На средбите со врвот на СДСМ, Црвенковски не наметнувал партиски решенија
Билјана Јовановска
До крајот на јули СДСМ ќе го изготви извештајот за предвремените парламентарни избори на кои, како што и самите заклучија на последната седница на Извршниот одбор, партијата доживеа сериозен пораз. Ќе мора да заборават на летните одмори, зашто, најверојатно, во втората половина на септември им претстои и партиски конгрес на кој ќе избираат ново раководство.
Извесно е дека поради изборните резултати и сопствениот принцип за лична одговорност промовиран во 2006 година, Радмила Шекеринска не сака да ја задржи позицијата и веќе напишала неотповиклива оставка. Така, на конгресот, барем што се однесува до челната партиска позиција, членството ќе има јасна ситуација.
Неколкуте средби на претседателот Бранко Црвенковски со поранешните претседатели и генерални секретари на СДСМ и со актуелното раководство покажуваат дека екслидерот е загрижен што се случува во партијата. Учесниците во разговорите велат дека откако во неколку наврати Шекеринска му потврдила дека се повлекува од функцијата, шефот на државата сугерирал поскоро да заврши изборот на идниот претседател. Наводно, Црвенковски не наметнувал решение, само ги потсетувал на тајмингот, а самиот тој не покажал амбиции да се врати на лидерското место. Веројатно се' уште прави процени околу натамошните постапки на власта за можните уставни измени од кои ќе зависи каков ќе биде изборот на шефот на државата - како досега, односно на непосредни претседателски избори или, пак, ќе зависи од волјата на парламентарното мнозинство и ќе го бира Собранието.
Кој ќе биде идниот претседател на СДСМ и натаму е отворено прашање и сериозен испит за партијата. Најчесто се споменувани имињата на двајцата партиски потпретседатели - струмичкиот градоначалник Зоран Заев и неговиот скопски сопартиец Игор Ивановски. До скоро, на листата на можни кандидати се вртеше и името на третиот потпретседател на СДСМ Јани Макрадули, како и на актуелниот амбасадор во Атина Благоја Ханџиски, но сега сите комбинаторики се насочени кон првите двајца. Ниту Заев ниту Ивановски не сакаат да го коментираат натамошниот тек на настаните и нивните кандидатури за претседател на најголемата опозициона партија, меѓутоа, по поразот на изборите кој ја стресе партијата, никој во СДСМ не посакува нови бранувања и делби.
Ќе можат ли тие и да се избегнат во случај партијата цврсто да не застане зад еден кандидат? Одговорот е негативен и затоа во периодот што следува и Шекеринска и сите видни лица од СДСМ ќе мора да го вложат максимумот да не им се случат такви непријатности. Згора на се', над глава им виси и можноста од предвремени локални избори.
И за Заев и за Ивановски, како што коментираат во партијата, имаат причини и за и против изборот за партиски претседател. Првиот покажува отворени амбиции, додека вториот се' уште не се изјаснува докрај. На струмичкиот градоначалник во партијата како хендикеп му се зема непромисленото повлекување од парламентот, зашто, како што коментираат, каков претседател би бил некој што не седи во парламентот и не му се слуша ставот за актуелните проблеми. Од друга страна, Заев иако е неискусен, може да му биде добар пандан на Груевски, бидејќи во досегашните настапите покажа доза на популизам и блискост со граѓаните, што се покажа како важен предуслов за освојување на гласачите.Сепак, не го забораваат и тоа дека е исклучително работлив и дека повеќе ги ужива симпатиите на јавноста, на неопределените, отколку на членството на СДСМ. Кога на претстојниот конгрес СДСМ би одела со двајца можни кандидати за претседател, тврдат, Ивановски би имал многу посилна партиска поддршка, зашто станува збор за кадар кој во партијата е од мали нозе. Како предност му се издвојуваат организациските способности, кои и' се потребни на партијата, искуството, како и добрите контакти со меѓународната заедница.
Кој и да биде идниот фаворит, во партијата се уверени дека мора да се определат само за еден кандидат. Меѓутоа, ако се оди со постојниот начин на избор, кој е бавен, може да ја одолжи работата, сигурно е дека во меѓувреме во игра ќе се вклучи и втор кандидат. Оттаму, бидејќи станува збор за вонредни околности, натежнува мислењето дека и изборите треба да бидат вонредни. Тоа подразбира новиот претседател да може да го именува Извршниот одбор - тимот со кој ќе работи. Таму, како што се цени, задолжително треба да бидат Радмила Шекеринска и Владо Бучковски, како луѓе со силен авторитет во партијата, потоа старите кадри - основачите на СДСМ, но е битно да се промовираат и десетина нови лица кои ќе бидат регионално препознатливи.
Ако СДСМ навистина сака да направи вистинска промена во своето дејствување, работа и начинот на перцепција пред народот, треба да го избере Заев. Дополнително треба да му се дадат пошироки овластувања во креирањето на програмата и кадровската политика. Заев е паметен дечко кој ги покажа на дело своите квалитети и ѓе знае како да направи вистинска реформа во СДСМ, особено да ја отвори СДСМ кон пошироката јавност. Ова е особено значајно затоа што досега сите партии ( а најизразено е кај владеачката ВМРО) имаат ксенофобичен пристап кон се‘ што нема партиска книшка.
Од: D-r Petrov
Датум: 09.07.2008 00:56:48
Asistentot na Ekonomskiot Fakultet se nametnuva kako najseriozen kandidat pred se zatoa sto uziva ugled i vo akademskata zaednica. Edinstven hendikep predstavuva negovata mladost megutoa vo aktuelnava situacija toj e naseriozen pretendent za PRETSEDATEL. Vo sekoj slucaj SDSM e golema partija i sama ke si odluci
Од: ajrie sin
Датум: 09.07.2008 01:45:59
Od SDS? nikogas nema da bide poveke partija samo ke se deli i ke oslabuva
Од: Janko Tomov, Avstralija
Датум: 09.07.2008 02:03:13
Vi sugeriram deka pogolemo delo ke stvorite na vashiot nareden Kongres, ako go promenite imedto na SDSM vo, na primer Demokratski Sojuz na Makedonija (DSM). Toa bi povleklo i verba na makedonskiot narod, deka prestanuva socijalistichkata i komunistickata ideologija, vo novata partija,a shto bi povleklo i novi visoko-obrazovni i patriotski kadri, spremni za sozdavanje na sozivot so site sloevi i etnicki grupi i gragjani na Makedonija i vklopuvanje vo sovremeniot kapitalisticki sistem. Toa pak bara, samo po cebe, izostavubvanje ili postepeno napushtanje na dosegashnite rakovodni lica na SDSM, koi bi trebalo da im se odade isvesna blagodarnost za dosegashnata aktivnost, koja se kosi so prosperitetot na noviot politicki i nacionalen kurs na makedoncite i na Makedonija. Samo taka bi dobile doverba vo makedonskiot narod i vo sluchaj na krak ili otstapuvanje na kursot , shto go vodi VMRO-DPMNE, da eden den go zavzemete nivnoto mesto!? Vo toj slucaj ke dobiete i podrsha od makedonskata diaspor
Од: Biljana
Датум: 09.07.2008 02:04:43
Dobar komentar posebno poslednata recenica koja e nasata surova vistina.A megu drugoto da za Zaev .Covekot moze uste mnogu poveke da napravi ima kapacitet za toa i aftoritet.
Од: CESTITO DA IM E
Датум: 09.07.2008 08:19:16
So Zaev a posebno sa Ivanoski SDSM ce si obezbedi mesto kako vecna opozicija (za toa i najmnogu gi biva).VE molam da ima mesto vo timot za Jani ,Bucko Kondarko bez takvi "avtoriteti" nemoze da se zamisli "konstruktivna opozicija"
Од: Ohrid
Датум: 09.07.2008 09:18:13
Koga jas bi bil Zaev ne bi ja prifatil liderskata pozicija vo SDSM.Tamu tolku mnogu smrdi od Buckovisti,brankovci,skopski mladi blagonadezni sdsmovcinja,koi site tie imaat svoi dlaboki koreni vo opstinskite organizacii-ke izgori.Ostavi gi skopjani neka se izvadat-ako mozat,imas vreme za politicki megdani.
Од: mk
Датум: 09.07.2008 09:50:30
I jas sum za Zaev
Од: tomi
Датум: 09.07.2008 11:05:52
Buckovski e sepak svetlosni godini pred site pa duri i pred Crvenkovski i dokolku ostanese premier nie ke bevme vo NATO i EU. A i SDSM ke bese seuste seriozna sila. No ljubomorata na Crvenkovski go rasturi i SDSM i ja raznebiti drzavata.Sekako i Buckovski ima svoi losi stani kako somnitelni zdelki i neseriozno opkruzuvanje no ...toa e toa. I za Branko moze istoto da se konstatira pa 15 godini top ne go bie.
Од: kole
Датум: 09.07.2008 12:18:02
Igor Ivanovski bi bil licnost sto ke mu go vrati dostoinstvoto na SDSM, samo toj e vo sostojba Grujo i kompani da gi isfrli na mestoto koe im pripagja: Na gjubristeto na Istorijata...
Од: Antonio
Датум: 09.07.2008 13:25:24
Janko od Avsralija,sedi si ti tamu vo zemjata na kengurite i ne izigruvaj kum za toa koj kako treba da se vika.A posto sakas da se pravis pameten da te prasam sto im fali na evropskite socijaldemokratski partii sto go nosat toa ime,da ne gi nabrojuvam drzavite.
Moram da ti kazam deka tvojov tekst e vo stilot sakam kazam ne znam recam,se gleda deka si izgubil sekakov kontakt so realnosta.
Sedi si tamu kade sto si i ne se grizi mnogu za makedonskata opozicija taa pak ke se vrati na na golema vrata.Samo tolku.
Од: MK
Датум: 09.07.2008 14:43:37
Само такви вреднии и стручни како Заев со завршен економски факултет во Скопје можат да го спасат СДСМ и Македонија од бездната.
Од: Sale
Датум: 09.07.2008 15:07:39
Се согласувам ПОТПОЛНО со првиот коментатор ,но и со коментаторот од Австралија. СДСМ треба да направи еден радикален исчекор, со избор на Заев и можеби со комплетно ребрендирање и да ја врати ВИСТИНСКАТА Социјалдемократија во Македонија. А тоа значи отворање, не партиска клаустрофобија, приближување до народот, интеграција со други партии со социјалдемократски предзнак и работа за Македонија. Би им препорачал и на постојните кадри (Кондарко, Шеќеринска, Минчев, Јани, особено Никола Поповски, па и Бучко иако покажа квалитети) сами да се тргнат од функции во партијата. Ако навистина ја сакаат демократијата и особено социјалдемократијата како идеа, тоа ќе го сторат и ќе работат за истата идеа без да носат високи функции.
Од: Spartako
Датум: 09.07.2008 17:19:20
Partijata sto vo svoite redovi ja imase intelektualnata elita na Makedonija ke izbira nov vodac megju eden provincijalec po mentalniot sklop ne samo po mestoto na ziveenje i od druga strana najnegativisticnata licnost vo makedonskata politika (Ivanovski). Clenstvoto i simpatizerite go cekaat spasitelot BC ne razmisluvajki deka vo 2008 godina nekoi novi klinci se na valst, deka mladite generacii se so niv i deka izborite ne gi zagubi Sekerinska, tuku senakata na BC nad Sekerinska. Celiot SDSM se pretvori vo lokalna partija, so lokalni kafanski tipovi, so lokalno-provincisko razmiluvanje jasno vidlivo od vulgarnosta na nivnata kampanja. Mladite razmisluvaat ne samo deka ne e “cool” da se glasa za njiv, tuku e sramota.