Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Кандидатите против дискриминацијата

Фрчкоски бара да се симне забраната за геј-клубови

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, смета дека треба да се симне забраната за отворање геј-клубови во земјава. Додека неговиот противкандидат Љубе Бошкоски вели дека иако е претставник на демохристијанска партија, сепак, смета дека геј-популацијата треба јавно да излезе и отворено да разговара за своите проблеми. Ова беа дел од размислувањата на претседателските кандидати, кои вчера ги презентираа своите ставови пред невладиниот сектор обединет во сојузот „Македонија без дискриминација“ околу Предлог-законот за заштита од дискриминација, кој моментно е на јавна расправа. На вчерашната средба присуствуваа речиси сите претседателски кандидати, со исклучок на кандидатите на ДУИ и на ДПА, Буџаку и Хоџа, кои претходно го најавиле своето отсуство.

Претседателските кандидати првично изјавија дека ќе го поддржат предложениот закон за заштита од дискриминација, иако по забелешките на Фрчкоски за неговите слабости го сменија ставот, па рекоа дека, сепак, му се потребни измени. Кандидатите сметаат дека е потребно формирање независно тело, кое ќе ја мониторира имплементацијата на законот, а Фрчкоски смета дека ова тело треба да има истражни овластувања.

Независниот кандидат Бошкоски изјави дека како иден претседател ќе се залага за целосно уредување на оваа проблематика. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов, потенцираше дека со оваа проблематика се занимава дваесетина години, а таа е вградена и во неговата програма. Тој е подготвен да го поддржи предложениот закон. Веднаш по него, Ружин најави дека нема да го поддржи законот се' додека не бидат отстранети недостатоците во законот. Кандидатот на Нова демократија, Имер Селмани, му ја даде својата поддршка на невладиниот сектор во однос на законот и најави дека како иден претседател ќе врши надзор над неговата имплементација. Кандидатот на СДСМ, Фрчкоски, смета дека законот има дупка, дека е препишан и апстрактен, иако додаде дека е услов за визна либерализација. Фрчкоски ги потенцираше и забелешките од Венециската комисија, која смета дека законот во оваа форма не ги исполнува стандардите. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 18.03.2009 00:06:39
Frcko so negovite idei i so negovite zalaganja ke ne odnese ottade Evropa! Sto se ne bi rekol za da pridobie glasovi!
Од: an od ulikoten
Датум: 18.03.2009 00:22:06
stom nekoj resil homo da bide, dozvoli mu pa neka krsi glava. A sto ako e zabraneto, gledam ne postojat kaj nas.
Од: lenin
Датум: 18.03.2009 00:25:21
Uchte gej klubovite falat drugoto e se vo red.tie luge treba da se lecat .
Од: Vodno
Датум: 18.03.2009 08:44:49
Se resivte uste ni ostana problemot so gej klubovite surtuci niedni.More edna motka debela za vas-toa e spasot!!!
Од: Perunika
Датум: 18.03.2009 08:49:11
И да нема геј популација треба да ја измислиме за да исполниме критериум за во ЕУ.Фрчковски му најде па и маана на законот.Па законот треба да кореспондира со условите во државата.
Од: realnost
Датум: 18.03.2009 09:54:34
Tocno e toa sto go zborat i legalizacija na prostitucijata,veke ednas zasekogas,taa problematika da se razresi.A sega kako sto stojat rabotive,mi licat na komunistickoto vreme...
Од: објективен
Датум: 18.03.2009 11:06:03
Се додека има вакви ставови од читателите не правиме ништо со недискриминација. Колку сака и какви сака нека има закони против дискриминација, додека не се разберат и прифатат различните од нас, нема ништо од фактичка еднаквост на сите нас. Што има лошо ако некој се залага за хомосексуалците, жените, хендикепираните...Погрешно е размислувањето дека треба други работи прво да се средат па после хомосексуалци и нивните права. Без разлика која и да е дискрминирана група, не може на stand by да се стави, во прашање се човекови права и тие луѓе страдаат цело време додека не им се обезбедат тие права.
Од: jimmy1
Датум: 18.03.2009 12:15:31
Eden vo predhodnite komentari me prasa dali sakam da dobie Frcko. Kolku sto znam nikade ne spomnav deka sakam Frcko da dobie nitu pak sum go spomnal negovoto ime. Eve da mu dam iskren odgovor. Za nas e najdobro da se izbere nezavisen kandidat koj nema da gi zastapuva interesite na bilo koja partija, tuku da raboti za podobra idnina za Makedonij i za makedonskiot narod bez razlika na veroispovest. Od ovie kandidati nitu eden nema sposobnost da e ima taa funkcija, toa se gleda po govorite sto gi govorat, citaat ona sto mu imaat napisano nivnite predpostaveni. Ako kandidatot e realen i stvarno saka da bide predsedatel za podobro utre na Makedonija i na narodot, ideite treba da mu se vo glavata a ne parce hartija sto im go dava nivniot BIG BOS. Edini covek sto bi mozel da bide dobar presedatel e Srgan Kerim, drug momentalno nema. A dokolku ostane da se izbira pomego Ivanov i Frcko, poveke sum da dobie Frcko zoso Ivanov e postaven za kandidat kako poslusnik na Grujo a ne od sposobnost.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 18.03.2009 12:28:49
Dali Frcko ocekuva glasovi od gej-zaednicite..?

Најди! во Утрински
Политика
ВМРО го обвини Јакимовски дека инкасирал 350.000 евра
На денот на изборите ќе врне снег
ВМРО-ДПМНЕ
Крис Патен- Прво исполнување на критериумите, потоа во ЕУ
Изборните карвани влегуваат во финалето со митинзи
ДИК ќе решава и по приговори на избирачи
Нано Ружин- Сакаме обединета Македонија
МВР останува подалеку од партиските активисти
ДПА- Државата е во длабока криза
Хасипи повика да се гласа за Иванов
Бошкоски
Бошкоски ќе му помогне на Тарчуловски
Заев очекува победа во 20-30 општини