Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од СДСМ

Ден Дончев

Секој граѓанин на Македонија годинава во просек ќе плаќа 40 отсто повеќе даноци кон државата споредено со тоа што го плаќал во 2006 година

Во политичкиот дискурс помеѓу левицата и десницата во Македонија, честопати се спомнува зборот „идеологија“ и се зборува за некакви „идеолошки разлики“. Што се однесува до тоа што може да се нарече економска идеологија, Република Македонија никогаш немала поконфузна, поматна и понејасна слика како што е оваа денес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, во последните три години не само што ја наруши економската идеологија на некогашната ВМРО-ДПМНЕ, туку веќе дејствува и сосема надвор од традиционалните и општоприфатените вредности на политички партии кои застапуваат десничарска економска идеологија.

Како прво и пред се', десната политичко-економска идеологија се залага за мал и ефикасен државен сектор како компонента од бруто-домашното производство (БДП) на нацијата. Идеолошката вредност на десницата ширум светот е дека државата генерално е лош и неефикасен менаџер на финансиски ресурси и средства, па затоа буџетот треба да биде што е можно помал како процентуален износ од БДБ на нацијата, а воедно државниот сектор да се стреми да биде се' помал спореден со приватниот сектор. Генерално кажано, процентуалното учество на буџетот во развиените западни економии се движи измеѓу 20 до 33 отсто од бруто-домашното производство во соодветната земја. Оттука произлегува и идеолошката вредност на десницата за ниски даноци и пониско севкупно даночно оптоварување кон приватниот сектор. Тоа, пак, резултира со намалување на процентуалното учество на буџетот во бруто-домашното производство, при што се зголемува учеството на приватниот сектор.



Во 2009 година Владата на Македонија ќе располага со рекордно висок буџет од 2,6 милијарди евра. Ваквиот буџет преставува удел на државниот сектор од речиси 44 отсто во севкупното БДП на државата. Споредено со буџетот од 1,8 милијарди евра во 2006, кој тогаш претставуваше околу 39 отсто од БДП на државата, оваа година Владата располага со 700 милиони евра повеќе. Со други зборови, во 2009 граѓаните на Македонија севкупно ќе платат 700 милиони евра повеќе кон државата, преку сите даноци со кои е оптоварен приватниот сектор. Да нема дилеми, директно или индиректно, секој граѓанин на Република Македонија во 2009 во просек ќе плаќа 40 отсто повеќе даноци кон државата споредено со тоа што плаќал во 2006 година. Ваквото нагло зголемување на даночното оптоварување кон приватниот сектор е без преседан во историјата на независна Република Македонија. Државниот сектор станува се посилен и помоќен на сметка на осиромашените граѓани кои, во просек, директно и индиректно, плаќаат повеќе данок кон државата.

Оттука, сите владини тврдења дека намалиле одредени даноци се бесмислени. Од аспект на макро економијата, десничарската идеологија би се залагала за намалување на севкупното даночно оптоварување кон приватниот сектор. Многу промовираниот таканаречен рамен данок (кој патем не е воопшто рамен спрема школската дефиниција на рамен данок, но тоа е веќе друга тема), е единствениот обид на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се имплементира некаква десничарска економска идеологија. Но, во контекст на сите други потези кои ги повлекоа со што се зголеми севкупното даночно оптоварување за преку 40 отсто во последните три години, ваквиот обид останува само како шминка.



Само по оваа основа може да се каже дека идеолошката матрица на оваа раководство на ВМРО-ДПМНЕ е полевичарско и од самата СДСМ, која претендира да застапува левичарска економска идеологија на македонската политичка сцена. Дојдовме до апсурдната ситуација кога дури и левичарската партија ја критикува десничарската за зголемените буџетски расходи.

Се разбира, зголеменото учество на државниот сектор во БДП на Македонија во последните три години е на директна сметка на приватниот сектор, кој континуирано се гуши на сметка на зголемениот буџет. Поголем буџет во услови на македонскиот политички систем подразбира и драстично зголемување на реалната моќ на државата, поточно на владејачката партија. Школската примена на десничарската економска идеологија би се залагала за што помала економска моќ во рацете на државата, односно поголема економска моќ кај поединецот и претприемачот.

Оттука произлегува и втората клучна идеолошка вредност дека вистинската финансиска моќ треба да биде во приватниот сектор, при што на секој поединец во општеството да му се обезбедуваат подеднакви услови од страна на државата за да ги постигне своите финансиски цели. Остварувајќи ги своите бизнис и финансиски цели, секој поединец придонесува кон попросперитетна држава за сите граѓани од тоа што може да го создаде државата преку буџетската политика. Улогата на државата во вакви услови би била да овозможи бизнис клима во која „правилата на игра“ се фер и еднакви за сите учесници на пазарот. Но, јавна тајна во Македонија е дека државата, поточно одредени поединци кои се во можност да ја (зло)употребуваат државата, креира правила на игра кои директно утврдуваат кои се победниците и кои се губитниците во македонското стопанство. Тоа го сфатија и тинејџерите во нашата држава и не случајно имаме таква застапеност на млади луѓе во политичките партии, кои наместо да бидат претприемачи, одлучуваат да бидат политичари. Државата и економијата некако функционираат и опстануваат, но се што може да постигнеме како држава е - статус кво економска ситуација, поради тоа што ваквата политика и ваквите правила на игра го гушат претприемачкиот дух, без кој не можеме да постигнеме високи стапки на растеж.

Како најразвиена економија во светот, ретко кој граѓанин на Америка не го познава името на Ворен Бафет, Стив Џобс, Бил Гејтс, Џим Валтон, Лоренс Елисон и Лери Пејџ. Како најбогати бизнисмени и претприемачи во Америка, тие имиња не само што се општо познати за тамошното општество, туку се и почитувани граѓани кои претставуваат идеал или вредност кон кој секој поединец во Америка се стреми. Во Македонија се повеќе станува табу да се биде богат претприемач. Владата се не се однесува со почит кон приватниот сектор. Врз легитимните бизниси и бизнисмени с�� фрлат анатеми од политичката номенклатура. Загрижувачки е што во време на владеење на партија која по идеологија треба да биде пријателски настроена кон бизнисот и бизнисмените, раководството на ВМРО-ДПМНЕ направи една од најлошите бизнис клими во Европа. Докази за тоа се безбројни, почнувајќи од „Сведмилк“, па се до ЕВН. Можеби затоа кај нас тешко може да ги посочиме првите десет бизнисмени, но затоа, пак, се фалиме колку одредени политичари биле популарни.



Жално е што по толку години демократија и пазарна економија, раководството на денешната владејачка партија очигледно не може да сфати дека нови работни места, како и креирањето на ново богатство и просперитет за сите граѓани во државата, може да се постигнат само преку приватниот сектор. Но, барем овде идеологијата на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е многу различна од идеологијата на минатото раководство на СДСМ, кое со години не можеше да го сфати овој елементарен принцип на пазарната економија.

(Авторот е економски аналитичар)


Статијата е прочитана 2210 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Peyo
Датум: 01.07.2009 00:22:18
SDSM bese i seuste e (panderovski naprimer) za ekstremen liberalizam. Bea ljubiteli na Bush i MakKein i razocarani se od socijalistot Obama. Koga sakaat da go navredat nekogo go narekuvaat Chavez! Predpostavuvam deka vo pogrdniot recnik gi imaat i Naser, Lumumba, Aljende, Che, Garcia Lorca i Koco Racin.
Од: Приватник
Датум: 01.07.2009 00:28:04
Ниеден од американските бизнисмени и претприемачи што ги спомнува „економскиот аналитичар“ не се занимава со политика! Авторот на текстов доједе од Австралија и нормално би било како човек кој доаѓа од земја со пазарна економија да се занимава со приватен бизнис, а не со политика! Како политичар беше поставен за менаџер во Македонскиот телеком и директно учествуваше во продажбата на оваа најпрофитабилна македонска компанија. Најверојатно дебело се „офајди“ од продажбата на Телекомот и сега, по никоја цена, не сака да се одвои од „цицката“ на политиката, надевајќи се дека повторно ќе се докопа до профитабилна позиција!?
Од: Racionalen tip
Датум: 01.07.2009 00:33:52
Ajde vaka. Koga bilo koj "ekonomist" pravi kalkulacii za sporedba od istoriska data znae deka brojkite bi trebalo da bidat realni odnosno vo ovoj sluchaj, da se napravi nadomestok za efektot na inflacija. Koga ke se zeme vo predvid deka inflacijata vo aspekt na evroto od 2006 godina se dvizi vo prosekot na 2.5%, moze lesno da se presmeta deka vo deneshi evra budgetot od 2006 bi bil 2 milijardi. Toa ne doveduva do zakluchok deka 1) procentualnata razlika izleguva da bide okolu 33% 2) nepresedantniot budget e kako rezultat na makroekonomskata politika na vladata poradi nepresedantnata svetska kriza koja e najlosha od Golemata Depresija, i 3) deka vashiot obid da se rasfrlate so brojki ili ne donesuva do zakluchok deka ne znaete shto pravite, ili namerno manipulirate.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 01.07.2009 04:33:36
Bil gates vredi miljardi $$$. Ima plateno bilioni, mozebi trilioni $$$ i pak ne mrsi politika ili ekonomija. Ovde najbogatiot Ozi plati 937 milijardi taksa, a toj ima samo 6 milijardi $$$. Gi cenat takvite? Mozebi tamu vo MKD, vo svoite zemji NE !!! Edvaj cekaat ( vladite, partiite, polticari a i narodot ...) da im dojde krajot. Samo kal Den se pogolemi od Gospod.Napred Den, ovie analizi se kako Alan Ford stripovite.
Од: Авторот е економски аналитичар???
Датум: 01.07.2009 07:29:20
Ден, што ти е пак тебе гајле дали е ВМРО полевичарска или СДС? Гледај си ја твојата партија.
Од: Банкар
Датум: 01.07.2009 07:42:49
Многу корисна колумна Ден. Ниту младината ни,ниту родителите не можат да сватат дека не е финтата да се вработат на државно,ама па за да бараат приватно мора да се форсира таква свест,ако треба и со кампањи.Ама кај нас владата прави кампањи за се,само не затоа што треба. Не знам дали владата намерно тоа го стори или едноставно ситуацијата излезе од контрола но бизнисмените се уплашени од оваа влада.И сега треба да чекаме нова влада,без разлика каква,само за бизнисмените се ослободат од тој психолошки притисок. Дали како општество не сме зрели,дали владата тотално се одлепи не знам,но ова не смееше да се случи.А штета, она што моше денес да се стори не мора да се остава за утре.
Од: ЗС-Скопје
Датум: 01.07.2009 07:42:55
Без демократија и важење на правото нема развој. Најразвиените земји се најдеморатски и важи правото за сите. Поголем проблем од големите даноци е непочитувањето на правата и интересите на даночните обврзници.
Од: Nikola
Датум: 01.07.2009 09:21:26
Mnogu dobra kolumna,navistina iva e edna bolna realnost,mladite se lazat samo da rabotat vo drzavnite sluzbi,taka nisto da ne rabotat,a privatniot sektor e pod takov teror sto ne znam do kade ke se stigne taka,zalno e mlad biznismen sto saka da napreduva,da se razviva da bide podlezen na takov teror od drzavata,ne znam so drzavna administracija nema razvoj,nie sme veke beter od site,zatoa po moe nema ni da opstane ovaa drzava.
Од: dbreak
Датум: 01.07.2009 09:25:11
Profiterite od DPMNE mora da bidat takvi, zatoa shto ne bi bile profiteri, pa zatoa im smetaa tekstovite na Den Doncev.
Од: KPMarija
Датум: 01.07.2009 09:50:39
O gospode , od kaj kompetentnost i stucnost kaj Doncev pa da govori i pishuva za politicki ideologii!!?? Neverojatno no vistinito vo Makedonija ima eksperti po glava zitel...
Од: vlatko
Датум: 01.07.2009 10:08:47
Ushte eden maestralen tekst na Den Doncev. Jasno e kako den deka sekoj tekst na Den go srce gi zaboluva nesposobnite "ekonomisti" vo vlasta, pa mu se nafrlaat so selski finti i navredi, oti nemaat drug nachin kako da se odbranat. Jas e kako den deka celata ekonomska prikazna koja DPMNE ja "prodade" na narodot vo 2006-tata otiden nekade vo nepovrat is se zagubi. Zoshto? Zoshto zdravite ekonomski idei od 2006/7 se zamenija so gluposti od tipot statui, crkvi, antiki, vosocni skulpturi, 2-katni avtobusi od kina, rasipani PC-inja .... Zoshto rabotite otidoja vo taa nasoka?
Од: Verag
Датум: 01.07.2009 10:17:09
ВМРО не се променила од времето на Љубчо. Тој се фалеше со големиот буџет,дека никојпат не бил толку голем. Исто така изјави дека е богат како и секој втор политичар. Каде освен во политиката,луѓе со просечни способности може така брзо да напредуваат и веднаш по дипломирање да бидат директори и министри? А по само неколку години да се збогатат како секој втор бизнисмен,без никаков ризик по бизнисот?
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 01.07.2009 11:06:03
И со овај агол на гледање на нештата се согласувам и добро е што некој објави препознавање на најголемото комуњарско однесување на десницата која едноставно заборави на својата идеологија за обврските што ги превзела.
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 01.07.2009 11:29:55
Причината за зголемениот буџет по мене лежи од се побројните барања да се субвенционира стопанството,како ако не со поголеми даноци за тој исти буџет се наполни.За да ги задоволам мои омилени конгоанци и јас сум против фрлање пари за споменици и други непрофитни работи кој оваа влада ги практицира.Се гледа дека Г-дин Дончев е на страната на крупниот капитал,но при тоа заборава да на запад прво крупниот капиталист во време на криза го троши профитот стекнат пред тоа па потоа бара помош од државата.Нашиве бараат да државата субвенционира а да не се чепне во стекнатиот профит,а при тоа се закануваат со откази на вработените.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 01.07.2009 12:25:15
Имате Грешка! Не се тие Полевичарски од СДСМ, затоа што и едните и другите се по потекло од една иста Партија. Она што е Трагедија на сегашните „демократи“ (во националсоцијално руво) е тоа што во природата е одамна докажано: Од опинок, Кондура не бидува! Симптоматично е што Најголемите Кодоши и УДБ-аши (или нивни блиски потомци), оној нивен Најпримитивен дел, се всушност во поголемиот број во „Најпатриотската ни“ партија.
Од: janev
Датум: 01.07.2009 15:00:00
за човек кој се занимава со политика и економија и кој ги следи светските текови, г-нот Дончев ме зачудува. На целата политичка сцена доаѓа до доближување на левицата и десницата, а во услови на економска криза и докажаните капиталистички држави посегнаа по механизмот на национализација карактеристичен за социјалистите. само нашиот експерт Дончев заслепен од личната омраза и суета не сака тоа да го види...

Најди! во Утрински
Насловна
Увезениот грип се шири во Македонија
Бернард Медоф е осуден на 150 години затвор
Карикатура
Вицепремиерот Боцевски поднесе оставка
МПЦ на големо искушение
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Панде Лазаров проговори за сметките
МПЦ месечно добива по 6.000 евра од паркингот пред „Холидеј ин“
Монструмот во УБК
Разрешен судија станал обвинител
Лотито- Ќе го залепам Пандев една година на клупа!
Шведска го нема Западен Балкан на агендата
Нимиц се сретнал со Рен, но не и со Билд
Иван Поповски