Број 3055  петок, 07 август 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Нови скулптури чекаат официјална презентација

Градот доби и скулптура на жирафа пред Зоолошката градина, една од планираните 35

Во центарот на Скопје се откри и последната скулптура од планираните за официјална презентација во текот на септември, од страна на Министерството за култура. Пред зградата на Македонската опера и балет стои ротирачката скулптура „Македонија“ на скулпторот Зоран Костовски, а од другата страна на Вардар се откриени „Починка“ на Ангел Нацевски, „На кафе-излет“ на Ристо Станковски и „Жена која медитира“ на Томе Бундевски.

Во близина на Спомен-куќата на „Мајка Тереза“, на улицата „Македонија“, откриена е скулптурата „Тешкото“ на Златан Трајков, а во близина на скулптурата „Бик“, поставена пролетоска, се наоѓа и новата скулптура „Семејство“ на Бранко Јакшиќ.

Градот ја доби и скулптурата „Жирафа“ на Васил Николовски, на просторот пред влезот на Природно-научниот музеј и Зоолошката градина.

Во оваа група скулптури, кои се дел од вкупно предвидените 35, нема да бидат претставени само две, скулптурите „Врби“ и „Порта“, што се очекува да бидат завршени и презентирани подоцна.

Ликовната уметница Искра Димитрова, која го предводи авторскиот тим на проектот „Врби“, работи на подготовката на идејниот проект, што предвидува поставување три скулптури на врби, во коритото на Вардар, во центарот на Скопје. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 741 пати.

Испрати коментар

Од: rastrevozen graganin
Датум: 07.08.2009 10:56:02
Aman veke so ovie grdosii od skulpturi!!!! I koi se ovie anonimusi od avtori!!!! Zosto da ne se obnovi i popravi ona sto bilo postaveno i decenii prethodno kako na primer bistite vo Gradskiot Park! Sigurno deset godini kako zjaat prazni mermernite postamenti!

Најди! во Утрински
Култура
„Блејд Ранер“ повторно најдобар СФ-филм
Немаме стратегија за развој на културата
Концерт на квартетот „Тартини“ на „Охридско лето“