Број 2970  сабота, 25 април 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Наум Петрески

- пејач

Деновиве имам гости од Бугарија, со кои договараме околу мојот концертен настап во Благоевград на 15 мај. Секако, течат и подготовките за настапот на Хрватскиот радиски фестивал во Опатија на крајот од мај, а во меѓувреме во текот на идниот месец имам снимања во Белград и во Загреб.



Трајанка Илиева

- актерка

Претпладнево, во 11 ч. имам проба во Драмски театар за претставата "Маркиза", која ја подготвуваме во режија на Ѕвездана Ангеловска. Попладне малку одмор, па од 20 ч. имам проба во МКЦ, за претставата "Учени жени", всушност, испитна претстава на студент од ЕСРА.



Марин Бабиќ

- актер

И овој саботен ден не ми минува без моите дневни ритуали: шетање на кучето, мераклиско кафе и проверка на состојбата на "Фејсбук". Секако, главна преокупација ми е подготовката на работата на клуб-ресторанот "Вардар филм", кој се нафатив да го водам.

Најди! во Утрински