Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Вонвременска магија со Дуке Бојаџиев на Антички театар

Својот концерт Бојаџиев го започна со препознатливата охридска песна „Билјана платно белеше“, во филмски аранжман

Охрид - По маестралните изведби на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ во Античкиот театар, вчеравечер на истиот атрактивен простор уште еден редок грандиозен музичко-поетски настан го одбележа годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ и ја наполни отворената сцена. Охриѓани и бројните гости, најповеќе скопјани, со восхит и уживање го проследија целовечерниот концерт на Дуке Бојаџиев, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија и неговите пријатели. Бојаџиев, на вистинско место и во вистинско време, го пренесе во неговата родна земја проектот на кој работеше активно повеќе ��д година.

Својот рецитал, Дуке Бојаџиев го започна со препознатливата охридска песна „Билјана платно белеше“, во филмски аранжман, за која во пригодното обраќање кон публиката, кажа дека научил да ја свири на пијано кога имал само три години.

Бојаџиев, иако дипломира медицина, целосно и се посвети на музиката, зашто таа му беше животен амбиент од најраните години, во семејството на познатиот, за жал рано починат, композитор и лекар Тодор Бојаџиев. Талентираното момче, тргна од училишниот бенд на скопската гимназија „Никола Карев“ за да го оствари својот сон. Дуке, кој денес живее и работи во Њујорк, ја остави на страна дипломата од медицинскиот факултет и реши со љубов и музика да ги лекува срцата и душите на луѓето.

Бојаџиев, светски познатиот, а сепак наш, македонски композитор, направи ретко впечатлив перформанс, како спој на музика и поезија, вистинска вонвременска магија во старата римска, античка градба. Неговиот најнов проект „Љубовта е начин“, практично по Њујорк и престижниот „Карнеги хол“, го виде и македонската публика. Самиот Бојаџиев, претходно на прес-конференцијата во Охрид, кажа дека Њујорк бил генерална проба за Охрид.

Албумското издание на „Love is the way“ содржи филмска музика и преработки на познати македонски етно мотиви. Покрај изведбата на старите македонски народни песни, со елементи од изворна, класична, џез и електронска музика, концертот беше проткаен со интерпретација на поезија од светски поети и македонските класици, како Џелаледин Мевљана Руми - големиот поет и мистик, за кого, освен Создателот не постојат никакви други граници, дури ни во поезијата, потоа Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Константин Миладинов, во изведба на актерката Верица Недеска и Иан Букенан, на англиски јазик.

Ара Динкјан, музичар кој долги години работи во Њујорк и еден од најдобрите свирачи на традиционалниот музички инстумент - удот, беше извонредна придружба за стиховите на големите поетски бардови. „Убаво е да се биде во оваа историска земја, но сакам да кажам дека работата која ја прави Дуке е важна, без разлика дали станува збор за изведба во ’Карнеги Хол‘ или не. Она што го работиме обединува култури и народи. Јас како ерменец, го почувствував токму тоа“, ќе каже Динкјан.

Композиторот и продуцент Дуке Бојаџиев успеа на едно место да собере извонредна интернационална екипа уметници, а во проектот одлично се вклопи Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентска палка на Саша Николовски-Ѓумар.

Фестивалот „Охридско лето“, во екот на празничните денови кога македонската публика е најбројна, донесе на репертоарот концерт со атрактивна содржина. Музичкиот селектор на фестивалот, Гордана Јосифова-Неделковска, изјави дека станува збор за проект кој предничи по својата комплексност и уникатност. „Проектот кој годинава, на 16-ти април, доживеа огромен успех во ’Карнеги Хол‘, е голема причина тој да биде вклучен и на програмата на фестивалот ’Охридско лето‘“.

Дуке Бојаџиев, триумфално се врати во Охрид и Македонија, од каде го започна патот на светската слава. Помалку возбуден и самиот воодушевен, ќе каже: „По генералните проби кои ги имавме, може да се каже дека ’Карнеги Хол‘ ни изгледа како генерална проба на некој начин, бидејќи ова е тоа што требаше да биде. Посебно што таму немавме диригент, беше помал состав, а тука господинот Ѓумар навистина одигра значајна улога, што се заедно дава една неверојатна фузија.“ (В. М.)


#
Статијата е прочитана 674 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 04.08.2011 01:10:30
Falbi, samobendisanost i letanje vo oblaci...
Од: pero petrov
Датум: 04.08.2011 12:51:51
Zvezdeni migovi na Ohridsko leto, i ne samo koncertot na Duke Love is the way ( Ljubov e patot, a ne Ljubovta e nachin?!) nasliv shto zvuchi kako stih od psalm! Zvukot na orkestarot i na glasovite na aktetrite shto gi govorea stihovite se vivnaa taa noc vo neboto nad Ohrid i doprea do Sevishniot kako pozdrav do nego od bibliskata mu zemja Makedonija! Duke, be blessed,ke reche tatko ti od istite visini!
Од: makedonka
Датум: 04.08.2011 22:23:19
Preubav koncert, licno go poznavam Duke, golem muzicki talent, vsusnost delata zboruvaat nema potreba od bilo kakvi falbi, se nadevam ke ima uste mnogu koncerti da uzivame...

Најди! во Утрински
Култура
Дарко Башески поднесе оставка од „Еуроимаж“
Осум руски тенори на иста сцена на „Охридско лето“
Пронајден најстариот филм на Хичкок
Овации за Македонскиот балет во Палермо
Иванка Апостолова наградена со „Љупчо Филипов“
„Китка“ - најуспешна група на „Илинденски денови“

"""