МАНУ им одговори на професорите што му пишаа на Обама
„Името на Македонија е стварноста на Македонија“, стои во реакцијата на МАНУ
Македонската академија на науките и уметностите реагираше на писмото на повеќе професори главно со грчко потекло упатено до американскиот претседател Барак Обама, во кое се негира македонскиот идентитет и се бара промена на државната политика кон Македонија. Македонските академици во своето писмо наведуваат дека чувствуваат потреба да реагираат на писмото на професорите од разни универзитети во САД, Канада и Европа и се изненадени од нивната неакадемска реторика. Во него тие побарале од Обама да преземе мерки „да се исчисти политичкиот отпадок оставен во Југоисточна Европа од претходната администрација на САД“ и не само што се негира идентитетот на македонската нација туку и инхерентното и цивилизациско право Македонија да се вклучи во интегративните системи на современиот демократски свет.
„Како луѓе на науката, па следствено како застапници на објективната аргументација, на кохерентна интерпретација на факти, на етиката и на правдата, членовите на МАНУ не можат да ја прифатат логиката на невидената уцена што ја наметнува Република Грција околу легитимното име на својот мирољубив и пријателски сосед. Тоа македонско име е многувековно колективно чувство, артикулирана автоперцепција и самосвест на македонскиот народ“, се вели во реакцијата на академиците.
Македонската нација е општопризната како една од јужнословенските нации, македонскиот јазик е признат како рамноправен во групата словенски јазици и се проучува на славистичките катедри на универзитетите во светот, а својата национална припадност ја изразуваат и стотици илјади Македонци кои живеат во соседните држави, како и во САД, Канада, Европа и Австралија, се додава во писмото-одговор.
На крајот од реакцијата на МАНУ се изразува убеденост дека проблематизирањето на повеќедецениското постоење на државната творба под името Република Македонија е во спротивност со историските реалности на модерна Европа.
„Тие вредности се заедничко наследство и стремеж и на Република Македонија и на Република Грција. Затоа и ние се залагаме за што побрзо надминување на атавизмите од минатото на патот кон обединета и просперитетна Европа. Апсурдно е на тој заеднички пат да се бара од нас да се откажеме од сопственото многувековно име и од самите себе. Името на Македонија е стварноста на Македонија“, стои во реакцијата на МАНУ. (Св.У.)
Dobro ama "Македонската нација е општопризната како една од јужнословенските нации" ne tocno! Oficijalniot ideolog na makedonskata vlada toa ne go priznava. Vladata ni zabode noz vo grbot, pa sega ce se cudime
Од: bramoni
Датум: 02.07.2009 00:23:59
Fala mu na Boga i na site svetci, MANU se razbudi od zimskiot son, pa sobra sili da napise edno pismo vo koe se brani imeto na Makedonija i Makedonija. Najverojatno ne mozat da cukaat brzo, pa pisuvanjeto na pismoto traelo volku dolgo. Se odnesuvaat kako Trnoruski vo magepsaniot zamok.
Од: Александар
Датум: 02.07.2009 01:11:46
За каква објективност зборуваме, кога го присвојуваме Скендербег од албанците, Александар Велики од грците, а Гоце Делчев од бугарите?
Од: крис
Датум: 02.07.2009 04:41:37
време беше!
само што чекавте досега, изгледа го заборавивте најнаучниот принцип врз кој почива модерниот свет: врапчето што цивка, го добива црвот!
до сега драги мои научници не требаше да се држите на ст��ана очекувајќи дека светот сам ќе застане на праведната страна, требаше на цел глас да ја барате нашата правда!
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 02.07.2009 04:49:08
Во што се рзликуваат про-грчките професори од про-словено/славјанските талибанци? Во ништо и едните и другите го негираат нас Македонските Македонци. Се додека во МАНУ има словено/славјански талибанци се дотогаш непријателите на Македонскиот народ и Држава ќе ги користат нивните пишувани глупости како доказ дека нема македонци туку некојси паганци од зад-Карпатите.
На самоизабраните преставници од МАНУ никој не им дал право да пишуваат за нас Македонските Македонци во Европа, Америка, Канада. Австралија, Нов Зеланд и на други места дека ние сме биле дел од некаква си јужнословенска нација. Време е да се искорени најголемото зло во Македонија -словено/славјанските талибанци и нивните лаги.
Склав на Латински = РОБ. Склавос на Грчки = РОБ. Словен на Англиски = Валкан или неуреден човек. Словен на Италјански = Персона Трсандато или лице кое се витка во зависност на ветерот......
Слово на Македонски значело и значи = Пишан Докажан Збор (Божјо Слово).... човек кој знаел да пишува и
Од: KBR
Датум: 02.07.2009 07:02:01
Ocekuvam utre komentar od vasite perjanici za vakvata "petokolonaska" izjava na MANU za zacuvuvanje na imeto i identitetot na Makedonija i makedonskiot narod.
Zamislete , ne se konsultirale so vas kako ubavo ke ni stoi nekoe drugo ime.
Sram da im e.
Од: b
Датум: 02.07.2009 09:37:45
Што, зар уште постои тоа МАНУ?
Од: Славо Македонец
Датум: 02.07.2009 10:20:44
@Ангеле Л. Вретоски -Навистина ја откривте Астраља! Вие како Македонски Македонец делувате исто како оние Запенети МАНУ-вци (псеудонаучници за сè и сешто) што докажуваа дека на Олимп постоеле Македонски богови, бидејќи на истите потеклото им е од таму, па ги побркале расказите на бабите! Дека сме пред Амебите и дека тие настанале од нас... дека... А дали Слово значи исто и на Руски, Полски, Србски... ? Пардон, заборавив дека „вашите“ Кире и Мете (Византијците) им ја дале писменоста преку Грецкото писмо!? Упс...
Од: istoricar
Датум: 02.07.2009 12:30:05
manu sepak preteruva i laga koristi deka sme go koristele imeto so vekovi pa be nikade vo dokumenti i izvori nema da sme go koristyele pred 1.svetska vojna duri i samoto vostanie od 1903 se vika krusevsko a ne makedonsko.
Од: A .T. AUSTRALIJA
Датум: 02.07.2009 13:10:45
sramota za odgovorot na pismoto od grckite profesori do amerika . Sami se negirame nie sme Makedonci a ne slavo makedonci tova ime nee od nikade doneseno tova e drevno ime Makedonija ,Makedonci i nikoj nema pravo tova da go negira za interes na nekogo ili licno za sebi .Makedonci sme bile ,sme ice bideme nikoj da ne se lazi i prodava vo ime MAKEDONSKO.