Скопје и Атина да се фокусираат на тоа што е можно, а не на тоа што не е, порача функционерот од САД
Слободанка Јовановска
Заменикот-помошник државен секретар на САД, Томас Кантримен, дојде во мисија на убедување во Македонија, чија цел не беше само спорот за името, туку и скептицизмот во јавноста околу ангажманот на САД.
„Не дојдов со нова идеја или со предлог за името, туку за да ја пренесам пораката дека решавањето на ова прашање бара тежок компромис што мора да биде постигнат од двете земји, во директен дијалог и со заемна доверба, а не преку медиуми. Силно веруваме дека тоа е единствен начин“, изјави Кантримен на брифингот со новинарите. Дека САД не се отсутни од Македонија и ја поддржуваат и натаму, тој се обиде да потврди на сликовит начин: „Утре ќе одам во Брисел и од врвот на највисоката црква ќе изјавам дека САД ја поддржуваат иднината на Македонија во Европската унија“, ��поред него, поддршката постои, била видлива или не.
„САД ги поддржуваат напорите на двете влади да комуницираат меѓусебно и се вклучени во нив. Но, решението треба да го најдат Скопје и Атина. Даниел Фрид, еден од нашите најдобри дипломати, ги вложи срцето и душата за да се најде решение за спорот, но не успеа. Не зашто не се трудеше, туку зашто проблемот е многу тежок. Да се трудите многу и видливо не значи дека успевате. Се чини дека двете страни премногу се потпираат на САД, а недоволно на сами себе. Верувам дека е можно решение, а САД ќе даваат поддршка и, доколку е неопходно, ќе бидат поактивно вклучени во процесот. Но, тоа нема јавно да го соопштиме, бидејќи видливоста не носи секогаш успех“, изјави тој. Притоа, потврди дека Вашингтон е во контакт со Метју Нимиц и со нашиот амбасадор што е овластен да зборува за името, но негираше дека таа улога може да се нарече посредништво или тајна дипломатија.
Околу неофицијалните тврдења дека САД се пазарат за одредени прашања со Грција на штета на спорот за името на Македонија, Кантримен кратко порача дека тоа е „прекрасна приказна“. „Ова се совпаѓа со гледањето на некои луѓе дека не станува збор само за прашање меѓу двете земји туку е вклучена и покомплексна геостратегија. Искрено не мислам дека е така и не знам што зборувате“, изјави Кантримен. На прашањето што може Македонија да очекува од претстојниот самит на НАТО во Лисабон, тој одговори дека не знае и оти од македонската и од грчката влада ќе зависи дали ќе има драматична вест или не. Притоа тврдеше дека лично е убеден во посветеноста на македонските власти да се реши спорот. „Да, убедливи се. Ние сме пријатели и го прифаќам кажувањето на Владата дека работат на случајот. Ги прифаќаме и изјавите на грчката влада дека се сериозни во напорите за наоѓање решение. Неопходно е двете влади да бидат сериозни, но и тоа не е доволно. Се' уште е тешко“, оцени тој повикувајќи ги Скопје и Атина да се фокусираат на она што е можно, а не на она што не е. Сепак, немаше став за грчките црвени линии, оградувајќи се дека ги нема и никој не му ги дал на хартија. „Немам коментар за некакви розови, сини или црвени линии, туку ги повикувам двете страни да разговараат за тоа што е можно, а што не е за да се реши проблемот“, изјави Кантримен.
Генерално, во регионален контекст Кантримен оцени дека најважни прашања за државите не се името, границите, статусот или уставот, туку владеењето на правото, па еден ден, кога Македонија ќе го реши спорот со Грција, најтежок тест за да влезе во ЕУ ќе и' биде исполнувањето на стандардите во оваа сфера. Според него, спорот за името ја одвлекува Владата и од други реформи што треба да ги исполни ако сака да напредува во ЕУ, спомнувајќи го, пред се', Рамковниот договор.
Od Grcija i Zapad treba so udaren akcent da se bara megjunarodno vo makedonskite pasosi da
priznaat MAKEDONSKI NAROD(NATIONALITY
MACEDONIAN). Koga ova so Grcite na celo ke se priznae, togas imeto e od sekundarna vaznost. Pa
togas moze i Severna, no najkardinalnoto e
MAKEDONSKI NAROD(MACEDONIAN PEOPLE).
Од: Stipjanec
Датум: 28.10.2010 14:01:07
Slatkoreciv gospodine..za kakvo vladeenje na parvo govorite? koga komsijata ti kazuva kako da se odnesuvas doma i uste postrasno da ti go menuva imeto , ulicata, brojot, da ti ja preimenuva zenata i decata. Abe ajde begaj tamu i ne se pravi pameten , kako od mars da si padnal. Ajde fin gospodine povlecete vie eden takov cekor i smenete si go vaseto licno ime i potoa solete ni pamet.
Од: King George Helios
Датум: 28.10.2010 15:08:40
Јас, пак, мислев дека е доволно тоа да биде Разумен Компромис! :þ
Од: borce
Датум: 28.10.2010 15:23:39
Uporno zboruvate i ne ubeduvate deka treba kompromis od dvete strani za da se dojde do rechenie.Koj kompromis koga gubitnik e Makedonija a Grcija nema chto da ponudi za kompromis pochto ne ni dala ni ime ni nacija ni jazik pa sega da ni odreduva kako ce se vikame.
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 28.10.2010 15:27:37
Ovoj gospodin, kako i site drugi evropejci,navdno dobronamerni, zaboravaat da objasnat, kakov toa kompromis trebe da napravi ucenetata i ponizenata Makedonija?!!!
Zpsto na primer, EU ne napravi demokratski cekor napred i na ja prisili raspekmezenata Grcija, poveke da ne gi kompromitira evroskite demokratski principi. Vricem, EU raspolaga so instrumenti za vrazumuvanje na nerazumnite!
Од: Ambasador
Датум: 28.10.2010 18:32:25
Samo na sud vo Hag mozhe da se reshi problemot so IMETO, i to samo megu RM i ON za nelegalnata referenca BJRM, shto ON ni stavi!
Од: Narodot i jazikot se najbitni
Датум: 28.10.2010 18:33:58
Se soglasuvam so Saso od Germanija. Osnovno e da se prpriznae postoenje na makjedonski narod so svoj identitet i makedonski jazik. Imeto mona samata drzava moze da bide Severna ( ni i onaka sme smesteni vo severniot del na geogravskata oblast Makedonija) ili Vardarska. Toa ne e tolku znacajno kako sto e znacajno definiranje na narodot kako makedonski i jazikot kako makedonski. Toa e srsta na identitetot, a ne samoto ime na drzavata. primer vo ssvajcarija ziveat svajcarci koi se po nacionalnost, germ,anci, francuzi i Italijanci, ili Avstrija, kade se govori germaski, a i samite avstrici se cuvstvuvaat kako del od germanskata nacija. Na kraj kraeva so decenii postoese Istocna i Zapadna Germanija so ist jazik i ist narod se do nivnoto spojuvanje.
Од: 3G
Датум: 28.10.2010 19:07:05
Mi se dopaga priznanieto deka sad I Daniel Frid ne uspeale(patem i jas svoevremeno rekov deka se gleda deka vlozile seriozen trud). Ne, najmalku zaradi samiot neuspeh. Ne uspeale zatoa sto nekoi nesta ne samo sto se nepromenlivi tuku i ne se za promena i ne e sport i ping pongarska igra. Od druga strana samo vistinskoto srce pravi sonot da stane realnost-vistina. Vistinskoto srce pravi vistinski, dobri raboti. Zatoa uspeva. I zatoa uspeva da im odolee i da se odbrani od losite nameri. No posle govorot na BC vo OON uspehot ne odi po vistinskiot pat i vo korist na Makedonija i bez malku poveke ne e uspeh bidejki nosi nesigurnost i psiholoski tovar. No i toj tovar e podobar otkolku prazno srce-bez ime i smisla. Sepak naivno e da se misli deka SAD i GBritanija ke se otkazat od poddrskata na Grcija i ke stanat neutralni.
Од: karokan "gambit"
Датум: 28.10.2010 19:38:16
Saso Germanija,kolku sto mi se cini pred nekoj den vo izjava na ambasadorot na Grcija vo Kancelarijata za vrski vo Skopje rece deka pregovorite se vodat samo za kompromisno ime na drzavata,a ne i za identitetot na gragjanite na taa drzava???????????????????
p.s.
Znam deka vo Stip,odnosno negovata okolina ima blagoroden izvor na topla-lekovita voda-Kezovica,
no ne sum slusnal za nekoj izvor na gluposti
od koi se nakrkal ovoj nas Stipjanec."Ajde begaj tamu i ne se pravi pameten","Smeni si go imeto pa posle ni soli pamet" i trista drugi biseri,ama biseri sto ne sjaat.(Ce mu ostanat decata gladni,goli i bosi od tvoite "soveti").Sto sakase ti????
Da ni kasuva slatki bajki za dve-tri minutno zadovolstvo!!!!!!!!!!!!!!!!! Gluposti na kub!!!!!!!!!
Од: jug
Датум: 29.10.2010 02:14:25
Dvaeset godini vi garantiram deka ziveeme kako gubitnici. Iako sum najobicen gragjanin edno e sigurno ne se najde pametna politicka grupacija koja ke misli za idninata na ovaa drzava. Zaradi nesigurnata politicka klima imame e nesigurna ekonomija i nesiguren vlez na stran kapital a toa nosi da go izgubime i ovaa malku sto go imame. Pamet vo glavata se vadi poslednata karta spored mene.
Од: nacional-patriot
Датум: 29.10.2010 03:53:16
Sporedbite so Svajcarija i Avstrija se pogresni,bidejki ne postojat svajcarski i avstriski etnos.Nitu svajcarski,nitu avstriski jazik,pa zatoa iminjata na etnickite potekla(Germanci,Francuzi,Italijanci,Retoromanci)na gragjanite vo tie drzavi se razlikuvaat od iminjata na tie dve drzavi.Vo Makedonija mnozinstvoto se etnicki Makedonci so makedonski jazik i zatoa drzavata se vika Makedonija.Zatoa ne moze da ima nikakva dodavka na imeto na drzavata,a imeto na drzavata,identitetot i jazikot se povrzani i edno bez drugo ne moze.A Atina osven na imeto,saka dodavka i na identitetot i jazikot.
Од: aleksandarmkd
Датум: 29.10.2010 05:08:08
Jak diplomat ni ispratole spiun na cia koj od 2005 do 2008 bese i rabotase vo Amasadata vo Atina covek koj perfektno go znae Grckiot , arapskiot i srpsko hrvatskiot jazik
Од: Миле - Охрид
Датум: 29.10.2010 10:14:57
Компромисот, кој го заговараат подржувачите на грчките шовинистички уцени, нека го прават дома им. Нека прават компромис со своите права и слободи. Не со нашите. Каков компромис бараат тие од нас? Сооние кои сакаат да ни ги извадат двете очи, да направиме компромис и да зачуваме едно око!? Оди шетај малку.