Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Политичари има, лидери нема

Се губи довербата во политичките лидери, особено кон лидерот на опозицијата, сметаат аналитичарите

Оливера Војновска

Двете последни испитувања на јавното мислење, на весникот „Дневник“ (што ја спроведе „Рејтинг“) и на ИРИ, покажаа големо разочарување од тоа како се движи државата, пред се', на економски и социјален план. Но, наспроти тоа што од анкетите се гледа незадоволството од политиката на Владата, од нејзините демократски капацитети и доминира перцепцијата дека сега се живее полошо од пред четири години кога се случи смената на власта, сепак, се' уште првото место е неприкосновено за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, премиерот Никола Груевски.

Високи 39 отсто од испитаниците во анкетата на ИРИ се изјасниле дека Груевски заслужува уште еден мандат. Неговиот рејтинг е паднат за повеќе од 10 проценти во однос на минатата година, меѓутоа, тој и натаму е најпопуларниот политичар во Македонија.

Сондажите покажаа намалување на соодносот на популарноста на двете најголеми партии од македонскиот блок. Пред една година тој беше 3:1, а сега е помалку од 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ (која има рејтинг од 23,5 отсто според „Дневник“ и 28,7 отсто според ИРИ). Меѓутоа, додека рејтингот на СДСМ полека расте (12, 5 отсто според „Дневник“, а 15 отсто покажа ИРИ), позицијата на поранешниот претседател на државата, лидер на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски (според двете истражувања) е забетонирана на девет отсто.

Тоа покажува дека Црвенковски не е многу омилен кај граѓаните, кои не препознаваат алтернатива на Груевски ниту кај другите политичари од македонскиот блок што се посочени на рејтинг-листите: Љубе Бошкоски - 3 проценти и Љупчо Георгиевски и Јован Манасиевски по два отсто популарност.

Политичкиот аналитичар Сефер Тахири вели дека последните анкети покажуваат голем број контрадикторности.

„Граѓаните се депримирани, не веруваат дека земјата се движи во вистинска насока на економски план, а довербата кај Груевски останува неприкосновена со мали промени. Мислам дека тоа е резултат на неговата моноетничка политика“, смета Тахири. Истовремено тој препознава сигнал дека граѓаните ја губат довербата во политичките лидери, пред се', кон лидерот на опозицијата.

„Црвенковски не успева да се профилира како лидер што ќе го обедини опозицискиот блок. Фактот што неговиот рејтинг останува на исто ниво, е доволен знак дека неговата партија, првенствено тој лично, треба да излезат пред граѓаните со појасна политичка стратегија за да се наметнат како алтернатива на Груевски. Тие во моментот објективно не можат да му се спротивстават на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Тахири.

Според него, криза во лидерството е логична последица и на општата атмосфера на безизлезност што доминира кај народот. За да се смени црно-белата слика, смета тој, треба многу подобро да се профилира третиот пат, но и да има поголема вклученост на интелектуалци и на различни општествени групи.

Аналитичарот Имер Исмаили вели дека градењето ново лидерство не може да се случи одеднаш, туку е процес. Резултатите од анкетите и падот на популарноста кај премиерот, независно што тој и натаму останува прв на рејтинг-листите, за Исмаили се знак дека македонското општество созрева.

„Обично неразвиените нации имаат потреба од култ на личности. Кога нема институции што создаваат општествени вредности, тогаш и луѓето имаат потреба да изградат култ кон некоја личност. Последните анкети покажуваат дека ние како општество сме го надминале тоа ниво и почнуваме да созреваме. Паѓањето на популарноста на кој било лидер е добар показател за зрелоста на системот. Друга работа е градењето на личноста, која во перспектива ќе ја води државата, тоа во секој случај е подолг процес“, смета Исмаили.

Дали треба да се раководиме од популарноста на лидерите или од политиките што ги предлагаат? Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики вели дека водилка треба да ни бидат политиките што ги предлагаат партиите и лидерите. Тој нагласува дека проблемот не смее да се сведе на борба на суети на лидери. Тоа што граѓаните во политичката понуда не препознаваат алтернатива на Груевски е проблем на партиите, особено на најголемата опозициска.

„Видлива е тенденцијата за нерегрутација на лидери во самите партии. Може да се препознае многу себична култура на лидери што немаат резултати, а, сепак, не се повлекуваат“, забележува Даскаловски.


#
Статијата е прочитана 1198 пати.

Испрати коментар

Од: коле
Датум: 30.09.2010 12:15:22
Еве, уште еднаш ќе ве потсетам: Дајте изработете ПРОГРАМАААА!
Од: Никола и Бранко се неспоредливи
Датум: 30.09.2010 13:43:19
Со таквите „анализи“ уште малку па ќе докажете дека Македонците повеѓе го сакаат Црвенковски отколку Груевски.
Од: Dolno Vodno
Датум: 30.09.2010 16:28:14
Niti politicarite, niti nasiot narod,imaat zrela politicka kultura i neznaeme kako da go izvleceme najdobroto sto ni se prestavuva. Ako edno lice na prviot krug na izbori ima visok rating, nie vednas mislime deka vo vtoriot krug ke bide siguren dobitnik, sto ne e takov slucajot kaj izbiracite od drugi zemji. Tie vo prviot krug mu davaat na znaenje na (dobriot) kandidat, deka trebe da RAZMISLI, a vo drugiot krug vekenata go izgkasuva. Kaj nas, nie mu odmognavme na Branko za da si ja zavrsi uspesno rabotata,stavajki mu sopki, so nasiot makedpnski sindrom. Sega , pak filozofirajki ke si odime dobrovolno jabana, barajki nekoj "tret pat" kaj nekoj pocetnik od nula! Branko e iskusen i veruvam deka ke znae da gi popravi greskite od minatoto i da go izvlece najdobroto za nasava zemja i narodot koi kinisale vo UTOPIJA! da gi izvadime ocilata i da i pogledame na vistinata so zdravi i otvoreni oci !!
Од: vmro
Датум: 30.09.2010 17:06:09
Ma kakvi lideri. Sto da pravat i dvajcata koga cela drzava ni e zanikade, covek ne ostana. Ti gi mestis na funkcii a tie te predale i ti go turkaat sandakot. Kazete koj e kriv Branko ili Nikola? Vo Krivogastani Pretsedatel na SDSM e Vlado Kiseloski(sura na Cane Capragoski), Pretsed.na VMRO e Kire Kiseloski(nivni blizok rodnina), rakovoditel na sektor vo opstina Aneta Kiseloska(uste pobliska), sofer na Gradonacalnikot Zivko Kiseloski, se samo edna familija. Gradonacalnikot za sef na precistitelna stanica go postavi sefot na izboren stab na SDSM, site rakovoditeli se istite, od SDSM, site lugje od Cane Capragoski. Koj kogo raboti? I posle Branko bil kriv a Nikola ke izgubel. Pa normalno nema toj vreme za vakvi sela.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.09.2010 18:17:00
Оној после Коле богами е во право,секогаш опозиционерите ја имале математиката во мал прст,така тие 9% на опозиционерот се поголеми од 18% на премиерот и повеќе пратеници ќе освојат со15% партиски рејтинг од 28% на сегашнава власт.Богами очекував да некој од опозициските толкувачи на сонови да извика,,Добро е,готови се,,
Од: zoki
Датум: 30.09.2010 21:18:14
Koga sme kaj matematikata, Feliks, treba da ja naucis i onaa druga matematika, a ne ova prosta.Verojatnosta 31% siromasni, 42%neopredeleni, 54 posto sto ziveat poloso a i opstata sostojba mnogu poveke vleguvaat vo 15% odkolku vo 26,7%.Ova ti e ako go znaes vicot so Trpe i Trpana.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Лустраторите одлучија
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Како се гради замок со техники од 13 век
Друцас ја нападна Македонија во ОН
Германија плати за Првата светска војна
Еволуција
Носејќи панталони прекршува закон
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid