Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
08.12.2008, 13:50

Фељтон

Македонците крем на бугарското општество (1)

Половината бугарски политичари со македонски корени

Георги Димитров раководеше со Коминтерната и Бугарија, а ресенчанецот Андреј Љапчев ја спасуваше бугарската држава од големата криза

Виктор Цветаноски


Клучните политичари што ја раководат денес бугарската држава имаат македонски корен. Семејството на премиерот Сергеј Станишев потекнува од Егејска Македонија, а за време на Балканските војни пребегало во струмичкото село Штука, каде што е роден неговиот татко. Претседателот на Собранието, Георги Пирински, е син на познат Македонец, комунист од Банско, кој 28 години во САД ја афирмирал македонската нација и се борел светот да ја дознае вистината за неа.

Со право многумина сметаат дека Македонците отсекогаш биле крем на бугарското општество. Во 1917 година во тогашната бугарска влада имало 8 министри Македонци, 13 дипломати, 12 митрополити, 12 професори на Софискиот универзитет, 84 научници, писатели и публицисти, 32 уметници, скулптори и глумци, 70 лекари, 166 високи административни службеници, градоначалници, судии, адвокати, 266 активни и 453 резервни офицери.

Во една полемична расправа за бегалците во бугарското Собрание еден пратеник, исто така Македонец рече: „Обрнете внимание, меѓу луѓето на оваа маса и меѓу нас, како што гледате, ќе забележите дека една третина имаат крв на македонски Бугари...“. Тодор Живков за време на расправите што ги имал во 1967 година со Крсте Црвенкоски се пофалил дека околу 50 отсто од членовите на тогашниот Централен комитет на БКП биле Македонци со бугарска свест.



Ова се само некои податоци кои најилустративно говорат дека Македонците имале голема улога во политичкиот, општествениот и културниот живот на бугарската држава. Голем е бројот на тие што извршувале највисоки државнички и политички функции. Георги Димитров, чие име го има во сите светски енциклопедии, потекнува од македонско бегалско семејство. Тој во светот се прослави за време на познатиот Лајпцишки процес кога беше обвинет за палежот на Рајхстагот во Берлин и кога сам блескаво се одбрани од лажните обвинувања. Беше раководител во Комунистичката интернационала во Москва, а во повоените години стана прв човек на бугарската држава.

Андреј Љапчев стана премиер на Бугарија во најтешките времиња и со голема умешност ја спаси бугарската држава од голема криза. Овој познат ресенец го потпишал документот за осамостојувањето на бугарското кнежевство од Османлиското Царство и капитулацијата на Бугарија по поразот во Првата светска војна. Симеон Радев, негов земјак од Ресен, е првиот бугарски дипломат во Друштвото на народите и беше во составот на бугарската делегацијата која во Букурешт го потпиша договорот за поделба на Македонија. Ѓорѓи Кулишев од Дојран како министер за надворешни работи е клучен човек на Софија на Мировната конференција во Париз. Антон Југов од гевгелиското село Карасули во педесеттите години од минатиот век најпрво ја вршел функцијата министер за внатрешни работи, а потоа станал премиер на Бугарија. Во вените на Андреј Луканов, некогашен премиер на Бугарија кој во 1996 година беше убиен во атентат, исто така, течеше македонска крв. Димитар Благоев, првиот бугарски социјалист, роден во Загоричани, Егејска Македонија. Штипјанецот Тодор Павлов стана претседател на Бугарската академија на науките и еден од тројцата регенти на малолетниот цар Симеон Сакскобурготски.

Голем е бројот на Македонци познати уметници, сликари, писатели кои оставиле длабоки траги во бугарската култура. Прилепчанецот Димитар Талев е на самиот врв на бугарската литература со извонредните романи на македонски теми, а Владимир Димитров – Мајсторот, кој има корени од битолско село Магарево, е познат сликар кој го насликал портретот што на панихидата за Гоце Делчев го носела поворката.



Не е ��ал бројот на Македонци кои командувале во бугарската армија. Климет Бојаџиев од Охрид бил началник на Штабот на армијата и министер на војната, а генералот Александар Протоѓеров, исто така охриѓанец, за време на Првата светска војна ги раководел операциите на бугарската војска во југоисточна Србија, а неговиот земјак Коста Златаров тие години командувал со 11.македонска дивизија на Македонскиот фронт. Генералот Владимир Коцкаров од Битола бил командант на Петтата бугарска армија. Познатиот генерал Григор Ќурчиев од Прилеп загинал во атентатот во црквата „Света Софија“ во центарот на главниот град, заедно со полковникот Михаил Спиридонов од Штип.

Реката македонски бегалци и емигранти кон Бугарија почнала да тече уште пред 1878 година по нејзиното ослободување и се засилувала по секое крвопролевање на македонските простори - по Кресненското, Горноџумајското и Илинденското востание, а најмногу по Балканските и Првата светска војна. Не се знае точно колкав е бројот на македонската емиграција во Бугарија, но сигурно е неколку стотици илјади. На една седница на собранието во 1925 година претседателот на владата Александар Цанков соопштил дека по Илинденското востание, Балканските војни и Првата светска војна во Бугарија стасале 289.000 бегалци од Македонија, Тракија, Босилерадско, Царибродско и Добруџа. Колку од нив биле Македонци не соопштил, но сигурно поголемиот број од нив.

„Севкупната бројност на Македонците во Бугарија, без Петричка област, не е точно позната. Но, прифатено е оти може да се смета на околу 700.000 луѓе. Податоците се крајно противречни. Варираат од 200.000 до 600.000 (тоа се само бежанци)“, пишува познатиот Македонец од Бугарија, Михаил Сматракалев во еден реферат за македонската емиграција во 1946 година. Тој го изнесува податокот дека, според едно истражување, македонски бегалците живееле во 1.601 населба. Речиси немало град без Македонци, а само во Софија имало околу 100.000. Македонски историчари сметаат дека таа бројка е многу помала и дека се движи околу 100.000 души.



Македонците во Бугарија по пристигнувањето се организирале врз роднокрајска основа во братства, кои ги носеле имиња на местата од каде што доаѓале. Друштвата настојувале да ги зачуваат македонските обичаи и традиции и ги помагале сиромашните семејства. Граделе сиропиталишта за децата на кои им загинале или починале родителите. Во Софија, на пример, познато е сиропиталиштето „Битола” чија зграда и денес е зачувана. И ден денес во Бугарија постојат цели населби со македонска емиграција. Во Софија сите ги знаат Гевгелиска и населбата Јучбунар, а во Пловдив населбата Ќучук Париз.

Меѓутоа, македонската држава немала никаква соработката со македонска емиграција во Бугарија, која всушност е најголема во светот, со исклучок на таканаречениот „меден месец“ од четири години, од 1944 до 1948 година, кога Софија ја призна реалноста за постоење македонска нација, и кога беше создадена културна автономија во Пиринска Македонија, а моштите на Гоце Делчев беа пренесени во Скопје. По Информбирото и по судирот Сталин – Тито, престанаа речиси сите врски, а односите меѓу неа и македонската држава се засновуваа врз идеолошки основи. Македонците од двете страни на границата без малку се гледаа како најголеми непријатели поради тоа што голем број од тие што живееле и живеат во Бугарија се сметаат за Бугари, иако и тие подеднакво ја сакале и ја сакаат Македонија. Разликите се јавувале кога ќе се поставело прашањето околу обликување на националниот, културниот и државниот идентитет на македонската држава, при што во однесувањето на двете страни било присутно влијанието на средината во која живееле, растеле и се школувале, го оформувале својот поглед врз македонското минато.

Пошироката јавност многу малку знае за прогонетите Македонци од родните огништа, за бегалците кои по трагичните војни наоѓале засолниште во Бугарија. Уште помалку знае за успешните Македонци кои ја раководеле Бугарија и оставиле неизбришливи траги во нејзината култура. Во овој фељтон „Утрински весник“, ќе ве запознае со некои од познатите македонски имиња кои удриле силен печат на животот на бугарската држава.

(Продолжува)


Статијата е прочитана 4623 пати.

Испрати коментар






Terier, 09.12.2008 00:51:33
Kako da ne! Toa e samo lesna floskula upotrebuvana od bugarskata iskompleksirana politika so koja mozhe da se prelazhe istoriski needuciraniot chovek. Postoi cela plejada na Makedonci koi ne bile komunisti (i se chustvuvale Makedonci po nacionalnost): Jakov Krajkov, Atanas Makedonecot, Atanas Razdolov, Gjorgji Pulevski, Dimitrija Chupovski....
Stojan, 09.12.2008 01:46:17
kako i da e denes se osecaat Bugari 90% od niv poradi licni interesi a ne ni pomagaat na tie sto se cuvstvuvaat Makedonci da osnovaat svoja politicka partija , i? sto ke ti se takvi Makedonci Bugarofili podobro ne spomnuvajte deka imale Makedonska krf zas e SRAM
spaski, 09.12.2008 03:42:43
1/3 od naselenieto vo bugarija se makedonci toa e fakt od licno iskustvo imam zena trakijka i patuvav niz bugarija na mislenje sum cvrsto ubeden deka i tie samite ne se svesni site koji ziveat vo bugarija deka bugarski narod ne postoji imeto od tie varvari ostanalo no narod nema bugari. So visoki licnosti od bugarskata elita sugestivno informativno i istoriski gi dobiv licno no da se ispravi seto ova e golem iscekor ne e nevozmozno no golema rabota zatoa trakijcite i makedoncite koji se 80% od naselenieto svesno ili nesvesno bi go resile ovaj vnatresen istoriski propust da se priznaat so nivnata istoriska zasluzenost kako najcivilizaciskite narodi koji ziveele na balkanot. Dali ova ke se sluci ostanuva samo da se nadevame na hrabri licnosti koji bi ja isterale ovaa rabota do kraj i site sega betonirani mislenja vo "bugarskiot narod " koj e vestacki kako "Yugoslovenite "sto postoeja formirani vestacki no malku traeja samo 90god.
kemba, 09.12.2008 04:13:10
Јас само гласно се прашувам. Зошто сите бегале во Бугарија, и како е можно да не се плашат Бугарите, наши луѓе да стават на власт?За каква дискриминација зборуваме овде во македонија?
Milton, 09.12.2008 05:23:46
Makedoncite i Bugarite imaat bliski kulturni vrski, no se daleku od toa de se isit etnikum. Nikogas ne bile i nikogas nema da bidat. Megutoa, tocno e deka mnogu etnicki Makedonci go baraat spaost vo Bugarija. Vo toa nema nisto misteriozno. Toa sto jas ja napusitv Makedonija (poradi teskoto breme koe go nametna DPMNE) i ziveam vo Amerika, ne me pravi da sum Amerikanec.
Иванчо, 09.12.2008 06:00:20
Za prv pat da procitam malku poinakav pogled za Makedonsko-Bugarskite odnosi, osven Bugarite imat rogovi i jadat mali deca. Ve pozdravuvam!
veles, 09.12.2008 07:14:56
slucajno da ne gi izgradivme i piramidite a ? pa samiot avtor kazuva deka sme bugari pa duri i malo dete ke ja izvadi idejava i sto saka da kaze pisatelot, a toa za priznavanjeto na makedonskata nacija vo pirin pa dosta so lagite na tito koga nemame odgovor se vadi tito od rakavot i se e reseno.gode delcev od bansko - grcija kako otide vo bugarija ako makedonija postoese kako narod i nacija .tito go izlaza dimitrov za federacija megu yugoslavija i bugarija i ovoj se nafati da gi prefrli koskite vo skopje ama ubava lekcija naucija bugarite a i paradoksot da bide pogolem denesnite makedonci go povrzaa so alexander makedonskie pa kaj nas e se uste komunizam ili socijalizam bez razlika koj e na vlast.
xaxo, 09.12.2008 07:47:10
Србите крем на македонското општество
Borce, 09.12.2008 08:53:42
Krajno vreme bese nekoj da se osmeli da pisuva vrz nepolitizirana (naucna osnova) za etnogenezata na golem del od segasnata "bugarska nacija" koj vsusnost e konglomerat od golem broj etnikumi,so najgolemo ucestvo na staromakedonsko,a pokasno i slovenizirano makedonsko naselenie,a potoa se trakijcite,islamiziranite makedonci i trakijci.Staroto bugarsko naselenie so tatarsko-mongolska etnicka krv bilo pomalubrojno,no kako okupatorso uspealo da gi zadrzi samo institucionalniote simboli od starata tatarska drzava-imeto i istoriki nastani-koi sega se dosta mitologizirani i prvat golem problem kaj naselenieto pravilno da ja osoznae svojata etnogenticka istorija.Segasnovo naselenie vo Bugarija e golema mesavina od etnikumi koi zaradi silnite propagandi i nasilija od rezimskite strukturi sosila go prifatile takanareceniot "bugarski"identitet.Slicno e i so segasnive grci-ednen golem konglomerat od etnikumi koi mislat deka se potomci na Herakle-gluposti golemi.
norveska, 09.12.2008 09:39:43
jas gospodine Milton izbegav od makedonija vo vladenjeto na SDSM a sega kako sto gledam situacijata se smenuva na podobro pa razmisluvam da se vratam.Da zivee Grujo i te podrzuvame.Pozdrav od makedonskite iselenici od norveska
Uros, 09.12.2008 11:11:50
Da be kako ke recis.
Реалист, 09.12.2008 11:34:01
Сите што се од Македонските простори се чисти етнички Македонци (бидеjки Македониjа е етнички чиста), туку Бугариjа е конгломерат од етникуми??? Стига сте тропали глупости.
Lerin-Skopje-Oslo, 09.12.2008 13:03:17
Se nadevam deka ovoj feljton ke ja podigne svesta kaj bugarasite i site drugi koi ja negiraat makedonskata nacija.Makedonskata nacija i drzava se realnost,postoime i ke opstoime.Ke dojde vreme koga ke se otvorat granicite i Makedoncite povtorno ke ziveat Obedineti...ovoj feljton samo go dokazuva visokiot intelektualen kapacitet na Makedonecot,koj krajno vreme e da go upotrbi za sopstvenite ideali i sopstvnata idnina...pozdrav do avtorot
zap.ev., 09.12.2008 14:10:39
zosto togas ne rabotat za interesite na mak?zatoa sto vo bug kako i vo zap.ev. se pravi asimilacija a ne æpioradi licni interesi kako nekoi vo mak mislat,samo vo nese vrsi asimilicaja pa zatoa mak visi na konec i ceka kako ce se zavrsi kosovo.......
Pero, 09.12.2008 14:47:53
Што барале па Македонците да бегаат во Бугарија по Илинеднското востание и по многуте војни. Што не оделе во Србија или во Албанија или во Грција? Можеби во Бугарија се чуствувале повеќе како дома отколку во другите земји, којзнае!?
макте, 09.12.2008 16:18:51
a koj e avtorot an feljtonot ? zasto nema ime i prezime .?
08.12.2008, 13:35

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |