Дали Груевски ја омекнува тврдата позиција за името?
Соња Крамарска
Премиерот Никола Груевски завчера во изјавата по средбата со чешкиот колега Мирек Тополанек вторпат изрази подготвеност за изнаоѓање решение во спорот со Грција околу името на нашата земја. Груевски рече дека се надева оти ќе дојде до решение по изборите во Македонија и во Грција, иако, вели тој, Грција по Самитот на НАТО во Букурешт ја усложнила ситуацијата за изнаоѓање решение.
„Но, се надевам дека по изборите во Македонија и европските избори во Грција, во почетокот на јуни, ќе се интензивираат разговорите и дека ќе бараме некое решение за надминување на овој спор, кое нема да ги наруши националните и државните интереси на Република Македонија“, изјави Груевски.
Ова е втора изјава на Груевски во насока на можно решавање на спорот со Грција во последните три седмици. Тој јавно се заложи за компромис и во рамките на тридневната конференција во Охрид, на 20 февруари, на тема „Македонија на патот на ЕУ и НАТО“. Тогаш тој рече: „Подготвени сме на компромис кој нема да ги загрози националните интереси и достоинство“.
Што се крие зад таквите изјави на премиерот Никола Груевски и дали се тие упатени кон домашната јавност или, пак, кон меѓународната, се' уште е енигма ако се знае дека неговиот став околу овој спор до неодамна беше тврд и непопустлив. Груевски, десет месеци по Самитот на НАТО во Букурешт на кој нашата земја не доби покана поради грчкото противење, одеше на линија на влошување на односите со Грција и испраќање сигнали до Брисел и до Вашингт��н дека Македонија нема да се откаже од уставното име заради членство во НАТО и во ЕУ.
Сега, среде избори, кога се очекува премиерот и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која се смета за фаворит на претстојните локални и претседателски избори, да инјектира дополнителна доза национализам меѓу избирачите, наеднаш ја смени политиката и го стивна тонот кон Атина.
Покрај тоа, и кандидатот за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, во неговото лавирање од непопустливост до истакнување на потребата од компромис и неговите повици за средба со претседателот на Грција доколку го наследи Црвенковски, значително ја менува атмосферата во земјава околу овој сложен проблем.
Допрва треба да се види дали тоа има изборна употреба, односно дали владејачката партија и премиерот Груевски во неможноста да го наслушнат вистинското расположение на јавноста околу името и блокадата кон ЕУ и НАТО, се одлучија на помека игра барем додека не ги видат изборните резултати на 22 март.
Во секој случај, ако на најновите изјави на Груевски се додаде и истапот на заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, кој заговара прекин на медијаторството на Нимиц и директни средби меѓу државните врвови на Македонија и Грција, тогаш е јасно дека нешто се движи во земјава. Меѓутоа, фактот дека новите ветрови дуваат во период на изборна кампања фрла сомневање дали во владејачката десница нешто суштински се менува на планот на проблемот со името или, пак, и тоа треба да се сфати само како една добра изборна порака што никого не го обврзува.
Da go naslusnele od VMRO raspolozenieto na narodot za imeto??????hahahhahahahahahOd Makedonskiot narod ako go ima kako sto bese na posledniot popis 1 300 000 od niv neka gi ima 200 ooo sto se za promena drugite cisto sumnam deka imat nekakvo raspolozenie za toa!Dosega nitu rodnina nitu drugar sum slusnal da pomisli da glasa za promena na svetoto ime!
Од: Mihajlov
Датум: 13.03.2009 00:43:33
Nema shto da se sekirame, Grujo sigurno ja procenil situacijata i ima sigurno razraboteno strategija, kako da go zachuvame imeto i vo najskoro vreme da vlezeme vo NATO i EU. Nemu mu e vazhna samo Makedonija, a ne vlasta, kako kaj povekjeto politichari.
Од: buntovnik
Датум: 13.03.2009 01:06:35
imeto ne go davame...otkacete gi ednas veke ovie retardirani grcki politicari. sto sme nie...planinarsko drustvo,ili izvidnicki odred,pa ke se dogovarame kako kese vikame.
Од: Pirin
Датум: 13.03.2009 01:33:37
grujo koi mnogu se krstevne vo nego moze da ja okaska rabotava so imeto , ako e ona tocno sto se pisuvase deka vo bukurest predlozil ime za makedonija da se vika republika makedonija - skopje , najlosata varijanta i site na kuso ke ne vikaat skopje , makedonija vo opste nema da se spomnuva.
Од: tome jovanov paterson
Датум: 13.03.2009 02:48:49
Nikakvo popustanje vo vrska so imeto toa e edinstveniot odgovor od makedonskiot narod.Samo predavnici mozat da se odrecat od imeto i identitetot.Makedonija i makedoncite postoele i ce postojat nikoj nema da im go promeni imeto.A omie sto sakaat da ne obizlicat ce gi stigne kaznata, makedonskata falanga se sprema pak da gi kazni predavnicite.Pozdrav do site pravi makedonci da ne go davaat imeto.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 13.03.2009 04:24:25
Па нели бре патриотите не виткаат кичма?Абре не да витка ја прекрши,или Џоле Космодиск со еден бисер како Саи Баба ќе ја опрај работава?
Од: zabegan.
Датум: 13.03.2009 07:32:08
neje vo prasajne dali go omekuva stavot nego nema izbor.Ce mora da popusti po izborite no strav go faca kako toa da go izvede....Ne mu dozvoluva lazniot patriotizam samo ne zakopa so negovava politika.
Од: Заедно можеме повеќе
Датум: 13.03.2009 07:33:43
Дали Груевски ја омекнува или не тврдата или меката позиција за името - немајте гајле. Тој досега маестрално ја води Република Македонија и на домашен и на меѓународен план. Затоа и дојдоа убавите вести од Европарламентот. Затоа и Груевски има толкав рејтинг меѓу граѓаните. Затоа и неговата опција ќе победи на овие изори.
Од: dedo dimo
Датум: 13.03.2009 07:48:31
Jas kako postar chovek ,predlagam reshenie .Problemot e reshliv .Do kolku Grcija saka nie da imame geogravska pridavka -odnosno Severna Makedonija togash e redno i tie vo grcija trega drugiot del na Makedonija go vikaat Re publika Juzna MAkedonija .Kako Juzna i Severna Korea. Inaku ne mozi da ima spogodba zatoa shto vo svetot momentno edna drzava e registrirana Makedonija i postoi taka poveke od 50 godini regisatrirana .Grcite znaea deka za vremeto na Yugoslavia Republika MAKEDONIJA postoeshe a i sega prodolzuva .Ako imaa problem trebashe da go reshat togash sto chekaa 40 godini .A nashite glupavi politichari ,prifatija neshto shto nikoj dosega nego napravil.Toa beshe ponizuvachki ne samo za niv tuku celiot MAKEDONSKI narod.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 13.03.2009 09:18:38
Onekna se raduvavte kako deca deka SAD odnosno Obama ja zaobikolija GR i ke ja posetil samo Turcija,pa mislite deka ima nekakva vrska so Grckoto veto vo Bukurest i SAD sega ke i bidat poblago nakloneti kon nasata MK.Ama ne e taka.Ako sakame vo EU/NATO i zatoa bozem neli se bori i aktuelnata vlast,togas kompromis so GR e neminoven.Da bese navistina tvrd,"Grujo grande vecerna Skola PP magister nacionale",dosega ke odrzuvase Referendum,za da ima podloga na koja bi mozel da povika vo pregovorite so GR.No,on si ostava prostor za kompromis so GR.No kako bi izgledal toj vo dadeniot moment,ne znaeme.Grujo go fati stravot od svetskata kriza i znae deka godinava ke mora da pokaze rezultati.A EU ke go kazni za neposlusnost-i nema inatenje tuka! Poradi toa mislam deka viznata liberalizacija ke poceka podobri vreminja.Vremeto ke kaze vo koj pravec ke si dvizi nasata Makedonija-optimist ne sum bas so ovaa vlada!Nekoj mora da go kontrolira GRujo-zatoa glasajte za Frckovski i idninata na Makedonija!
Од: Kole Mangov
Датум: 13.03.2009 11:52:20
Ne e spor za imeto.Kako shto Frchkite naci-fashisti i naci-komunisti ne napravija da ne nema nas, Makedoncite vo rodniot kraj,taka so takanrechedniot "spor za imeto" - "PJRM" se upatija da ni ja nema i drzavata. Toa treba da go razberat prvite lugje od vlasta i opozicijata. Bez toa kje bidat souchesnici vo zloto.
Од: kalija
Датум: 13.03.2009 11:54:55
Trebase da pomine vreme za Grujo da svati,oti na narodot spomenici ne mu trebat,oti na narodot ne mu se resava prasanjeto so negovata tvrdoglavost za imeto,oti zabrana za abortus ne e resenie za natalitetot,oti negovite cekori stvarno ne vrakat nazad.I na sto vi lici,sega da reterira vo stavovite.Kakva nestabilnost,labilnos.......sramota,premieru!!!
Од: dejan
Датум: 13.03.2009 12:57:09
haha na grujo mu bila vazna makadonija samo. Dali vie imate um sto pisuvate be , ako mu bila vazna makedonija a ne vlasta sto praka luge da se zakanuvaat na site strani za da gi dobie izborite?
Од: K.J.Kavadarci
Датум: 13.03.2009 15:01:40
Решавање на спорот со името да но не по секоја цена,тоа е само пуста желба на СДСМ по секоја цена да го смени името дури и по цена националниот интегритет.Никола Груевски ги застапува интересите на народот и ги спроведува нивните барања.
Од: Флуид
Датум: 13.03.2009 17:44:20
Ако сакаше Груевски да го даде името оддамна ке го направеше тоа, ама што да прави човекот кога мора да ги враќа долговите и ветените работи од претходната власт. Сами грците си кажаа дека СДСМ им ветиле нешто, но од тогаш па до сега е само една енигма.