|
|
|
|
|
|
ПЕЛАГОНИЈА
Мариово е неистражено археолошко наоѓалиште
ПРИЛЕП - На локалитетот Висока, на врвот од Селечка Планина во Мариовско, на височина од 1.472 метри, пред три години е откриен антички град и дворец со огромни блокови. Археолозите потенцираат дека Мариово е богато, но неистражено археолошко наоѓалиште.
Објектите датираат од 4 век пред нашата ера, што е претпоставка дека тука владеел некаков крал или помал кнез. Гробницата во подножјето на планината е потврда дека тој великодостоинственик бил погребан тука.
„Досегашните истражувања се реализирани на површина од два хектара, во должина од 350 метри и широчина од околу 100 метри. Таму е документиран град со одбранбен ѕид во доцен антички опус. Годинава сме во фаза на дооткривање на гробницата. Најголем проблем е тоа што не можеме да работиме на врвот Висока поради непристапноста на теренот“, објаснува професор Виктор Лилчиќ.
Според него, откриени се разни видови керамика од 4 век пред новата ера, делови од накит и од копци од облеката на воините, монети на македонските кралеви, Александар Македонски, монети од градовите...
Но, натамошните истражувања треба да ја решат дилемата кој владетел владеел во дворецот и кое било името на овој антички град“, додава Лилчиќ. За досегашните истражувања се потрошени над 1,4 милиона денари. (Мн.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 1542 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: 444 |
Датум: 04.06.2008 01:42:09 |
|
Нели сите се џапаат да дојдат до МАРИОВО.Јас,повејке пати пишуваав до Владата на РМ да не се продава ништо од Мариово, да грците настојуваат да го купат Мариово, и тоа преку разни емисари од Финска и од кај не,а има и луге кои помагаат.Има добро намерни грци кои ни кажуваат дека во Македонија има многу шпиони кој работат за грчката влада против Македонија.Македонија е центарот од кој грците се плаѓат.Тие што ја испитуваат реката црна,да се истераат од МК,а тие што го наговараат премиерот му се душмани што сакаат да го продадат Мариово.Народот МК не треба да го дозволи тоа,прремиерот сигурно нема исто така,ке се сети кој го наговара да продава земјиште од МК.Бунарџик нека градат фанрики не Мариово во светото место,па знаеме ние не сме сите неписмени македонци.Укажано е тоа и да се прекинат сите тендери за Мариово.Напред археолози биде кул да видиме колку е сакате Македонија. |
|
|
|
|
|
|
|
|