Број 2801  четврток, 02 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

СДСМ ќе бара лидерската четворка да расправа и за името

Не се точни информациите дека предлагаме помал цензус и потпретседател Албанец, категорични се од СДСМ

Светлана Унковска

Немаме предлог за потпретседател Албанец, а информациите дека ќе излеземе со таков предлог на лидерската средба не се точни, категорични се од опозицискиот СДСМ, од каде што додаваат дека на денешната средба тие ќе излезат со предлог што се однесува на цензусот при изборот на шеф на државата, како и со предлог лидерската четворка да расправа и за прашањето за спорот со името.

Овие барања на опозицискиот СДСМ вчера никој не сакаше да ги коментира, затоа што, како што велат, најнапред тие ќе бидат разгледувани на матичните партиски органи, а потоа и на средбата ќе сакаат изворно да ги чујат од лидерот на партијата.

ДУИ и натаму останува на својот став изнесен на претходната средба - изборот на претседател да се врши во Собранието, а со исти позиции ќе настапи и ДПА - да нема укинување на цензусот и за востановување на функцијата потпретседател на државата да биде Албанец. Но, и од двете партии сметаат дека на средбата најважно е да биде постигнат консензус околу прашањата што беа ставени на маса на минатонеделната лидерска средба.

„Ќе излеземе со конструктивни предлози, од кои едниот се однесува на намалување на цензусот. Наш предлог не е да има потпретседател Албанец и не се точни тврдењата дека ќе се залагаме намалувањето на цензусот да оди до 30 проценти. Треба да имаме регуларни избори на кои идниот претседател на државата ќе го има целосниот легитимитет, а и албанскиот електорат би го чувствувал како свој претседател“, ни изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој вчера не сакаше да изнесува детали околу овие два предлога пред да расправа за тоа Извршниот одбор на партијата закажан за вчеравечер.

Заев на лидерската средба ќе предложи да се разговара и за преговорите за името.

„За вакво суштинско прашање треба конечно да се разговара за да ја засилиме нашата позиција за стратегиските државни интереси, а тоа се зачувување на националниот идентитет и ЕУ и НАТО-интеграциите. Македонија не е ниту во кампања за локални ниту за претседателски избори. Напротив, во овој момент сме исправени пред најважното прашање што ќе ја одреди иднината на државата и на нејзините граѓани“, истакна вчера на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.

Од ДУИ велат дека се отворени да разговараат за какви било предлози и се залагаат да се дојде до консензус за прашањата што се отворија на претходната сре��ба. Лидерот на интегративците, Али Ахмети, по вчерашната средба со германската европратеничка Анџелика Бер, изјави дека за уставните промени во врска со изборот на претседател на државата и за измените во Изборниот законик разговарале и со германската гостинка.

„Решението ќе зависи од договорот што ќе биде постигнат со сите страни. Најважно е што се разговара отворено, но за нас најдобро решение е претседателот да се избира во Собранието“, изјави Ахмети.

Нема поместувања од сопствените ставови ниту во ДПА и бара со претседател во пакет да се избира и потпретседател кој би бил Албанец и дека на тој начин и прашањето со цензусот не би бил доведен во прашање.

„Остануваме на нашите аргументи кои ги надминуваат дневнополитичките игри и се плод на една подлабока анализа, но сигурно е дека ако на лидерската средба се расправа за предлозите, ние ќе ги изнесеме и нашите мислења за тоа дали се прифатливи за нас“, вели висок функционер на партијата.

Укинувањето на цензусот што го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, беше отфрлен и од Ахмети и од Тачи поради, како што беше речено, желбата да се намали влијанието на албанскиот фактор во одлучувањето во вториот круг на изборите за шеф на државата.


Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар

Од: od novoselec
Датум: 02.10.2008 00:22:22
gospodin zaev daskalot te ući greška te nateruva da ideš vo zijan ke se fatiš brzo na stapica
Од: jota
Датум: 02.10.2008 12:03:04
I treba pridavka da vlezeme vo eu no sto barat albancite da resavat za toa?utre ce gi prasa li sds sto mislat pola mak da vleze vo albanija????????
Од: caska
Датум: 02.10.2008 14:04:15
a dali e sega vreme za otvoranje na tie raboti, neli treba da rabotime na resenie za imeto i sto poskoro vlekuvanje vo Evropa.
Од: мене
Датум: 02.10.2008 16:36:54
СДСМ бара лидерската четворка да расправа за името???- А што ќе расправаат кога немаат став по тоа прашање???-Им го нема држалникот да им суфлира,без него кутрите, се изгубени ко муви без глава.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Македонија ќе учи од Хрватска за преговорите со ЕУ
МВР не може да го најде Хисен Џемаили за да го приведе
Инфлацијата се намалува, но демнат цените на струјата и парното