Националниот совет за заштита на културното наследство ќе се состане идната недела
Националниот совет за заштита на културното наследство при Министерството за култура формиран минатата есен, својата прва седница ќе ја одржи на 14 февруари. На чело на ова советодавно тело е самиот Министер за култура Арификмет Џемаили, а го сочинуваат академиците Гане Тодоровски и Крум Томовски, д-р Митко Маловски - Филолошки факултет, д- р Вера Битракова - Грозданова, м-р Берат Аќифи од Куманово, д-р Анета Светиева - Природно-математички факултет, Јасминка Хаџиева - Алексиевска - Архитектонски факултет, Метин Изети -директор на Националниот конзерваторски центар, Муса Бајрами - теолог од Гостивар, Јалдз Хасани - археолог од Тетово, Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив, Ратомир Гроздановски, декан на Теолошкиот факултет , Предраг Гавриловиќ - Институт за земјотресно инжинерство и Кочо Фидановски- ликовен уметник.
Иако се очекуваше, сепак на дневен ред според изјавата на портпаролот на министерството Александар Ѓорѓиев, нема да биде Предлог - законот за заштита на Старата скопска чаршија, акт со кој овој споменик на културата како целина чека да го добие заслужениот статус на споменик од особено значење. (К.Б.) |