Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Зошто Милошоски ја напушта кариерата?

Првите реакции се дека оставката не носи навестувања дека Владата го менува курсот кон името

Светлана Унковска



Дали само приватни мотиви се причината министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, да се повлече од позицијата шеф на дипломатијата или постои политичка заднина во донесувањето на неговата одлука да замине од функцијата на која беше во изминатите пет години. Политички кругови непрестано лицитираат за причините откако шефот на дипломатијата го потврди тоа што „Утрински весник“ прв го објави: „Заминувам од семејни причини“!

Тонот со кој Милошоски настапи на прес-конференцијата не се помести од тоа дека единствено семејните, а не политичките причини се решавачки за тој да ја напуш��и министерската фотелја. Но, сепак, во декември минатата година, што значи само еден месец пред да разговара со премиерот Никола Груевски за неговата одлуката за напуштање на министерската фотелја, Милошоски изјави дека Македонија во наредниот период очекува интензивирање на активностите на посредникот во спорот за името Метју Нимиц.

Дали Милошоски сака да го одбегне овој притисок, кој е свесен дека веќе нема да може да го издржи, политичките аналитичари различно го оценуваат.

Поранешниот министер за надворешни работи, професорот Денко Малески, го пренесува искуството дека местото шеф на дипломатијата бара многу жртви во семејството и за него тој елемент е сосема разбирлив. Но, сепак, според него, постои и политички елемент во неговото повлекување.

„Сознанието дека во оваа општествена клима едноставно речиси да се нема излез е страшно фрустрирачки за некој што седи на таа позиција веќе пет години. Дека е тоа фактор, кој да речеме, мене би ми тежел и би сакал да се ослободам. Но, тој е дел од една структура што ја дели таа политика, а таму нема многу простор за отворено и јавно да говори што мисли, така што не знаеме многу што мисли тој“, вели Малевски.

Со ваквата констатација не се согласува професорот Стево Пендаровски, според кого, спорот со името не се политичките мотиви за заминувањето на Милошоски.

„Милошоски не е креаторот на надворешната политика на Македонија, таа се креира во Кабинетот на премиерот и тоа не само за името, туку и за дипломатските кадри, а во Министерството само се спроведува. Милошоски од почетокот знаеше дека е само фигура, а Министерството е сведено на техничко-логистички средби во доменот на надворешната политика. Ние од Милошоски не чувме ниеден збор поразличен и немаше ниедна одлука спротивна на она што мисли Груевски и затоа не гледам дека постојат некакви политички разидувања “, вели Пендаровски.

Меѓутоа, професорот Димитар Мирчев вели дека нема никаква најава дека повлекувањето на Милошоски е поради некакво засилување на преговорите.

„Лично се надевам дека од септември ќе се засилат преговорите, но некаква автоматска врска на повлекување на министерот, не гледам. Но, без разлика дали на таа функција е Милошоски или некој друг, нема да има отстапувања од нашата линија на водење на преговорите“, оценува професорот Мирчев.

Ниту еден од консултираните експерти не очекуваат дека заминувањето на Милошоски би можело да резултира со какво било дистанцирање од партијата ниту вртење на курсот околу спорот со името. Милошоски важи за еден од тврдите преговарачи за спорот со името, а во одредени интервјуа дадени за грчки медиуми излегува и со многу порадикални ставови од Груевски.

„Не се очекува дека станува збор за вртење на курсот околу спорот за името бидејќи креаторот на политиката останува ист, а и кој да биде, во иднина ќе мора да ги слуша препораките на премиерот. Милошоски со ниту една своја изјава не покажува дека е пофлексибилен, но дека не може да направи ништо зашто премиерот не му дава, еве ниту ’Викиликс’ не вади такво нешто. Тој честопати знаел да биде и многу порадикален во своите изјави од премиерот“, истакнува Пендаровски.


#
Статијата е прочитана 6921 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 02.07.2011 00:22:23
Predpostavuvam deka dojde vreme da se podpise nesto. milososki nema hrabrost toa da go stori. A ttastot, od skromnata platicka, vece si izgradi vece dve kuci. Sega mu e majkata da si se povlece.
Од: Progres Rejting
Датум: 02.07.2011 00:30:48
Rang lista: 1. Milososki, 2. Kerim, 3. Mitreva, 4. S. Crvenkovski, 5. Frckoski, 6. A. Dimitrov, 7. S. Casule.., ministri za nadvoresni raboti!
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 02.07.2011 00:57:44
Toj si znaese prethodno posebno so doagjanjeto vo Kanada koga osvoi povece simpatizeri od Gruja,deka ce bide smenet. Pametno sto sam si dava otkaz,a od druga strana koj bi mozel so Gruja da se rasprava.Tesko zenata mu.
Од: od nekoj
Датум: 02.07.2011 02:38:10
Abe ajde toj bil demek edinstveniot sto bil roditel,prikaski za mali deca.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 02.07.2011 04:28:28
Ne treba da se zaboravi deka pred edna godina i poveke, Milososki bese vo nemilost na Gruevski i negovite najbliski. Milososki go pocuvstvuva toa i najde dobar nacin i vreme da se povlece. Kabinetot na Gruevski ja pocuvstvuva golemata nadvoresna politicka izolacija i za toa go proglasi Milososki za vinoven. Toa e pricinata za negovoto zaminuvanje.
Од: Ljubotan-Trade Name
Да��ум: 02.07.2011 06:35:07
Odama znam,Milososki nee najdiplomatski obrazovan,ama ima instikt za diplomatija,i bezbolno izvlekuvane,ima edana srpska;,,Gde Ja Stadoh Ti Produzi" -Kade Jas ke Sopram Ti Prodolzi,.Odlicna proracunata vizia od Milososki,kako sto rece i Isus Hristos Postedime od ovaa Casa,sto dovagja!.Isus ne bese Posteden,a Milososki samiot si se postedi,i rece;Kade Jas Ke Sopram Ti Prodolzi' I, Bidi Vuk Brankovic!
Од: koki
Датум: 02.07.2011 08:58:09
Ednostavno nema kapacitet!!!!!!!!! Se znae koj gi drzi koncite vo svoi race........ toa e toj sto rejtingot go izgradi na imeto.............
Од: marjan.pp
Датум: 02.07.2011 09:01:26
na milosevski veke mu e dosta od diktaturata na grueski,covekot,a i drugite koi do sega nemaat hrabrost ,vreme toa da go napravat
Од: Buntovnik
Датум: 02.07.2011 09:15:33
Ako on misli so ova da ja odbegne negovata odgovornos za plackanje, potlacuvanje, teroriziranje i lazenje na makedonskiot narod, sam se laze. Koga kev dojde vreme ke si go dobie svoeto.
Од: Dinko
Датум: 02.07.2011 10:00:29
Rabotata e postrasna od site nepolezni komentari. Edno vazno prasanje na trojcata intervjuirani vo napisot; A sto vie gospoda ocekuvate od mk nadvoresna politika koga sutraci se postaveni da ja kreiraat. Odgovorete vazno e. Krtedibilitetot na mnr e na niivoto nula.
Од: jordan
Датум: 02.07.2011 10:18:18
Treba da ucite od Milososki!Kakvi samo gluposti treska toj Maleski! IKoj go narekuva nego strucnjak!E sirota Makedonijo kavi strucnjaci te vodele zatoa do tuka ja doguravme!
Од: dijana
Датум: 02.07.2011 10:20:44
I premierot e roditel!Neka si odi i toj!!!
Од: marjan
Датум: 02.07.2011 10:35:07
Neznam zosto davate tolkav publicitet na ovaa licna odluka na Milosovski koga od pred izbori ovaa vlada e vo ostavka i vrsi samo tehnicki raboti.Bi trebale povece da se zaprasate sto se slucuva vo SDSM i dali ,,drzavnikot" ke se resi posle uste eden poraz vo niz da se srgne od politikata i da ovozmozi na nekoj drug so svezi idei da moze da mu konkurira na Gruevski i po moznost da dojde na vlast.Vaka se dodeka toj e na vlast vo SDSM pa makar i vo senka Gruvski ke nema zavidna konkurencija.Pozdrav.
Од: VMRO
Датум: 02.07.2011 10:44:42
Се што има во животот Антонио доби од ВМРО ДПМНЕ, станови, едукација во Германија, функции,статус, бизниси и хациенди итн а почна од студент во студен.дом и нормално дека вака ке се понаша и бега од реалноста само да се заштити себе, а сите ги предаде, што тие што добро го познааваат не ги изненади!! Тоа е Антонио!!! Така е кога од шупелче станува свирче! Затоа лудери внимавајте кого ставате на функции! Срам за Македонија е оваа негова фарса за која гласаа за него како носител на листа. Мизерен е да се крие зад сопственито дете! БРУКА
Од: Od strana gledano
Датум: 02.07.2011 10:45:10
Pendaroski samiot si se demantira, prvo vika ne cul nishto razlicito da kaze Toni od ona shto go misli Grujo za na kraj da kaze deka Toni bil mnogu poradikalen vo stavovite! I taka seenje na magla shto kaj Miloshovski ne moze da se sluci, covek so cvrst karakter!
Од: DS MS i ostala "ekspertska" Bulumenta
Датум: 02.07.2011 10:53:43
Dosta veke so prikazni za mali deca i nepotrebni analizi. Pratenikot Toni od Kicaa e SMENET. Od vas novinarite ocekuvav prilog napraven na teren, vo MNR. Pratete ekipa neka napravi reportaza, procepkajte sami malku, a poslem zaklucete zosto e smenet. Toa sto toj i negovite najbliski sorabotnici go napravija vo MNR ednostavno morase da bide zapreno! Zad taa negova nevina faca se krie mnogu presmetliv i podmukol covek, so ogromna sueta i kompleks. Netprelivosta megu vrabotenite vo MNR kako i brojnite nepravdi, mestenki, kodosenja i sto uste ne, zaradi nacinot na rabota na Toni dostigna neverojatni granici, a toa mu se udri kako karpa od glava nemu. Negovite klucni sorabotnici bez gram iskustvo no so bolna ambicija za zarabotka go unistija. Za zal bese predupreden da zapre, no covekot projavi nesvatliva tvrdoglavost. Toa e pricinata zosto e sment nasiot Toni. Mu cestitam na premierot Gruevski za ovoj hrabar poteg. Sekoja cest Premiere, pokazavte zosto narodot ima doverba vo Vas!
Од: Трпе
Датум: 02.07.2011 11:26:05
Без разлика што Милошовски смета дека навреме се повлекува од високите функци.Но ке дојде денот кога ке мора да одговара за штетите кои ги има направено на државата и личниот криминал.Е тогаш како ке се покаже пред неговиот син ,како добар родител.Сега останува како пратеник за имунитетот а сигурно и планира да полета како птица од гранка.
Од: car
Датум: 02.07.2011 12:34:44
Latas za minister
Од: Istocna Makedonija
Датум: 02.07.2011 13:46:12
Aman,kolkav golem publicitet za Milososki.Svoite po- liticki karieri gi zavrsile sto e logicno i vremenska ka- tegorija eden Stalin,Tito,Cercil,Ruzvelt,Kenedi,Gorba- cov...ma tolku komentari nemalo...!.
Од: dežela
Датум: 02.07.2011 14:09:51
dajte drugi komentari - nadvorešna politika- ???? MK- deteto podobro so sinot za direktor na detska gradinka- i taa ke vidime kako ke ja vodi-??? nie veke 20 god si igrame država tka da sekoj može da ja vodi i prestavuva- MK - našata ubava MK
Од: dejan od tugjina
Датум: 02.07.2011 17:26:10
Do redakcijata: Pocituvani, vashite "eksepri" nemaat pojma za shto stanuva zbor! Ova selance (Miloshoski) blagodarenie na germanskite sluzzbi beshe nametnato za minister za nadvoreshni raboti. Toj ne ni pomisluvashe da se povlekuva, tuku negovite planovi bile da go nadmine na taa funkcija i legendarniot Andrej Gromiko! So drugi zborovi, da si otsedi ushte eden cetirigodishen mandat, pa duri posle da se ugnezdi vo nekoja makedonska ambasada. Lugje, toj e s m e n e t bidejki "germanskata karta" na koja igrashe ne dade uspeh. Da occekuvame presvrt vo nashata nadvoreshna politika, t.e. blago no vidlivo vrtenje kon amerikanskata karta.
Од: izvestuvacot
Датум: 02.07.2011 18:40:59
Potpolno se soglasuvam so komentarot na ds ms. situacijata vo mnr e nepodnosliva. tonka si ja vraboti celata negova kicevska familija. tri negovi sekretarki stanaa diplomati. pa ova o nema ni vo tuvalu pocituvani. direktorot za organizacioni raboti imase licen sofer i dve sekretarki, iako toa ne i sleduvase.patuvaa po svetov kade sakaa i kako sakaa, bez nikakva potrba za toa. epa gospod gleda.
Од: Pateticno ligavenje
Датум: 02.07.2011 20:23:17
Ovaj "di[lomatski ekspert"od Kicee, imase vrvni dostreli vo diplomatijata. Eve posleden mu beser vospostavuvanje diplomatski odnosi so Tuvalu. Mozebi tamu saka da si bide i mbasador. Na kogp mu gi macka ocite toa detiste. Toj ce bese smenet poradi neuspeh vo rabotata, voveduvanje na familijarnost vo MNR i amaterizam vo diplomatijata. Pa mu tekna i skori edna trogatelno - pateticna prikazna za golemata roditelska ljubov i zelba da bide pokraj sinceto?! Pa togas site sto imame deca ajde da si sedime doma. Sramota i bruka. Pokjraj toa toj isti Milosovski napisa navredlivi raboti za velikanot Blaze Koneski narekuvajci go kepecot od Nebregovo. E sega toj ispadna lugusot od Kicee!!!
Од: девичанецот
Датум: 02.07.2011 22:25:36
Секако, уште Фрчковски да ги внесевте со некоја своја глупава изјава, колумната ќе Ви беше нај Топ!
Од: tija
Датум: 02.07.2011 22:31:10
Boze, boze, sto sekiracija za "semejnite pricini" na Milososki:) Da prasavte i psihijatar, pa semeen psiholog, ili mozebi nekoj gatac, zasto "politickive analiticari ne se kompetentni vo slucajov:) Luge mnogu muabet, hartija i web- prostor potrosivte za "vcerasna vest"
Од: b5l2
Датум: 02.07.2011 23:11:34
приказната што ја раскажа министерот во заминување може да му ја кажува на неговиот син пред заспивање!
Од: к.г.е.
Датум: 03.07.2011 00:48:38
Тој си заврши работа, ги пикна сите роднини и соселани во МНР, им даде високи функции (незаконски). Министерството го зголеми од 250 на 650 ново-вработени деца на пратеници, сопартијци итн. Професионалците ги изолира а со институцијата завладеа башибозук и анархија. Неговата десна рака за неполни 2 години искуство ја унапреди во државен советник. Ако се прочешла нејзиното работење ќе заработи еден добар одмор во Шутка. Во министерството немаат тоалетна хартија и сапун во тоалетите ама важно има пари за новокомпонираните дипломати да ги испраќа по странство. Е тоа ви е најдобриот министер, нека оди сега нека одмара во своите две нови куќи во медитерански стил.
Од: Nena
Датум: 03.07.2011 16:41:04
Mnogu komentar, premnogu - znaci, zad dobar konj, prashina se diga ! Miloshovski bese dobar, odmeren i taktichen politichar. Cestitki !

Најди! во Утрински
Насловна
Пливачката од Јужна Африка стана принцеза
Насловна
Промоција пред настап на „Сунчане скале“
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Златните модни години на Тито и Јованка Броз
Бидна сефтето со „Алтер его“
Собарката лажела за Доминик Строс-Кан
Невработеноста како апсурд
„Долнени“ привремено се сели во Прилеп
Црвенковски доби поддршка од делегатите
Неправилности во апсењето на Бошкоски
Времеплов на еден плоштад
„Фејсбук“ подготвува апликација за iPad
Ѓоковиќ е новиот крал на Вимблдон!
Економска моќ наместо воена сила?
Како е потрошено најголемото богатство во светот
Денч
Со Бранко тешко, без Бранко никако
Музејот на чоколадата најпосетен во Германија
Промовиран унифицираниот изглед на скопските такси возила
Ако се рози, ќе процветаат
Зошто мажите умираат помлади од жените?
Кличко ги обедини титулите во тешка категорија
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Алфите уапсија лице барано по меѓународна потерница
Парите од ММФ го зголемија владиниот долг
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""