Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (3)

Поделба на десни и на леви

Десните во Бугарија гледале спас за Македонија, а левите сили биле за зачувување на самостојноста на ВМРО

Виктор Цветаноски

Македонските револуционери биле со различни идеолошки определувања. Нив не ги поврзувала некоја заедничка политичка идеологија, туку заедничка љубов спрема Македонија и нејзиниот народ, заедничкиот патриотизам. И десните и левите сили се бореле за слободна и обединета Македонија.

Тогаш, во што е разликата меѓу нив? Во македонската историографија левите сили се определуваат како промакедонски, а десните ��ако пробугарски.

Според академик Иван Катаџиев, поделбата во македонското револуционерно движење не било последица на идејните разлики, туку на судир околу прашањето за и против самостојните политичко-национални интереси на македонскиот народ, односно на нивното поврзување со интересите на бугарската држава. Бугарската држава успеала да ги поткупи таканаречените десни сили со доделување пари. „Оној момент кога оние што дозволувале да бидат корумпирани не само што ја загубиле сопствената самостојност, туку со оглед на позициите што ги имале во ВМОРО, отвориле простор за нејзино инструментализирање во полза на бугарската политика. Тоа е една од причините за расцепот и распаѓањето на организацијата“, подвлекува Катарџиев.

Д-р Зоран Тодороски вели дека разликите меѓу нив е во тоа што десните сили сметала дека до ослободување на Македонија може дојде само со помош на Бугарија, на бугарскиот фактор, затоа тие и' биле поблиску до бугарските влади и затоа тие соработувале со бугарските власти биле истакнати општественици, политичари, работеле во бугарските државни органи и институции. „Од друга страна, левицата сметала дека револуционерната борба за ослободување на Македонија треба да биде посамостојна, понезависна од Бугарија, што на извесен начин, според мене, било утопија. Ако во тоа време немало помош однадвор тешко можеле да се оствари ослободувањето на Македонија“, смета Тодороваски.



Професор Ендрју Росос подвлекува дека поделба на леви и на десни повеќе се однесувала на визиите за иднината на Македонија отколку за идеолошките верувања. Според него, генерално, левицата ја претставувала промакедонската ориентација, а десницата, пробугарската.

„Упориште на левицата бил Серскиот ревулоционерен округ што го водел Јане Сандански. Таа била многу поединствена и похомогена во своите погледи од десницата. Повикувала на радикални промени во структурата на ВМРО, на децентрализација и демократизација, вклучително и на избори. Таа, исто така, сакала да внесе поголема разновидност во општествената база, да го вклучи растечкиот градски елемент и да ја намали доминацијата на учителите, од кои мнозинството работеле за Бугарската егзархија. Нејзината национална и политичка програма ги одразувала традиционалните идеали на ВМРО: натамошната верба во општо востание, но само под поволни внатрешни и надворешни услови, потоа заштита на независноста на движењето како и отфрлање на секое туѓо мешање. Крајната цел останала ’Македонија на Македонците‘ (т.е. зачувување на територијалниот интегритет и остварување на едно од следниве: автономија во рамките на Османската Империја, независност или рамноправно партнерство во некоја идна балканска федерација)“, пишува Росос.

Според него, десницата била многу похетерогена и помалку единствена во однос на повеќето прашања. Во неа имало активисти чии цели биле исти со оние на левицата, но тие сметале дека надворешната помош е од суштинско значење и биле свртени кон Бугарите.

„Во неа, сепак, доминирале и ја воделе Македонци, кои биле отворено пробугарски ориентирани или кои себеси се сметале за Бугари. Тие ги фокусирале своите активности кон егзархистичките Македонци. Нивните водачи Христо Матов и д-р Христо Татарчев живееле во Софија, а упориште по Илинденското востание им бил Скопскиот револуционерен округ. Тие ја прифатиле централизацијата и се противеле на поголеми промени во организацијата. Повеќето од водачите на десницата не верувале во испланирано и добро подготвено внатрешно востание. Претпочитале да се продолжи со вооружени напади против османлиски цели за да се испровоцира надворешна интервенција од страна на Бугарија или на големите сили или на двете. Во нивните текстови, декларации и прокламации тие ја истакнувале автономијата како крајна цел, што несомнено била причината зошто добиле поддршка внатре во Македонија и особено од многубројните македонски бегалци и имигранти во Бугарија“, смета Росос.

Истовремено тој додава дека македонската автономија отелотворувала различни значења за разни елементи во десницата. За некои од нив, исто како и за некои во левицата, таа значела вистинска самоуправна држава во која владе�� еднаквост за сите нејзини етнички елементи. За други, таа имплицирала некаков вид асоцијација со Бугарија. А за трети, таа претставувала само прв чекор кон анексија од страна на Бугарија и создавање голема, санстефанска Бугарија.

„Силната пробугарска ориентација на водачите не добила отворен публицитет, таа останала ’скриена агенда‘, но постепено станала уште посилна и подобро позната. Како резултат од тоа, многу посматрачи почнале да ја идентификуваат десницата на ВМРО со идеите и целите на поранешниот Врховен македонски револуционерен комитет со седиште во Софија, кој се појавил во 1895 година и им служел на бугарските државни интереси во Македонија“, заклучува Ендру Росос.



Санданистите луѓето на десницата ќе ги сметаат за ренегати и нови врховисти. Пред двојното убиство на Борис Сарафов и на Иван Гарванов во Софија, кое ќе биде клучен момент за расколот и македонските братоубиства, Сандански ќе се сретне со повеќемина негови истомисленици за да се посоветува што да се преземе да се спаси, според него, македонското дело. Ќе биде одржано советување, во кое ќе учествуваат и Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџидимов, Михаил Герџиков и други. Претставниците на десните сили нив ќе ги определат како интелектуални соучесници во убиството на Сарафов и Гарванов.

Ставовите што ги застапувал Сандански подоцна на Христо Силјанов ќе му ги пренесе Стефан Кемилев, кој бил присутен на разговорите во Софија. Според него, Сандански им објаснувал на присутните дека односите меѓу двете струи се толку изострени што до нивно зближување не може да дојде и дека не станува збор за лични несогласувања, туку за „две принципиелни становишта што заемно се исклучуваат“. Сандански, со чија појава сметаат бугарски историчари, за сите времиња била загубена бугарската кауза во Македонија, ја застапувал тезата дека е погубно македонското прашање да се третира како прашање за национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другата страна и' се продале на бугарската влада.

„Сите што агитираат било во Македонија било надвор од неа врз основа на ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат пресретнати непријателски од ВМРО, исто како што се пресретнуваат од Организацијата српските агитирања и чети. Сандански објаснуваше во општи црти дека треба да се работи за пробудување на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за издвојување на своја слобода без да се потпираат на туѓа помош, зашто тие кои што би дошле да ги ослободат, ќе дојдат, всушност, да ги поробат”, ги пренесува Силјанов кажувањата на Камилев подвлекувајќи дека Јане сметал оти македонското прашање не може да се реши ако се постави како бугарско прашање.

Како што оценува Силјанов, во тие судбоносни денови за македонското дело не постоело големо и авторитетно име за да ги смири закрвавените страни што почнале меѓусебно да се демнат и подоцна да се истребуваат. Даме Груев, човекот кого го сметале за волјата на Внатрешната организација, непосредно пред дефинитивниот раскол бил убиен во Русиново, Беровско. Многумина помислувале дека тоа можат да бидат Ѓорче Петров и молчаливиот Пере Тошев, кого го определуваат како совеста на македонското дело, но тие се држеле понастрана и на санданистите гледале со симпатии и го делеле нивното мислење дека десните се' повеќе се приближуваат кон бугарскиот двор. Така ќе започне невидена братоубиствена војна меѓу македонските револуционери што ќе трае десетици години и ќе остави трајни последици врз македонското дело.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2604 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 01.06.2011 00:38:47
Faktite mozhaat da se manipuliraat, no edno e sigurno dodeka desnite vo VMRO sorabotuvale so desnite, levite sorabotuvale so levite vo Bugarija. Predstavata za toa kakva beshe pozicijata na levite vo VMRO mozhe da se dobie preku gledishteto na Dimitar Blagoev, makedonec, duhoven i politichki vodach na bugarskite socijalisti, chii idei Goce Delchev gi sprovede vo praksa: "Edna zaednichka drzhava na site bugari e iluzija, za nejzinoto ostvaruvanje ima povekje prechki. Prvo Osmanskoto Carstvo nema da saka da ja odstapi MK, vtoro, Avstro-Ungarija isto kje se sprotistavi na formiranje na golema BG. Taktikata na Vrhovistite so isceniranje na teroristichki napadi vo MK za da gi vmesha golemite sili da interveniraat, treba da se prekjine. Centarot na osloboditelnoto dvizhenje treba da lezhi vo MK. Toa e vozmozhno samo ako celiot narod se vkluchi vo revolucionernoto dvizhenje."
Од: make
Датум: 01.06.2011 02:51:37
И што излегува? Бугарите најмногу ни помагаа, а сега ние најмногу ги плюем нив. И да ви кажам дека сум го видел на You Tube слика на Јане Сандански со бугарски воена униформа од Првата светска војна. Сметајте дали и тој не бил Бугарин ...
Од: Janakiev Nikola
Датум: 01.06.2011 04:55:44
Kole.1.6.2011g. Jas neznam zosto uste postoe razdeluvane a ne odlepuvane.Kako mal go imam citano PROBIV na SOLUNSKI FRONT od M.Apostolski i od D.Mitrev.Dva razlicni fronta.Po raskazuvaneto na tatkomi po tocen bese D.Miteev.Sega isto se ponovuva.Kantardjiev jas nema nisto protiv nego no on tvrdi da T.Aleksandrov Stipjanec sto ja videl okupacijata i bega vo Bugarija i po sumite Makedonski rabotel za Bugarija.A M.Apostolski ne ja priznava okupacijata i stanuva vojni staresina vo Kralevata Grda rabotel za Makedonija.KAKO DA VERUVAM.
Од: pameten
Датум: 01.06.2011 07:00:01
Ovo shto e najvazhno da se sfati e deka formiruvanjeto na poseben (od Bugarskiot) Makedonski narod bilo proces. Ne se sluchilo prekonkoj. Vo 1871 koga se sozdala Bugarskata ekzarhija so golemo mnozinstvo Makedoncite glasile da se pirpojat ton nea. Vo 1878 rechisi site bile za Santstfanska Bugarija. Vo idniot vek golem del od Makedonskite Bugari se iselile, a mal del pripoile kon Bugarija i ostanale Bugari, Tie koi shto ostanale nadvor od Bugarija, posebnno po 1944 gi sozdale Makedonskiot narod, Makedonskiot jazik, Makedonskata crkva...
Од: Пиринец
Датум: 01.06.2011 10:04:01
КАТАРЏИЕВ:"Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година е направена грешка." А да прашам кога ке си отворите муцките и за тие хероj коj си дадоа животот за сЛободата на Македониjа : http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=101 Или тоа се теми табу уште за врвната организациjа МАНУ? :)
Од: bg
Датум: 01.06.2011 10:55:30
Структура на револуционерните окрузи на ВМОРО 1903 год Прв Солунски револуционерен округ Втор Битолски револуционерен округ Трет Серски револуционерен округ Четврти Одрински револуционерен округ Петти Струмички револуционерен округ Шести Скопски револуционерен округ Востанието се крева во Втори Битолски револуционерен округ на 20 јули / Илинден / и во Четврти Одрински револуционерен округ на 6 август (Преображение Господово. Востанието се изучува насекаде / без Македонија / како Илинденско-преображенско востание на еден ист народ.
Од: Mudrec
Датум: 01.06.2011 13:08:02
I sega e isto - ednite se za samostojna Makedonska politika i zacuvuvanje na Makedonstvoto, a drugite za EU (golemiot brat) po sekoja cena. Nie Makedoncite nikogas ne sme edinstveni i zatoa ni nametnuvaat takvi apsurdni problemi kako imeto.
Од: Маринов
Датум: 01.06.2011 13:45:26
„Во десницата, сепак, доминирале и ја воделе Македонци, кои биле отворено пробугарски ориентирани или кои себеси се сметале за Бугари„. А кои доминирале во левицата и како се сметале себеси истите, авторот не ни кажува. Најверојтно смета дека читателот по аналогија треба сам да си донесе заклучок дека истите биле антибугарски ориентирани и дека се сметале за М��кедонци. Но. не ќе да е така. Колку за илустрација - најблиски соработници на Сандански се Крсто Асенов Мечката и Христо Чернопеев, -„баш бугари“ родени во Бугарија, Ѓорче Петров оставил еден куп писмени докази зад себе во однос на неговото национално чувство, од кои едно држам во рака и во овој момент - истиот секаде се декларира како македонски Бугарин, всушност да не тупам, лево - десно сеедно е, сите до еден биле со исто национално чувство.
Од: Sinaitski
Датум: 01.06.2011 14:29:14
Pametni, ne si vo pravo deka "Tie koi shto ostanale nadvor od Bugarija, posebnno po 1944 gi sozdale Makedonskiot narod, Makedonskiot jazik, Makedonskata crkva..." OD NIV srpskite nacional-komunisti (i ne samo srpskite) sozdale mak. narod, jazik, crkva i osobena omraza kon sopstvenata krv, rod i koren. Cudno mi e deka uste nema komentari za tatari, mongoli, fasisti, okupatori, kvnici i se sto si go znaeme kako azbukata. Utrinski, cenzurirate li?
Од: petre
Датум: 01.06.2011 14:47:11
Pocituvani MAKEDONCI i t.n." naucnici i istoricari", Ve molam krajno vrme e da prestanete da se delime po nasite nacionalni i identiteski prasanja! kakvi levi ,kakvi desni, kakvi bugari ima samo makedonc i! ! ! Vratetete se vo istorijata nazad i podsetete se na najgolemiot apostol na makedonskata nacija Georgi Puleski, koj ja definirase makedonskata nacija so negovite dela uste vo 19 vek( prvite recnici , prvata istorija na makedonskiot narod) vo koi megu drugoto ke zapise: "...narod se velit luge, koi imaat izti zbor, isti pesni i isti veselja.Taka i makedoncive se narod i tatkovinata na toj narod e Makedonija..." Ako go proucite negovoto celokupno revolucionerno deloi knizevno i istorisko ke svatite deka denes na plostadot Makedonija trebase da stoi negoviot Spomenik, a ne na Aceta osvojuvacot!!! Da ste mi zivi i zdravi, od mene tolu od delata na Puleski poveke.
Од: Danny
Датум: 01.06.2011 15:03:19
Koga ednas za sekogas ke se razbere deka bugarskata vojska vo ftorata svetska vojna,eprecekana kako svoja osloboditelna vojska?Dokazi postojat kolku ti dusa saka.Prvite partizanski edinici bea formirani od srbite vo Makedonija,i duri pri krajot se priklucija mal broj luge od nesrpskoto naselenie.Toa se fakti.Netreba da se vodi tolku golema antisrbska politika oti granicite na denesna samostojna i nezavisna republika Makedonija se do tamu do kde sto stigna srbskata vojska.VMRO nekogasnoto,segasnoto pa idnoto bilo,e, i ke bide probugarski orientirano.Da im receme edno golemo blagodaram na omrazenite 'srbokomunisti" sto ni pomognaa da napravime drzava,crkva i tknt.Pred da pocnete so psovkite i navredite,pregledajte po net,youtube.Ke najdete interesni raboti. Pozdrav i da zivee Makedonija! Se razbira ovaa denesnava.
Од: ЗАТОА ТРЕТИНА НАРОД ВО БУГАРИЈА СЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО
Датум: 01.06.2011 15:20:29
Уште за време турско студирале во Софија и останувале. После неуспехот на Илинден исто. После колежите од грчките андарти читај Литоксоу Грчкаантимакедонска борба 1900 до 1905 исто бегал народот и Буг и преку океанот. После 1913 кога зеле делови грчката и српската држава исто. Па следи принудната размена на население Грц и Буг. Е затоа има три милиони луге во Буг со македонско потекло а во Грција од пола Македонија само 800.000 луге се со макед потекло. Ама Чуповски напишал дека не следува држава оти Македонците се побројни и од Срби и од Грци. А и немаме врска со Татарите туку тие го зеле јазикот од Македонците. Е затоа е големо злото од овие три а посебно двеве фашистички над македонскиот народ.
Од: bezanec
Датум: 01.06.2011 17:55:33
Нели е доста и од академци и од коментатори,кога ја имаме,слободна,самостојна и суверена Македонија. Едно да ви речам и да ви биде како ѕвезда водилка,Тито ни ја оствари вековната желба на македонецот на 29 Ноември 1943 година во Јајце,каде покрај другото рече дека Македонија ќе биде федерална единка на тогашна ФНРЈ со главен град Скопје. Оставете го предзнакот ВМРО во историјата,бидејки нема Македонец било каде во светот да не е ВМРОвец,нека бидат тие четири букви свети,за самостојна,слободна и суверена држава за секој граганин на Македонија.
Од: belomorec
Датум: 01.06.2011 18:52:40
kolku i da se trudat deneshnite(naslednici na srpsko-jugoslovenskite) istorichari politichari i sl. nikogash nema da uspeat da go unishtat b'lgarskoto vo slovenite od makedonija. na golem del od niv im e izmien mozokot i denes se golemi makedonci(deca na aleksandar i tito) no ima i takvi koi go chuvaat nasledstvoto od nashite dedovci. a seushte ima represija sprema b'lgarite vo r.makedonija i strav javno da se iskazhat. no kje dojdeden koga i b'lgarshtinata vo r.makedonija kje izleze na videlo

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""