Правната рамка добро поставена, но посни резултати од антикорупциската борба
„Правосудството е легло на корупцијата. Оваа загрижувачка појава е присутна во царината и во работењето на администрацијата. И покрај тоа што правната рамка е добро поставена, од антикорупциската борба има посни резултати“. Ова, меѓу другото, беше потенцирано на вчерашната годишна конференција за оцена на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата што се одржа во Скопје.
„Антикорупциската комисија прави се' за да ги анимира сите фактори во државата за да се вклучат повеќе во овој процес. За да бидеме успешни, потребно е да се отвори широк фронт во борбата против корупцијата“, изјави претседателот на Антикорупциска, Илми Селами. Тој оцени дека соработката со Јавното обвинителство е на соодветно, но не и на одлично ниво. „Јавното обвинителство, очигледно, има потреба да ја интензивира работата во областа на процесуирањето на иницијативата од работата на Антикорупциската комисија“, нагласи првиот антикорупционер.
Од оваа институција велат дека повиците до функционерите за брза реакција при констатиран судир на интереси има ефекти, но дека е неопходно и тие да дадат личен пример. „Зарем треба да се повикаат некои носители на јавни функции од централната и од локалната власт за да излезат од состојба на корупција? Кога веќе еднаш превентивно се повикани, тие треба да дадат личен пример и сами да преземат чекор во покажување добра волја. Со декларативно залагање, политичката волја замира“, заклучи Селами.
Постојат области каде што треба да се подобри соработката меѓу институциите и индивидуалните постапки, оценуваат поранешни членови на Антикоруципската. Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност нулта корупција“ вели дека тоа е во функција на зајакнување на ефикасноста и неселективното дејствување. За Тасева, слабоста на Антикорупциска е тоа што не може сама да ја остварува борбата против корупцијата. „Борбата мора да се води во рамките на повеќе сектори и не само преку репресија, туку преку превенција и градење механизми за заштита“, објасни Слаѓана Тасева.
Очекувано, поблаги ставови за капацитетот на институциите и воспоставената законска рамка изнесе министерот за правда, Михајло Маневски, кој смета дека државата направи прогрес во борбата против корупцијата. „Македонија постигнува ефекти што треба да значат заштита на граѓаните за тие да не бидат жртви на корупцијата“, истакна Маневски.
Напредокот на Македонија во борбата против корупцијата и нејзиното значење од аспект на евроинтеграциите го нотираше вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски. „Етичките вредности и искоренувањето на оваа појава придонесуваат за зацврстување на државниот систем, а напредокот на Македонија во оваа област е истакнат и во Извештајот на Европската комисија“, предочи Наумовски. (К.Ч.)
Site "doktoranti" dobro znaat pred javnosta kade leže zajako,ama nikoj ne go faka.Ta i Tasevata šo beše,šo stana i so šo stana,a preplatena e za korupcionerskata problematika,ne i se pušča.Novi,mladi,neikvareni,ambiciozni čoveci treba da ja povedat vaa Makedonija a ima gi.Samo treba im hrabros i podrška od narodo.Ama od koj narod?Od koj narod.Od vaj politički angažiran za rabotno mesto,za leb bez motika.A?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.06.2010 11:17:12
Сака народот леб без мотика? Се разбира добар дел, затоа и ги вработуваат а немаат мотики но ни столчиња.И тие сепак со грлатењето го оправдуваат своето вработување.Го величаат ликот и делото на Пастирот.Та и песни му пишуваат.Затоа ја оправдуваат довербата која им ја дава власта (Пастирот и Фамилијата) - гледаме КУМ 4 но и го живееме.Мотиките да не ги чуваат за расчистување со непријателите на државата - внатрешните и надворешните, а еве имаше во медиумите и вежби во теретани.Значи се е спремно за повикот за на фронт - против непријателот.?
Да гледаш и да не веруваш.
Од: Трпе
Датум: 19.06.2010 12:33:25
Во држава,каде на раководни функци се поставени млади неискусни кадри,нормално е да цвета корупцијата.Камелеоните, со младиот неспособен кадар си играт како со тесто.На времето се знаеше дека за било кое раководно место мора да се има минимум 5 години работен стаж.А денес е доволно да имаш партиска книшка.А како си поставен на тоа работно место нормално мора да бидеш и играчка во нечии раце.Но да се разбереме не обично работно место,на големи функци се поставува како од ракав.