Канал 5 не заштити идентитет на малолетна жртва
Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на повторената практика на телевизијата Канал 5 во информирањето за семејно и сексуално насилство – недоволно да го заштити идентитетот на малолетната жртва.
Иако веќе е предупредувана, како што се наведува во вчерашното соопштение на Советот, телевизијата повторно на 13 февруари, известувајќи за нов случај на насилство и негрижа врз дете во струшкото село Лабуништа, не му одолеала на сензационалистичкиот порив. Интервјуирана е мајката на жртвата, ја снимиле куќата каде што се наоѓа жртвата, надворешноста и внатрешноста на домот, но и самото девојче од грб, со што практично за сите кои живеат во тоа место го откри нејзиниот идентитет. (П.Р.) |