Број 2753  понеделник, 04 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Двајца тетовци киднапирале сограѓанин поради врски со нивните сопруги

Грабнатиот побегнал скокајќи од автомобил во движење

ТЕТОВО - Бурим И. (21) од Тетово се извлекол од најлошото благодарение на снаодливоста и жртвувањето, скокајќи од автомобил во движење.

Претходно, во угостителски објект во Тетово, Рамадан Р. (30) и Агим К. (31) се сретнале со Бурим И., со кого „пријателски“ разговарале и го убедиле да продолжат да се дружат на Попова Шапка. Некаде пред селото Гајре грабнувачите ја кажале вистинската причина за грабнувањето. Откако откриле дека Бурим бил во врска со нивните сопруги, му наредиле да се самоубие, зашто во спротивно тие ќе го стореле тоа. За да го убедат дека намерата им е сериозна, го сопреле возилото покрај некоја бездна и го терале да скокне. Бурим ја одбил наредбата, а заедно продолжиле кон Попова Шапка. Во возилото, едниот од киднаперите го удирал со тупаници, а другиот извадил пиштол заканувајќи му се дека ќе пука. Во еден момент, некаде пред Лисец, Бурим успеал да ја отвори вратата од автомобилот што се движел кон нагорнината, скокнал, повредувајќи ги рацете и телото, но истовремено продолжил да бега, при што, бидејќи било темно, успеал и да се скрие. Кога стигнал во Тетово, го пријавил случајот во полиција. Двајцата грабнувачи биле пронајдени и приведени и по информативниот разговор во полицијата во Тетово тие се пуштени на слобода, но крајниот епилог е кривична пријава против Рамадан и Агим за грабнување. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1761 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Кисела Вода е најомилена скопска населба за крадците
Од дом на жител на Лажани украден накит вреден 300.000 денари
Во „Макстил“ повредени тројца работници
Жител на Сопот без причина пукал со пиштол без дозвола
Велешанец се повредил додека чистел пиштол
Тетовци се степале и пукале поради гласна музика од дискотека