirase. Pred izbori pocnuva so manipulacii na narodot. Narodot treba da prestane da slusa sto obekava vladata nego da gleda sto imaat napraveno. Ovaa vlada kolku sto znam se ima ispokradeno kako nikoj drug tenderi se mestat hotelski parceli vo centarot na skopje se davaat na bratucedite na gruevski, najubaviot del vo centarot na skopje se dade na sponzorot na gruveski - orka. Strujata vo makedonija se prenesuva samo preku firmi na gruevski...kraj im nema. a od site obekani investicii vo bunardjik ima samo edna Jonson Controls i taa dojde vo vremeto na SDSM.
Од: prilep
Датум: 14.03.2009 07:23:48
do koga samo laga, kade e francuskata firma ejjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjjj
Од: stole
Датум: 14.03.2009 08:16:18
hahahahaaa, pak ista pesma svedmilk, pa sega novo sisedjam premierot ke bide "jas slucajno tuka pominuvav i gledam nekoi luge se sobrale pa sednav da im potpisam dogovor ,pa ke bidat vraboteni 300 luge, pa nema da ima kriza so sisinja vo Makedonija.......Ista pesma i posle jas za toa nemam pojma ne sum potpisal i kazal nisto toa sie privatna rabota inemam nikakvi obvrski prema nikogo........Najvazno e premierot si se slikase ama mu se ima pojaveno nekoe bledilo nee onoj Grujo sto go znaeme za eden negov potpis pozadi nego cela vlada sega samo edna tretina kaj se Stavrevski, Milosovski, Spasenovski ...... Na televizija se pojavuva janicarot Bocevski i Bicikliski drugi neme cudno.
Од: don kihot
Датум: 14.03.2009 08:48:17
Znaci nekoj komentatori, komentiraat samo partiski i nikako poinaku.Ako na Makedonija i se slucuvaat vakov tip na investicii, sekako e za pozdravuvanje, bez razlika koj e na vlast.Ne treba taka da se gledaat rabotite, niedna vlada vo Makedonija ne bila dobra, toa e fakt, no mislam deka ovaa posle golemite" zabeguvanja "ke go najde vistinskiot pravec , dali ke bidat ovie ili onie voopsto ne me interesira, samo me interesiraat dobri potezi (kako ovoj)i vo interes na Drzavata.Prestanete da mislite partiski, toa vreme mislam deka odamna pomina, ili za nas toa e normalno nie kasnime vo se, pa i vo politikata.Sega na izborite ke imate sansa da go dadete svojot glas, za "vistinskiot" kandidat, i za vasata vi sakana partija.
Од: dosta so lagi
Датум: 14.03.2009 09:04:12
Memorandum znaci bukvalno nisto!!! Edinstveno deka ke razmislime vo idnina za idno investiranje. A korista e edinstveno za pred javnosta da se prikaze lazna slika. Gospodine Gruevski pa vreme e da prestanete da lazete. Se sekavame koga si go prisvoivte prodavanjeto na Ohridska banka pa Francuzinot javno ve izblamira, ne izlazavte za investicii na Intel, ne izlazavte za investicii od Montepe, ne izlazavte deka 2009 godina Bunardzik ke bide poln so fabriki, ne lazevte deka se srekavate so Sefer, Bajden, pa ve demantiraa, gi lazete mlekarite sekojdnevno da trcaat po bankite. I t.n.
Од: jas
Датум: 14.03.2009 09:18:08
Aman veke od memorandumi !!!Desetina od site potpishani da se ostvarija, ko nas ke nemashe nikoj!! Dosta lagi so opashki!!! Odete si , dosta ni beshe od Vas !! ( ama ostavete gi parite shto gi opljachkavte od narodot )
Од: Бастион
Датум: 14.03.2009 09:25:04
Шише џам ќе свитка џам !!!
Од: Bitola
Датум: 14.03.2009 11:10:08
Sise volneno ke svitkaat.
Од: Трпе
Датум: 14.03.2009 11:32:16
Сигурно и оваа ке биде некој предизборен маркетинг на мистер Рејтинг со некоја фирма флашастакло..А како што им е познато на сите стаклото е исто како и владата што ја имаме.Барем 10% да се оствареа од потпишаните меморандуми за овие 3 години ,Македонија ке беше рај на балканот.Но нели премиерот ни е аматерски глумец ,знае и аматерски престави да ни приредува.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 14.03.2009 11:49:02
Odlicno...ete novi rabotni mesta,pozdrav do premierot
Од: mile
Датум: 14.03.2009 13:41:47
da be luge informirajte se malku nemojte pod vlijanie na nekoi da sudite pogresno. pa vladata e taa koja treba da sozdade uslovi za investiranje a ne da nosi investitori. toa sto ovaa vlada se trudi i samata da najde samo eden plus i ne e nejzina krivica eknomskava kriza ili toa sto nekoj ne im platil na stocarite pa ajde ega pred vlad ako treba da se napravi nesto od strana na vladata toa e da se pratat inspekcii koi ke ja proverat sostojbata i ke utvrdat sto e i kako e a ne d se manipulira narodot deka vladata e kriva i sega ke ni gi plati taa parite. vreme e i nasot narod da pocne da se educira za osnovni raboti zasto do togas ke bide manipuliran i od vmro i od sdsm
Од: zoro
Датум: 14.03.2009 14:41:06
Море Гебелс , престани веќе еднаш со меморандуми, шарена лага е меморандум за намера. Глупост . Фарба
Од: Verag
Датум: 14.03.2009 16:41:45
Повторно се слика со инвенститори,иако,како што вели, нема ништо со нив.Само обожава да се слика. ДСобро,ако испадне погодок,ќе се фали на цела уста дека тој го донел,а ако не,само се сликал.
Од: R.R.
Датум: 14.03.2009 18:54:04
Ova nee del od predizborna kampanja,tie go izjavia ova uste minatata godina.A ovie od SDSM oti se taka nauceni od Crvenko i ekipata sega vo se se skepitcni!
Од: AlexanderVII
Датум: 14.03.2009 23:17:57
Kolku neobrazuvan i proklet narod ostava komentari. Ne treba za vas ni investicii, ni da se angazira nekoj, samo kamsik treba da igra. Dodeka ima takvi kako vas nema da prkne ovoj narod.
Од: Модератор
Датум: 15.03.2009 00:43:18
До сите коментатори кои се јавуваат под различни имиња за секој натпис. Доколку се воочи тоа, не се објавуваат бидејќи сметам дека со тоа се доведуваат во заблуда останатите коментатори.
Од: koki
Датум: 15.03.2009 14:52:40
Какво ШИШЕ каков ЏАМ, ова е обично предизборно собирање гласови од сиротите ВМРО-вчички, кои замислите веруваат во тоа, кај му е на Груевски Француската инвестиција за автоделови??? Два дена пред изборите беше во Париз и потпиша ливче хартија исто како ова на ШИШЕЏАМ... ама арно му е на овој народ, така и му треба!!!

Најди! во Утрински
Економија
Фармерите нападнаа на Владата - пари нема
Волстрит продолжува да расте
„Меркур“ со нов трговски центар
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време