29.09.2009, 17:40 Реакција
(Повод: „Груевски прстот го впери во мрачни сили “)
На 27 септември 2009 година, ви ја испративме нашата декларација во врска со енциклопедијата објавена од МАНУ. Декларацијата беше испратена и до повеќе печатени и електронски медиуми, како и до дипломатски претставништва во Република Македонија.
Во духот на професионалното новинарство, очекуваме во следниот број да им укажете на читателите на „Утрински весник“ дека во статијата на г-ѓа Гордана Дувњак во „Утрински весник“, бр. 3096, од 28 септември 2009 година, не станува збор за Бугарски културен центар од Бугарија, туку за граѓанско здружение од Република Македонија, со име „Бугарски културен клуб - Скопје“.
Бугарски културен клуб - Скопје |