Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

„Денот на дрвото“ и во октомври, но сега ќе се внимава на локациите

Иницијативниот одбор очекува Владата и „Македонски шуми“ подобро да се грижат за садниците

Горан Адамовски


Шест милиони садници на 100 локации во 35 општини низ земјава ќе бидат насадени во втората акција за пошумување „Денот на дрвото“, што ќе се одржи кон крајот на октомври или почетокот на ноември годинава. Иницијативниот одбор, по успешното деби на 12 март, очекува уште поголема масовност од граѓаните, а ветува и подобра организација на целиот настан. Денот на акцијата ќе биде дополнително утврден, во зависност од временските услови, а Владата дополнително ќе одлучи дали и тој ден, како при првата акција, ќе биде неработен.

Иницијативниот одбор најавува дека ваквите акции ќе се одвиваат и наредните години, а веќе за во март, најавува голем собир, на кој, покрај соседните земји, ќе учествуваат и светски познати личности, меѓу кои и добитничката за Нобелова награда за мир, која во својата родна земја и во соседството насади 40 милиони дрвца.

„Задоволни сме како помина првата акција и затоа продолжуваме со цел да ја разбудиме екосвеста во целото општество. Акцијата и наредните години редовно ќе се одржува во март и во октомври, а целта ни е годишно да засадуваме 20 милиони садници“, изјави Борис Трајанов, еден од водечките луѓе на Иницијативниот одбор.

Овој пат се очекува учество на околу 200.000 граѓани, а поучени од минатото искуство, сега нема да се сади на суви површини. За нив, веќе в година ќе бидат направени специјални садници. Тогаш, на Македонија би требало да и' се придружат и сите балкански соседи, „засадувајќи ја својата иднина“. Во почетокот на идниот месец, за ова ќе стане збор на собирот на министрите за земјоделие на земјите од Балканот, кој ќе се одржи во Колашин, Црна Гора.

Организаторите ветуваат дека сега ќе бидат преземени сите мерки за да не се повторат грешките од првата акција, кога најголемиот дел од садниците не се фатија поради лошите временски услови, негрижата на надлежните и пашата на добитокот.

„Кај Владата и кај раководните од ‘Македонски шуми‘ има огромна решителност да се справат со овој проблем“, вели Томе Костадиновски од Одборот. Неговиот пријател Љупчо Бубо Каров, во една реченица најдобро ја опиша ситуацијата.

„Ние можеме да засадиме 10,20 или 60 милиони дрвца, за што се потребни илјадници луѓе, а еден човек може да ги запали за еден ден“, апелира Каров до граѓаните да ја разбудат свеста за еколошката животна средина.

На 12 март годинава беа засадени два милиона садници на 67 локации низ земјава, во која учествуваа 150.000 граѓани.

 


Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Македонија на поштенски марки и во 1944 година
Денеска и утре до 39 Целзиусови степени

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.