СДСМ ќе мора да покаже дека е алтернатива на политиката на Груевски. Но, прво ќе мора да почне да верува во себе, за да му веруваат другите
По објавувањето на информацијата за намерата на ВМРО да организира и предвремени локални избори со цел да ја освои локалната власт во сите општини, станува јасно дека прв приоритет на Груевски е да го снема СДСМ. Тој и го ветуваше тоа во неговите предизборни говори токму со тие зборови. Но, не само тоа. Нему му припаѓа мислата дека „СДСМ треба да се тресне од земја“ за да се реформира и да стане конструктивна и патриотска опозиција во земјата. Овие „хумани“, политички „зрели“, умерени и „патриотски“ идеи на нашиот најомилен политичар во земјава, познати веќе како „грујовизми“, треба да го загрижат СДСМ. Ако некој толку политички моќен како Груевски посакува да ве снема и работи на тоа со сите средства што му стојат на располагање, во земја во која не се баш многу јаки институциите на власта и правото за да ве заштитат, тоа и може да ви се случи.
Оттаму, СДСМ, по губењето на парламентарните избори преку моделот на предвремени избори, треба да сфати дека има работа со, условно кажано, еден вид „сериски убиец во политиката“. Тој прво ја убива опозициската парламентарна група, па потоа негова жртва се градоначалниците од редовите на опозицијата и, на крајот, веројатно, и претседателот на државата.
Како во случајот со сериските убијци, аналитичарите можеби ќе откријат дали причина за толкавата негова фрустрираност од опозицијата, која тој сака да ја снема, бил фактот што неговата мајка или неговиот татко биле членови на СДСМ (СКМ, КПЈ), па го малтретирале како дете, па ете тој вака сака да им се одмазди на сите што го потсетуваат на нив или, пак, станува збор за вродена особина. Кога се знае дека мајка му има четири стана, а тој ниту еден, многу е можен ваков расплет на настаните. Но, настрана шегата, факт е дека се' додека Груевски е главниот политички актер во Макед��нија, претседателот Црвенковски и СДСМ во целина со право треба да бидат загрижени. За Груевски како и за Љупчо Георгиевски на времето „цело е кога имаш се'“.
На Груевски му одат во прилог сите политички околности за остварување на неговата цел, а кога тие не се во негова полза, тој ги прави да бидат такви. По ветото на Грција во Букурешт, лесно беше да го подигнеш националното незадоволство од Европа, од Грција, па и од САД. Лесно беше да му кажеш на својот народ - ние сме добри, ама другите со добро не разбираат. Лесно беше да ја подигнеш националистичката еуфорија во форма на одбранбен национализам и сите други што не мислат како тебе да ги претставиш и да ги третираш како предавници. Лесно беше да формираш патриотски фронт како што беше фронтот на социјалистичкиот народ кој не' бранеше од сите непријатели на комунизмот. Патриотска хистерија и пиратерија, како што ја нарекуваат некои новинари.
Но, тоа што ги знае причините за состојбата, не му помага на СДСМ. Груевски убеди речиси половина милион граѓани дека тој може да не' спаси и од лошите Грци, и од сиромаштија, и од криминалци, но и од „преголемите апетити на Албанците“. Тој комотно си изгради лик на спасител и речиси на национален херој заслужен да биде сместен во музејот на восочни фигури што ќе го гради во Скопје.
СДСМ реално нема шанси против него се' додека систематски не успее да ја поткопа таа лага. А таа, како и во Србија во времето на Милошевиќ, може да потрае. Но, и разобличувањето на неговата лага нема да биде доволно. Груевски набрзо ќе излезе со слоганот на Милошевиќ кој гласеше: „А кој друг би ме заменил мене?“
СДСМ ќе мора да покаже дека е реална алтернатива на оваа политика.
Прво ќе мора да почне да верува во себе, за да почнат да му веруваат другите. А за да почнат да му веруваат, не треба да го имитира ВМРО-ДПМНЕ. Треба да ја покаже својата различност и својата способност да одговори на предизвиците од времето. На Македонија не и' е потребен уште еден Груевски, потребна и' е алтернатива.
Создадената коалиција „За европска Македонија“, која доби поддршка од 230 илјади гласачи, треба да демонстрира многу бргу дека има моќ и дека знае таа своја моќ да ја употреби за одбрана на демократските придобивки во земјата. Демократијата мора и да се одбрани кога ќе биде загрозена како и човековите права и слободи.
СДСМ треба да се концентрира на одбраната на владеењето на правото и на заштитата на слободите на граѓаните. Одбраната на правото и слободите не завршуваат на границите на Македонија и тоа Груевски мора да го знае или да му се стави до знаење. Неговиот суверенитет е ограничен и не може да се претвори во диктатор во земја која е кандидат за членка на ЕУ. Тој е под постојан мониторинг на оние од Брисел кои и тој, исто како Љупчо Георгиевски, веќе ги третира како непријатели на Македонија. Тој мора да се принуди да сфати дека не може до бесвест да ги злоупотребува државните фондови и да не дава отчет за потрошените пари. Мора да биде изложен на потсмев неговиот економски реформизам кој сериозни економисти веќе го сметаат не за реформизам, тука за аналфбетизам во економијата.
Груевски треба да се остави и да му се даде прилика што почесто да повторува како некоја баба Симка, дека тој многу работи, дека е чесен, дека не попушта и дека е загрижен и дека неговата преродба постојано се проширува, надградува и остварува. Само, по секоја негова изјава и реклама треба да се предочуваат сметките. Кој тоа саморекламерство на неговата партија-држава го плаќа, од чии пари, со каква цел и кој го остварува профитот.
За опозицијата постои и надеж. ВМРО секогаш кога доаѓа на власт ветува дека ќе владее сто години и затоа има програма од сто чекори. Но, никогаш не стигнувал подалеку од вториот или третиот, зашто секогаш прави грешки во чекори и судијата го исфрла од игра. Сега е кај вториот чекор. СДСМ како партија и коалиција, која на своите листи има толку многу професори, доктори, амбасадори, поранешни министри, градоначалници и луѓе со стабилни кариери и потребна сериозност, не треба да биде уплашен од Груевски, Јанкулоска или Ставрески кои до стапувањето на нивните функции беа целосни анонимуси во земјата. Потребен е само инает, свестување и желба да се променат состојбите.
Јасно е како ќе заврши Груевски кога ќе му биде прочитан блефот. Проблемот е што ќе изгубиме 5 години од своите животи додека да се случи тоа.
Од: predlog
Датум: 24.07.2008 00:22:23
Pritvor za Gruevski,Jankulovsa i Stavrevski poradi zloupotreba na drzavnite pari za potkupuvanje i pridobivka na glasaci..........jas ke obezbedam stotina svedoci,se razbira ako ima koj da potkrene obvinenie protiv carot nas makedonski
Од: nikola
Датум: 24.07.2008 00:29:30
E moj BIVSI ambasadore, bese i ke ostanes obicen mal covek, koj isto taka bese anonimus pred da dojde na red da bide " nesto ". Pa dali si znaes sto pisuvas, i koj treba da go procita toa sto go pisuvas. Ti si minato svrseno i nikad veke ne povtoreno nesto sto i se slucilo na ovaa napatena zemja. Nema nikakov efekt tvoeto pisuvanje kaj tvoite bivsi, a kamo li kaj obicniot covek. Dali mislis deka ogromnata brojka koja dade podrska na politikata sto ja vodi ovaa garnitura e glupava i nisto ne razbira, pa i tamu ima doktori, profesori, akademici bivsi ambasadori, bivsi ministri. Nojkna mora vi stana premierot, paranojata e se pogolema. Rabotete, ucete i ako nesto naucite mozda NEKOGAS nekoj i vas ke vi ukaze doverba. No definitivno bez tebe i slicni kako tebe BIVSI.
Од: citatel
Датум: 24.07.2008 00:39:50
Kompletno se osglasuvam so statijata
Од: Pirin
Датум: 24.07.2008 00:42:48
abe spasov mnogu si se zagrizil za sdsm ako ne si odniv zar ne gledas deka gajle nemaat ni grujo nemoze da gi zatvora i ako pravat steta i se bogatat so miljonski sumi, a ti pisuvas tuka za nekoi prava a sto ke ni pravi so prazen stomah be spasov .
Од: ekonom
Датум: 24.07.2008 00:43:42
Serioznite ekonomisti se kaj Grevski, onie analfabeti ostanaa vo sdsm so "stabilni" karieri kako sto naveduvate vo dolnite redovi.17 godini bez nikakvi ekonomski reformi se rezultatot denes. treba da se poceka 4-5 godini i plodovite od segasnite reformi ke dojdat.samo napred Gruevski, ne zastanuvaj na postkomunisticki pedala i kvazi experti so "stabilni i nasledeni" karieri. Makedonija e so VMRO, pokazavme!!!
Од: Спасески Данчо
Датум: 24.07.2008 00:45:18
Одлична статија професоре!Убеден сум дека со доволна доза на трпение и упорност ќе успееме да ја вратиме демократијата на власт.Да живее Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија!
Од: Biljana
Датум: 24.07.2008 00:50:01
Navistina dobra statija koncizna i sodrzajna.Vo ovaa segasna politicka strategija veke nema nikakov patriotizam ,nacionalizam ni demokraticnost ,tuku samo strast za samodokazuvanje no treba da se znae deka koga togas se se vraka kako bumerang.Sakame da ne pocituva svetot a nie samite ne se pocituvame,dobar primer kako ne treba da se odnesuvame.
Од: ET
Датум: 24.07.2008 01:03:38
Отсекогаш ми се допаѓале ставовите на почитуваниот професор. Се согласувам потполно и ја поддржувам опозицијата да изнајде си��а да стави баланс во целото ова лудило кое владее денес во Македонија на политички план.
Од: REVOLUCIJATA GI JADE SVOITE DECA
Датум: 24.07.2008 01:23:20
Gospodine Spasov tocno e deka vo vasite redovi imavte povtoruvam imavte ceneti profesori ,doktori ,takanareceni ambasadori ....ama sega tie se sramat da kazat deka bile clenovi na SDSM zatoa sto moraa da bidat potcineti na eden Branko (neli ne mu treba intelektualci za izbori demek ne odel na kviz tuku vo borba) Bucko , Kondarko Sema Jani Rada pa i na vas . Uste dolgo ce ucite od Grueski i treba da ucite kako "anonimusi" kako gi narekuvate so samopregor rabota i ljubov vo drzavata dobivaat podrska od narodot (dosega ne videna vo RM)a vie so inaetot samoljubieto i arogancijata prasanje e dali i ce gi zadrzite i segasnite pozicii.Vreme e da kako vasiot drzavnik si zaminete za dobroto na SDSM a pred se na Makedonija .
Од: RR: Stravot na intelektualcite
Датум: 24.07.2008 01:24:37
Se povekje se nametnuva potrebata okolu eden obedinuvachki front na intelektualniot potencijal vo drzhavava nasproti zabavachinjata vo Vladata,koi so svoite nevnimatelni igri go krshat najskapoto shto im e pri raka.No,spomenatite anonimusi se fashizoidni podanici na Firercheto i od svoite visoki funkcii i mokj shto proizleguva od istite,stanaa strav i trepet za intelektualcite,koi ja sfatija realnata zakana po svoite zhivoti,karieri,opstojuvanje ,ako bidat jasni i glasni.Nema glasnost i vo redovite na koalicijata,osven zadolzhenite za iznesuvanje na partiski stavovi.I kako da stane masovno dvizhenjeto na otporot protiv diktaturata bez intelektualnata elita kako predvodnik?Pochnete od tuka i mobilizirajte se shto e mentalno zdravo i posveteno na idninata na ovaa drzhava,ako seushte ima nadezh za nejzino opstojuvanje.So Grujo,se pomala e mozhnosta taka i da bide.A SDSM nema da uspee da go unishti.Kje mu bide samo son na letnata nokj,koja kje stane negov koshmar.Imame dovolno inaet .
Од: Kocin-Sydney
Датум: 24.07.2008 02:47:54
Vo pismoto na Spasov namesta ima i po nekoja dobra rabota. No gospodinot Spasov zaborava deka megu tie negovi profesori, doktori, ambasadori i tn. koi se vo SDSM nema pravi luge vistinski politichari na koi im pee petleto za Makedonija. Tie kako Makraduli, Kondarko, Buchko, Branko, Shekerinska..... site tie se izliteni i vo niv nema idnina. Na makedoija i e potrebna zdrava parlamentarna opozicija so dobles i so idei a ne lige koi znaat samo da frlaat otrovni streli po vlasta, i luge so somnitelno kriminalno dosie koi doprva treba da odgovaraat pred sudskite organi!
Од: citatel
Датум: 24.07.2008 03:11:01
Se somnevamm deka na poranesniot gospodin Ambasador voopsto mu bilo jasno koja drzava i narod go zastapuval. Kamo sreca sudbinata na opozicijata da zavisi samo od eden covek., ili kakva e taa opozoicija da se plasi od edna ednistvena licnost. Problemot e sto politicarite od opozicijata si ostanaa zarobenici na vreminjata koi pominaa. Miljeto vo koe se formiraat politicarite, nivniot status i nivnata komunikacija so narodot e potpolno promenet. Ni eden politicar nemoze poveke so eden da se obezbeden kmaterijalno do kraj na zivotot. Da se bide politicar znaci da se bide nagraden transparentno. Mnogu od poranesnite-segasni vo sdsm i satetlitite imaat "pepel na glavata" srasnat so kosata. Mozebi "zabludenoto" mnozinstvo i gresi po nekogas, ama politikata na drzavata mora da gi odrazuva potrebite, interesite i logikata na tie sto biraat. A i poimot "intelektualec" moze da se interpretira na razni nacini.
Од: student
Датум: 24.07.2008 05:01:02
potpolno se soglasuvam so profesorot! sekoja izjava na vladata e samoreklama toa sekoj moze da go vidi,no da priznae poteshko!od shto non stop se na televizija nemozat ni na depilacija da pojdat(gorde)! vladata shiri reklamen patriotizam nishto drugo,se chudam kako narodot mu veruva? bravo za SPASOV!!!
Од: nemanjici
Датум: 24.07.2008 05:04:22
bravo spasov si stanal prav uchitel a ne profesor,samo da znaesh deka iako mislite kako vashiot bifsh vodach tito pai ovoj doskoreshniot partner tito palanachki so andov i kompanija deka ste ne zamenlivi grdno se lazhesh .Vie so vechernite (skj)shkoli od selski ovcharchinja stanavte elita i sega vi smetaat (kako na tito gilas)po ucheni ekonomisti i profesori pa ajde sega so nepismeniot janis i so tashnarevska shekerinka i oktopodot crvenkovski keja rushite pospremnata vlada od vas zadaja doprodadete MK nagrcite epa drugari umre tito umre jna i udbashite aso niv ivie,dojde vreme MKnarot dasi odluchuva i bira vladi i ostaveteja ovaa vlada davigi pokrie luznite shtomugi napravivte na MK narot i shtedachite na tat,lavci i.............Uzivajtego imunitetot i molchete.
Од: Zini zemjo, g'tni me!
Датум: 24.07.2008 05:53:14
Gospodine ambasadore, ne ja bivat rabotava, ama ich. Mojata memorija dopira do ona vreme koga bevte analitichar i branitel na ideaite na komunizmot, za sto ste i doktor na nauki. I vidovme kako zavrsi, za sreka po chovestvoto. Ne velam deka e loso da se imat silna opozicija vo bilo koj parlamet vo svetot, pa i kaj nas. ama zarem ne zabelezuvate deka Vasiot SDSM e na smrtna postela, I ne treba da se zali za tie kalpazani, na celo so aktuelniot pretsedatel. Pa i za vas kako nivni aparatchik. Niv (i Vas) istorijata ke gi zapameti samo po unistuvanjeto na svojata zemja. Ke dojdat drugi, pametni, nekriminalno nastroeni politicari koi verojatno ke sozdadat silna levica, Ako imate vnuci, posvetete im se niv. Ne ste Vie sutrak da ne mozete da odgledate i izvedete na pat zdravi pokolenija. Batalete visoki politiki, idnite pokolenija ke si go najdat praviot pat, Vaseto zavrsi i dobro sto e taka.
Од: lav
Датум: 24.07.2008 06:00:00
sdsm ? ne blagodaram
Од: Magistar
Датум: 24.07.2008 06:17:20
Gjole Spasov, vas ne bi ve stavil da prodavate lemonada na tezga.
Da imashe SDSM neshto covecno (ne mora Makedonsko) vo sebe, nemase da sedi sega nadvor od parlament. Vprochem, seushte nemozam da poveruvam deka SDSM voopshto dobi pratenici vo Parlament.
Од: do RR
Датум: 24.07.2008 06:19:41
Stravot na koi intelektualci RR?Zar Frckoski vi izgleda uplasen-koj po parkinzite pocna da tepa zeni.Vo sekoja druga normalna drzava toj bi bil zatvoren na lice mesto bez pardon.Zar olicetvorenie na stravot bese nasilnoto vleguvanje vo sudot od strana na celoto rakovodstvo na SDSM?Tolku za toa.Ne daj Boze na vlast da dojdat istite onie intelektualci od SDSM koj ja dovedoa drzavava nasa do pitacki stap i ne sogolija do koska a zgora na toa ne ostavija i bez rabota.Od rentabilni firmi-namerno gi nokautiraa vo stecaj.Na tie valkani intelektualci im e strav sega.Pa i treba da im bide i ne samo niv tuku i na sekoj onoj koj se ogreshil pred zakonot.Da ne se razbereme pogresno-nam ni treba opozicija i toa jaka opozicija,megjutoa ne so ovie korumpirani lugje i pogresna filozofija.Na SDSM im trebaat koreniti promeni i svezi ambiciozni i mladi deca-a ne ovie istroseni politicari(barem povekjeto).So niv ne samo partijata tuku i cela Makedonija ke ide nazad.Nivnata arogantnost ne pali povekje!
Од: dragan
Датум: 24.07.2008 07:21:44
strashna rabota , SDSM tone li tone , i namesto da gleda da isliva na nekoj nacin ,tie sami so soptevni teshki misli vo glava tonat .... kako ne mozat da razberat deka pomina nivnoto vreme ,i deka treba nov i svez kadar , da ponudat nesto konstruktivno , a ne samo napadi ,i napadi ... i udreni bo glava deka samo tie se idalni ... absurd ..
Од: Igorce Bitola
Датум: 24.07.2008 07:25:44
Ххммм, мошне интересна колумна.Конечно и Вие свативте што е тоа што сака народот да го направи, а сето тоа преку Груевски. Катастрофалниот пораз што вие го претрпевте не беше само пораз од Груевски, беше пораз од народот. Вам ви се случи народот. Да, Груевски го подигна националното чувцтво на македонски граѓанин кој Вие 60 год. им го имавте одземено за лично богатење во овие матни времиња. Груевски победи благодарение на своите резултати, благодарение на својот патриотизам. Кога ке се чуствувате за вистински македонски патриоти, тогаш можеби повторно ке победите.
Од: devicanecot
Датум: 24.07.2008 07:47:16
Gospodine Spasov,
Vie od SDSM, sami si napravivte SDSM da go snema od politickata scena. Nemate koncept. Proigravte se sto Vi bese dadeno i toa na tacna. Sekako so Vasite kadri od koi eden si i ti. Od Minister za pravda, pa Ambasador. Sto napravi ti vo Obedinetoto kralstvo za Makedonija. Ili bese obicen podanik.
Ajde izlezete so programa, so novi kadri, idei. Za oktopodi, metli i sveti SDSM, nikoj povece ne vi veruva. A uste povece za vrabotuvanje na po eden clen od semejstvoto, pruga so Bugarija ili avtopat do Bitola. Koj Vi popreci Vas da davate izgradba na patista so koncesija? Ili da go donesete Krup vo zemjata, pa programata Audi A-3. Samite Vie. Ili idejata na Igor Ivanov, ce go vracate sredniot sloj vo opstestvoto. Pa Vie prvo totalno go unistivte, go utepavte nego. Pa ajde koj se vratil od mrtvite?
A tvojot mentor, Gligorov, uste barase i parnoto da mu go placa drzavata. Vlezete vo kozata na obicniot covek, Vasiot birac. Pod koi uslovi ce saka da Ve bira, ako saka.
Од: Mene
Датум: 24.07.2008 07:57:00
Ах пусто минатото. Кај отиде.
Од: jas
Датум: 24.07.2008 08:41:48
Prvo, spontno da se sluci nova opozicija, ama ne vo likot i deloto na SDS=BC a potoa da ja snema i ovaa vlast. Gruevski i DPMNE e sega na ona nivo na koe bese BC koga izjavi: ke ve izgazime kako sleper zaba. Gruisti, BCisti, isti, isti...
Од: kole
Датум: 24.07.2008 08:59:41
Odlicen napis, normalno nerazbirliv za VMRO_vcinjata, zatoa sto groto se nepismeni, ama ke recam i toa deka ovoj narod ne e za zalenje... koga mu veruva na taka notorni lagi na VMRO-vskata oligarhija... Kade mrdnal nasiot Grujo nadvor od Makedonija? Izlegol li nelade od Skopje odnosno od negovite 4 stanovi??? Nikade!!! Go pokanil li nekoj drzavnik??? Ne znaat li vo Brisel sto se slucuva kaj nas??? Znaat i toa podobro od samite nas i iskreno ne sozaluvaat na vodstvoto na nasiot ekonomski ekspert za programi od 1000000 cekori... nadgradei i izopaceni...
Од: jovan
Датум: 24.07.2008 09:02:23
Fino kazano i dobro e sto nekoj vo SDSM svaka deka VMRO sekoj den gi "treska od zemja". Ako ne se napravat seriozni promeni vnatre vo partijata i ako ne se pravilno svatat novite uslovi i novoto vreme togas nema Gruevski da vi bide kriv za vaseto samounistuvanje. Planovite i izjavite od tipot "ke vidi on sto ke mu se sluci koga nie ke dojdeme na vlast" se pre pre zastareni razmisluvanja, a se izjavuvaat sekojdnevno od clenovi na SDSM. Vremeto vo opozicija treba efektivno da se iskoristi za reformi (trening) za da moze partijata da go fati cekorot so novite uslovi. Ako i ova se propusti "seriskiot ubiec" ke ve dokrajci a i nikoj nema da go osudi, naprotiv ke mu cestitaat za "ubistvoto" i ke go smetaat za heroj, bidejki vakvi kakvi sto ste navistina nikoj ne ve saka.
Од: А
Датум: 24.07.2008 09:23:44
Прв услов за да се реформира СДСМ от е таквите како тебе да ги снема од политичката и јавната сцена на Македонија.Неспособни и без идеи луѓена Македонија одамна не и се потребни. СДСМ од ВМРО се разликува по тоа што за време на СДСМ ништо не се менува и ништо не се случува.Со нив времето застанува а капиталот се штеди на нивните конта.За демократијата и владеење на правото, зависи како ги перцепирате во вашиоте глави.Презумпција на невиност не знаши дека еневин.И тоа треба да се докаже.Впрочем зошто не отидат кај некој друг (полицијата) и да го затвопрат????Еј Спасов. Што направи ТИ од твоите МАНДАТИ во политиката. ИЛи како СДСМ НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА?????
Од: Igor.te
Датум: 24.07.2008 09:25:30
Ha Ha seriski ubiec. Treba sdsm da svati deka na narodot mu preku glava se sto dobi ovoj narod od sdsm e 5-6 oligarsi i 300 000 nevraboteni + opshto prifateno custvo na nesposoben narod i nikakov patriotizam za svojata majcina zemja i deka tamu nekade vo stranskite zemji e spasot i da se slozuvam so avtorot deka i treba lider na sdsm ama jas bi dodal deka i treba i cel nov kadar, novi luge, ama teshko deka ke gi najdat bidejki ne sekogash rodninite i prijatelite se najdobriot izbor.
Од: metodija
Датум: 24.07.2008 09:33:53
kade e antikorupcija da ja ispituva stetata od nacionalna platezna kartica vo koja upravuvaa Gruevski, Jankulovska, Janakievski, Mijalkov? 7 miliona evra e stetata. Ama za da se skrie i zaboravi, Grujo ni vsaduva omraza kon site.
Од: sonja
Датум: 24.07.2008 09:36:46
potpolno se slagam so napisanoto od profesorot ama kako sto izgleda na ovoj nas narod ne treba da se ukazuva na nisto bidejki se zaslepeni od edno slepilo nareceno vmro, pa zatoa da gi ostaveme i da vidime do koga ke bidat slepi.
Од: OD Mene
Датум: 24.07.2008 09:37:32
Gospodine Spasov seto napishano e vistina i treba da postoi sila shto ke se sprotistavi na fashizoidnoto DPMNE,no potrebno e i SDSM neshto da menuva i da nastapuva barem so elementarna strategija shto sega ja nema.Im ja ostavivte partijata na razgaleni deca a sega trpi Makedonija i nie kako nejzini gragani.Ova go velam zatoa shto od DPMNE ne ochekuvam nishto dobro nitu pak od zapalenite patrioti od tamu daleku preku okeanot.Patriotite se ovde vo Makedonija zaedno so site nivni sekojdnevni poteskotii.Komitite ne ja izborija nezavisna Makedonija toa go naprvija partizanite,"Smrt na fashizmot sloboda na narodot".
Од: Saso
Датум: 24.07.2008 09:40:08
Abe Spasov, ne kazuvas koi se pricinite sto narodov i dade tolkava doverba na grujovizacijava. Posledicite znaeme i gledame deka ke bidat katastrofalni...Zatoa, trebaat reformi vednas i toa celosni.
Од: Скопјанец
Датум: 24.07.2008 09:57:33
“Ќе ве згазиме како шлепер жаба“ е Грујовизам или Бранковизам? Господинот Спасов кога беше амбасадор во Бугарија одеше по приеми и ручеци со други амбасадори, наместо да се ангажира за подобри услови за транзит на нафтени деривати преку Бугарија за Македонија во време кога Грција ја имаше затворено границата кон нашата земја. СДСМ има фабричка грешка кога е во прашање реалната економија. Единствено Хари Костов започна неколку проекти, но тој не беше член на СДСМ и тешката партиска бирократија, вклучително и Ѓорѓи Спасов, го чувствуваше како надворешно тело и придонесе овој врвен економист да поднесе оставка од премиерската функција. Народот не сака сува политика туку конкретни, видливи и корисни проекти.
Од: Strana Gledano
Датум: 24.07.2008 10:23:40
Linijata za SDSM uste dolgo ce odi nadolu, do samounishtuvanje, uspeshnite ludje od SDSM begaat od taa partia, a uspeshnata mladina ne ni pomisluva da bide clen na taa bagra. Vie ako se razbirate od demokratija poshtuvajte gi barem izborite, narodot kaza koj e vo pravo, ne mozete da krivite tolkavo mnozinstvo deka ne bilo vo pravo vo izborot a ne pominale ni 100 dena, toa e ponizuvacko za niv i dopolnitelno ce bidite kazneti za toa na lokalnite izbori koi se neizbezen debakl za SDSM.
Од: jas
Датум: 24.07.2008 11:00:34
Citam i se cudam. Ne od gospodin Spasov normalno e toj da pisuva nebulozi vo stil im e na sds,no se cudam od "obicniot"covek sto podrzuva od seto ova sto e napisano. vikaat vmr-ovci ,grujovisti i neznam uste sto no izgleda tie se stadoto sto odi po BC i sekoj negov zbor go povtoruvaat kako papagali. Dragi moi podrzuvaci na ideata(ako ja ima)na sds ubedetene so fakti i argumenti pa ke opstoi vasata partija, dotogas ne se pojavuvajte podobro ke bide za vas.A stvarno mi e zal da ne ve snema eden den.
Од: опозиционер
Датум: 24.07.2008 11:07:41
Професоре, ја имате и мојата поддршка, но и сугестија да се почне со дебати на интелектуалците, а, тие дебати не би биле доследни ако ги нема и сите интелектуалци кои некое време биле активни во сегашниве опозициони партии од коалицијата „Сонце“. Мислам на оние кои личното политичко позиционирање не го врзуваат со тоа каде се најдобро платени.
Од: Македонија
Датум: 24.07.2008 11:09:20
Замислете што дочека Маке��онскиот народ во 21 век да живее во диктатура режим ист како во Бугарија за времето на Тодор Живков ,доколку не се разбијат овие црни облаци што виснаа над нас црно ни се пичува на сите без разлика кој од која партија е.
Од: Трпе
Датум: 24.07.2008 11:33:32
Ljubomora,ljubomora i ljubomora.Normalno deka se stvara iskompleksirana lichnost.Poglednete od kakvo semejstvo e Gruevski,pa Gorchev itd.Kako moze Gruevski da ne gi mrazi komunjarite.Za vreme na komunizmot,majkamu bila 6 meseci vo Libija i op chetiri stana.Nikola po profesija ekonomist,pa minister za ekonomija i pokasno za finansii a sega magister i premier seushte nema nitu eden stan.Pa normalno komunjarite za vreme na ednoumieto ne rabotele pravilno.Ama shto da se pravi,Nikola trebalo da bide medicinska sestra potochno zensko.I op ,od prethodniot soprug stanovi.Eeee,premiere taka ne ja biduva.Ljubomorata e bolest.Zasukaj gi rakavite i na rabota.Vodenje drzava i igranje dramski pretstavi ne e isto.Plus ako imash vesnik so nekoj urednik koj pishuva isprevrteni prikazni.Grujovizija so lazni bumbari.Premieru te lazat,trkaloto se vrti.
Од: toti
Датум: 24.07.2008 11:53:52
Ne se VMRO ¨seriski ubijci vo politikata¨ tuku SDSM se ¨seriski samoubici vo politikata¨ na chelo so Rada, Shema, Makraduli i red.dr.
Од: prosveten rabotnik
Датум: 24.07.2008 11:57:20
SDSM da ne se sekira ,pa ni Vie g-dine za frustraciite na nasiot Premier.Plasete se od dolgogodisnite licni krazbi,za koi pred se treba da ve osudat simpatizerite na partijata-koi ne dobija nisto dodeka se bogatevte i ja osiromasuvavte drzavava.Se svedovte na stotina luge koi mozea i pravea se sto sakaat,go zaboravivte i vaseto clenstvo,da ne kazuvam za onie od opozicijata sto pravevte.Za da se rehabilitirate,pokajte se za FYROM,za site losi privatizacii,vratete se sto ukradovte,dajte im sansa na novite i mladi luge da odat napred vo partijata-tie ko vas redno e da se otkazat od politika.Eden mudrec rekol-sekoja rabota koga ni se slucuva e samo radi nas i nasite greski nikoj drug ne ni e kriv-razmislete za ovaa golema mudrost.
Од: Friend of London
Датум: 24.07.2008 12:51:27
Dear Gorgi
Na tebe i tvojata serioznost kako bivsi ambasador i univerz.profesor ne ti lici frckovizam ili Kramarizam.Sto ja pustivte Rada na kormiloto,zosto ti kako iskusen i sposoben,trokratno proveren kadar, ne se nafati da go spasis SDSM,so tvojata harizma i postenost da mu konkuriras na Gruevski,da vospostavis SPASOVIZAM. Bidi ziv i zdrav.Zasega kroti tamu kaj sto si, oti kakov si za nikade ne si.
Од: Анита
Датум: 24.07.2008 13:29:26
до: Никола
Почитуван г-не Никола,
дали сте сигурен во тоа што го пишувате?
Дали интелектуалците навистина гласаа за Груевски и во колквав број? Се надевам само дека Грујо и неговата гарнитура брзо ќе бидат разобличено. Инаку, статијата е комплетно на место.
Од: vesna
Датум: 24.07.2008 13:30:18
Do nemanjici: Procitaj si go komentarot uste ednas i ke pronajdes mnogu pravopisni i jazicni greski od tipot: grdno, nitu tocka,nitu zapirka i red drugi...Toa e osnovnata razlika megu SDSM i Dpmne-kulturni i opismeneti luge nasproti prosta nepismena masa.
Од: citatelka
Датум: 24.07.2008 13:43:00
dobra statia , DOLE diktatorot gruevski
Од: citatelka
Датум: 24.07.2008 13:55:10
G-dine Spasov , vie nikade ne go spomenuvate narodot koj vo tolku golem broj dade podrska na partijata so e na vlast, za kakvi institucii zboruvate i za kakov seriski ubiec?
Од: zoki
Датум: 24.07.2008 15:40:46
Nikako da svatite. Tokmu tie lugje so stabilni karieri koi ja dovedoa Makedonija do ova nivo na koe e sega, go donesoa izborniot neuspeh na SDSM. Nikako da svatite deka e potrebno nesto a smenite kaj sebe, a ne sekogas drugite da vi se vinovni za neuspehot. Mozam samo da vi cestitam za zduzenite sili so VMRO-DPMNE da ja zgasnete SDSM zasekogas.
Од: makedonce
Датум: 24.07.2008 16:27:15
kako sto veli starata pogovorka'covek sam sto ke si napravi,nikoj ne moze da mu napravi' taka e i so komunistive.Milo mi sto konecno Makedonija dobi toa sto zasluzuva, vistinski lider kako gospodinot Nikola Gruvski.Samo napred Nikola,narodot go kaza svoeto