Ако дефицитот и инфлацијата останат високи, на македонскиот денар неминовно му претстои девалвација
Александрија Стевковска
Трговскиот дефицит за првите шест месеци од годинава достигна рекордни близу 1,5 милијарда долари, бројка која македонската економија досега ја нема регистрирано. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-јуни 2008 година изнесува 2 милијарди долари, а на увозот 3,5 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58,2 отсто, односно дефицитот во размената со странство е 1,46 милијарди долари.
Високиот дефицит, каков што не се памети досега, во најголема мера се должи на увозот на сурова нафта, чија цена изминатите месеци достигнуваше невидено високи порасти. Тоа предизвика и голем одлив на девизи, но многу пари се одлеале и за увозот на струја и на моторни возила. Ваквите нагорни движења на негативата во трговската размена со странство, според експертите, не смее да ја остави рамнодушна Владата, која досега многу ноншалантно ги прифаќаше бројките за растот на трговскиот дефицит.
Според експертите, Македонија итно мора да преземе мерки за намалување на дефицитот, преку создавање и извоз на производи со повисока додадена вредност, како и да поработи на супституирање дел од увозот со домашно производство.
„Ова е првпат во историјата на земјава да имаме трговски дефицит од 1,5 милијарда долари за половина година. Уште пострашно е тоа што увозот за првите шест месеци од годинава достигна рекордни 3,5 милијарди долари, па Македонија веќе не е во состојба да го храни и издржува толку високиот увоз“, вели Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
И тој и другите експерти подолго време укажуваат дека со олку висок трговски дефицит и степен на инфлација, која со месеци го држи нивото од близу 10 проценти, економијата на земјава нема светла перспектива.
„Мислам дека ако дефицитот и инфлацијата останат на олку високо ниво или, пак, пораснат, на македонскиот денар неминовно му претстои девалвација, што би било страшен удар и за економијата и за граѓаните. Просто е фрапантно тоа што Владата подолг период ги игнорира ваквите движења во економијата и не' убедува дека не е страшно, иако сега е повеќе од сигурно дека ваквите негативни движења се многу опасни за економијата“, смета Поповски.
Трговскиот дефицит и неговиот одраз врз е��ономијата беше топ-тема и при неодамнешната неофицијална посета на шефот на мисијата на ММФ, Марк Грифитс, со надлежните лица од државава. Тој притоа посочи дека рак-раната на македонското стопанство, трговскиот дефицит, расте поради диспропорцијата на евтиното производство на домашна струја и увозот на скапа струја, што е една од поголемите ставки во вкупниот увоз на стоки.
Наспроти увозот, кој ја илустрира енергетската зависност на земјава, анализата на извозот покажува дека главни негови носители се компаниите од секторите за производство и преработка на челик и од црната металургија, што според експертите е показател дека станува збор за неразвиеност на македонската економија.
Втора најголема извозна ставка на земјава се облеката и обувките, кои се лон-производи, поради што немаат многу додадена вредност или некој посебен вреден инпут, освен евтината работна сила, која почна да станува неконкурентна. Трета најголема ставка е храната, односно земјоделските производи, кои бележат досега најголем скок во делот на извозот. И додека глобалната конкурентност на успешните транзициони економии се базира на производи со висока додадена вредност, кои се и високопрофитабилни, анализата на македонскиот извоз покажува дека 50 отсто отпаѓа на суровини и полупроизводи. Тоа го покажува слабиот потенцијал на македонската економија и неможноста да се справи со предизвикот што го наметнува високиот трговски дефицит.
Во шесте месеци од годинава најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ - 60,1 отсто и земјите од Западен Балкан - 34,5 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите од ЕУ - 46,9 отсто и земјите во развој - 32,4 отсто. Според вкупниот обем на надворешнотрговска размена, Македонија најмногу тргува со Србија, Германија, Русија, Грција и Бугарија. (А.С.)
Uvozot se dolzi pred se na uvozot na nafta i nafteni derivati,struja,avtomobili,kako i hrana i zemjodelska mehanizacija.Pa SDSM namesto da gradea elektrocentrali i fabriki gi pustoshea vekje postoeckite.Vo Resen Prespateks od 1200-1300 vraboteni dojde skoro do NULA.Stolicharata se kupi za 300 000 togasni dojc marki a nekolku meseci pred toa se kupi masina vredna 350 000 dojc marki.Ve molam kazete mi ja logikata na kupuvanjeto na ovaa i mnogu drugi firmi vo Makedonija.Se se opljacka,zatoa i vekje nemame golemi izvoznici kako sto toa bese slucaj porano.Golemi grevovi se slucija i narodecot ostana na ulica.Ista prikazna i so OHIS i mnogu drugi kompanii-koi od profitabilni dojdoa do propast-blagodarejki na mafijata i SDSM.
Од: objektiven
Датум: 07.08.2008 06:56:34
Drzavata bara stranski investitori bidejki nema plan sama da gi razviva svoite izvozni potencijali.
Nafta morame da uvezuvame ( na sto ni odat skoro polovina pari) ama struja ne morame bidejki imame voden potencijal koj e neiskoristen, i samo se pletkame koj da gradi hidrocentrali i kako da gradi. Kaj nas samo deklarativno se baraat stranski investitori no seuste se raboti bez detalen plan, recisi voluntaristicki. Stranskite investitori se sudruvaat so mnogu problemi, kako sto e zatvoreniot i anahron vizen rezim na zemjata za site vonevropski zemji , administrativnite barieri, dolgite i neizvesni proceduri za izdavanje dozvoli za rabota i prestoj na stranskite kompanii, odnosno na nivnite clenovi koi rabotat vo nasata zemja, kompliciraniot i nejasen zakon za stranski investitori vo koj sekoe ministerstvo moze da go cita zakonot kako saka i da pravi obstrukcii.
Tolku.
Од: OD Mene
Датум: 07.08.2008 08:33:14
Pocituvan Robert mesas babi i zabi ocigledno kafeanskoto raspolozenie te drzi i tebe.Zosto ne kazes deka uvezovme tolku struja radi katastrofalnoto rabotenje vo REK a kako nagrada Konjanovski stana minister.Cii firmi go napravija uvozot na struja?Po koja cena?Kolku hidro i termocentrali izgradi Grevski,ili pak mozebi nekoj drug gi izgradi od ovie sto ti gi narekuvas kradci.Cudo kako i Cingovski ne stana minister!!!!
Од: jovan
Датум: 07.08.2008 08:41:28
Neznam po koj pat pisuvam veke edno te isto. Deficitot se dolzi na faktot sto od lani pa navaka bankite davaat krediti za se i sesto, a narodot normalno kreditot go zema za da go potrosi.(najcesto na koli, plazmi, tehnika)koja e od uvoz. Sega kade i da e ke ni se sluci toa sto se slucuva vo Amerika i zapadna Evropa. Kreditite se potesko i potesko naselenievo ke moze da gi vraka(poradi niskiot standard), pa ke se obide so novi krediti da vraka stari i ke ni se sluci: ili del od toa naselenie da ostane na ulica ili bankite da proknizat gubitoci (kako vo Amerika).Naftata i energensite samo dodatno ja vlosija ovaa situacija. Ako vo skoro vreme ne dojde stranski svez kapital,-GOTOVI SME.
Од: Ванчо
Датум: 07.08.2008 09:05:51
Аха, значи СДСМ бил крив!
Баш се прашував, зашто знам дека Груевски не греши, ВМРО не греши, брат Љубе не греши, дури ни Љуббчо не греши ...
Знам! Сигурно новата „инвестиција“ во трговски центар во Алумина ќе придонесе за поголем извоз!
Тоа, но и состојбата со демократијата во Македонија, како што рече и Советот на Европа.
Од: Стариот Бате
Датум: 07.08.2008 09:11:42
Грешка е, Трајко ќе каже. Тој тоа не го дозволува, како и претходно. Мижи Митро, тулумби ќе паѓаат. Се виде капацитетот на Владата, спас најдоа во предвремени избори, народот заслепен од националните побуди и даде доверба. Но сега, ВМРО-овците ги напаѓаат предходниците, а и тие беа на власт, како да заборавија на Кљусев и надежниот блгарин Љубчо.
Од: ggg
Датум: 07.08.2008 09:57:55
Pak za se se krivi SDSM zarem ne Robert?Kako ne ti e sram.Tolku vreme pomina kako e VMRO na vlast i za se e kriv nekoj drug a ne tie.Namesto so ekonomija se zanimavaat so evtin populizam a nie toa skapo ke go platime. Ekonomistot od elitniot prilepski ekonomski fakultet neka napravi nesto osvem sto se fali i sto se zanimava samo so egejcite i so apsenja pred kameri.
Од: kole
Датум: 07.08.2008 10:09:15
На ВМРО-вците не им оди... чаре... криви се СДС -овците.... а никако да признаат дека се неписмени и не ги бидува.... ги бидува само за грозни коментари против Заев и фамилијата... отворете Вечер... Време... и ќе ги видите нивните високообразовни коментари... Преродбата продолжува... уништувачка...
Од: do jove
Датум: 07.08.2008 11:32:03
vo pravo si brat zemat krediti za potrosuvacka za uvozna stoka no toa e pazarna ekonomija bankite trljat race a drzavata osirimasuva...no kade se potezite na vlada?????tie vi nisto ne investirat...samo go zgolemuvat budzetot sto po igra na logika ce dovede do dvacija.
Од: betmen
Датум: 07.08.2008 11:43:08
A be Robert ti ili ne znaes ili ne sakas da znaes. Otvori malku stari novini i vidi sto koga e zatvoreno i sti koga e restartirano. Da ne gi restartira SDSM metalurskite kombinati, deficitot sega ke bese pogolem barem za pola milijarda. Gakite (i tvoite i moite) ke ni bea zakaceni na plot. A prasaj se kolku od deficitot otpaga na uvozot na struja koj se vrsi so dogovori vo cetiri oci, i zosto e drasticno namaleo proizvodstvoto na REK. Dodeka ti i jas ovde jademe trici necii smetki na nekoi "kajmanski" ostrovi se polnat. Verojatno na clenovi na opozicijata!!!!
Од: Petar ekonomist
Датум: 07.08.2008 13:12:37
Samo napred so Gruevski i Slavevski! Ha, ha, ha... Odite kon provalija. Citajte vnimatelno sto kazuva i sto sovetuva Popovski Nikola. Toj e odlicen poznavac na ekonomijata. Ni visi li dvacija na glava!?!?! Bash sakam od nego i pogolemo obrazlozenie.
Од: goranco
Датум: 07.08.2008 14:11:07
do sega ako dvirase denarot nasiot standarde za
20% ke bese povisok ama toa tie vo Srbija non stop
dvira dinarot i imaat kade kade povisok standard od nasiot.