Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Потекло

Во вените на Шакира тече македонска крв

Популарната колумбиска пејачка влече македонски корени од страната на татка си. Нејзината баба Македонка се омажила за Либанец

Иако е тешко да се поверува дека светската музичка ѕвезда Шакира и нашата земја имаат нешто заедничко, веќе на втора рака информациите изгледаат сосема поинаку. Трагајќи по потврда или демант на се погласните шпекулации ��а наводните македонски корени на популарната колумбиска пејачка, наидовме на повеќе информации што говорат токму во полза на вистинитоста на информацијата.

Приказната дека Шакира е Македонка од страната на татка си, Вилијам Мебарак Чадид, кој по потекло е половина Либанец, а половина Македонец, се потврдува и на официјалната веб-страница на „Фокс њуз“ каде што е наведено неговото македонско потекло. Неофицијално, и самата Шакира за време на неодамна одржаниот концерт во Бејрут, кој му го посвети токму на својот татко, кажала дека тој е половина Либанец, а половина Македонец.

Истата информација може да се прочита и на официјалната страница на холивудскиот музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ каде што колумбиската дива е претставена како дете на татко Американец со либанско и македонско потекло.

Се претпоставува дека дедото на Шакира бил Либанец, кој се оженил со Македонка, а нивниот син се родил во Америка и подоцна заминал за Колумбија и продолжил да живее и работи во Баранкила, каде што подоцна се оженил со Нидија дел Кармен Рипол Торадо. Нидија била негова втора жена и мајка на Шакира со италијанско и со шпанско потекло, додека пејачката е нивна единствена ќерка и осмо дете на Вилијам, кој имал седум деца од претходниот брак.

Шакира Изабел Мебарак Риполи, како што е нејзиното целосно име, е родена на 2 февруари 1977 година во Баранкила, Колумбија. Со продадени над 50 милиони копии од албумите, таа е најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња. Шакира не е само убаво лице - нејзиниот коефициент на интелигенција е 140, студирала на УКЛА и зборува неколку странски јазици. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 4926 пати.

Испрати коментар

Од: izi
Датум: 06.07.2011 06:17:20
sega na grujo munapravija problem zoto sega ina sakira mora dapravit spomenik
Од: Кемал Ататурк
Датум: 06.07.2011 07:17:58
Одма да се направи споменик на плоштад
Од: Trajce
Датум: 06.07.2011 08:17:41
e arno brzo vi tekna da kazite oti petpostavuvam takva e od ko se rodila a popularna e dosta godini!!!
Од: goran
Датум: 06.07.2011 08:44:40
Uh kade Makedonka tamu i pametna i ubava. Retkost vo denesno vreme.
Од: БГ
Датум: 06.07.2011 08:50:28
Хахаха вие македонците сте луди :))) И Шакира е македонка, а?
Од: citatelka
Датум: 06.07.2011 10:09:26
Nomalno, i toa antichka! Koga nekoj super slaven e stotinka makedonec - toa zasluzhuva statija po vesnici, toa e VEST!!! A koga nekoj e RODEN vo MK i e mozhebi posposoben od Shakira, dokazan vo svojata oblast, ama ne taka slaven - koj go ..e, neka crkne na marginite ..... toa e MAKEDONIJA
Од: от Пиринска Македониа
Датум: 06.07.2011 10:31:51
Еве тука ке наjдите оште големи македонци да прочитате за них: http://macedonian-library.com/documents.php?sec=2&cid=25&album=112
Од: D.V.
Датум: 06.07.2011 10:45:21
Ajd da se prestane so vakvi objavuvanje kako da se site poznati licnosti rodeni vo Makeonija ili od makedonsko poreklo!. Veke eodvise, pa makat i bilo tocno. Dosta e sto ni se smejat niz svetot na spomenicite i na plostadot sto go pretvorivme vo grobista"Butel", nemame potrebe od dopolnitelni gluposti!
Од: Shakir
Датум: 06.07.2011 10:54:52
Potocno, tatko i se izjasnil kako Grcki Makedonec, a ne Sloven. Ne prenesuvajte sve i svasta, a i na Grujo tolku mu sece. Ke i podigni spomenik.
Од: Mene
Датум: 06.07.2011 12:15:06
Ama spomenikot na Sakira da mrda so kolkovite, i da ima muzika. E togas kke se isturat stranci da se slikaat so spomenicite
Од: bale
Датум: 06.07.2011 13:24:36
Spomenik na Plostad i VOSOCNA FIGURA vo Muzejot na VMRO.....smesta za nasata Sekerka......
Од: sssssssss
Датум: 06.07.2011 13:40:44
Abe ne tresite zeleni,nasa novinarka pred nekolku godini i go postavi istoto prasanje a devojkava se zacudi i negirase.
Од: Tosho
Датум: 06.07.2011 14:19:16
Ne e ni chudo shtom e tolku intelegentna treba da se podrazbira toa. Inaku NIEDEN grk ne se imenuva kako "Grchki Makedonec", toa se samo nivni lagi ili "rasipan-telefon" preneseni informacii. Taa samata mu se prestavila i na nashiot Ivanov kako takva sega koga bea vo isto vreme vo Izrael.
Од: made in italy
Датум: 06.07.2011 14:26:44
Ej mislete deka nee tocno,Shakira e od Shutka,Makedonka so Romska nazionalnost e sega neznam dali e muslimanka ili pravoslavna?ali nee vazno obavezno spomenik,ova e golema rabota a...a dali kego napravat spomenikot po muslimanski ili pravoslaven pat neka odluicat vo vladata i taka nemat sto da rabotat,a moze i na dneven red vo parlamentot i mesec dena samo za toa...pozz.
Од: Ози
Датум: 06.07.2011 14:47:44
Ако може споменик на Александар, зоШто не и на Шакира? Оваа барем докажано има македонска жичка (за разлика од првиот), поубава е, и не е геј.
Од: MaKeDonald
Датум: 06.07.2011 15:36:53
Da ne zaboravite i MAkeDONA! Isto i Batman-tatko mu e rodom od Prilep!
Од: djurdja
Датум: 06.07.2011 15:54:15
a be se gleda deka vo genezata ima nesto makedonsko, po trbusnjacite so salot

Најди! во Утрински
Насловна
Стамболиски
Како се живее во поранешните југословенски републики
И Холандија одговорна за Сребреница
Разделба на 4 Јули
Ја остваривме желбата на Мони
Отказите не се заради легален штрајк
Како поразените станаа главна вест
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Принцезата посакува да стане мајка
Старите министри на владина седница
Слалом низ Охрид
Британката заштитно лице на „Булгари“
И Гари Купер на „Полски плакат“
Најде замена за Скарлет Јохансон
Пандев, дефинитивно, останува во Интер
Коктелски кокетирања
Отворањето со „Трилогија Романа“
Не сакам да шетам наоколу преправен
Македонскиот државјанин загина во Србија
Сега писателка ќе го суди Строс-Кан
Собранието останува со тројца потпретседатели
Карикатура
Поскапува ноќното возење во ЈСП
Ешерихија коли во Европа пристигна од египетските семиња
Продолжен притворот на Љубе Бошкоски
Онлајн вести

"""